пред некое време правев тест со сода и вриеше (демек маско че биди) мм,син ми и черка ми ми ставале сол на глава и сум се почешала на носот демек и то значело машко дека носам и денеска бев на док и ми покажа дека е женско (сликичка си имам од дундето )
ееејј дунда ли носиш хехе супеееррр а душо ти која недела си па ти кажаа нели ние сме блиску некаде со неделите
15 недели и 6 дена многу сум срекна првото ми е черкичка второто синче и третово пак черкичка а нај важно е што док. ми кажа дека бебушка је одлична
И мене ми ставиа сол на глава и испадна женско, по 3 дена док. рече дека е 100% машко. Имам слушнато дека ако првиот пат кога ќе клоцне го осетиш од лева страна на стомакот е женско, а од десна машко. Сега го чекам да почне да клоца па да видиме на крај дали точно ќе испадне.
Мене ми го правеа она со бурма, испадна женско. Ми го правеа експериментот со игла, пак испадна женско. А јас уствари носам машко,ми потврдија и на 4д и матичниот гинеколог, а и јас го видов курето.
ништо нема точно од овије бабини деветини предвидувајнава само ајде мала занимациа што да се прави друго
Штотуку го пробав тоа со содата....ма каква пења...ништо немаше.... ДЕВОЈЧЕЕЕ Со прстенот имав пишано дека и тогаш ми испадна девојче а и докторката ми спомна дека е девојче
Мајка му од дечко ми пред некој ден ми кажа како тие порано си предвидувале пол. Нели од 3ти/4ти месец почнувало од градите да тече млеко (ама малце повеќе да стегнеш требало ) и во чаша вода да го капниш млекото. - Ако капката стигнела до дното на чашата со вода, без да се растури е машко. - Ако капката се растури (разлее) уште на површината на водата во чашата значи е женско. Неа за првите две деца и погодило ова, а за третото веќе и кажале на ехо. Има смисла ова, според мене, поради хормоните кои се лачат за време на бременост.
јас сум 18 недела си ги испостискав грепкиве и капка не капна (многу боли) и нема млеко.да пробам со она купечконо ааааа ?
Не, не треба со купечко туку со твое млеко. Кога прв пат тече млеко појма немам, така да незнам ништо повеќе околу тоа.
кога тече млеко прв пат можат само да ни кажат мамичките со се у понапредна бременост накај 7-8-9 месец
кај мене и за мики и за тони млеко ми дојде од како се породив.само едно не ми је јасно синми вејче е 10 год а јас до пред да останам бремена за третово имав по малче млеко кога че се стиснев на грепките и од како останав по трет пат бремна мене ми прекина таа золта бела течност.пред неколку год кога го прашав док. зошто ми течи уште бело-золто млекце ми рече од многу масажа
Мене само што ме виде на една другарка мајка и‘ ми вика „Кажи му на муж ти дека носиш машко“. Демек, линијата ми била потемна на долната страна на мешето и само меше сум, ич не сум поправена. Башка вика дека сум била разубавена ( деојчето ја земало убавината на мајката, а машкото ја разубавувало ). На контролата во 16та недела му реков на докторот дека не сакам да знам што е, ама во 18та недела синко си се покажа сам Јас само што останав трудна бев убедена дека е машко.
kaj mene ne ispadna taka i jas ne staviv na mene samo stomak i uste na pocetok site mi velea deka sum razubavena i ispadna zensko , nekogas nemaat vrska tie raboti