Мене исто рано ми го кажаа полот, сега се потврди, ама докторката е тврдоглава дека не пишува во картонот се додека не го направам вториот скрининг. Иако си знаев од сам старт, незнам како. Исто како што знаев дека сум бремена, при негативен тест јас се смеев ко зелена и викав што ви е бе, зезнато е ова. И после една недела, поздрав од двете цртки. Исто беше и ова, кој ќе ме види дика аааа, ти машко носиш, само стомак имаш и разубавена си ми. Јас ко трета смена од рудник се гледам во огледало, башка си знаев дека е девојче. Ќе се каже се на 22 Август, не умирам до тогаш.
И јас од самиот старт имам чувство за девојче...може и сум пишала во некои од темите. И други што ми кажале...ааа девојче носиш. Па ќе видиме
мене еден што ме виде не рече дека носам девојче сите запнале машко па машко, коа ќе ми кажат така како ми иде да ги треснам со секира по глава ехото вика = женско , па ќе видиме уште малку кој бил во право
На другарка баба и ни кажуваше за еден „тест“ со златен прстен (по можност бурма) и златно ланче. Прстенот се става на ланчето, ланчето се држи, а прстенот виси во воздух. Трудницата ја става раката под прстенот (зглобот да биде под прстенот). Се допира зглобот со прстенот и потоа се подигнува малце прстенот, да се оттргне од зглобот (се надевам добро објаснив), така да виси над раката. Ако прстенот почне да прави движења лево - десно, трудницата носи машко, а ако прави кружни движења носи женко. Бабава вика дека таа ова го правела за сите нејзини деца (има 4 ќерки и син) и дека точно и излегло, па за ќерките и снаата го правела и за нивните деца точно излегло и сега за две внуки го правеше, за едната излезе син и стварно роди машко, а за другата (сестра на другарка ми која сега тазе е трудна) и јас бев тука кога и правеше ова и прстенот се движеше кружно и бабава рече дека носи женско. Наскоро треба да дознае што е полот, па ќе видиме дали погоди бабата. Иначе и мене и на другарка ми ни беше интересно и ја прашавме дали може и нас да ни прави тоа и рече можело и уште ни вика ќе ви кажам за сите деца што ќе ги имате . Мене ми рече дека ќе имам син или близнаци машки, а на другака ми и рече дека првото ќе и биде машко, второто женско, третото машко. Па ќе видиме дали погодила. Иначе и баба ми рече дека порано вака гледале, само прстенот го ставале над стомакот на трудницата и дека точно излегувало. Јас многу во вакви работи не верувам ама за забава интересно е
Да да ова е точно,мене така ми излезе,на јатрвами,другарка ми,мајка ми на сите им излезе точно...ама ако нема во моментот златно ланче може и со конец и бурма...
Кругови и тоа огромни, сега си игравме мајтап со колешките на работа. Пробавме и со конец, и со златно ланче, секако вртеше кругови. Забавна работа е ова бре луѓе, се изнасмеав 2 дена!
Штотуку го пробав тоа со прстенот и конец (немам сега тука златно ланче) пробав и на рака и на стомак кругови излегуваат Лелееее мнооогу сакам девојченце...а не знам зошто и си чувствувам дека е женско...некој предосеќај,некој глас тоа ми го вели Јупииииииииииии
ve citam i se prisetuvam kako i jas gi pravev istite raboti . se dodeka ne mi kazaa vo 18ta nedela sto nosam ( bidejki bevme sramezlivi pa si gi skrstuvavme nodzinjata) za prstenot mi se pogodi mi vrtese krugovi i mene pa ispadna tocno sto li ne probuvav i jas kako vas edno od radoznalost edno od zabava . si se usrekuvav samata sebe I jas kako silk mislam deka nosis devojce neznam zosto no takvo custvo Imam Prasanjeto mi bese drugo haha i??? go napravi li i toa ??? sto izleze? vi posakuvam na site da vi se ispolnat zelbite za bebcinjata A da uste edna rabota koja sto mi ja pogodija me izlazaa demek mi se izvalkani racete i jas gi poglednav odozdola i mi Velat aham devojce nosis....demek ako poglednes prvo dlankite nosis devojce a od odozgora masko Ama pak zatoa po formata na meskoto ni eden ne kaza nosis devojce site velea masko epa eve si sega na devojce e
Баш ми е мило што ви се допаѓа тоа со прстенот А најинтересно е тоа што и 10 пати да се повтори пак исто излегува На сите трудници ви посакувам лесна бременост, нека ви се остварат желбите, но пред се да си имате здрави и живи дечиња
Не слушај што ти кажуваат другите. Кога мајка ми била бремена со сестра ми сите и кажувале дека носи машко. На ултразвук не можело да се види што носи, бидејќи бебето цело време било свртено со газето. Така било до крај на нејзината бременост. Татко ми бил среќен што второто дете ќе му биде машко. Коаг мајка ми се породила и кога му кажале дека има ќерка, се стаписал. Уште се смеам на случкава.
Го направив ова со златен прстен и ланче. Ми излезе 1 женско и 2 машки. На 4то кревање не мрдна прстенот.
Јас во едно списание читав кои се показатели за тоа какво ќе биде бебето. 1. Ако стомакот на трудницата е надоле, бебето ќе биде машко. Ако е нагоре, ќе биде женско. 2. Ако на трудницата и се исчисти лицето, бебето ќе бдие машко. Ако и се исфрли, ќе биде женско. 3. Ако трудницата сака да јаде солено, бебето ќе биде машко. Ако сака да јаде благо, ќе биде женско. Во мојот случај, овие показатели се покажаа точни.
мене лево десно ми оди ова со ланчево =))) Син на мајка.. иначе кога бев кај матичнава беше многу мало бебево и се криеше и не можеше да го види ама демек ми рече може женско ќе е ... Иии јас сакам девојче многу ама многуу.. ии завчера одам кај мајка ми на раб , раб во болница, и една сестра ми вика ај бе да го видиме бебето.. и седнувам на ехо го гледавме мрдкаше се ова она и оппп му се виде мало куренце.. =)) баук сум стварно не сум гин. ама се виде дека има нешто меѓу нозе.. =)) После тоа го направив она со чашата мокрача и со сода бикарбона и имав пена големааааа и вриеше.. сега и ова ,... Значи сепак е синче мислам дека.. Нека ни се живи и здрави тоа е најважно, него јас сум во пон на контрола па ќе би пишам дали се валидни методиве кои ги правев ...