Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Искрено, идејава за темава ја презедов од друг форум, ама ми се допадна многу самата замисла.

    Значи целта е да го прифатите предизвикот да прочитате 35 книги во 2012 година, му доаѓа во просек 3 книги месечно, што ми изгледа како остварливо, земајќи ги во предвид обврските од најразличен тип кои ги имаат оние кои ќе го прифатат предизвикот.

    Низ темата би пишувале што читаме моментално, која ни е по ред таа книга и впечатоци за истата, па на крај на годината би се преброиле и виделе колку и дали сме го исполниле прифатениот предизвик.

    Дoзволен е секаков вид на литература, освен книги и скрипти наменети за студии и друга литература поврзана со образовната, работната или професионална дејност, бидејќи предизвикот ќе го опфаќа само она што го читаме исклучиво за забава и сатисфакција, лична надоградба и сл.

    Еве, јас сама си се пријавувам како прифаќач на предизвикот, :) .

    Официјалниот старт ќе е на 01.01.2012 година, односно и после наведениот датум (секако не мора на истиот ден да се стартува со читање од разбирливи причини), а официјалниот крај на предизвикот на 31.12.2012 година.

    Кој друг го прифаќа предизвикот :geek: :) ?
     
    На babaDara, TheStar, Tumblr и 49 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    50.653
    Пол:
    Женски
    Challenge accepted. :rock:

    Оваа година слабо ми одеше читањето, плус сум бавен читач, па предизвиков ќе ми биде мотивација да се вратам на правиот пат. :P

    Само предлагам евиденцијата да не се прави на крајот од годината затоа што многу работа ќе испадне, може некој постојано да води евиденција и да запишува прочитани книги во една табела во која ќе бидат сите учесници на предизвиков. Така постепено би било полесно, а може и од време на време да се објавува некоја статистика.

    Проблем би ми било да најдам толку квалитетни книги, искрено, но кога ќе размислам добро, имам 15тина добри што ме чекаат, а останатите ќе ги обезбедам во лето на еден штанд во Охрид каде секогаш има мали богатства (поздрав до сопствениците :hai: :wasntme: ).

    Да сумирам - прифаќам и ќе ми биде мотивација. Ако не успеам веројатно нема да има казни. :D
    Но во секој случај добро ќе ми влијае, и 20 добри да прочитам, пак е успех.
    Ја поздравувам идејава!
     
    На melisa1, Marilyn-Monroe, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Кревам две прстињаааа ^_^ ^_^
    Алал да ти е Теодора за идејата :bow: .
    Со задоволство ќе читам :mm: .
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    50
    Идејата е супер и јас сум за :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    [​IMG]

    Го прифаќам предизвикот и идејата е одлична.
    Измината година бев лош читач за жал, трупав книги, започнав многу, а завршив малку. :(
    Се надевам 2012 ќе го промени тоа и бројката ќе надмине 35.
    :)
     
    На dolly.doll и Theodora им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.709
    Допаѓања:
    103.786
    Предизвикот прифатен,иако не сум ажурна у однос на евиденција у поглед на се! :lol:
    Мене малце ме убива у поим тоа што не секоја книга е со иста тежина и големина,па 35 малку е нереална бројка особено за потешка и поквалитетна литература,поише мавам накај квалитет,ама што се тиче оваа младина,нека читаат ако треба и чик лит,само нека читаат! :D
    Претходнава година имам скромна бројка од 10тина книги,мож и 15тина,ама тоа би бил плафонот,повеќе сигурно не се.Обврски и не ко изговор.
     
    На toogood и Theodora им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Па и јас се мислев околу тоа дека секоја книга не одзема баш исто време, ама затоа и е предизвикот поинтересен, ќе треба да балансираме помеѓу избраните дела, ќе треба да размислам дали да ги вметнам на почеток за загревање оние кои бараат многу повеќе време и концентрација или кога ќе сум поучитана демек :lol: .

    На мојата листа ќе се најдат и некои книги кои ќе ги препрочитувам после повеќе од 15 - тина години, нешто планирам да компензирам со другарчиња :) и се надевам дека со нешто и ќе ја подновам скромната домашна библиотека :) .

    Сакам да си ги тестирам и организациските способности и да ја увидам (не)умешноста да ги распоредам книгите по тежина соодветно во време и простор :D .
     
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Женски
    Добра идеја инаку и јас го прифаќам предизвикот :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Супер идеја,а и 35 книги годишно не се многу :) Оваа година можам да се пофалам си со повеќе ;)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    511
    Хмм..па тешко да се оствари предизвикот ако се чита како што треба под тоа подразбирам да ја разбереш смислата и пораката на книгата, да ти остане во главата. Вака ако читаш една за една без „одмор“ се ке се испомеша ке ги заборавиш ликовите и содржината. А ако се земат предвид и училишните обврски... :x
    Јас оваа година прочитав околу 25 и морам да кажам дека на некои не се ни сеќавам се ми е испомеашно. на некои дури и на насловите не им се секавам камоли на ликовите и содржината.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Теодора :hug:

    Јас така летово си поставив цел да прочитам 20 книги. Прво напишав на список неколку книги кои сакам да ги прочитам. Списокот се надополнуваше...
    Единствена што не успеав да ја прочитам (пошо ја немаше во библиотеката) е Лолита од Набоков. :(
    Успеав да читам од Џејн Остин, Ерика Јонг, Штајнбек, Емили Бронте, Буковски, Мураками, Д.Х. Лоренс, Гоце Смилевски, Зафон, Петре М. Андреевски, Силвија Плат, Ендру Дејвидсон, Хесе... и ја довршив во јуни Ана Каренина на Толстој.
    Збрка е малце :D ама нема врска.

    Во тетратката каде се наоѓа списокот пишував и цитати извадени од книгите.

    Епа девојки, едвај чекам да започне предизвикот :)
     
    На AnaKarenina, LivingGlam, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Прифатено и од мене. Се надевам дека ќе го завршам предизвикот, со оглед на тоа дека имаме и учење за матура. Ама ќе успеам, ќе читам повеќе во лето :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Го прифаќам предизвикот, Теодора.
    Веројатно ќе го надминам и овој број од 35 книги, годинава прочитав книги од секаков жанр, и судејќи по неколкуте картончиња испишани во библиотека можеби достигнав цифра и до 70тина книги сигурно.
    Па и тие лектирите што беа за во средно, алал нека ми е.

    Иако книгите не ги гледам како „још једна у низу“, за да некогаш се пофалам со цифра колку книги сум прочитала, но ќе ми биде мило да водам евиденција за секоја книга прочитана во 2012.
    Се надевам дека ќе биде и повеќе од 35, искрено би сакала.
    Но дали ќе биде во склад со обврските, не знам. :?:


    Одличен предизвик, браво! :*
     
    На drugarka и Theodora им се допаѓа ова.
  14. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Баш супер предизвик штета што имам премногу обврски и не ќе можам да ги исполнам :) :(
     
  15. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    158
    ии јас го прифаќам предизвикот :D одвај чекам :D
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Challenge accepted :D ... дефинитивно ова ќе ми треба .... иако месечно зау школо читам по 5 дела и онака ќе може несто да сепрочита ...браво за идеата :* :*
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    [​IMG]

    Баш деновиве си размислував околу тоа што би сакала да постигнам во наредната година (исто како и секоја претходно) и ова беше еден од предизвиците. Можеби не и бројката од 35 книги (малку преамбициозно е за мене со оглед на обврските), но со помалку време поминато пред компјутер верувам ќе биде успешно.

    Туку еве како потсетување (за оние кои можеби не се запознаени) книжарницата Матица како и секоја година има голем попуст од 20 Јануари до 20 Февруари и голем избор на книги по смешни цени, па убаво време е да се подобнови домашната колекција со некое дело плус.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Го прифаќам предизвикот ако се бројат и делата што ми останаа за училиште годинава +летото што ќе читам од разонода ии си мислам дека ќе успеам. :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Предизвикот прифатен! :)
    Само, за поголема прегледност, би било подобро доколку се придржуваме за она што го напиша Теодора во воведот т.е. секој читател да си води своја евиденција и некоја цифра која ја смета за побитна, пишува во темава дека таа му е пр. 15та книга по ред...
    Инаку, супер предизвик. Се надевам ќе се важат и прочитаните е-книги... :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.449
    Ууухууу :rock: Предизвикот е прифатен. Едвај чекам. Ќе започнам уште веднаш со оние книги кои ги имам земено, а не сум почнала да ги читам заради обврските. А тоа се три прекрасни дела, кои знам дека нема да ме разочараат. :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.