Предвремено истекување на плодова вода

Дискусија во 'Бременост' започната од EvaB, 23 декември 2015.

  1. EvaB

    EvaB Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Само што влегов во 31 недела и сабајлево во 04:30 ме разбуди млаз вода од вагината. Дури да стасам до тоалет, буквално ми течеше низ нозе. Прво, за да не паничам, си реков дека сум се измокрила (што не ми се случило), меѓутоа, кога седнав на тоалетот прво си истече проѕирна течност, па после тоа мокрев нормално, се избришав, и кога станав за да се вратам во кревет, повторно капки низ нозете што неможев да ги контролирам како нормално мокрење. Се средив, си легнав со нови гаќички и по 20 минути ми се случи истото. Денес за 4 часа имам закажано кај мојата докторка, а иначе не сум во Македонија, и си имам букирано карта за на 2ри Јануари, зошто планирам да си се пораѓам дома. Во меѓувреме докторката ми кажа да ставам улошка и да лежам, и во случај да истекува течност дури одам во тоалет, можно е да е плодовата вода. Дали имала некоја трудница вакво искуство и како поминала, мене ми е срцето во грло веќе 12 часа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.967
    Пол:
    Женски
    Na edna moja prijatelka i se sluci ova.ona bese vo 34 nedela koga i pukna vodenjakot.ja zadrzaa vo bolnica, prvo vo cair, potoa ja prefrlija vo drzavna.i rekoa da stava utrogestan , na nea po malku i tecese i da miruva, da lezi.no koga otide kaj nejziniot maticen toj ne go dozvoli toa so vaginaletite i puknat vodenjak od pricina da ne zakaci infekcii.i taka i zakazaa carski ( ona bar taka sakase ) i se porodi vo nepolna 35 nedela.
    Obavezno na pregled i so dobro da e samo
     
    На Anomis11 и EvaB им се допаѓа ова.
  3. EvaB

    EvaB Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Колку и да се надевам дека не е тоа, на тоа ми личи. Не ми се верува дека до вчера имав прекрасна бременост, од сам почеток, ни бактерии, и крвна слика секогаш одлична, и активна, и сите прегледи и скрининзи бебушот супер, за денес наеднаш цел ден да протекувам. Уште два саата до прегледот, значи минутите ми се гледаат како вечност. Да е само со добро, мене ми е највеќе страв ако е водењакот, прерано му е на бебето, уште два месеца има да си пливка. Се тешам негде пишува дека се случувало и дека било нормално, ама во повеќето случаи е водењакот. Може звучи глупаво, но се молам да сум, се извинувам на изразов, помочана.;(
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    16.679
    Пол:
    Женски
    Немој да одиш само кај матичен гинеколог, веднаш оди на специјалист зошто за ова треба посебен третман и строго мирување и не слушај совети од типот како се е во ред. Дај боже да е се во ред, ама ова со утрогестан не се лекува. Ова ти го кажувам од лично искуство со сестра ми, ист случај, малку по малку плодовата вода и истече, потфрлија докторите.
    И движи се помалку барем додека да одиш на гинеколог. Не се плаши, но не оставај само на совети од матичен гинеколог.
     
    На okcenzi, EvaB и slobodka им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.651
    Допаѓања:
    19.545
    Пол:
    Женски
    Istovo mi se sluci mene vo 32nedela koga nautro nakaj 5cas dodeka spiev osetiv toplina I potoa ja pocustvuvav vodata.
    Vednas otidov do kopatilo I vodata samo si tecese, si se podgotviv I si trgnav vo bolnica srejka sto otidov na vreme.
    Mi stavija antibiotici I se sto trebase pa I protiv infekcija za da se zastiti bebeto.
    se obidoa da mi ja zadrzat vodata dva dena no zaludno posle dva dena vo bolnica se porodiv.
    te sovetuvam da ne cakas uste vreme da si odis vo bolnica na dezuren pa ke te pregledat.
     
    На EvaB и zalosna им се допаѓа ова.
  6. EvaB

    EvaB Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Здраво, ви пишувам од болница. Од средата лежам, на строг мониторинг и антибиотици во вена на секои 6 часа да се спречи инфекција на бебенцето и ги примив двете инекции за развивање на белите дробови во случај да се породам.
    Причина за истекувањето уште неможат да ми дадат, но од среда вечерта престана да тече вода и од тогаш ни капка до моментов, дај боже да остане така. Во случај да не почне пак да истекува вода, да не се развие инфекција и да не добијам породилни болки, ќе ме пуштат дома во понеделник. Ако здравје се се стабилизира, во среда попладне летам за Македонија, свесна сум дека има ризик, но верувајте секој ден поминат овде е многу поголем ризик од летот дома.
    Се консултирав со мојот лекар во Скопје и опциите се две, или веднаш ќе бидам примена на пораѓање, или ако се остане стабилно, бременоста ќе продолжи под мониторинг, зошто од средата е само подобро.
    Girl-miri, како е твоето бебче ако не е многу лично прашање?
    Поздрав и фала на сите за одговорите и подршката.
     
  7. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.921
    Пол:
    Женски
    Ајде, со Господ напред, се да биде добро! Издржете со бебчето!
    :hug::hug::l:
    Ви ги праќам најдобрите, најпозитивни и најискрени желби и мисли!
     
    На EvaB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.651
    Допаѓања:
    19.545
    Пол:
    Женски
    Kako sto kaza mila I mene proba da mi sprecat infekcija I istekuvajne na vodata ama se bese zaludno, infekcija nedobiv srejka ama vodata si istekuvase :(
    Milo mi e sto kaj tebe ne tece veke voda ama pobaraj da ti vidat dali bebeto ima dovolno voda za da izdrzis uste nekolku nedeli, bidejki bez voda bebeto ne e dobro vnatre.

    inaku nie sme dobro :) imame 1godina I 23 meseci :) naredniot mesec ni e 2ot rodenden :) ♡♡♥ srejka se pomina najdobro so bebeto nemase nikakvi problemi.

    ti posakuvam da si imas I guskas ubavo bebence ♡
     
    На EvaB и Sunshine_1979 им се допаѓа ова.
  9. EvaB

    EvaB Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    :):*:*:l::smirk:^_^:l::l::l::l:
    inaku nie sme dobro :) imame 1godina I 23 meseci :) naredniot mesec ni e 2ot rodenden :) ♡♡♥ srejka se pomina najdobro so bebeto nemase nikakvi problemi.

    ti posakuvam da si imas I guskas ubavo bebence ♡[/QUOTE]

    Ова е најважното и најубавото, и за ова вреди да се помине се.
    Јас еве ја поминав и третата ноќ во болница, вчера не гледаа на ехо и синчето мое си надополнило вода, мрда, клоцка, не му паѓа на памет да се смири. Дај боже да остане се на било поминало, и да си продолжиме да растеме во мешко колку е можно повеќе.
    Денес наполнивме 31 недела, па со Господ напред.
    Фала ти мила, позитивни мисли се единственото нешто што помага во моментов.
     
    На zalosna, girl-miri, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.651
    Допаѓања:
    19.545
    Пол:
    Женски
    Ова е најважното и најубавото, и за ова вреди да се помине се.
    Јас еве ја поминав и третата ноќ во болница, вчера не гледаа на ехо и синчето мое си надополнило вода, мрда, клоцка, не му паѓа на памет да се смири. Дај боже да остане се на било поминало, и да си продолжиме да растеме во мешко колку е можно повеќе.
    Денес наполнивме 31 недела, па со Господ напред.

    Фала ти мила, позитивни мисли се единственото нешто што помага во моментов.[/QUOTE]

    Milo mi e mila :) neka si uziva uste malku vo mese bebceto ;) a ti odmoraj I ne se sekiraj za nisto se ke si bide najdobo :)
    Kako sto kaza se vredi za nasite mali ubavi bebcijna :) guski do vas ♡♡
     
  11. EvaB

    EvaB Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    28
    Апдејт на моето искуство со предвремен пукнат водењак.
    Сега сум во Скопје, пак лежам во болница, бебко е стабилен и целта е да издржи во меше што е можно подолго.
    Уште немам болки и не сум отворена, нема никакви инфекции и бактерии и сега за сега стабилни сме.
     
    На joy1, girl-miri, kallias и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.921
    Пол:
    Женски
    Со Господ напред, се да биде во најдобар ред!
    Ти посакувам сѐ најдобро!
     
    На EvaB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    104
    Гледам малце постара е темата и од 2015 немала активност, но ми треба помош... 21 недела сум и почна да ми истекува плодова вода. Се јавив одма во ремедика и ме задржаа на опсервација зошто кај бебето си има уште вода па со надеж дека ќе се затвори и ќе истуркаме... какво беше вашето искуство се затвори ли и колку недели плус направивте?
     
  14. isabella123

    isabella123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Sto se sluci so tvojata situacija, jas veke dva dena primetuvam nekoi vodeni krugovi na gajkite i neznam dali e toa plodova voda ili ne, se spremam sega da odam do Remedika; inaku sum 26ta nedela i sum veke isplasena.
     
  15. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    104
    Nisto mila jas go izgubiv bebceto za 5 dena otkako mi pukna vodenjakot... moj sovet ti e da odis na pregled zosto i jas nedela dena predhodno imav postojano vodeni krugovi na gakite ama se mislev deka e normalno iscedok... moze kaj tebe ne e plodova voda, no ubavo bi bilo da si proveris i da se opustis ili dokolku e sepak plodova voda da doznaes koja e pricinata za istekuvanje i da sprecis pukanje na vodenjakot... jas zgresiv mn sto ostaviv na slucajnost so tie krugovi, iako dva dena pred da se sluci se bev na pregled vo sistina i se bese vo red ama na toj pregled ne ni spomnav za krugovite zosto sepak mislev e normalno... ete ne bilo... ne se sekiraj pred vreme samo ne propustaj da kazes na pregledot za vodenite krugovi i odmaraj kolku mozes povekje... ti posakuvam da bide se vo red kaj tebe i da si go iznosis bebce do termin
     
  16. isabella123

    isabella123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Bev vo Remedika i mi napravija nekoj test, mislam bese za predvreme pukanje na vodenjak, ne sum najsigurna kako se vikase, no toa se gleda, dali mi tece plodova voda ili ne. Kako bris se zema pa go stavija stapceto vo nekoja tecnost i se ceka 5minuti, kosta 2.400. Sreka moja ispadna negativen, ali uste cervixot mi e 16mm, i dobro zatvoren i moram da lezam celo vreme, bar da dojdam do 28ma nedela pa zdravje ponatamu
     
  17. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    104
    Super vesti isabella123, ti posakuvam bez problemi da stignes mnogu povekje od 28 nedela i da ja dozivees najgolemata srekja :hug: tuka sum za se sto ke ti treba
     
    На isabella123 му/ѝ се допаѓа ова.