Предбрачна чистота

Дискусија во 'Религија' започната од Lighthouse, 3 јули 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    И за машки и за женски исто е! Во Христа сите сме исти.
     
    На Аргентина *, sonuvana, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    А дали жена која е вдовица или разведена, не е чиста доволно за повторно да стапи во втор брак поради тоа што во претходниот имала сексуални односи?
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    Половите односи во бракот се чисти.
     
    На Аргентина * и Vitaly им се допаѓа ова.
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.081
    Допаѓања:
    44.298
    Пол:
    Женски
    Тешко на светов со вакви блудници и нечисти жени.:x
    Океј е ако имаш односи пред брак, океј е и ако се чуваш, кој како сака. Ама не разбирам што е целта на ова етикетирањево? Не разбирам како тоа можете да го наречете некој човек нечист само затоа што имал односи? Зарем според ова се проценуваат луѓето?
    Ако се воздржувате од секс пред да стапите во брак, а инаку осудувате, искористувате други луѓе на било каков начин, не верувам дека ќе одите во рајот. Ама океј, важно вие немате односи, па за другото мање више.
    Никој никого не тера да прави нешто што не сака, останува на вас да одберете. Ама немате апсолутно никакво право да плукате по луѓе што направиле поразличен избор од вас. Тоа кажува многу за вас, не за оној што го осудувате.
     
    Последна измена: 4 јули 2018
    На Valentina.Vaki, Rama, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Беше онлајн цела ноќ, а не пишуваше. Ама нема врска, ете сега си одговорил.

    Не знам иначе колку си запознаен, но сите сексуални преференции, постојат откако постои човештвото. Порнографијата се појави во 70тите, а луѓето и предходно имале орален секс.
    Римското царство кое го рашири Христијанството, од политички причини, е познато по оргиите од неколку денови во кои луѓето си ги делат своите партнери.
    На артефакти од последниве 5000 години, има цртежи од разни сексуални акти, кои според вас се 'нечисти'.

    Единствено што ме радува е што религијата е одделена од државата. Да не беше, ќе бевме како Шеријатот и ќе не каменувавте и бесевте, онака како што им прават во тие земји, на жени кои ги убиле своите силувачи, во самоодбрана.

    Благодарам за одговорот на некои од моите прашања.

    Интересно е што, за олеснување на вашиот секојдневен живот, црквата може да се 'прилагоди' на новите технолошки придобивки, ама и' е тешко да се прилагоди на новите социјални движења и рамноправноста меѓу луѓето, почитување на туѓите одлуки итн..
    Не е сменета 2000 години Библијата, не ви се чини дека е време за тоа?
     
    На mariz, Gosh, RoseRain и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Може да напишеш нешто да е историски релевантно и поткрепено со факти и докази, а не брошура и перење мозок од Холивудски филмови?

    Оргии постоеле кај аристократската класа која не била повеќе од 0,5 посто у секоја држава. Се останато рмбало по цел за да го прехрани големото семејство.

    Вие ќе бидете дел од шеријатот за 50 години.
     
    Последна измена од модератор: 4 јули 2018
    На Аргентина *, sonuvana, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не е битно кај кои и колкав процент, но постоело.
    Мојот одговор беше во контекст дека сме научиле од порно филмовите.
    Тој вика сме научиле од порно, ја му викам: и пред тоа постоел орален секс, не го измисливме ние.
    Значи, следи го контекстот на муабетот. :)
     
    На RoseRain, crimson, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Леле, дали сте озбилни со темава? :drunk:
     
    На RoseRain, Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Постоело, но поентата е како било третирано од 98% од популацијата;)

    И да, 95% од перверзиите се производ на порнографијата. Денес кога секој дом има туш кабина и сапун, па пак голем дел шетаат со немиен кур со недели, а што правиме во тие времиња кога се бањале еднаш во три месеци и владееле еден куп болести и инфекции? Мислиш дека тоа усмрдено куре некој ќе ти го мува во уста?
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Колку си наивен. И баба ти (или некоја на нејзина возраст) правела фелацио... Плус, имало и такви кои на турците им го правеле тоа, од ќеиф :)
     
    На Lolo5 и Fauhxy им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Во кои времиња се бањале еднаш во три месеци?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Се бањале еднаш во месецот. Ама се 'одмивале' (интимни делови и мишки), редовно.
    На крајот на 40тите
    Ова го знам од баба ми, која живеела на село во куќа со 20 луѓе, кога се омажила :)
    Ама знам и дека редовно имале секс. Сум ја прашала, како во такви услови го правеле тоа.
    Ми имаше речено: Ами, ќе си го најдиш чарето. :)

    Бог да ја прости шо ја спомнувам, многу добра жена беше.
     
    На Gosh, Lolo5, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Очекувам Мамли да пише дека војниците во ровови се бањале еднаш во три месеци, јер војна.
     
    На Lolo5, crimson, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  14. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    72.746
    Вака
    Screenshot_20180704-113947_Instagram.jpg
     
    На Gosh, Bloom19, RoseRain и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    Христијанството ја донесе рамноправноста и слободата. Да не беше Христијанството уште ќе живеевме во робовладетелско општество! Ние не повикуваме да бидат убиени оние кои грешат. Тоа го правеле само протестантите. (Римокатолиците ги спалувале само еретиците, ама не и другите јавни грешници.) Наше е да укажеме што е грев и да им укажеме на нашите браќа и сестри дека грешат, дека тоа не е во ред и оти пребивајќи во такви гревови тие не можат да се соединуваат со Телото и Крвта Христови. Ако некој сака да греши, никој не му брани. Има право да греши, ама нема право самооправдувајќи се да тврди дека гревот не е грев!
    И Светото Писмо, и светото Предание се безвременски и ниту ќе се менуваат, ниту има потреба да се менуваат. Христијанството во себе вклучува само однос со: Бога, нас самите и нашите блиски. Технологиите не се битни за Христијанството, ама битен е односот со нашиот ближен.
    Кога започнало Христијанството времето за Христијаните било полошо од денешното. Моралот бил дури и послаб и од денешниот. Секое беззаконие царувало. За жал и златните времиња Христијански поминаа, сега ние не очекуваме ништо подобро, освен најдоброто - Второто и Славно Христово Пришествие.
     
    На carangigia, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Дали некаде во Светото писмо пишува дека жената треба да му се потчини на мажот?

    Дали кога жената има менструален циклус се смета за нечиста?

    Ако да, дали тоа е рамноправност?
     
    На Gosh, Harper, Bloom19 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Убаво е сето тоа како идеологија, но во пракса, владеењето на религиите со држави, се има покажано како опасно. Без разлика дали убивале протестантите, римокатолиците или муслиманите, секако, не е убава работа. Исто и крстоносните војни се пример за праксата на религијата, кога ќе додје на власт... ништо поразлично, од денешниот ИСИС. Дури и будистички монаси од Тибет станаа милитантни. Не знам што повеќе да се очекува?

    Зборот Божји е во ред, кога расправа за љубов и разбирање, проблемот настанува кога некој ги смета за валидни деловите од Стариот завет за каменувања и камшикувања. Знаете, луѓето не сакаат да бидат убивани, посебно ако судски не се прогласени за виновни, туку им суди Црковен суд, во кој, се' по дифолт е грев, и обвинетитот, не смее ни да се брани. Јас сум против физичка тортура, и против смртна казна.

    Исто ми е интересно како, конвиниентли, зборуваш дека технологијата е како нешто што е не толку битно во религијата, па не е проблем да се приклониме кон користење на сателитите, ама сеуште стоиш цврсто на ставот, дека Библијата сеуште важи за однесувањето на луѓето... посебно е проблематично, оцрнувањето на луѓето кои не прават лошо на друг.

    Сексуалниот чин пред брак, меѓу мене и некој мој партнер, не загрозува никој. Ако нема лошо во пластичната хирургија (пример), зошто би бил толку голем проблем, за вас, мојот личен избор, кој го правам зад затворени врати, далеку од очите на светот?

    Полесно ви оди да го прифатите она кое ви е вам во корист, отколку она, кое друг го смета за своја корист.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    6.687
    Пол:
    Женски
    Да де така е затоа во затворите се 90 посто машка популација и пола од нив имаат доживотна казна.. А ова за невиност со тек на времето веке не е популарно така да не се теши дека си машко.
     
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    62.157
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање што вечно ме мачи и секогаш кога разговарам со верници го поставувам меѓутоа никогаш не добивам одговор.

    Дали тие што колнат, посакуваат лоши работи да им се изнаслучат на тие што не им одговараат, оговараат, гледаат како само да наштетат некому и се колнат и крстат во Бога се "почисти" од луѓе кои се атеисти, си имаат нормални сексуални односи и не замараат со ничиј друг живот?

    Во фамилија имам тетка која е во брак (еве ако земеме дека брачните односи се чисти), која кога и да отидам обавезно прави нешто од горенаведеното, односно колне, гледа како да прегази некој за да добие профит, пред некое време знам ќе одеше да купува отров за кучето од комшијата оти ја нервирала газдарицата на истото. Истава тетка пости, влегува во црква и се моли.

    Јас од друга страна не правам ништо од горенаведеното, ама сум имала односи пред брак, планирам и натаму да имам :D. Нит постам, нит се крстам кога поминувам со бус пред црква ( :^) ). Почитувам право на избор и сметам дека секој човек треба да си живее како што сака.

    Сакам овие што кажуваат кој е чист а кој е валкан да ми кажат во случајов кој е почист.
     
    На Doozy, sparklie, RoseRain и 7 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Oд што да се чува невиноста ? Од што, од кого ? Зошто ?
    Како ви ги имаат исперено мозоците бе само тоа се прашувам. Не сакав ни да коментирам, ми се гади од закржлавени мозоци и сфаќања и бескрајните понижувањa на жената како живо битие.

    Вие што сексот го сметате за грев и апстинирате, ВЕ МОЛАМ ПРОДОЛЖЕТЕ И ПОНАТАМУ И ВЕ МОЛАМ НЕ РАЗМНОЖУВАЈТЕ СЕ. :puke:
     
    На oblace1, Gosh, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.