Предвидувањата на баба Ванѓа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Delevska, 14 март 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.366
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе нели она зборела на некој дијалект бугарски.Може тие што преведувале не ја разбрале како што треба. :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    4.034
    2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна.

    А ова се десило воопшто или..? :^) :$
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    4.034
    Инаку, ги прочитав сите овие предвидувања и баш мислам дека она не ни ги кажала воопшто. Мислам дека се ова е исценирано, некои луѓе си ги измислиле овие податоци, па рекле ај сега Баба Ванѓа ги кажала па да веруваме и да се исплашиме.. А за овие некаде до 2020 можеби и помалку верувам, можеби и кажала она нешто. Ама ете помина Ноември, почна еве и Декември па нема ни Трета Светска Војна ни бакрачи. А можеби и месецот или годината е згрешена. Како и да е не сакам да верувам. А и не забележувате дека сите нејзини предвидувања се лоши? Нема ниедно добро предвидување. Зар во изминатите години а и во тие што ќе следат нема нешто добро да се деси, туку се лошо ли ќе биде.. Сигурно имало добри работи а и ќе има. Се лошо што она предвидела до сега се десило.. колку што знам. Me интересира дали ја предвидела Втора Светска Војна.. Пошто била родена во 1911.. :) А она по потекло е Бугарка, така? А и зборувала на некој чуден дијалект колку што приметив и само нејзините најблиски можеле тоа да го протолкуваат, па на пример може они нешто излажале или дополниле и после од едно уво на друго, па на трето. Испаднало рекла-казала. Незнам.. незнам. Сакам да верувам во вакви работи, мистични и мистериозни, интересни ми се. Ама ова е веќе претерување и чисти измишљотини.. Сакав да прашам уште нешто, ама заборавив. :@ А инаку заборавив да додадам, викаат дека таа комуницирала со Ѓаволот, а не со Господ и тој и ги давал информациите и затоа сите предвидувања и биле лоши. Ама јас искрено не верувам во Ѓаволот или во Господ.. Иако често ги користам изразите Чувај боже и понекогаш се крстам тоа скоро сите го правиме од навика. А, инаку не верувам баш.
     
  4. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    85
    Беше ли третата светска војна?Зошто јас не ја забележав? :D
     
  5. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    153
    па да кажам дека бабата ванѓа не по потекло од бугарија таа е струмичанка и е од село мокриево на мојот дедо прва братучеда таа се преселила во бугарија кога ослепела и се повлекла во манастир нашите често зборуваа за неа посебно баба ми и дедо ми кои велеа дека се што предвидува ке се оствари
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.832
    lily-prune слабо погаѓа баба ти, а и некако се лоши работи само не очекуваат во иднина спред неа...го споделувам мислењето со другите дека научна фантастика и се предвидувањата.
     
  7. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    153
    искрено и јас сум скептик за нејзините предвидувања се некои лоши работи се еднаш ѓи прочитав и никогаш повеќе не сакам да мислам за тоа само времето ке покаже дали тоа ке се случи само знам дека кога фамилијата побарала помош од неа нејзиното предвидување се покажало вистинито како што кажала така се случило
     
  8. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    124
    Не знам зошто им верувати на сите приказни за баба Ванѓа.
    Таа е родум од Струмица, на 12 години ослепела при едно невреме и уште тогаш ја добила таа моќ, да биде јасновидка, но сите ја мислеле за луда тогаш. Нејзината слава започнува од 5 април 1941 кога успешно разрешила неколку случаи (кои немало шанси на среќа да се погодат) и од тогаш луѓето почнале да одат кај неа за помош.
    Таа сама си кажувала како гледа. Ќе отидеш кај неа, ке и однесеш коцка шеќер и ке ти каже се за тебе. Според неа, до неа седел човек кој и кажувал се што треба таа да каже. Но никогаш не кажувала дека некој ке умре, нешто и што докторите ретко го кажуваат. Жената имала дарба, дали од Бога или од Ѓаволот, не е важно, факт е дека им помагала на луѓето.
    Предвидела многу работи, од смртта на цар Борис трети, на Сталин, изборот на Борис Елцин, потонувањето на Курск, рушењето на СТЦ во Њујорк, смртта на сопствениот брат, крајот на сопругот...

    Се трудела светот да го направи подобар. "Треба да се сакаме и да бидеме добри, за да се спасиме. Ако тоа не го сватиме своеволно, законите на космосот ке не натераат на сила, ама тогаш ке ни биде касно и ке не чини многу"
    ‎"Ако вашата душа не простува на никој,тогаш вие сте никој и ништо,ќе бидете како вејка на ветерот која што никогаш нема да си го најде местото на земјата."

    Погледнете ги документарците што ги има за неа, ќе сватите многу работи
    И не верувајте им на интернет глупостите, го имаше истиов текст за Нострадамус и кој ли уште не
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Од еден збор разбрав се :lol:
    дефинитивно ова е масло на некоја виша сила ,но не е бог!
    Да кажам точно сто мислам,тој човек шо и кажувал.............
    Не сакам ни името да му го спомнам,велат и кога името му го споменуваш го повикуваШ :tmi:
     
  10. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    11
    не е БУГАРКА ! знам зашто таа му е 2 братучедка на дедо ми....еве интересна случка што мајка ми ми ја кажа...нејзините две роднини (тети) кои сега се починати решиле да одат кај баба ванга во бугарија и велеле ее как да не она знаа да предвидува се смееле и сакале да га проверат :D и мама ми вика ја за тва ојдее дури до бугарија и они чекале на вратта и баба ванга казала ај тинка и ...(го заборавив имаето на другата) нека флезат ...(и тоа без да и казат дека претходно доагаат) и баба тинка и ... останале со отворена уста :DD
     
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    449
    Да и јас знам дека е македонка од некое Струмичко село и дека уште кога била мала ослепела.Па после тоа се омажила со некој Бугар и отишла да живее во Бугарија :?:
     
    На cupidsarow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    24
    Се уште не е утврдено кој помалку работи превидел Нострадамус или Ванѓа, веројатно затоа што бројот нула е крајната граница на нивните точни предвидувања...
    Изгледа ќе е нерешено...

    Најсмешно е деко го “предвидела“ 9-11... :D

    Околу автентични и лесно проверливи предвидувања, барем за 9-11 пред да се случи гледајте ги клиповите...

    http://www.youtube.com/watch?v=zrTjPGy2k_U
    http://www.youtube.com/watch?v=26g18Dg7db4
     
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.489
    Малку повеќе за Баба Ванѓа.

    Баба Ванѓа (Вангелија Пандева Димитрова) е родена на 31 јануари 1911, а потекнува од Македонија од Струмичкиот крај. Еден ден кога била мала додека се шетала по поле започнала бура во тој момент се онесвестила и паднала на земјата, а кога се разбудила видот и бил изгубен. После неколку дена приметила дека има дарба и моќ да им помага на луѓето. На почетокот комшиите и доаѓале дома и ја прашувале за маките што ги имале, а она им кажувала што да прават. Набргу се раширил гласот за неа низ цела Бугарија и пошироко. Можела да пронајде изгубена личност, знаела каде расте некое растение, во некој дел од земјата каде што никогаш не била, што лечи одредена болест. Можела да застане на некое место и да види што се случувало на тоа место стотина години наназад.
    Се омажила во Бугарија и го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Се преправала дека ги знаела тајните за Александар III Македонски. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.
    Таа ја знаела точната дата на својата смрт (11 август 1996) и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

    Исцелителски способности
    Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

    Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

    Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.

    Претскажувачки способности
    Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

    Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

    Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа. Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за Руската нуклеарна подморница Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа. Таа ги предвидела и нападите на Кулите-Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.

    Таа зборувала за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

    Не знам за вас, но мене оваа жена ме фасцинира. Ме фасцинира нејзината дарба, која што како што многумина милуваат да кажат е посебна и ретка, но сепак сите овие работи ги прифаќам со некоја доза на несигурност и неверување. Можеби се работи и за страв, којзнае. :?:
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.016
    2111 – Луѓето стануваат роботи. :D
    2154 – Животните стануваат пола-луѓе :D

    абе Scary Movie :D :D :D Како и да е живи били па видели ;)
     
  15. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    82
    Ванѓа кога била мала носејки храна на своите родители кои работеле на нивата, одеднаш ја опфатила силен ветер по што она ослепела, и се јавил црн страшен образ и слушнала глас: „Ти си слепа, но од сега ке гледаш и со тоа ке заработуваш за храна“

    Многу луге Ванѓа ја сметаат за светица, но таа не е светица. Кога некој верник ја поканил да дојде на црква таа одбила и кажала дека Ѓаволот не ја пуштала да оди во црква, нечисти духови влегувале во неа и нечистите духови зборувале преку неа, кога отишла во Евангелската црква во Петрич видела како нечистите сили ја напуштаат бидејки внатре се проповедало Божјото слово, и кога поминала богослужбата нечистите духови повторно влегувале во неа.
    Во старо време бајачите, гатачите, вражачите ги убивале со камења. Голем грев пред Бога е кога одат лугето кај бајачи, вражачи, гатачи ...

    Инаку за иднината пишува во Библијата. Во последните денови Бог ке дојде да ги земе своите, ке има тресење, војни, земјотрес и оган по земјата, луѓето ке бидат собрани на куп, од страв ке треперат пред БОГ, а Исус ке ги грабне верните, па тогаш лугето ке кажат: "Ги нема тие што зборуваа за Бога„ и тогаш како што е кажано во Божјото слово, Бог ке го излие гневот врз неверните.

    Затоа покајте се, потребно е да се нановородите, па да се крстите за да започнете нов живот во Исус, за тоа прочитајте Еванг.Јован 3 глава.
    Исус ги чека тие што уште не се покајале,има уште луге што сеуште не се покајале, Исус ги чека да поверуваат, па ке дојде да ѓи грабне своите.

    Времето е близу , Исус многу, многу скоро ке дојде!
     
    На Charlottexo, Bright, angelce1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Баба Ванѓа згрешила во предвидувањата и тоа многу (а којзнае дали тоа се и нејзини предвидувања или измислици) особено за третата светска војна во ноември 2010..јас како што знам такво нешто не се случи.или нешто сум пропуштила :lol: не верувам во предвидувањата за вонземјани и сл. за 1000 години подоцна, до душа и не ме интересират. Тогаш ни моите пра пра пра пра пра внуци нема да се живи не па јас ;)
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Женски
    Јас за овие предвидувања крај на светот не знам што не верувам. Тие и прашање дали се од неа кажани или од некој друг трет. А дека жената погодува ми има и чичко ми потврдено кој инаку е еден од најголемите противници на ваквите бабини деветини. Тој во 1991 година не бил добар и на лекар му рекле имаш тумор на снимката се гледа. Виде не виде отиде кај бабата Ванѓа и оваа му рекла што ми доаѓаш ти здрав прав пушти ги луѓето болни што се да им помогнам. Чичко ми се збунил арно ама оваа му рекла знам зошто си дојден ич не влегувај оди провери ако сакаш ти во тумор немаш никаков. Веке и операцијата закажана беше ама тој направи уште некои снимки и излезе дека стварно нема ништо.

    Ај сега де не верувај
     
  18. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Ова што го пишува во првиот пост не се предвидувања на Ванѓа, туку само толкувања на предвидувањата на Нострадамус. А јас колку што верувам на Нострадамус толку и на Ванѓа, значи НЕ ВЕРУВАМ. И колку што знам, Ванѓа на времето била блиска со бугарската тајна комунистичка полиција, значи како личност била исполитизирана, а што е најиронично, комунистите никогаш не верувале и не поддржувале такви работи, значи има некоја игра во сево ова штом се врзале со неа, според тоа за мене баба Ванѓа и не била баш личност со кредибилитет, може грешам (што не верувам), ама сепак да си кажам
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    хахаха да само лоши работи...нема ништо добро да не охрабри....паа како било пишано така нека биде
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.703
    Колку и да не верува во вакви работи, читајќи ги примериве човек неможе а да не поверува. Тоа што предвидела само лоши работи и мене малку ме обесхрабрува, во секој случај кога ќе дојде времето ќе се види дали е точно или не.