nikakvo pretcustvo za prvoto imav zelba za zensko inmi se ispolni sega za ova ama bas nisto,znam vecerta pred da napravam test sonuvam kako si kupuvam fustan,moze pak e zensko ke vidiem za nekolkku nedeli
Мене Димчев на првиот скрининг во 13та недела ми рече дека му изгледа на девојче. Мене уште не ми се верува , некако ми е премногу рано. Може одеднаш да му никне нешто. Вие што сте биле кај Димчев ви погодил така рано?
@Luna91 stom ti rekol nemozi da nikni ))dodusa jas deveti mesec stignav i uste ne mi se verva deka e zensko bidejki samo dva pati mi kaza deka e zenska jas sakav na sekoj pregled da mi potencira
Може да се погоди и во таа недела, особено на 4Д. Мене матичната во 12та недела на 4Д ми рече дека е машко и стварно се гледаше такво меѓу нозете.
Конечно може да се спремаме со фустанчиња... срамежливото бебуле е женско... и денес се срамеше но во последен момент смени позиција срце мамино.
Nikakva razlika pomegju dvete bremenosti. Moze da se kaze deka lesno gi podnesuvam, edinstveno imam maka so premnogu kiselini vo dvete bremenosti. Stomakot visoko gore, cisto lice, na pocetok jadev mnogu kiselo a sega pri kraj sakam samo blago. Testot so soda ne mi penese ni prviot pat nitu sega. Prvoto e zensko a sega nosam masko.
Мене на 3 ипол месеци за двете ми кажаа што се . На 3Д ехо . Така и излегоа . Инаку осетив разлика помеѓу двете бремености во првите неколку месеци . Со синот јадев се и сешто , ми се гадеше само од мајонез . Со ќерката до 5-ти месец само ѓеврек варен и сув леб можев да јадам . И чипсови со вкус на кечап од се друго имав мачнини и . Ноќе станував од кревет поради киселини .. додека со синко мирно си спиев ќерката ме уби од мрдање после 6-ти месец .. како и да е убаво е чувството да знаеш дека во тебе бие уште едно , чувството дека имаш човече во себе со лесно да вие на вас кои не сте породени сеуште и уживајте во моментите додека го носите бебчето во вас . Единствени се
jas sum 16ta nedela i uste ne znaeme sto e, go pravev onoj testot so soda i ispadna masko,a na posledniot pregled mi rekoe deka lici na devojce no e rano uste..ajde bas da vidime koj ke bide vo pravo
Енаа јас сум 15+5 скоро 16 недела, уште не знам какво е. Прво ми е бебуле и многу ме копка да знам нормално да е живо и здраво само. Инаку некаде во 13 недела мислам беше го правев и јас тестото со содата, и по него излегуваше дека треба да е женско. Сега не знам уште чекаме. А читам погоре за јадење демек благо или кисело, јас искрено и тоа и тоа јадам и сакам, лицето ми е како денот, различно кога супер, кога со црвени точки . Ќе видиме, одвај чекам
Земаш во една чашка и мокриш и после во неа сипуваш сода бикарбона една лажица до две, како што имаа пишано претходно демек ако почне да пени и да се направи пена како од пиво во чашата значи дека машко , а ако нема никаква реакција значело дека е женско. Ма да како читав погоре, има доста примери каде овој метод се покажал како не точен. Така да кај секој е индивидуално
Врска нема со содата и мокрачата. Содата во кисела средина праве пена, па затоа кај оние жени кои к го направиле тестов имале покисела pH на мокрача и содата им испенила. Друго логично објаснување за тестов немам.