1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предвидувањата на баба Ванѓа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Delevska, 14 март 2010.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Не сакам да должам во што сакаш верувај само да знаеш дека вистинските верници не одат по гатачи
     
  2. kikidare

    kikidare Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Nikoj ne odi ako nema maka sega ima i takvi sto odat od ljubopitsvo da doznaat sto ke im se sluci ama jas ne sum od tie sigurno.
     
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Еве сме 2016 година , и Европа не е празна , напротив преполна :D
    Све овие работи се дезинформации , Don t berejte galje ;)
     
    На joy1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Кај ја најде баш сега темава пред да се деси крајот на светот :D
    Баш сега читав за предвидувањето на баба Ванѓа, дека на 29ти јуни 2016 (петок), е крај на светот.
    Исус ќе дошол на земјата по втор пат, ќе имало многу јаки земјотреси низ цела земја, сонцето ќе станело црно, а месечината ќе се превртела наопаку, многу ѕвезди ќе паѓале :wasntme:
    Вакви предвидувања досега може 10000 пати имало...
    Па, луѓе, не ви преостанува ништо друго, освен до петок да го живеете секој ден како да ви е последен :hai:
     
    На Victorian, joy1, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Јас па Петок на одмор ќе одев, ете ти сега. :lol:
     
    На Victorian, Bender Rodriguez, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ќе имало и преживеани, па може ти ќе бидеш една од нив па ете ќе си одиш и на одмор :D не откажувај резервација, таман сонцето ќе станело црно, може поубава боја ќе фатиш :D
     
    На Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Не не никако... Јас горам битно ми е да знам дали 50 фактор да земам или поќе, ова алармантна состојба е. :wasntme:
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    еве и ова .... Сега сме 2016 година , и ништо не се случи од наведеното , ете колку може да се верува во бајачи!!!
     
  9. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Искрено, ми се повраќа од Баба Ванѓа и нејзините "предвидувања", а и од новинарите кои само нешто да кажат и напишат а блага врска нема. :headbang:
     
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Океј не е баш така како што предвидува со точни цифри али има предвидувања што се случиле и што ќе се случат. Како и да е откачена била бабава скроз .. у позитивна смисла секако. :)
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    ништо не е точно од предвиденото , читај од 2010 и кажи што е точно???
    Тоа со железната птица , и со подморницата тек сега пишува дека го предвидела ( а дали е точно дека го кажала тоа лично таа? ) , безвезни дезинформации се сево ова!
     
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Конда немам врска што као само знам дека била кул бабичката. :) Ете спореди ги фактите и си глеаш сама што е вистина а што не ..
     
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    е што кул :D
     
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    glej ja .. srcka e. :)
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Дека поседувала моќ, поседувала, не викам не.
    Дека многу нешта има погодено, има, не викам не.
    Но и покрај тоа јас сум скептик во однос на нејзиното пророштво. Особено во последниве неколку (5-10 год) слабо некако се остваруваат нејзините претскажувања. Исто и на Нострадамус.
    Освен БОГ никој друг не може да знае и да предвидува кога ќе биде крајот на светот, како ќе биде, кога ќе се врати Исус, како и други некои работи.
     
    На corapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кога ја прашале дали ќе има 3. светска војна, им одговорила да не се грижат зашто било рано, Сирија уште не се распаднала :o:
    Така читав еднаш, хехе.
     
    Последна измена: 23 јули 2016
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Мале, Венета Рајковска „с едни г'рди напрет“ од кога не сум ја гледала.:D
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mïłëñã❣❣❣

    Mïłëñã❣❣❣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Жителите на селото Петрич каде што живеела и умрела славната јасновитка баба Ванѓа и денес веруваат дека некаде во близина на нејзината куќа е закопана статуа во природна големина од чисто злато. Многумина веруваат дека статуата го претставува римскиот император Константин.


    На почетокот на 80-тите години од минатиот век, во животот на Ванѓа настапила целосно нова фаза: Таа започнала да ја гледа иднината. Блиската и далечната. Нејзините најблиски забележале дека на почетокот на 1981-та година таа во еден момент кажала: „Внимавајте! Наскоро ќе дојдат нови, непознати болести за луѓето. Сите, па дури и оние кои никогаш не боледувале, ќе се разболат“. Набрзо потоа се појавиле сидата, птичјиот грип…

    Ванѓа кратко потоа на своите најблиски им порачала дека е „убедена дека човештвото на почетокот на 21-от век ќе најде лек за рак“. Таа велела: „Ќе дојде ден кога ракот ќе биде заробен во железни синџири“. Објаснила дека лекот „ќе содржи многу железо“.

    [​IMG]
    На почетокот на 1988-та година Ванѓа порачала: „Сведоци сме на судбински случувања. Двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде „осмиот“ руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата“. Ванѓа тоа го зборувала додека со Русија владеел Борис Јелцин и очигледно мислела на „следниот“, не наведувајќи го неговото име. Само рекла: „Тоа ќе биде неочекувана личност“. Сега знаеме дека тоа е Владимир Путин. Ванѓа уште во 1979-тата рекла дека „сè се топи, како и мразот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој сè елиминира од својот пат и не само што ќе опстане, туку ќе стане господар на Светот… А Русија повторно ќе стане империја!“

    Баба Ванѓа тоа го изрекла во времето на СССР, кога зборот Русија ретко кој го изговарал. На кој Владимир таа мислела, останува загатка. Толкувачите на нејзините пророштва „типуваат“ на тројца: средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илиќ Ленин и на Владимир Путин. А Путин е, тие пресметале, токму „осмиот“ Владимир во руската историја…

    Некаде, како што велат, во јануари 1989-тата година баба Ванѓа ненадејно кажала: „Страв. Страв. Браќата Американци ќе паднат, железни птици ќе ги нападнат. Волци ќе завиваат од џбунови, невина крв ќе се пролие… А во септември 2001-та година во воздушниот терористички напад се срушени кулите „близначки“ Светскиот трговски центар во Њујорк. Дали е потребно да се каже дека нападот се случил во времето кога американски претседател бил Џорџ Буш (bush – буш – на англиски јазик, а што значи џбун)?

    Во почетокот на 1993-тата година Ванѓа рекла: „СССР ќе биде обновен во првата четвртина на 21-от век. А речиси пред самата смрт, што било и нејзино последно претскажување порачала: – Доаѓа време на чудесии и откритија од областа на нематеријалното. Ќе бидеме сведоци на големи археолошки откритија кои од корен ќе ги променат сфаќањата за светот кој ние денес го познаваме. Сето скриено злато ќе исплива на површина, но, затоа пак, водата ќе отиде… Тоа нејзино пророштво сè уште не е протолкувано, како ниту неговото продоложение: „Нашите внуци за околу 200 години ќе успеат да воспостават контакт со браќа по разум од другите светови“.

    Баба Ванѓа, пред смртта, својата овоземјина мисија ја завршила со зборовите: „На земјата одамна живеат дојденци од други светови. Од каде тие доаѓаат? Од планетата која ја нарекуваат Вамфим. Таа е, како што рекла, трета од Земјата, не прецизирајќи ниту од каде, ниту од што, ниту во која насока…“

    [​IMG]
    А, еве што, според нејзиното пророштво, не чека во иднина:

    2014 – Повеќето човештво ќе страда од гнојни чирови, рак на кожа и други болести предизвикани од хемиско оружје;

    2016 – Европа ќе биде речиси празна, безчовечка;

    2018 – Нова сила, светска држава, ќе стане Кина. Земјите во развој се претвораат од експлоатирани во експлоататори;

    2043 – Светското земјоделство цвета. Со Европа ќе владеат муслимани;

    2046 – Ќе се „одгледуваат“ сите органи на човековото тело, а замената на болните ќе стане најдобра метода на лекување;

    2088 – Се појавува нова болест – стареење за неколку секунди;

    2097 – Брзото стареење е победено;

    2371 – Голема глад на земјата;

    2378 – Нова раса на Земјата се размножува со неверојатна брзина;

    2480 – судир на две вештачки сонца на Земјата;

    3005 – Војна на Марс, се нарушуваат траектории на планетите на сончевиот систем;

    3010 – комета удри во Месечината. околу Земјата се создаде Појас прашина и камења;

    3797 – На Земјата целосно исчезнува секое живо суштество, но човечката раса се движи за да продолжи животот во други ѕвездени системи;

    4509 – Човекот конечно го „запознава“ Господ. Луѓето досигнуваат таков степен на развој, да можат да комуницираат со Господ.

    4599 – Луѓето стануваат бесмртни;

    4674 – Цивилизацијата го достигна својот врв. На Земјата и другите планети живеат 340 милиони луѓе. Започнува мешање луѓе со вонземјани;

    5076 – Откриен работ на вселената. Никој не знае што е – зад;

    5078 – Луѓето се одлучија да го преминат работ на вселената. Против се околу 40 отсто од населението;

    Ванѓа застанува на 5000 година. Само кратко наговестила, без никакви дополнителни објаснувања и подробности, дека во 5079 година настанува – КРАЈ на светот! Што и да значело тоа!
     
  19. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    А !?! хахаха глупости, боже боже

    Не сте ми јасни зошто правите идоли на вакви личности?
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова не е точно!
     
    На Mïłëñã❣❣❣ и corapce им се допаѓа ова.