1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    4. "Шолја чај" - Ејми Ефрон * завршена*
    Прилично интересна мала книга која може да ве вознемири колку брзо можат да се сменат работите. Ја опишуваат опсесивната љубов и искрената љубов. Се започнувајки кога кога Розмари го нуди својот топол дом на Елинор сиромашна девојка која ќе направи пресврт во нивните живот. Ви ја препорачувам.. лесна, разбирлива и поучна.

    Започнувам со 5." Норвешка Шума" ама на англиски па верувам ќе оди и поспоро...
     
    На eli25, Magnolija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    5. Љубовница - Аманда Квик
    Таа планираше да биде негова љубовница само формално, но господинот имаше поинакви планови...
    Приказната мислам дека се одвива во средниот век во Лондон. Ифигенија е девојка која се претставува како љубовница на грофот од Мастерс (Маркус) за да дознае кој ја уценува нејзината тетка, но таа се шокира кога согледува дека Мастерс не е мртов како што таа мисли. Мастерс ја прифаќа нејзината игра но не и верува се додека и негова блиска пријателка не биде уценувана, тогаш секој со свој план сака да го открие уценувачот. Како и да е мислам дека главна тема во оваа книга е љубовта, Ифигенија е 27годишна девојка која никогаш не била мажена а нејзиниот додворувач и го „преземела“ сестра и, сега таа се претставуваа како вдовица и воедно како љубовница на Мастерс. Мастерс е 36год. гроф кој бил женет со не многу среќен брак и од тогаш има некои строги правила, некои од тие се:
    Да не излегува со девици.
    Никогаш повеке да не се ожени.
    Никогаш да не ги менува своите одлуки.
    Никогаш да не одговара за своите постапки.
    Никогаш да не кажува за своето минато.
    И никогаш да не се заљуби.

    Но Ифигенија со својата единственост ке го натера да ги прекрши сите свои правила и притоа трдејки дека правилата се само за да се кршат. Прекрасна љубавна сторија помегу двајца тврдоглави, интелегенти и понекогаш арогантни љубовници.
    Исто така уценувачот не се дознава се до крајот, кој мислам дека беше прекрасен пресврт.
     
  3. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.741
    Пол:
    Женски
    6.Сестра Кери-Теодор Драјзер

    Naslovna junakinja romana je Caroline "Sister Carrie" Meeber, lijepa i idealistička 18-godišnja provincijalka iz Wisconsina koja, nastojeći ostvariti američki san, dolazi kod rodbine u Chicago i shvaća da uspjeh,odnosno materijalno bogatstvo može najlakše steći ako kompromitira vlastite moralne vrijednosti i postane ljubavnicom oženjenog muškarca
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Завршив и со книгата бр. 4 од предизвикот - Тешка измама од Френк Талис
    Дејствието се одвива во Виена во 1902 година, време во кое Виена е центар на уметноста, филозофијата, музиката и науката. Но овој прекрасен приказ на виенското општество паѓа во сенка поради убиството на млада и прекрасна спиритуалистка, убиство кое е мистерија и за кое сите веруваат дека е резултат на натприродни сили, бидејки спиритуалистката е застрелана, а куршуот недостасува, вратата од станот е заклучена одвнатре ...
    Виенската полиција ќе се соочи со потешкотии при разрешувањето на оваа мистерија, па затоа на помош ќе го повикаат младиот доктор Макс Либерман, кој воедно е и ученик на Фројд. На овој начин писателот успешно ја вметнува психологијата и психоанализата во криминологијата.
    Книгата е прекрасна, изобилува со умни истраги, заплетканост, неизвесност до самиот крај, а освен детективската содржина во неа се разработени и почетоците на психоанализата.
    Ја препорачувам на сите љубители на криминалистички романи.
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    5. I heart Vegas - Lindsey Kelk

    Како што си ветив, секој месец книга на англиски. :) Е, иако е чик литература, предупредувам дека е само за тие со гооолема поима од англиски како и на англиската, и американската култура, затоа што на моменти се фаќав како гуглам некои поими иил некои работи што првпат ги слушав. :D Се спомнуваат познати брендови, имиња, има игра на зборови со нив, има скратеници, има мнооогу нови работи и не е тој англиски кој се учи на школо. Пример, викаат наместо fucked -> effed, притоа алудирајќи на изговорот на ЕФ и желбата да не биде вулгарна. :D Друго, space cakes - колачиња со некоја лесна дрога во тестото. :D Исто како да читате некој магазин од Њујорк или што знам, јас дури признавам дека на моменти препрочитував некои работи за да ги укопчам. :D

    Сепак, интересно книгиче, релакс, има смешни моменти... Продолжува авантурата на Анџела Кларк, и на крајот има многу интересен расплет. За тој што го интересира, нели. :wasntme:
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Книга бр.5 Големиот Гетсби - Френсис Скот Фицџералд
    Прекрасна книга, ја прочитав без да трепнам. Читав претходно дека е класифицирана во 100 те најдобри романи од англиско говорно подрачје, ама не се надевав дека толку многу ќе ми се допадне.

    Ова е роман за вечното ривалство меѓу вистинската и невистинската љубов, за страдањето, страста и (не)човечноста. Големиот Гетсби, главниот јунак во романот(кој воедно е прогласен и за најтрагичен лик во светската книжевност), е богаташ кој има слава, пари, моќ, но и никогаш непрежалена љубов од младоста. Тој има се, но срцето му е празно. Малку иронично, затоа што се што направил и постигнал во животот го направил заради својата љубов, никогаш непрежалената Дејзи. Но ниту строгата животна дисциплина, ни сето богатство што го создал нема да му помогне да ја освои љубовта на Дејзи и да го пронајде својот мир.

    Ја препорачувам и едвај чекам да излезе филмот со Леонардо Ди Каприо, баш сакам да видам како ќе ја пренесат на филмско платно.
     
    На Lilit, Magnolija, Stam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Првата петка

    1. Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Книгава е премногу искомерцијализирана. Беше споредувана на „Ана Каренина“ и на некој начин тоа беше првичната причина зошто зедов да ја прочитам. Не бев воопшто фасцинирана. Се ми звучеше патетично, невистинито... Ликовите ми беа некако нереални. Што знам, пресовршени за навистина да постојат. Сета таа приказна можела да се скапува во дело од околу 200 страници и крај. Вака се е преувеличено, се е растегнато.
    Ана е девојче кое на 5 години мајка и ја води во Белград, во школата за балерини на Клара која била позната балерина на Бољшој. Клара е воодушевена од вансерикиот талент на Ана и ја прима во групата. Таа напорно вежба, се усовршува, за на 18 години да замине за Русија и да продолжи таму каде што Клара застанала. Но, Ана никогаш не го заборава своето детство: татко и, Ѓорѓе и рингишпилот на баба Дара. Во Русија Ана успева: сите се маѓепсани од неа. Таму ја наоѓа љубовта на својот живот, но тука почнуваат нејзините страдања.

    2. Азбучните убиства-Агата Кристи
    Типичен крими роман на Кристи. Но, имало и полоши. Овој беше еден од подобрите. Страници испреплетени со мистерија и откривање на истата.
    Добар беше расплетот, јас се зачудив. Сосем неочекувано.
    Се работи за сериски убиец кој пред секое убиство му праќа писмо на Поаро во кое соопштува место и време. Личностите и местата се по азбучен ред, а убиецот се потпишува како ЕјБиСи. Поаро истражува и доаѓа до некои докази кои алудираат дека Каст е убиецот. Но, истрагата не завршува тука и се открива вистината.

    3. Марина-Карлоз Руиз Зафон
    Уште едно исклучително дело на Зафон-мајсторот на мистериите. Дело кое те влече да го прочиташдо крај, дело кое ги открива мрачните тајни на Барселона, дело во кое се сплетени неколку различни приказни и ликови. Раскажувањето е толку исклучително што описите те пренесуваат таму, на местото на настанот. Те носат во Барселона во '80тите. Зафон внимателно ги бирал зборовите кои ќе ги употреби, па книгата изобилува со прекрасни мисли.
    Моежби беше малку морничава, но токму тоа е она што ја прави Марина посебна.
    Оскар и Марина се запознаваат на сосем чуден начин и се спријателуваат. Заедно, барајќи авантура, се впуштаат во откривање на загатката скриена во минатото на Барселона за таинствениот Михаил Колвеник, кој несакајќи да ја прифати смртта тргнал на поход против неа за да го поправи непоравливото. Со текот на времето, цената ја плаќаат сите негови пријатели и оние луѓе чии животи се вкрстуваат со неговиот.

    4. Играта на Ангелот-Карлос Руиз Зафон
    И пак ќе кажам, одлично дело. Тоа е Зафон, неговите романи се маестрални.
    Но, Играта на Ангелот не беше тоа што мислев дека ќе биде. Иако ја сметаат за продолжение на Сенка на ветрот, мене ми звучеше како нејзин претходник. Сите настани овде им претходат на оние од Сенката. Но, добро, не можам да кажам дека е лоша. Напротив, предобра е. Мистерии, загатки, откривање. Настаните, иако се чиста фантазија, се толку добро доловени, толку добро опишани што звучат како реалност, те носат на местото на настанот. Најдоброто нешто од книгава беше крајот. Авторот уште еднаш ја потврди поговорката дека крајот го краси делото. Ако не беше таков крајот, мојот коментар за делово ќе беше доста негативен.
    Крај кој те држи во неизвесност до последната страница. Крај кој никој не го очекувал. Феноменален пресврт. Со секое следно зборче се открива следна мистерија, следна тајна.
    Давид Мартин, млад писател, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериоз издавач да напише книга каква што досега не е напишана. Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна приказна што била почната пред многу години.
    Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа, толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.

    5. Зависна од мода-Ребека Кемпбел
    Мислев дека со книгава ќе си го одморам мозокот, ќе уживам додека читам, но не. Добив досадно дело, банално... Веќе видено. Без случувања. без авантури, без интересни случки.
    Пола книга Кети е на работа, во другата половина е на забава. И тоа е тоа. 306 страници хартија се употребени за џабе. Тотално промашување е книгава. Дури ни пресвртот не е ништо посебно. Веќе видено, очекувано. И на крај, типичен хепи енд и тоа е тоа.
    Насловот е препривлечен и очекував стварно добро дело иако е чик лит. Ова за ништо не го бива.
    Кети работи за креаторката Пени Мос, има убава куќа и прекрасен свршеник, син на Пени. По една случка со возачот во фирмата Кети губи се: работата, момчето, куќата и пријателите.
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Ама сум брза кога книгите ми се интересни. :lol:
    Пишувам веднаш кога ќе ги дочитам затоа што толку ми памти мозокот.

    6. Девствено сино - Трејси Шевалие

    Како што можете да приметите, ја прочитав за помалку од 24 часа, а притоа спиев и извршив разни обврски, домаќински и недомаќински. :D Многу интересна приказна, раскажана истовремено во минатото и во сегашноста. Зборува за две жени од исто семејство, нивната судбина, живот. Мене лично поинтересна ми беше приказната од минатото, ама јас сум пристрасна и страстен љубител на историски романчиња, па очекувано беше. :lol: Плус не ги сакам модерните жалопојки, мислам, ту мач американ драма... ама се потресов бааги кога укопчав што и зошто и направиле на Мари во минатото. Интересно сторииче, убаво завиткано, не беше се изџвакано и треба мала употреба на мозокот, почитувам тоа. Ми се допадна, би препорачала за читање, дефинитивно. :)

    Превод солиден, една печатна грешка и тоа БАШ на корицата. Среќа моја што имам пенкалца па сега и на корицата ми пишува ПРЕДЦИ. :rofl:
     
    На Magnolija и eli25 им се допаѓа ова.
  9. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Го прифаќам предизвикот ама се сомневам дека ќе имам време, чисто само за да видам колку книги сум прочитала оваа година, па можеби и ќе успеам, на крај ќе видиме :)

    1. „Го сакам Париз“ - Линдзи Келк

    2. „Проклета авлија“ - Иво Андриќ

    3. „Чекајќи го Годо“ - Семјуел Бекет

    4. „ Пустина“ - Ѓорѓи Абаџиев

    5. „Пиреј“ - Петре М. Андреевски

    6. „Црно семе“ - Ташко Георгиевски


    Првата ми беше подарок - чик литература е и мислам дека нема потреба да се читаат предходните два дела за да се разбере, ептен лесна, добро ми дојде за опуштање на почеток од распустот :)

    Останатите пет се лектири од кои ја издвојувам „Пиреј“ како дело кое најмногу ме воодушеви - фасцинантно дело во кое во вистинско светло е прикажан животот на македонскиот народ во текот на првата светска војна, читателот не може а да не се соживее со ликовите. :bow:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    2. Пустина - Ѓорѓи Абаџиев
    Извадок што премногу ми се допадна:
    Проклетство! Пак лежеше овде и тишината висеше над него како крило на мртва птица. Некаква чудовишна иронија како да се беше раскикотила над неговата слабост. Лишен од волја, од желби, празен и опустен, се влечкаше час во минатото час во сегашното. Понекогаш му се чинеше дека ја загубил границата меѓу јавата и сонот. Што беше реалност?
    Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
    Не може да истрае до крај.
    Зар има крај ова умирање.
    Да се враќаш и да мислиш дека се` уште умираш, дека се` уште не си мртов...

    3. Кој ќе плаче кога ќе те нема - Робин Шарма
    Без врска.

    Моментално читам

    4. Мостот на Дрина - Иво Андриќ
     
    На LilBaby, Magnolija, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    4. Алхемичарот - Пауло Коелјо.

    На толку добар начин е искажана целта на човекото пристигање на светот - да го направи подобар, притоа живеејќи ги своите сништа, одејќи по својот пат читајќи ги знаците и слушајќи го срцето.
    Книгата топло ја препорачувам, вчера ја зедов и одма ја прочитав.
    Пред се’ многу поучна книга.
    Прекрасно дело!
    Ова ми беше прво дело од Коелјо, и верувам дека уште многу долго ќе се друживе. Ми се допадна начинот на кој ги донесува работите. Има прекрасни цитати и мисли.
    И како што разбрав, целата работа беше да патува до пирамидите (оти тоа му беше страст на Сантијаго), а таму да дознае дека во напуштената црква каде што преспиваше со овците има пари под смоквата... И додека се’ му било пред нос, тој успеал да госледи целиот сон, за најпосле пак да се врати од таму каде што дојде и пак да продолжи со својот живот, следејќи ги знаците и животниот сон.
    Приказна која вели дека треба да се слуша срцето, затоа што никој не знае подобро од него!


    И еве неколку цитати:
    *-Зошто те викаат алхемичар?
    - Затоа што тоа и сум.
    - А во што беше грешката на другите алхемичари, кои барале злато, а не го нашле?
    - Бараа само злато - сериозно му одговори сопатникот. - Го бараа богатството на својата Лична Легенда, не сакајќи да ја живеат сопствената Легенда.

    *-А како да се нурнам во пустината?
    - Наслушај го своето срце. Тоа знае се’ , зашто е потекнато од Душата на Светот и еден ден ќе се врати во неа.

    *-Тогаш, зошто треба да го слушам своето срце?
    -Затоа што никогаш нема да успееш да го замолчиш. Дури и ако се правдаш дека не го слушаш, тоа секогаш ќе биде во твоите гради, постојано повторувајќи што мисли за животот и светот.

    *-Моево срце се плаши од страдање - му рече момчакот на Алхемичарот, додека го набљудуваа небото без месечина.
    - Кажи му дека стравот од страдање е полош од самото страдање. И дека ниеднаш ниту едно срце не страдало кога тргнало во потрага по своите сништа, зашто секој миг од потрагата е миг на средба со Бога и со Вечноста.

    *-Кога пред нос имаме големи богатства, никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства.

    *-Други, конечно, бараа само злато. Тие никогаш не ја открија тајната. Беа заборавиле дека оловото, железото, исто така имаат своја Лична Легнда што треба да ја остварат. Оној кој се меша во туѓа Лична Легенда, никогаш нема да ја открие сопствената.

    *-И натаму морето е во оваа школка, зашто тоа е неговата Лична Легенда. И никогаш нема да ја напушти, се’ додека пустинава повторно не ја прекрие вода.

    *-Соништата стануваат неостварливи само поради една работа: стравот од неуспех.

    *-Но, пак се крена ветар. Тоа беше левант, ветрот што доаѓа од Африка. Не го носеше мирисот на пустината, ниту закана дека Маврите ќе тргнат во освојување. Наместо тоа, го носеше мирисот што тој добро го познаваше, како и звукот на еден бакнеж кој стигнување полека, полека, се’ додека не се запре на неговите усни.
    Момчакот се насмевна. Таа првпат го направи тоа.
    -Доаѓам, Фатима - рече тој.
     
    На mamma-mia, N.Kety, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    3. Стаклено ѕвоно - Силвија Плат

    Премногу добра книга! Како прво ја препорачувам.
    Читајќи кратка содржина знаев веќе дека на крајот ќе се убие. Но на самиот почеток не изгледаше така. Изгледаше совршено добра! Дури и кога докторите нешто прашуваа таа знаеше зошто го дава тој одговор. Сепак размислуваше паметно.
    Зошто подлегна на психата и дозволи да те совлада? Оние самоубиствени мисли не требаше да се појават!
    Се сочувствував со неа, и почнав да се прашувам.
    А зошто? Прочитајте го и ќе дознаете..


    4. Сто години самотија - Габриел Гарсија Маркез

    Зошто бре на почетокот ми беше толку тешко да разграничам што и како.
    Ја почнав повторно, земав лис хартија и почнав да поврзувам кој со кого бил.
    Осаменоста е пустош на душата. Сега сфаќам зошто оваа самотија ги натерала да го прават тој инцест со години. На крајот таа вели Тој ми беше брат, вујко, чичко, сопруг.. Толку едноставно, а толку волшебно.
    Мислев дека нема да ја прочитам откако го видов почетокот но сега ги повлекувам зборовите. Повеќе не коментирам. Мора да се прочита.

    За наредните книги накнадно ќе известам. Во голема дилема сум!
     
    На Mayyya, Trendafilka, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    1. Под мермерно небо - Џон Шорз
    Повторно се убедив себеси дека не ми се допаѓа литературата од Исток. Како асоцијација ми е нивната ладнокрвност, но не во секој случај. Очекувани настани, потези и крај, тоа не е дефинитивно мој стил. Раскошот на Таџ Махал ги опива визулено гледачите, но јас како читател не се восхитувам на градбата, освен на потезот и мотив за издигање на неа. Немам некој посебен впечаток затоа што ја читав ради реда, ја почнав и сакав да ја довршам затоа што мајка ми ја читаше и беше полна со инпресии, но сепак прашање за вкус е.

    2. Ангели и демони - Ден Браун
    Брауне те обожавам, но некако ми делуваше помлитаво приказната во оваа книга. Уствари приказната беше океј, мистерија, историја, илуминати, Галилео, Бернини. Постојано во исчекување на нешто непредвидливо. Одвај чекам да ја свртам другата страна на книгата за да видам што ќе се случи. Бев нестрплива. Но од друга страна, преееееемногу беше издолжена приказната, како да читам дел од епска литература. На крајот безвезе натрупани настани колку да се заокружи книгата на 500 страни, без разлика што тие настани беа bullshit. У секој случај Кодот на Да Винчи ми беше десет пати поубава од Ангели и демони. Според мене величењето на книгава слободно можат да го закопаат, не заслужува. Не дека го потценувам, но далеку подбро е Кодот на Да винчи.
    3. Сумерски еп ‘Гилгамеш‘
    Дело ми беше за во училиште. Дел од епика со објективно раскажување на настаните. Ликовите се земени
    претрпоставувам од грчката митологија, а настаните се научно фантастични. Таму накај десеттата-единаесеттата
    глава имаше копија од приказната за Ное и Арката, што било карактеристично во литературата.
    Ипак дефинитивно ова не е мој стил, го читам затоа што ми беше наложено, без никаква пристрасност, ни очекувања.

    4. Демјан - Херман Хесе
    Ја вратив по 10-те страни прочитани затоа што ја џвакав полека. Не ме заинтригира и ја оставив за понатака. Не се брои како прочитана оваа книга.
     
  14. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.741
    Пол:
    Женски
    7.Смрт на Нил-Агата Кристи
    Bogata i lijepa Linnet Ridgeway udala se za Simona Doylea, mladića kojeg je preotela svojoj najboljoj prijateljici Jacquelini De Bellefort. Linnet i Simon odlaze na medeni mjesec u Egipat, no ljubomorna i ogorčena Jacqueline svuda ih prati i pravi scene. Kad par krene na krstarenje Nilom, na brodu se pojavi i Jacqueline. Tamo se zatekne i Hercule Poirot, koji je na odmoru, a uskoro mu se pridruži prijatelj, pukovnik Race. Nakon posebno žestokog Jacquelininog ispada jedne večeri, Linnet je ujutro pronađena mrtva u svojoj kabini. Poirot i Race počinju istragu...
     
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Јас прифаќам, до сега сум ги прочитала
    1.Кој ми го здипли моето сирење, ( психолошка книга која не тера да се бориме во животот за се што сакам, ептеееннн добра, од сите такви што сум ги прочитала до сега оваа е најдобра)
    2.Неочекуваниот гостин - Агата Кристи, ( полна со неизвеснот и напнатост, се работи за убиство, типично за Агата Кристи, се чита брзо и го задржува вниманието)
    а моментално ја читам
    3.Сестри од Даниела Стил. (Интересна книга за 4 сестри, чие семејство е погодено од еден трагичен настан, па сестрите се приморани да живеат заедно, сакајќи да помогнат, во заедничкиот живот се соочуваат со многу нешта....прочитајте)
    И многу е добра книгата, уште 50 страни и ја завршувам па почнувам нова :)
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Вештица од големиот Венко Андоновски ја завршив пред извесно време, значи втората книга - готовс.
    Моментално читам Чекајќи го Гoдо од С.Бекет.

    Штета што сум кнап со време, си зедов премногу обврски на глава, а ќе читнев уште некоја, жално.
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    4. [​IMG]

    5. [​IMG]
     
    На Ammy.Lee и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.741
    Пол:
    Женски
    8.Трета девојка-Агата Кристи

    Нова мистериозна авантура од најпознатата крими-писателка на сите времиња Агата Кристи, нов случај за умот на белгискиот детектив Херкул Поаро.
    Една млада лондончанка ќе го посети Поаро сакајќи да му пренесе некакви информации, но ќе го промени мислењето, сметајќи дека Поаро е премногу стар за тоа, исчезнувајќи таа го остава детективот многу навреден.
    Со помошта на неговата долгогодишна пријателка, писателката на криминалистички романи госпоѓата Оливер, Херкул Поаро ќе го открие идентитетот на младата дама - Норма Рестарик, односно третата девојка која живее со Клаудија Рис-Холанд и Франсис Кери.
    Таа се гледа со млад сомнителен маж, и овде мистериите почнуваат. Норма исчезнува...
    Агата Кристи повторна го впушта својот детектив во нов случај кој што не личи на никој од предходните - навидум нема убиство, кое секогаш преставувало почетна точка за Поаро. Но подржан од секогаш љубопитната Оливер, која и самата ќе заврши добар дел од случајот Поаро повторно нѐ изненадува со решение на случајот
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Пуста јас, за греВота сум со 2 книги прочитани. :worried:
    Сега ни толку не можам да читам, ме фати казнена сесија да се опоравам.
    Нејсе, прочитаните книги се:


    1. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон

    Нормално и вообичаено дело на Сидни каде главниот лик во детството е сиромашен, беден, честопати злоставуван и сл. Одеднаш како расте (девојката најчесто) станува се поубава, наликува на вистинска жена, провоцира со својата појава, многу мужи сакаат да ја легнат, најчесто е успешна во своите најзрели години. Така и во овој роман, и покрај предвидливоста на овие моменти очекував дека ќе има повеќе крими дејства, но се излажав. Единствено последните 50тина страна ми беа занимливи за читање. Штета.
    Станува збор за Лара Камерон, девојка која потекнува од мало место, живее со татко и во еден пансион. Татко и умира, таа има желба да успее во градежништвото. Има сопки, но сепак успева во својата цел. Се преселува во Чикаго и ги гради најубавите градби таму. Потоа продолжува во Њујорк, и таму важи за најуспешната жена во оваа област. Има непријател но на крај ќе испадне дека нејзиниот најблизок асистент, нејзината десна рака ги прави мучките во нејзиниот живот и брак ( мажена е за пијанист, по име Филип ), бидејќи не може да се помири со фактот што Лара го гледа само како пријател.


    2. Една љубов на Сван - Марсел Пруст

    И ова дело погрешно го проценив. Т.е го преценив, подобро кажано. Не очекував толку празни страници исполнети со ништо. Станува збор за Сван кој се заљубува во девојка која физички и не е баш негов тип, а тоа е Одет. Сван е млад интелектуалец, а Одет богат безделничар (според мене). Оди на балови, опери и сл. а на една претстава Сван ја забележува. Иако ја забележа, увиде дека таа не одговара на неговиот тип жени и упорно и наоѓа маани, но сепак се навлекува на нејзе. Се запознаваат, Сван често оди на вечери кај Вердиренови кој претставува еден мал клан од Париз. Дејството се одвива во Париз. Сван и Одет навидум имаат искрена љубов, која во тоа време не се покажувала јавно. Своите моменти ги имале во домот на Одет. Одеднаш Сван забележува како Одет се оддалечува од него. Тој е болно љубоморен, но и тогаш кога ќе дознае за некоја случка во која Одет е поврзана со др. маж, некогаш и жена го негира тоа, и бара оправдувања за нејзините постапки. Сван на некој начин е мазохист, ужива во мачната љубов кон Одет, а таа не го е*е ни 2% што се вика. :D
    На крајот од книгата има една интересна мисла која сакам да ја споделам: „Кога само ќе помислам дека си запустив толку години од животот, дека сакав да умрам, дека најголема љубов ми беше жена што не ми се допаѓаше, што не беше мој тип!“
     
  20. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Малку заостанувам, ама тука сум.

    4. Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
    Книга која раскажува за животот на едно дете, подоцна маж во тело на жена, толку храбра и упорна, пример за навек. Буквално сум восхитена од Јована, толку длабок впечаток ми остави книгава што мислам дека ништо не би сметала за невозможно по читањето. Верувам дека папата Јована навистина постоела, што ме прави исклучително горда што сум родена како жена.

    5. Ќерките на принцезата Султана - Џин Сасон
    Втората книга од трилогијата на Џин Сасон "Принцезата Султана", вистинска приказна раскажана од вистинска принцеза, за тоа како изгледа животот на една жена во Саудиска Арабија, каде секоја жена вреди помалку од прљавото под ноктот. Конкретно во вторава книга, Султана раскажува за тоа што значи да си мајка на две ќерки во Саудиска Арабија. Потресна како и останатите два дела, кои јас ги прочитав обратно (третиот, па првиот, па сега вториот), Ќерките на принцезата Султана ве тера да си помислите "Златна Македонија и цел останат свет, фала му на Бога што сум родена тука".

    6. Полноќна палата - Kaрлос Руиз Зафон
    Интересно четиво, не можам да кажам дека не ме занимаваше, ама сепак и не ме воодушеви кој знае колку. Прво, не сакам фантазии, и приказната за духот што се враќа по 16 години за одмазда и прави магии со оган ми е дури смешна. Второ, за секој лик се напишани едвај 10тина реда, како опис на нивниот карактер, и понатаму во книгата едвај се доизградени. Сепак, авторот на почетокот кажува дека книгата ја напишал во своите млади денови и воопшто не ја променил пред да ја издаде, па ете, пола му е простено :)

    7. Илјада неверојатни сонца - Калед Хосеини
    Пред околу недела дена се слушнав со мајка ми на телефон и беше уплакана, и викам што ти е?, вика, читам една книга и си плачам. Само и реков, де па и ти, која ти е таа книга жити се, обавезно да ја прочитам и јас. Во саботата ја земав, пред некое време ја завршив, и мислам дека не постојат зборови да се опише, не знам што да кажам. Се раскажува за животите на две жени во Авганистан за време на војните, чии судбини се испреплетуваат. Се раѓа едно неверојтано пријателство, придружено со војна, глад, смрт, тага, среќа, љубов, што не. Не е можно Лејла и Маријам да не ви влезат под кожа, тие две прекрасни жени ќе ве остават без зборови. Мене дефинитивно ми котира на број 1 омилена книга, и најтопло ја препорачувам.
     
    На Saraa и mims-89 им се допаѓа ова.