За предвидувањата не коментирам бидејќи и самата имам поделени мислења околу тоа . Една работа ме остави без здив - читајќи извадоци од неговите Центурии (собрани во малечка книга) не можев ,а да не го забележам совршениот сплет на мрачни зборови ,кои и покрај своето сурово значење како да вдахнуваат нешто надеж... Ете ,ми дојде како критички осврт во скратена верзија ,ама така ми изгледа мене.
Искрено не верувам во овие работи,ама ако треба нешто да се случи ќе се случи. Каде може да се најде книгата или нејзини извадоци да прочитам нешто од од разонода (ама по можност да не биде на англиски )
Не верувам многу, но интересни се предвудувањата. Ама некои работи што ги предвидел се застрашувачки, морници ме полазеа кога прочитав.
Ова со трета светска војна по мој заклучок мислам дека е од Авганистан,Ирак и Иран со Америка.Бидејќи тие имаат многу руда,нафта и др. работи.Америка сака сето тоа да им го земе.Исто така сите знаеме дека од повеќето земји во светов меѓу кој е и Македонија има испратено војници во тие земји.Имам слушнато дека доле во Афрка има војна и дека повеќето од црнците се засолнуваат во Грција,Франција и Англија па и во Америка...кога бев сега на одмор во Грција имаше пре пре многу црнци и сето тоа си го поврзав со војната.Се размислувам логички и работите си ги сврзувам,и мислам дека ова со војнава е вистина со нуклеарно и хемиско оруже па сега ке видиме што ќе излезе од се тоа.
се сложувам со AlicaInWonderland , во тоа време тие што предвидувале завршувале многу лошо, па морал да пишува во стихови, така што никогаш не ја напишал точната дата и точните имиња, еве пример: авионите ги нарекувал големи железни птици, а датите ги спомува како на пример : во година 3та;а ние не знаеме дали е 2003,2013,2033 ??? ова го знам бидејќи сум ја читала книгата. и што е најважно, знам дека тој предвидувал така што, добивал визии како ќе се случи некое нешто,кога и сл. и да, научниците не можат точно да предвидат што точно кажува во одреден стих,на што мисли,камо ли да ја одредат датата.. така да, верувам во неговите предвидувања,дека ќе се случат еден ден,ама кога,не знаеме..
Јас не верувам! Светот се менува, не е како во времето кога тој го предвидел ова. Освен тоа, од изминативе години предвидувањата не се остварени... Секогаш ги сметав за глупости овие предвидувања.
Не верувам, пример трета светска војна немаше во ноември лани, а истото го предвидела и Баба Ванѓа. Почнувам од тоа А пред некој ден си читкав книга од Нострадамус, фраеров рекол дека делфините не паметам баш точно која година, ќе почнеле да зборуваат
Колку што знам со помош на астрологијата ги предвидувал настаните.Сега, секаде различно е напишано за него, а секако дека повеќе толкувања постојат за тоа што тој го предвидел, па затоа и доаѓа до недоразбирање за истите.Додека за третата светска војна, има и таква теорија дека ќе се случела после 2020 отприлика.Мислам дека и од толку разни толкувања, се губи смислата на неговите предвидувања. Иначе, интересно премногу за филозофирање.
Ова се чисти глупости, а сега ќе се обидам да ви докажам зошто го тврдам ова. 1. Песничката која е напишана најдолу во мислењето на феминката што ја отворила темата На пример, еве што предвидел за Хитлер: Во ридиштата на Австрија, крај Рајна ќе се роди од сиромашни родители, човек кој ќе ги освои Полска и Унгарија И чија намера ќе се оствари Водачот на големите Германи Кој ќе дојде како спасител, што е чиста лага. Ќе ги прошири границите на Германија И ќе ја подели Франција на два дела. Огнот и смртта скриени во куглите ќе јурнат, со ужас и стравитии. Преку ноќ пријателот ќе ги претвори градовите во прав. не е воопшто она што го напишал Нострадамус. Некој ги извртел неговите зборови и си ја напишал по свое, или сепак се работи за ептен лош превод на истата. 2. Тие предвидувањата по години исто така не се дело на Нострадамус бидејќи тој ретко ставал датум на своите „пророштва“ и е малку по креативен, т.е неговите песнички се обвиткани со доза мистицизам. 3. Е сега, да се вратиме на него. За овој човек велат дека е експерт за предвидување катастрофи откако истите ќе се случат. Верувам дека ако има тука некој што би знаел да толкува, ќе сфати колку двосмислени се неговите зборови. А, ако има некој што знае математика ќе се пресмета колкава е веројатноста тој со своите 942 предвидувања да погоди нешто. Сега ќе појаснам. Значи човеков дека бил премногу паметен и сакал да проба да ги направи останатите будали, не е спорно. Ајде да пробаме да протолкуваме една негова песничка. Ете се верува дека тој го предвидел нападот на кулите близначки. Да ја видиме оригиналната песничка со која наводно го направил тоа. "In the City of God there will be a great thunder, Two brothers torn apart by Chaos, while the fortress endures, the great leader will succumb", The third big war will begin when the big city is burning" Сите болдирани зборови се двосмислени. Градот на Бога би можел да биде секој град во зависност од религијата, нели? Може да биде Ерусалим, Рим, Мека итн. Голем татнеж може да биде предизвикан од било каква експлозија, грмотевица и што уште не. Двајца браќа не значи дека се кулите близначки, ова е многу метафорички кажано и може да се однесува на било каков пар, дури и на човечки суштества. Исто и со големиот лидер што ќе потклекне може да се однесува на било што. Трета голема војна не е исто со трета светска војна.. Низ историјата има многу големи војни во кои загинале многу луѓе. Големиот град може да се однесува на било кој град поголем од 500.000 жители или еве да речеме милион. Знаете колку такви градови има во светот? Ако ја сфативте поентата сега замислете си 942 песнички со вакви двосмислени зборови. Пф. Нормално дека ќе се погодат некои блискости, а луѓето бидејќи сакаат да веруваат во вакви глупости ќе се обидат да најдат некоја врска. Не треба да си пророк за да ја предвидеш иднината, туку малку понапреден од другите луѓе во твоето време. А, овој Нострадамус бил и добар бизнисмен бидејќи неговата книга се продавала со огромна брзина уште во времето кога поголемиот дел од народот бил неписмен. Ова е тоа што денеска го нарекуваме маркетиншки трик, сфаќате? Нема потреба за паника, овој човек не предвидел ништо сосема точно, ниту ќе предвиди од проста причина што тоа не е можно.
2012 година и пророштвото на Маите Сите сме слушнале за славниот пророк Нострадамус и повеќето знаат дека повеќето негови предвидувања се исполниле,но мене сепак како најинтересни ми се оние предвидувања за Македонија и Македонците,па затоа решив денес да ви ги претставам тие девет негови предвидувања поврзани со Македонија и Македонците а вие пробајте сами да ги протолкувате. Огнен факел ќе се види ноќе на небото. Близу крајот и почетокот на Рона Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна Персија ќе упадне во Македонија Благородниот Фердинанд ќе биде срушен. Ќе се откаже од цвеќето, да ги следи Македонците Во критичниот момент нема да успее А тој ќе настапи против Мирмидонците.(ИСПОЛНЕТО) Влезот во Блеј за Ла Рошел и за Англичанецот Великиот Македонец ќе го помине. Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот Преку разговори Нарбон ќе ја избегне заверата Македонецот ќе ги помине плинините Пиринеи, Во март Нарбон нема да се спротистави На земјата и на морето тој ќе направи многу големи сплетки, Капетијан нема безбедна земја за живеење. Страшната чума Перинт и Никополе, Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија? Таа ќе ја уништи Тесалија и Амфиполис, Незнајно зло, и одбивање од Антиони. Непријателите се далеку од тврдината, Крепоста донесена со коли: Ѕидините над Бургес се рушат, Кога Херкул Македонецот ќе нападне. Голема битка тие ја подготвуваат за Нанси, Македонецот ќе рече: јас ги покорувам сите. Британските острови се вознемирени за вино и сол, "Хем. ни." Филип две Мец нема да издржи долго Во времето на народната жалост невидливиот крал ќе војува против еден млад Македонец. Галија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност За Марсеј ќе се зборува на Запад.(ИСПОЛНЕТО) Кралот прогласуван за победник, и цар, верата скршена, кралскиот чин знаен: македонска крв, кралот стана освојувач, надуениот народ, стана скромен низ солзи Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Уште на прв поглед се гледа дека неколку поими целосно се подудараат кога е во прашање овој настан. тоа се поимите "Марсеј" (градот каде бил извршен атентатот), "кралот" (Александар Караѓорѓевиќ), "бродот" (се знае дека кралот Александар во Mарсеј допатувал со брод), "Галија" (древно име за Франција за времето на чија посета кралот бил убиен), а овде секако е и "малдиот Македонец", против кого кралот Александар "војувал". Да се потсетиме дека тоа било време на крвав терор против Македонците во вардарскиот дел на Македонија, при што многу македонски семејства биле во црно завиени. Стиховите "Во времето на народната жалост" се однесуваат на овој период. За ваквиот терор најмногу бил одговорен лично кралот Александар Караѓорѓевиќ. Како најмоќна организирана сила што тогаш со оружје се спротиставила на овој терор во вардарска Македонија била тогашната ВМРО предводена од Ванчо Михајлов кој бил етнички Македонец роден во градот Штип, за кого и се однесува терминот "малдиот Македонец". Спојлер Сега ќе посочиме стиховите во кои може да се насети подударноста во врска со настаните од нашата историја, кои навистина се имаат случено. Според мое мислење ваквата подударност дури е фрапантна. Така на пример во песната 35 Quatrains - Century IX Нострадамус пишува: And fair Ferdinand will be detached, To abandon the flower, to follow the Macedonian: In the great pinch his course will fail, And he will march against the Myrmidons. Или во превод Благородниот Фердинанд ќе биде срушем. Ќе се откаже од цвеќето, да ги следи Македонците Во критичниот момент нема да успее А тој че настапи против Мирмидонците http://www.crystalinks.com/quatrainscentury9.html Дали овие стихови нападно не потсетуваат на опис на настани околу Македонија за време на првата светска војна? Дали овде споменатиот Фердинанд не е всушност бугарскиот цар Фердинанд, кој како цар, секако бил благородник? Се знае дека тој ја внел Бугарија во Првата светска војна токму поради тоа што сакал да зграби што поголем дел од Македонија. Потребно е мало познавање на постарата историја за да се сфати последниот стих кој гласи А тој ќе настапи против Мирмидонците. Терминот Мирмидонци се користел како етноним за некои јужнословенски народи. Дали овој термин не се однесува на Србите, против кои главно Фердинанд војувал за време на првата светска војна. Асоцијација дека пророштвото поврзано со Македонија можеби се има остварено имаме и во стиховите на песната под број 91 од Quatrains - Century IX кои гласат 91 The horrible plague Perinthus and Nicopolis, The Peninsula and Macedonia will it fall upon: It will devastate Thessaly and Amphipolis, An unknown evil, and from Anthony refusal. Или во превод Страшната чума (од) Перинт и Никополе, Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија? Таа ќе ја уништи Тесалија и Амфиполис, Незнајно зло, и одбивање од Антиони. Ќе спомнеме уште едно пророштво на Нострадамус кое е посветено на Македонија и за кое се шпекулира дали се остварило или ќе се оствари во блиска или далечна иднина. Се работи за песната број 96 Quatrains - Century II Burning torch will be seean in the sky at night Near the end and beginning of the Rhone: Famine, steel: the relief provided late, Persia turns to invade Macedonia Или на македонски превод Огнен факел ќе се види ноќе на небото. Близу крајот и почетокот на Рона Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна Персија ќе упадне во Македонија Еве уште едно пророштво на Нострадамус во кое сега се спомнува етнонимот Македонец што е многу важно за нас и што само го потврдува фактот за постоење на македонска нација и држава за разлика од сите напади на нашите соседи Срби бугари Грци и Албанци. Во песната под број 64 од делото Девети век Quatrains - Century IX Нострадамус пишува 64 The Macedonian to pass the Pyrenees mountains, In March Narbonne will not offer resistance: By land and sea he will carry on very great intrigue, Capetian having no land safe for residence. Или во превод Македонецот ќе ги помине плинините Пиринеи, Во март Нарбон нема да се спротистави На земјата и на морето тој ќе направи многу сплетки, Бидејќи Капетијан нема земја за живеење каде ќе биде заштитуван. Едната е песната под број 93 од делотo девети век Quatrains - Century IX Нострадамус пишува: 93 The enemies very far from the fort, The bastion brought by wagons: Above the walls of Bourges crumbled, When Hercules the Macedonian will strike. Или во превод Непријателите се далеку од тврдината, Крепоста донесена со коли: Ѕидините над Бургес се рушат, Кога Херкул Македонецот ќе нападне Мистериозно поврзување на Македонците со далечни идни настани во Франција продолжува во песната под број 7 од делото десети век Quatrains - Century X Овде читаме: 7 The great conflict that they are preparing for Nancy, The Macedonian will say I subjugate all: The British Isle in anxiety over wine and salt, "Hem. mi." Philip two Metz will not hold for long. Или во превод Голема битка тие ја подготвуваат за Ненси, Македонецот ќе рече: јас ги покорувам сите. Британските острови се вознемирени за вино и сол, "Хем. ни." Филип "две Мец" нема да издржи долго. Третата песна во која се Македонците се поврзани во контекст на некои идни случувања во (или околу) Франција е песната под број 38 од делото Quatrains - Century IX 38 The entry at Blaye for La Rochelle and the English, The great Macedonian will pass beyond: Not far from Agen will wait the Gaul, Narbonne help beguiled through conversation. или во превод Влезот во Блеј за Ла Рошел и за Англичанецот Великиот Македонец ќе го помине. Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот (Французинот, з.м.) Преку разговори нарбон ќе ја избегне заверата Нострадамус напишал пророштво за Македонија и во својот "Аламанах" што го објавил во 1559 година. Стиховите на оваа песна гласат: King hailed as victor, and Emperor, The faith broken, the Royal deed known; macedonian blood, King made conqueror, the arrogant people come to humility through tears. Или во превод Кралот прогласуван за победник, и цар, верата скршена, кралскиот чин знаен: македонска крв, кралот стана освојувач, надуениот народ, стана скромен низ солзи Барем кога е во прашање спомнувањето на "Македонска крв" низ историјата Нострадамус никако не можел да погреши. колку ли само македонска крв е пролеана низ вековите поради туѓински поробители на нашата таковина? Во историските собитија од 16 век па наваму, Македонија и навистина делумно или целосно била окупирана од неколку кралства и царства (Отоманската империја, Австрија, Србија, југославија, Бугарија, Албанија и Грција). На која од овие држави се однесуваат горе наведените стихови? Во времето на сите овие ропства и навистина се леело македонска крв и сите кралеви и цареви што владееле со Макеонија овде настапувале освојувачки. Така на пример, во времето на Балканските војни грчкиот и српскиот крал и навистина излегле како "победници" кои излегле како "освојувачи". За време на првата светска војна состојбата се променила, но за Македонците пак останала иста. Сега бугарскиот цар бил "победник" и "освојувач", за сметка на грчкиот и српскиот заграбан дел од Македонија. На крајот да заклучиме дека Нострадамус оставил немал број пророштва за Македонија и за македонците. Барем според Нострадамус можеме да бидеме сигурни дека Македонија и Македонците ќе опстојуваат уште со векови , штом постојат пророштва посветени на нашиот народ и земја, кои чекаат на своето исполнување. ова од друг форум го земав Спојлер Ова е како сум пристапил во анализирањето на последново "Hem. Mi." Philip two Metz will not hold for long. или според некои преводи никој не засега не ги превел зборовите Хем Ми ,додека за "две Мец" некаде се спомнуваше значењето на Филип “лажниот’’ Мојот пристап при преведувањето на зборовите "Hem. Mi. поаѓа од тоа дека една буква е еден број од латинскиот броен систем H = 0 е =о m = 1000 M = 1000 i=1 така се добива годината 2001 која за Македонија и Македонците таа год. не беше год. на победите Спојлер Воопшто не ми е чудно што Настрадамус се поистоветува со областа Ематија,воопшто исо не ми е чудно што се поостоветува со пророчанството - во светилиштето Делфи кој Настрадамус јасно укажува дека ова светилиште е во Македонија,доколку денешна Грција се вика Македонија тогаш ке размислувам за Делфи дека се навога во Грција,воопшто не ме изненадува и со пророчанството за ,,лавот од изберениот македонски народ од Давидовиот Корен,,ако можеле да се родат Херакле,Дионис,Соломон,Филип,Александар,Константин,Христос сите од територијата која се вика Македонија,зошто да не се родил новиот Лав повторно од Македонија,сето ова потполно го разбирам и не го гледам толку вчудоневидено,ако на ова додаме и одредни прорчанство од Александар Македонски кој вели ,,Атина је ставив на колена,послем 23 века,повторно од Македонија ке биде ставена на колена,,или ,,послем 2000 исисуви години повторно ке се родам во градот Ефес,,но и Христос најавува ,,овој пат ширев лјубов и мир следниот пат ке дојдам со меч,, Значи ништо ова не ме зачудува ако хронолошки се пронајдат областите како што Ематија е поврзана низ годините од нејзиното постоење до дене денес,кој кралеви се рагале,што претставува,на какво место постоела и.т.н.јас колку можев се обидов да напишам повеке постови во другите теми но очигледно хеленскиот фалсификата за нашите подрачја пренесени на денешна територија во Грција се уште не можат да ве разбудат и со отворени очи сите заедно да го видиме овој фалсификат,па затоа се чувствувам како еден обичен глупак,бидејки ова тајна ношто не ми значи ако остане сама во мене,па затоа се обидувам преку многу други форми да ви ги дообјаснам,но очигледно е дека никој не сака да ја слушне вистината,едноставно нека си го фалсификатот на грците,кој сега ке докажува,кај ке мене историја,па ќе падне светската конспиративност,и светскиот заговор,светскиот поредок кој некогаш пред 2000год го наметнаа римјаните денес Е.У.,и.т.н.на крај универзумот е тој што еден ден ќе го започне процесот за најголемата неправда во историјата на човечанството врз македонскиот народ,со една единствена парола не денешницата - ,,тој што ке помогне на Македонија ке помогне на целиот свет,,-поздрав.
овие предвидувања се на баба ванга, а Нострадамус не користел години или пак многу ретко кажувал по некоја броја, така да промашена тема овие предвидувања се на баба ванга, а Нострадамус не користел години или пак многу ретко кажувал по некоја броја, така да промашена тема
Истражував малку на интернет за да ги пронајдам предвидувањата кои се оствариле и еве што пронајдов: Спојлер Нострадамус ги предвидел Балканските војни Нострадамус предвидел дека Словените „ќе го сменат својот принц“ и „ќе се кренат против армија на планините“, предвидувајќи сеопшта војна. Велел дека војната ќе се вжешти кога Северниот пол ќе се соедини, а некои сметаат дека со тоа упатувал на НАТО. Тој предвидел дека војната ќе биде крвава и браќа ќе се убиваат еден со друг, дека оние кои биле блиски ќе станат далечни. Предвидел и дека ќе се вмешаат страни сили, но после војната ќе настапи мир и љубов. Предвидувањето за терористичкиот напад на кулите близначки „Во годината на новиот век и девет месеци, од небото ќе дојде голем крал на теророт. Небото ќе гори на 45 степени... огнот му се ближи на големиот нов град... ќе има грмотевици... Третата голема војна ќе започне во градот кој гори“. Токму тоа биле точните предвидувања на Нострадамус, кои се остварија на 11.09.2001 година во Њујорк. Што понатаму? Секако, иако повеќето од предвидувањата се испоставило дека се точни, има и некои бизарни предвидувања. Нострадамус, иако погодил за војната во Косово, во Босна и за нападот на близначките, можеби не знаел кога ќе биде крајот на светот. Тој предвидел дека ќе се случи во годината 3786 или 3797. Криптична нумерологија Според Нострадамус, точни се пресметките за нападот на кулите близначки. Првиот авион кој ќе ги погоди кулите е Летот 11 на Америка Ерлајнс, Летот 11 бил потпишан со 92: 9 + 2 = 11, Летот 77 бил потпишан со 65: 6 + 5 = 11, Њујорк Сити (New York City) = 11 букви, Државата Њујорк – 11та држава во САД http://popara.mk/2011/misterii/10-fasci ... damus-del/ http://popara.mk/2011/misterii/10-fasci ... us-ii-del/ Искрено, не знам дали да верувам или да не верувам. Има многу работи кои се точно предвидени.