Предизвик за Фемина читачите II

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Cvetetto, 1 јануари 2015.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Овој предизвик е поразличен од оној предходниот.:D Предизвикот се исполнува така што за секој од долу наведените точки ќе прочитате по една книга. Има 50,но може една книга во повеќе точки или за една точка повеќе книги. Важно е да се пополнат сите 50. Дали сте ЗА и за овај предизвик. И овај трае од 1.01-31.12. Јас ќе почнам да го исполнувам овај предизвик.Па решив да го споделам и со вас феминки

    1. Книга која има повеќе од 500 страници

    2. Класична романса

    3. Книга според која направиле филм

    4. Книга која е објавена оваа година

    5. Книга која има бројка во насловот

    6. Книга која е напишана од автор помлад од 30 години

    7. Книга со ликови кои не се луѓе

    8. Смешна книга

    9. Книга од женски автор

    10. Мистерија или трилер

    11. Книга која има наслов со еден збор

    12. Книга со неколку кратки раскази

    13. Книга чие дејство се одвива во друга држава

    14. Книга која не е фикција

    15. Популарна книга која била прво дело на авторот

    16. Книга од автор кој го обожавате, но која никогаш досега не сте ја прочитале

    17. Книга која ви ја предложил пријател

    18. Книга која освоила Пулицерова награда

    19. Книга која е базирана на вистинска приказна

    20. Книгата која се наоѓа на дното на вашата листа за читање

    21. Книга која ја обожава вашата мајка

    22. Книга која ве плаши

    23. Книга која е постара од 100 години

    24. Книга која е базирана целосно врз насловната

    25. Книга која сте требале да ја прочитате во училиште, но не сте го направиле тоа

    26. Мемоар

    27. Книга која можете да ја прочитате за еден ден

    28. Книга со антоними во насловот

    29. Книга чие дејство се одвива онаму каде што отсекогаш сте сакале да одите

    30. Книга која излегла годината кога сте се родиле

    31. Книга со лоши критики

    32. Трилогија

    33. Книга од вашето детство

    34. Книга со љубовен триаголник

    35. Книга чие дејство се одвива во иднината

    36. Книга чие дејство се одвива се одвива во средно училиште

    37. Книга која вклучува боја во насловот

    38. Книга која ќе ве расплаче

    39. Книга со магија

    40. Графички роман

    41. Книга од автор кој никогаш претходно не сте го читале

    42. Книга која сте ја купиле, но досега не сте ја прочитале

    43. Книга која оригинално била напишана на друг јазик

    44. Книга чие дејство се одвива за време на Божиќ

    45. Книга напишана од автор кој ги има вашите иницијали

    46. Драма

    47. Книга која била забранета

    48. Книга според која е направена ТВ серија

    49. Книга која сте ја почнале, но која никогаш не сте ја завршиле

    50. Книга која е напишана на вашиот мајчин јазик
    Извор:Кафе-пауза
     
    На Val-Dim, macka91, bella96 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Ми изгледа примамливо и интересно :)
    Од денес почнувам. 8) Веке имам спремено подолга листа на книги и планрам за секоја точка да прочитам по една книга.
    Можеби ќе украдам неколку месеци од наредната година, ама се надевам нема да биде голема отстапка. :D
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Ова ми делува ептен интересно :)
    Вака откако ја прочитав листата, прво што почнав да пребарувам беше книга што била забранета :wasntme:
    Има некои жанрови што мислам дека не би ми се допаднале, ама чисто заради предизвиков ќе им дадам шанса. Единствено не знам дали ќе најдам книга што требало да ја прочитам за во училиште, ама не сум ја прочитала. Зашто имавме ептен принципиелна професорка во средно по македонски, кај која покрај лектирите беа задолжителни и делата, па нé тераше сé по ред да читаме.
    Еј, ми текна!! „Карлсон лета“! Леле колку ја мразев таа книга, воопшто не ми беше интересна. Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми: Мамо, не можам да ја читам книгава, многу е глупава, три страни за некакви чорапи се раскажува :lol: Мислам дека ни беше за трето одделение, ќе ја побарам во некоја библиотека, сигурно ќе ја најдам :D
    Има повеќе книги од листава што ми го закокоткаа љубопитството. Јас се приклучувам во темава :)
     
    На Lella, Marossa, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    49.137
    Пол:
    Женски
    Таа ти била лектира?
    Ја имам дома и е меѓу првите книги што некогаш сум ги прочитала, ама никој не ја знае :D

    Он топик, јас се приклучувам на предизвиков. Јас ги имам прочитано сите лектири освен Галебот Џонатан Ливингстон. :D
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Ни беше на листа со лектири, само не се сеќавам дали беше за второ или трето одделение. Ја најдов на интернет, издание на Култура е. Леле, само што ја видов корицата ми дојдоа спомени од тоа лето кога ја читав. Може ќе си ја купам, спомен од првата книга што сум ја оставила недочитана :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    49.137
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав ама бев длабоко вознемирена од настаните во книгата.
    Сега ми текна дека има уште една книга што ја немам прочитано, а треба да и дадам уште една шанса. „Сребрени снегови“ од Живко Чинго. Бев толку изнервирана од книгава и ја прочитав со толку скокање страни, што не ми се ни брои како прочитана.
    За книга која не е фикција, ќе ја читам Popular, уште да дознаам кој е авторот, затоа што ја изнафалија на youtube, или Yes Please од Amy Poehler. И за двете сум многу возбудена.

    Книга која била забранета се мисли забранета за мене, или забранета за печатење? :D
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Второто изгледа :)
    Има многу книги кои своевремено биле забранети, ама денес се читаат и можеш лесно да ги најдеш. За Кодот на Да Винчи имам читано дека била забранета во некои земји, заради начинот на кој е претставен Исус.
    Јас за оваа категорија изгледа најмногу ќе се заангажирам за да најдам некоја што ќе ме заинтригира :wasntme:
    Еве еден линк од забранети книги што секоја жена мора да ги прочита :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.866
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам на предизвикот,додуша го спомнав веќе во претходната тема.
    Сега за сега немам одберено од што ќе започнам,ама во скоро време ќе почнам.
    И јас не знам дали има некоја што не сум ја прочитала од училиште,ќе треба да копам :D
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.419
    Допаѓања:
    75.992
    Пол:
    Женски
    А ако некоја книга исполнува повеќе точки, како би ја сметале?
    На пример да речеме дека има над 500 страници и направен е филм според неа. Одбираме сами во која категорија ќе ја сместиме или ?
    Само тоа не ми е баш логично, ама предизвикот е одличен иако не знам колку сум способна да се организирам за да почнам да читам поактивно, барем до крајот на семестарот. :worried:

    П.С. Галебот Џонатан Ливингстон изгледа била книга од која групно сме ескивирале. :D
    Јас бев иста ситуација за неа како Ана со нејзината книга. Не ја прочитав и не знам дали би имала нерви да ја прочитам денес, многу се изнервирав од книгава, а ете не се ни сеќавам зошто. Морам да откријам во скоро време, без разлика на крајниот резултат. :D
     
  10. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Јас започнав со ова:
    27. Книга која можете да ја прочитате за еден ден

    Сабајлево ја почнав "Изгубената роза" од Сердар Оскан.
    Интересна приказна. Не е ништо посебно, но убава е и страниците брзо летаат. :)

    Треба да размислам која да биде следна, има многу интересни предизвици:lol:

    @Mishela, најубаво е за секоја точка, да прочитаме по една книга
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Според првиот пост во темава, изгледа една книга можеме да ја сместиме во повеќе категории, само е важно сите 50 да ги потполниме. Исто и за една категорија може повеќе книги, зашто секако ќе има повторувања.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    79.394
    Пол:
    Женски
    :sweat:
    Вие сакате да ме умрете со темава??:D
    Ќе се обидам со нешто ама со што и кога???
     
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    15.886
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам во извршување на предизвикот. Ќе се потрудам сите точки да ги исполнам и сите книги да ги прочитам. Но ќе видиме на крајот дали ќе го извршам. :)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.419
    Допаѓања:
    75.992
    Пол:
    Женски
    Луничке, иста сум и јас. Имам цел фолдер со книги за читање и си крадам по малку кога имам повеќе време. Ќе биде, малку по малку. :D
    Барем вреди да се проба.

    Инаку да, Ана - тоа е тоа. Ме разбра што сакав да кажам. :)
     
    На lunicka и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    И мене не ми текниваше која лектира не ми е прочитана,но најдов една Бегалка,драмата.
     
  16. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.027
    Дома имам една не прочитана,симнав уште две.Ќе направам комбинација од овие три книги (засега) и почнувам. :)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Ајде да го почнам предизвиков со првата прочитана книга во оваа 2015та :)

    Запалка од Натали Спасова
    - книга која е напишана од автор помлад од 30 години
    - книга од женски автор
    - книга која има наслов со еден збор
    - книга која можете да ја прочитате за еден ден
    - книга од автор кој никогаш претходно не сте го читале
    - книга која е напишана на вашиот мајчин јазик

    Се двоумев за уште неколку категории, ама доста се шест, да оставам нешто и за другите книги :)
     
    На TheBlueMoon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.866
    Пол:
    Женски
    Јас го започнувам предизвикот со:
    A Storm of Swords-George Martin
    Ова е 3тата книга од Game of Thrones,ми останаа уште 4та и 5та,ама мислам дека можам да ја сместам во 2 категории:
    -книга според која е направена Тв серија
    -книга над 500 страници (оваа книга има 790 страници,а и останатите се до 1000)
     
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата листа за книгите, имам 15/50. Секоја книга ја ставам со содветна категорија, вие ако сакате можите за секоја категорија книга. Листата на извршени делови од предизвикот во спојлер. А еве ја листата на книги. Инаку за да не се загубите низ странициве на темата ви предложвам дома, во посебен Word документ да си ја копирате листата и да ја пополнувате. Така јас правам :) И си правам листа на прочитани книги за 2015. До година на оваа листа со 50 предизвици ќе додадам уште неколку, за кои ќе ве известам подоцна. Па можеби и вие ќе ги прифатете нив :) .
    1. Оркански височини – Емили Бронте (ја започнав 2014, но поголемиот дел во 2015 го прочитав, затоа ја ставив)
    2. Страници за нашата љубов – Николас Спаркс
    3. Понижени и навредени – Достоевски (мал дел) -Затоа само во еден дел ја спомнувам
    4. Жената во македонската народна книжевност – Томе Саздов

    2. Класична романса Страници за нашата љубов-Николас Спаркас
    3. Книга според која направиле филм Oркански височини –Емили Бронте;Страници за нашата љубов Николас Спаркс;
    6. Книга која е напишана од автор помлад од 30 години Оркански височини-Емили Бронте
    9. Книга од женски автор Оркански височни-Емили Бронте
    13. Книга чие дејство се одвива во друга држава Оркански височини-Емили Бронте
    15. Популарна книга која била прво дело на авторот Оркански височни-Емили Бронте
    19. Книга која е базирана на вистинска приказна Страници за нашата љубов Николас Спаркс
    20. Книгата која се наоѓа на дното на вашата листа за читање Жената во македонската народна книжевност –Томе Саздов
    23. Книга која е постара од 100 години Оркански височини-Емили Бронте
    24. Книга која е базирана целосно врз насловната Страници за нашата љубов-Николас Спаркс
    41. Книга од автор кој никогаш претходно не сте го читале Оркански височини-Емили Бронте;Страници за нашата љубов-Николас Спаркс;Жената во македонската народна книжевност-Томе Саздов
    42. Книга која сте ја купиле, но досега не сте ја прочитале Жената во македонската народна книжевност-Томе Саздов
    43. Книга која оригинално била напишана на друг јазик Оркански височини-Емили Бронте;Понижени и навредени-Достоевски;Страници за нашата љубов-Николас Спаркс
    49. Книга која сте ја почнале, но која никогаш не сте ја завршиле Понижени и навредени-Достовески
    50. Книга која е напишана на вашиот мајчин јазик Жената во македонската народна книжевност-Томе Саздов


    Книга која била забранета, јас на лето планирам да го прочитам Зборникот на браќата Миладиновци, нели тој бил забранте. Па некој познат во МКД историја ја сокрил во Софиската библиотека (не помнам точно кој,нема да ми замерите ;) ) , па некој друг познат во МКД историја ја пронашол и пак ја објавиле. Е јас Зборникот ќе го читам. Мислам се рачуна, така? (fingers) :wasntme:
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2015
  20. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Ја завршив и втората книга за оваа година, „Точка на измама“ од Ден Браун.
    Влегува во следниве категории:
    - трилер
    - книга чие дејство се одвива во друга држава
    - книга од автор кој никогаш претходно не сте го читале
    Има уште две-три точки, но ќе оставам простор за повеќе книги. :)