3. За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј Spoiler Дејствието во книгата се одвива во Шпанија за време на Граѓанската војна каде еден Американец, Роберт Џордан, професор, се бори против фашистите и е на мисија да дигне во воздух еден мост. За тоа ќе треба да се пробие низ непријателските линии и да се приклучи на една герилска група која оперира и се крие високо на планините. Таму Џордан ја запознава Марија и се вљубува во нејзе на прв поглед! И тоа е лошо, многу лошо затоа што тој престанува да мисли и да живее за војната, сега има нови надежи за живот, нови копнежи, а тоа не е нешто што го барате од еден војник... Книгата продолжува да се движи околу останатите ликови од герилската група, околу Пабло, но и Марија која исто така е заљубена во Џордан и во остварувањето на мисијата...
Ја завршив „СЕСТРИ“од Даниела Стил и навистина е добра книгата, барем мене ми се допадна, како што кажаав претходно се работи за 4 сестри кои ги спои судбината да живеат повторно заедно и навистина секоја окупирана со своите проблеми гради иурива нешта во својот живот. 4. „Затоа што те љубам“ - Гијом Мисо, се работи за исчезнување на едно девојче кое исчезнув и се појавува на ист датуми на исто место само по 5 години,нема сведоци, никој ништоне видел чул.... навитина ова што го прочитав е занимливо и ме заинтересира, ќе ви раскажам подоцна како сеодвива дејтвието. Баш ми е мило што ја најдов темава и се придружив интересно е, а и ми се допаѓа предизвикот позззз до сите кои го прифатиле преизвикот
Во оваа година ги имам прочитано: 1. Во хотелот Бертрам од Агата Кристи 2. Знаеш ли да чуваш тајна од Софи Кинсела 3. Препушти се од Сара Десен 4. Куќата на злото од Агата Кристи 5. Тајниот свет на една купохоличарка од Софи Кинсела (во тек сум)
Ја прочитав и втората книга за оваа година - Последната песна од Николас Спаркс. Сега за сега немам во план некоја книга со оглед на тоа што ми следува тромесечие и имам премногу материјал за учење. Но, нареднава недела ќе и направам голем промет на „Матица“ Па кога ќе се вратам во темева, ќе се вратам со третата прочитана книга.
Ја завршив „Затоа што те љубам“ од Гијом Мисо, и можам да кажам дека ќе остане во мене секогаш, навистина добро заврши не ни очекував таква завршница, навистина незаборавно, нема да откијам затоа то ако откријам се губи магијата. Почнувам со 5та книга 5. „Последниот чај“ - Винка Саздова, стигнав до 100та странаи не ме импресионира а право да ви кажам и не ме воодушеви нешто посебно, во секој случај ќе ја дочитам па можеби на крајот ќе ја сватам пораката, ќе ви раскажам за книгата од кога ќе ја завршам.
Преубави се двете книги! Посебно од Гијом Мисо, толку непредвидлив крај треба филм да се сними од книгава! Јас моментално ја читам 2 дел од 3 метра над небото, и до сега кај што сум стигната интересна ми е. Би сакала да ве прашам дали ја има некој прочитано Еднаш во животот? Интересна е? Таа ми е следна за читање
1.Куќата на Ривертон-Кејт Мортон 2.Мали Слатки Откази-Сали Кослу 3.Дневникот на принцезата-Мег КЕбот 4.Човек на кралот -Бенедикт И моментално ја читам „Ќерката на Клеопатра“
5. Роза за балерината Spoiler Книгата ја прочитав во четвртокот, ама сега дури пишам. Ја почнав во 18ч, а ја завршив во 22. Можеби начинот на кој е напишана некои не би го прифатиле (преку “нивни“ мејлови, пораки), а јас не мислев дека некоја таква книга ќе ми се допадне. Но, дефинитивно сум згрешила. Баш ова дело ми ги отвори очите. Мелинда се бореше за својот сон, за на крај болеста да го победи животот? Но, тоа е тоа... А Џес јас си го претставив како едно мило, фино момче, а пред се’ вљубено во Мелинда. Тој беше нејзината потпора. Искрено, не мислев дека толку ќе ме трогне оваа книга. Плачев уште кога и’ кажаа дека е болна (првиот пат), па се’ до крајот. Трогателно, лесно за читање, дело. Извонредно нешто.
Не се вклучувам секојдневно па затоа не пишам веднаш штом ќе прочитам нешто, но видов дека последниот пост ми е дека сум ја почнала третата книга Брида од Пауло Коелјо.Таа ја завршив а по неа ги прочитав и: 4.Степскиот волк - Херман Хесе 5.Девојката со тетоважа на земј - Стиг Ларсон 6.Убиство во ориент експрес - Агата Кристи 7.Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон Моментлано сум на осмата ,,Калуѓерот што го продаде своето ферари‘‘ и едвај чекам да ја завршам па да почнам да го читам и Третиот дел од книгите на Сиг Ларсон со Девојката Лизабет односно ,,Девојката што го урна осилото‘‘.Прекрасна приказна ме освои на самиот почеток.
Јануари: Шагринска кожа - Оноре де Балзак. Spoiler После последната страница знаев дека ова е мојата нова омилена книга! Прекрасна приказна, одлично осмислени настани и кога веќе незнаеш што се случува во книгата, ете го одговорот на наредната страна. Многу ми се допадна, не е лесна за читање ама вреди да се прочита. Во содржината пронајдов една изрека ( од многуте ) која многу ми се допадна: "Во животот треба да сме водени според следниве три глаголи: сака-може-знае!" Февруари: Гилгамеш - Сумерски еп Spoiler Не сум љубител на еповите, но приказната ме привлече. Се открива вредноста на пријателството, тагата по загубениот пријател и желбата за бесмртност. Авантира по авантура. Крајот е трагичен, но мислам дека е најадекватен според содржината. Илијада - Хомер Spoiler Веќе видено, веќе слушнато. И филмот го имам гледано затоа не ми беше нешто посебно. Тајните за десетгодишната Тројанска Војна се кријат токму овде. Причината за ваквото ривалство меѓу Грците и Тројанците е грабнувањето на убавата Елена од страна на принцот Парис. Многу жртви, многу невини животи, а само поради здодевниот живот на боговите кои сакаат да си го направат времето позабавно.Не е лошо. :up: Ова ми се лектирите за во средно, немам доволно време за жал за да прочитам нешто различно, но секоја книга си има своја вредност така и овие. Сега во Март ќе ја читам Цар Едип.
6.Пиреј-Петре М.Андреевски Книгата е преубава.Многу тажна приказна.Верувам повеќето од вас ја имаат прочитано,бидејќи се работи во средно.Ама навистина убава книга. Приказна за судбината на Велика и нејзиниот маж Јон,и како првата светска војна им ги менува животите.
Spoiler цело време погрешно сум броела ...шејм он ме 7.Агата Кристи-Отворени карти Spoiler брилијантен роман во кој на мошне интересен начин се истражува секој потег на луѓето кои се вклучени во мистеријата.Детективот Поаро навлегува во психологијата на ликовите осомничени за мистериозното убиство на Шаитана.Целиот настан се случува во неговата куќа,каде по вечерата четворицата гости играат бриџ.Но,кој од четворицата присутни таму би можел да биде убиецот?
Многу ми е жал, што не можам да читам поради обврските на факултет. Се нервирам премногу, но тоа е ...Се трудам колку што можам. Овај месец едвај три книги. 4. „Мажи, пари и чоколада“-Мена Ван Праг Ова е книга која со насловот ќе ве привлечи во оние денови кога сакате да си го пуштите мозокот на пасење и да се одморите од обврските со чик-лит лит книџуле. НЕМОЈ да ве залажи ова НЕ е забавна книга со која ќе се релаксирате, ова е досадна книга, која на моменти ќе ве напни. Стилот на пишување на авторката е толку прост, што јас сум просто изненадена како се осмелила да го објави ова нешто, но ајде... Spoiler Маја е девојка која од секогаш сонувала за совршен живот исполнет со љубов, задоволство и успех. Таа сонува да биде писател, но откако ќе ги започне студиите мајка и умира и мора да продолжи да работи во кафулето и да ги напушти студиите. Тоа и паѓа тешко бидејќи Маја сака многу пари и мажи.Но, не умее ова да го постигне бидејќи воопшто не се ни труди да мрдни со прстот и да направи нешто околуи тоа. Таа само седи во кафулето, јади чоколада, се жали дека е дебела и се надева дека ќе биде слаба. Еден ден во нејзиното кафуле ќе се појави некоја старица Роуз која ќе и кажи дека таа е совршена таква каква што е и од тие неколку реченици Маја ќе се смени многу, ќе прифати да оди на бајачка, гледачка или којзнае што, која и ја препорачала братучедката, оваа исто така ќе и каже дека е совршена и ќе ја охрабри да го затвори кафулето на еден месец и да започни да го прави она што сака да пишува. Е тука Маја как осо магично стапче добива храброст го затвора кафулето, го кани дечкото што и се допаѓа на дејт, па има врска и потоа од никаде Маја се враќа на старото и дечко и и раскинува итн. Е потоа повторно паѓа во депресија и тука веќе е крајно време да се појави нели спасителот во книгата. И доста ви раскажувам. НЕ ја читајте. Ова се 175 многу очајни страници. Не, грешка 147 страници се очајни, а потоа имате рецепти, кои можеби ќе ви послужат. 5. „Ми припаѓаш мене“-Карен Роуз Е ова е веќе друго. Интересна книга која ја препорачувам, а за да ви биди уште поинтересна, доколку ме послушате и си земите да ја прочитате, во споилер ќе го напишам само она што го пишува на задната страна на книгата. Во ваквите книги секој детал е битен и интересен. Само имам едно предупредување...Во книгата се опишани брутални убивства, кои не се препорачува да ги читаат луѓе со слабо срце. Spoiler Истрагата што ја води детективот Џ.Д Фицпатрик ќе го одведе до медицинскиот патолог Луси Траск. По кратко време ќе сфатат дека таа го привлекла вниманието на убиецот, но не знаат зошто и додека се обидуваат да откријат, бројот на мртвите тела се зголемува, а Луси може да стане следна жртва во низата. И додека се откриваат страшните детали за злосторствата на убиецот, полека почнува да се зголемува и привлечноста меѓу детективот и патологот. Меѓу тајните кои секој од нив ги крие и професионализмот што мора да го задржат изледа неверојатно дека тие можат да развијат љубовна врска. Минатото на Луси кое се заканува да и ја уништи инината со Џ.Д. и решителноста на убиецот да ја изврши својата одмазда до крај ја исполнуваат секоја страница со драма што навистина ја смрзнува крвта во вените.
1. Вештица - Венко Андоновски Книга која ми остави голем впечаток, имам коментирано и во соодветната тема за книгата. 2. Новеченто - Алесандро Барико Мала книга, но со голема порака. Наликува на театарско сценарио или како што вели авторот повеќе личи на текст на граница меѓу вистинско сценарио и расказ за читање на глас. Приказната е за Новеченто, кој целиот свој живот го поминува на бродот Вирџинијан и пијаното и океанот се целиот негов свет. Ме воодушеви нарацијата на Барико, неговото раскажување е како да слушате музика, ќе побарам да прочитам и нешто друго од него. Еве еден цитат кој ја доловува музиката на Новеченто која ја опишува како Кога не знаеш што е, тогаш е џез: "Публиката го голташе без здив. Никој не дишеше. Со очите приковани врз пијаното и со паднати вилици, како вистински имбецили. Останаа така, во тишина, сосема зашеметени по оној пеколен плотун акорди што се чинеше дека го свират стотина раце, изгледаше дека пијаното секој момент ќе експлодира. Во таа безумна тишина, Новеченто стана, ја зеде мојата цигара, се наведна малку напред, зад клавијатурата, па ја доближи до жиците на пијаното. Тивко потпукнување. Ја извлече оттаму запалена. Се колнам." 3. Смеење во темница - Владимир Набоков Неисцрпната тема - љубовен триаголник. Апсурдот на љубовта, судбината на Албин, оженет човек кој се заљубува во Марго (првата Лолита), нејзиниот љубовник, слепата љубов (ќе го снајде судбината на придавката), моралните вредности потчинети од страста, сарказам, комедија, пропаст. 4. Часови - Мајкл Канингам Сега ја читам книгата и задоволството на креирање на ликовите и настаните ми е скратено (го имам гледано филмот и ликовите и настаните ги поврзувам со сцени од филмот). Интересна е книгата, повеќе информации кога ќе ја прочитам.
5. Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано Spoiler Воведот на приказната ми се допаѓање и претпоставив дека книгава ветува многу. Но колуминацијата на настаните ме предомисли, ама не се откажав од читање. Знаете што најмногу ми се допадна од целата книга? Крајот. Затоа што не завршува како секоја американска приказна со среќен крајот, тие што на почеток се сакале, ќе се земат, ќе имаат деца и тн. и тн. Несреќно завршува приказната. Иако у целост со никаква инпресија не се здобив, подвлеков две/три мисли што ми оставија впечаток и ја оставив во редовите меѓу книгите на домашната полица. 6. Илијада - Хомер Spoiler Да не ми беше дело за во училиште, немаше никогаш да ја земам книгата за да ја прочитам. А зо тоа немаше да ми се вроди делумната љубов кон митологијата во склоп со митските суштества, богови, полубогови, нинфи.. Најпознато дело во грчката митологија кое говори за Тројанската битка помеѓу Грците и Тројанците. Немислосрдното погубување, убивање и колење од обете страни за на крај да се заврши со смрт на Ахил. Доволно е да го гледате филмот, бидејќи претпоставува дека несекому му прија ваков вид литература. 7. Цар Едип - Софокле Spoiler 80 странички на штура драма. Не знам зошто околу некои дела се дига толкава фама демек биле од минатото и содржат во себе некое литературно богатство. Ја прочитав за неполн еден час и ја сфатив суштината и приказната која е толку проста и се едно исто се вергла низ 80-те страници. Уште едно дело за во училиште и моја препорака во негативен контекст. За два месеци, седум книги... па и не е толку лошо. Се надевам дека следниве пар месеци ќе земам поголем замаф во оваа област.
Неповторливата ВЕШТИЦА на Венко Андоновски ме остави без здив. Ете тоа што е опишано таму,тоа е ЉУБОВ
7. „Големата вода“ - Живко Чинго Spoiler Во романот се критикува погрешното сфаќање за воспитувањето на децата во Домот за сираци. Насловот „Големата вода“ всушност означува слобода, слободата за која децата постојано мечтаат и која е недостижна за нив...