Постојат некои интересни факти или подобро кажано верувања поврзани со полот на бебето. Па дали се вистинити или само приказни? пр: ако јадеш благо носиш девојче ако јадеш кисело - момче ако стомакот е ниско доле е машко, а ако е горе е девојче па дури и дека ако си убава трудница носиш машко а во спротивно - девојче Има ли нешто вистина? Спојлер ако има ваква тема - клуч
Ne veruvam vo tie prikaski,imam dva sina So prviot se razubavev imav cisto I belo lice,so vtoroto nonstop mi se pojavuvaa fleki I bubulici Prvoto visoko go nosev,vtoroto nisko Od blago imav kiselini so dvajcata So prvoto jadev mnogu meseno,a so vtoroto luti bomboni I jabolki Pa sega ti vidi Za prvoto imav zelba za masko ,a mislev devojce,a za vtoroto isto sakav masko I znaev deka ke bide masko
И јас имам слушнато некои слични "предвидувања" - Ако имаш чисто лице, без мозолчиња и нежна, мека кожа носиш девојче - Ако имаш мозолчиња и груба кожа, носиш момче - На мајка ми (кога била бремена со мене) и истуриле малку сол на главата (без да знае) и чекале да видат каде ќе се допре. - Ако го допрела носот носела момче - Ако ја допрела устата носела девојче (Мајка ми се фатила за уста) Не верувам во вакви работи воопшто. Од ехо нема поточна метода за предвидување на полот, па дури и тоа понекогаш греши.
И јас сум слушнала за вакво нешто , но кај мене нешто беше точно нешто не За благото точно е , јас и обично многу благо јадам но ете и тогаш истото беше па носев девојче а и стомакот ми беше високо. Е сега за ова ако си убава или спротивно , јас баш многу си се допаѓав во бременоста а и другиве ми викаа дека сум многу разубавена , косатам и блескаше , немав ни мозолки , а нели носев девојче. Така да мислам дека неможе да се определи какво дете носиш по стомак , убавина итн , како Господ ке одреди така
и јас не верувам многу во ваквите приказни,јадам и кисело и благо и тоа многу знаЧи дека нема врска ова,сум слуснала и за други финти со прстен,со лазица но јас некако иЧ немозам да верувам,ке видиме усте е рано а и не ми е многу вазно само нека е здраво и се да биде како сто треба
наводно носам девојче, но 100% сигурна ќе бидам кога ќе се роди ! Е сеа кога е благото во прашање, значи мислам дека бебево само со чоколади го ранам , по 100- 200гр обавезно дневно, поготово од сабајле со кафенце како фино лизга едно цело чоколадо мх мх мх ... стомакот ми е ниско - како машко да носам и како лубениче испрчено, па ете докторите викаат женско е. За разубавена, па викаат дека сум убава и дека сум си иста, ни во фаца сум сменета ни во тело - нормално што имам меше ... така да немаат врска Бабиниве деветини, пошто секој си има различна бременост и на една личност не секоја бременост и е иста. Ја на ултразвукот не верувам кога ми кажуваат дека е женско, не па на бабиниве деветини и покрај тоа што веќе изнакупував све розеви работи
Мајка ми мене ме носела ко за машко, а брат ми ко за женско според овие бабини деветини. Јас на пример имам лице џам, а до сега сум имала проблеми со кожата. Стомакот ми е доста ниско, и убаво ми се познава уште од сега, а сум над 180 висока. Благо претходно јадев односно сакав, а сега не сакам со очи да видам. Според мене и докторката иако е рано, е девојче, па ќе видиме. Уште кога го видов тестот со двете цртки прво што си помислив беше ќе си имам бебче, девојченце. Незнам зошто така ми текна, а па што е најинтересно отсекогаш сум сакала машко. А сега вака. Ќе видиме!
сепак се предвидувања сподер некои нешта кои останала од нашите баби тие тогаш немале ехо па некако се обидувале да го предвидат полот. нешто што прочитав од една студија е дека мајките кои носеле девојчиња имале поголеми гради бидејќи тестостеронот од машкиот плод влијаел врз растот на градите на мајката. исто и дека мајките во текот на својата бременост можат да го предвидат полот според соновите. според студиите, повеќето мајки кои сонувале машко/девојче исто и родиле. станува збор за потсвесна интуиција на мајката
Па по сите предвидувања, требаше да биде машко, ама ете вчера ми рекоа женско, па некако уште не ми се верува, толку ме убедија дека навистина може да се познае што носиш.
ЈАс воопшто не верував.Ама од сон, до како се носи бременоста, се излезе оти ќе е момче и навистина беше. Кој сака рецепт нека пише, јас од момче кој има за мене од девојче хаха
Според ова што го пишува јас требаше девојче да имам Јас во живот толку благо немам изедено како кога бев трудна, кисело обожавав ама кога останав трудна ретко јадев и тоа само неколку кисели краставички само ставив во уста цела бременост, а порано цела тегла за пола саат лом ја правев, ама бев катасрофа ич не си се сакав како изгледав, целата потечена со огромен нос, гуша немав, мм ми викаше дека сум како гуде А и за тоа со солта имам слишнато па на наши пријатели направиле на невестичево и демек според тоа машко носи, врска немаше девојче беше
јадам кисело и благо мешам се ,стомак уште немам ,лицето ми се менува ко времево па ќе видиме нареден месец што калибар е
I jas isto jadam se i blago i soleno i kiselo,,mn kiselo ne bas, no od nisto nemi se gadi mirizbi mozam da podnesam se jadam,,,bev sega na kontrola no se uste nemozese da go vidi mnogu mrdase cocek igrase,,pa naredno ksmet ke mi kazat,,,iako mnogu sakam da znam
Ова на нет го најдов: 1. Висок или низок плод Најпрепознатлив знак е дека, машките плодови, се носат ниско. Но има и многу жени кои ќе го негираат овој фактор. Не постои ниту некоја посебна причина, зошто машкиот плод може да биде пониско поставен… 2. Доколку урината има порозева боја Впрочем, може и од бојата на урината да се погоди , дали носите момче или девојче. Доколку бојата е порозева – тогаш е машко. Па доколку не ви е мачно, проверете си… 3. Слатко и кисело Едни од забележливите знаци дека имате момче се: немате многу апетит, но сакате постојано јадењето да го дегустирате и да биде вкусно. Доколку е девојче, ќе имате поголема потреба од слатки јадења. 4. Десната брадавица Големината на брадавиците, е еден од 100% најточните методи за проверка на полот. Десната града е поголема во тој случај. Иако повеќето жени и природно немаат изедначена величина на гради, сепак, доколку ја забележите таа необична промена, можете да се надевате дека е вистински знак. 5. Клучот на мистеријата Тестот навистина се однесува на вистинскиот ваш, личен клуч. Ова малку преоѓа во суеверие и делува чудно но го земаме во предвид… Доколку кога го земате клучот, го фаќате за округлата страна , тогаш е машко, а доколку го фаќате на врвот, тогаш се работи за женско, па проверете. 6. Прашајте некое дете Се претпоставува дека, за полот на детето , можете да дознаете така што ќе побарате помош од мало девојче. Доколку покаже наклоност и се упати кон вас, тогаш е момче, ако не тогаш е девојче. 7. Ладни стапала Ова не се работи за тоа какви ви се стапалата, во текот на бременоста. Се вели дека, жената која има ладни стапала, има поголема веројатност децата да и бидат машки. Непознат е до сега фактот некоја мајка која има само синови, да не пати од оваа појава.
1.уште немам меше па да се ориентирам 2.бојата ми е нијеле - не е розева додуша не знам пошо јадам мнг цвекло 3.немам апетит ама каснувам од се по малку 4.ионака ми се асиметрични па којзнае 5.го фаќам скоро секогаш од округла 6.не сум прашала 7.ладни ми се ко клима вели мм јули ќе видиме што ќе бидееее
Полот на бебето - да го знаеме или не? Најдов на интернет еден многу интересен домашен тест Не знаев каде да го споделам, мислам дека темава е соодветна. Ако имате желба и време можете да го направите. Се вари црвена зелка. Во една чаша се става течноста од сварената зелка, а во друга чаша мокрача во иста количина колку и течноста од варената зелка. Се мешаат двете течности и ако бојата остане вилотова веројатно носите женско, а ако стане црвено-розева тогаш носите момче. Еве и видео! На YouTube можат да се најдат повеќе видеа само напишете Gender cabbage test http://www.youtube.com/watch?v=PHR_pazXDwI Кој има време нека проба и нека каже
Полот на бебето - да го знаеме или не? ^ Хахаах Јаготче, јас имам уште полесен ,,тест,, за проверка на полот...И јас го најдов на интернет, и не дека нешто верував ама ај си викам да пробам,пуста радозналост. Значи за да не се варат зелки и триста чуда, јас најдов еден ептен лесен. Во една пластична чашка ќе си се помочате .Во друга чаша претходно ќе си ставите сода бикарбона. После мокрачата се сипува кај содата...доколку зоврие - МАШКО Е, а ако не зоврие - ДЕВОЈЧЕ. Кај мене не вриеше и стварно излезе женско.Колку е точно незнам, ама можеби има нешто во зависност од базноста или киселоста...
Полот на бебето - да го знаеме или не? ^хахаха закон....ееее баш сакам да видам дали ќе испадне точно.
Полот на бебето - да го знаеме или не? Што ги кажувате сега овие тестови кога веќе се родија нашите бебушки?? Еееее и јас баш сакам да пробам па да видев дали е вистинааааа ама сега нема, ај може за брзо време ќе ми притреба којзнае
Полот на бебето - да го знаеме или не? Сега одвај чекам да одам дома и да проверам... Не за друго, забавно ми е!