1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предбрачна чистота

Дискусија во 'Религија' започната од Lighthouse, 3 јули 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Тоа е таа логика, си ја вртиме како сакаме и како ни одговара. :D
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И што ако не мастурбирам? Што ако сум убеден дека Земјата е создадена од Бог и дека не е топка?
    Не е џабе речено дека некои луѓе никогаш нема да пораснат но ќе остарат.
    Само порничи на децата дома и глобус да му купите да го врти. Така ќе добиете попаметни генерации..
    (highfive) Што нема да прочитам... Требало да мастурбирам, демек ако не мастурбираш и ако мислиш со своја глава глуп си.
     
    На Аргентина *, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За мастурбирање, не мораш. Мене не ми прави разлика, твој си е алатот, што сакаш прави си со него.

    А Земјата дека е рамна, искрено, ту мач.
    И каква врска има тоа дали е од Бог направена?
    Не е можно Бог да ја направил сфера?
    Не е можно Бог да го создал универзумот со биг-бенгот?
     
    На makedonkamak и Lolo5 им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако не ти прави разлика зошто го спомнуваш тоа само за да ме исмеваш и понижиш пред другите?
    За обликот на Земјата ќе ми пишеш во друга тема или во лична порака, таму ќе се објаснуваме.
     
    На Аргентина *, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Затоа што девојчето го интересираше дали си верски фанатик, или онака лајт.

    Знаеш за што те почитувам најмногу?
    Затоа што, за разлика од сите оние кои ти лајкуваат, а и поставуваат разни теми за религија, единствено ти си доволно истраен да објаснуваш и дебатираш на километри страници, во илијадници постови.
    Треба другите, кои се сметаат за верници, како и ти, да преземат дел од крстот кој го носиш (најчесто сам) на форумов.
     
    На honest girl, Amellie13, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Она од што паметен се срами, будалата се гордее.

    Личности што за Велигден ги сликале фарбаните јајца, личности кои тука честитаат христијански празници сега за Библијата велат дека била обична книга, стара литература и.т.н. ццццц. Во вакви теми си го покажувате правото лице.
    Во Библијата е напишано како треба да се живее животот на Земјата, секој си има избор дали ќе се води по православието или не.
    Се одвоиле неколку луѓе што слушнале западно размислување па сега без срам плукаат по православието. Вака смеете за другите вери да се изразувате? :^) Па нееее, таму немате храброст.

    Срамно е што во секоја тема го земате на пик @Vitaly и пробувате да го понижувате, со тоа се помали станувате во очите на другите. Витали браво како им преќутуваш, продолжи со тој начин на размислување и само надоградувај го. :)
     
    На sonuvana, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е добро што одлучи да се вклучиш во темава.
    Што мислиш ти за 'чистотата' и што според тебе спаѓа во 'чистота'?
     
    На makedonkamak и Lolo5 им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јас сум верник, верски фанатик е збор кој не ми се допаѓа. Или си верник или не, нема лајт. Што би значело лајт? Верник колку да се рече само за да не се двои од околината а всушност не верува во Бог.
    Мене не ми е проблем да дискутирам и цел ден доколку не се забегува од темата и не се прибегува кон навреди, понижување и омаловањување на противникот само затоа што неговите мислења не ви се допаѓаат или не ви останало аргумент со кој може да го побиете неговиот.
    Искрено мене ниту ме иритира, ниту ме засега нечие контрање, или навреда упатена кон мене, туку тоа само покажува каква личност сте.
     
    На sonuvana, Rama, Lighthouse и 3 други им се допаѓа ова.
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Имаш Библија и имаш емисии за православието, погледни ги.
    Без напади и навреди кон Витали во секоја тема, веќе е претерано.
     
    На Аргентина *, sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знам дека има Библија и емисии, ама нели овде има отворено тема?
    Штом се вклучуваш во темата, одговорно е да не удостоиш со твојот став, а не само да пишуваш оф-топик.

    Значи, на темава: Кој е твојот став околу 'чистотата' и како ти ја толкуваш од религиозен аспект?
    Објасни ми, како на дете од второ одделение.
     
    На makedonkamak, Lolo5, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски

    Под чистота подразбирам личност која се придржува до 10 Божји заповеди, се придржува до она што е напишано во Библијата, помага на другите, се грижи со зборови или дела да не ги повреди другите, се покајува за грешките, редовно оди во црква, секој ден се моли, пости, не му е важно материјалното туку духовното, се труди своите деца да ги насочи кон вистинскиот пат, накратко ова го подразбирам.

    Луѓето кои се верници и знаат дека не треба да имаат односи пред брак, значи треба да се придржуваат до тоа.
     
    На Аргентина *, anonimus-mk, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Никој не ми одговори до сега, можеби ќе сакаш ти:

    Што ако некој има односи пред брак, а е верник?
    Што треба да направи во таков случај?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да се покае и да разговара со духовник.
     
    На sonuvana, Orthophill и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Духовник е поп?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Тој век, да не можеме на прсти да избриме со колку сме биле пред брак. Да се чудиме секој месец дали сме бремени и од кога. И + ако имаме среќа да трчаме по лекари за да испитаме дали сме закачиле некоја болештина. Модерен век, многу убави работи не научи.
     
    На _Schmetterling_, sonuvana, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    За многу работи во животов може имам зажалено, ама за делење интимност со партнери не. Еве 30 имам, всушност религијата ја оставив зад себе пред извесно време, сега ли влегувам во адолесценција?
    Јас би рекла повеќе мерило за себе, помалку за другите. Ако сте толку среќни и задоволни со својот избор, нема потреба да им ја реметите среќата на другите. Ако ви прави мерак со прсти да ме покажувате и имиња да ми редите, нека ви е. Секој за себе си одговара, а моите сметки со самата себе ми се чисти :)
    Верувајте во што сакате, само не заборавајте пред другите, прво себе испитајте се според вашите стандарди.
     
    На RoseRain, oblace1, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  17. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Ако веќе не можете да си ги намалите тие сатански нагони со кои ве лаже сатаната, тогаш после секој секс три пате аве марија и оче наш, одма на исповед и попот на бегање 7 пати да ве попрска со темјан зошто кога ќе умрете св. Петар по миризбата ќе ве познае дека сте нечисти и грешни и ќе ве испрати кај ѓаволот и таму ќе тркалате голем камен на планина и никогаш нема на врвот да стигнете, цела вечност ќе скапете во болки и страданија така да уште еднаш размислете пред да ги раширите нозете!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Дали има луѓе што се` уште живеат во девственост и чистота?
    Да, има. И познавам многу такви.
    Дали вонбрачното полово општење е грев?
    Да, оние кои не се во брак за вонбрачно општење (блуд) се одделуваат од светата причест - 7 години, а ако се кајат и не јадат масло цела една година и секој ден прават по 1000 метании, тогаш можат да се причестат по една година.
    Оние кои се во брак (прељуба) или блудодејствуваат со ист пол - 14 години се одделуваат од светата причест, или најмалку 3 години со пост без масло и 1000 метании дневно.
    Блуд во бракот е секое неприродно (орално, анално општење, ракоблуд, контрацепција или прекинување на односот) општење меѓу брачните другари и истиот подлежи на епитимија од 7 години.
    Ракоблудот подлежи на епитимија од 40 дена пост без масло и 100 метании дневно.
    Дали живеењето во секаков разврат и блуд е напредно?
    Не баш! Така живеат животните, така живееле и пред Христијанството. Ако ние кои ја запазуваме чистотата - целомудреноста (која се запазува и во брак доколку не се блудодејствува и во истиот) сме назадни од 14. век, оние кои се залагаат за “слбоден“ полов живот и истиот го практикуваат се назадни дури од пред новата ера. Има разлика!
    Поповите кои имаат швалерки, а ги знаете, или пак имале предбрачни полови односи, пријавете ги кај надлежниот владика. Истиот е должен да ги распопи.
    Ако некој е верник не значи дека не треба да ги користи технолошките откритија. Зашто ниту сме амиши, ниту пак верата има нешто против технолошките откритија. Доста со тие “мудри мисли“ на неписмените “комунисти“, кои до парчето леб стигнувале така што се претставувале дека се многу учени и напредни, а главниот аргумент за напредокот и ученоста им била што не верувале во Бога, а ни четврто одделение немале завршено, и проповедале дека техниката и верата не одат заедно! Не е грев да го осветлуваш домот ни со шарени лед или неонски светилки, ни со кандила и свеќи. Грев е да блудничиш и прељубодејствуваш, во било кој век! А уште поголем грев е да се потсмеваш со оние кои живеат во девственост, целомудрие и чистота!
    За жал од оние што блудничат и од оние што с епотсмеваат на тие што живеат во девственост, целомудрие и чистота има и од тие што се декалрираат за верници и се мотаат по црквите!
     
    На sonuvana, Rama, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Свесна си дека никој не се придржува до ова, нели? Можеби има неколку што на прсти се бројат ама тоа мислам веќе треба да се третира психолошки. Зошто поповите тогаш немаат по десетина деца најмалку во примери кога и двајцата немаат проблем со зачнување? Немаат секс или деновите им минат во митании?
     
    На WildMk, makedonkamak и Lolo5 им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    @Bridget не сте слушнале за сметање на плодни денови? За воздржување за време на пости, среда, петок, недела и празник?
    @Someonespecial коментарите за неприродноста на технологијата ви се од стилот: Петко не разговара со мајка си, затоа што има машина за перење. Луѓето во Средниот Век разговарале со родителите, Петко живее во 21. век од раѓањето на Христа.
     
    На carangigia, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.