1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Февруари

    Овој месец, низ делата на Достоевски, имав прилика да се сретнам со два исклучително карактерно спротивни, а сепак подеднакво маркантни ликови - Николај Ставрогин и Лав Николаевич Мишкин, ,,мудрата змија,, наспроти ,,сиромашниот витез,, па ќе си земам за слобода да речам едни од најсовршено претставените ликови низ литературата воопшто. Исто така, уште еднаш ќе си признаам себеси дека многу неправедно го ,,оценив,, Зафон - како новиот Коелјо, неблагодарно етикетирајќи го како само комерцијално или профитно ориентиран, без притоа да имам било каков претходен увид за неговиот книжевен опус, поточно без ниедно прочитано дело и згрешив. Ама, да одам со ред...

    5. Бесови (Демони) - Ф.М.Достоевски

    Ова е едно од најмрачните и најпоучни на некој начин дела, кое сум го прочитала. Она што е посебно забележливо е тоа што огромниот број ликови, не и‘ пречат на нарацијата, туку напротив, сите тие се испреплетени и доаѓаат во најразлични меѓусебни судири или групирања, својствено водени од своите демони, кон своето или туѓо уништување...

    Сепак, ликот на Николај Ставрогин е најхаризматичниот и најкомплексниот лик, веројатно и во светската литература. Тој има прекрасна машка надворешна убавина, а сепак одбивна, бидејќи потсетува на восочна маска, тој говори малку или воопшто не говори, а сепак го има целото внимание врз себе, тој е толку ексцентричен што до самиот крај, постои дилема кај читателот, дали е всушност само надпросечно интелигентен човек, кој постапува често аморално и неприкладно, поради посебната, нескротлива и на никакви овоземни, пропишани или не, закони неподложна - природа или е просто - луд и пореметен човек?!

    И Ставрогин и Верховенски и Шатов и Кирилов и сите ликови се водени од своите демони, во сите свои постапки и мисли, а што всушност се крие зад овој израз - оставам да открие секој за себе, кој ќе пројави интерес за ова дело секако :) ...

    Мала напомена кон делото - постои една глава, во која е исповедта на Ставрогин и која долго време била отфрлена при официјално печатеното издание во Русија и книгите биле праќани во промет без истата. Искрено, токму таа глава е од толкаво значење за целото дејство, што е незамисливо колкав хендикеп и сквернавење е вршено врз делово, во тој период. Подобро да го забранеле во целост. И никогаш нема да ја сфатам, уште помалку оправдам ваквата санкционирачка постапка, каде некој дрзнувајќи се да оценува што е благопријатно и моралноугодно, врши ужасен атак врз литературата од невидени размери.

    6. Сенка на ветрот - К.Р.Зафон

    Иако напоменувам дека не е во мојот омилен жанр на литературни дела, Зафон создал магична приказна и премногу добро ги доловил ликовите и знае да фасцинира и да го окова вниманието на читателот.

    Дејствието почнува во 1945 год. во Барселона, кога малиот Даниел, ќе биде одведен од својот татко кој се занимава со антикварни книги, на Гробиштата на заборавените книги и таму ќе ја одбере - Сенка на ветрот, од авторот Хулијан Караш. Неговата опсесија од делото и авторот, ќе го вовлече Даниел во вистинските животни стории на многу луѓе, полна со тајни, забранета љубов, смрт и симултано уништување на повеќето засегнати учесници...дури ќе се преслика во сегашноста и ќе дојде до репетитивни поклопувања, бидејќи приказната и не завршила никогаш вистински.

    Морам да го издвојам ликот на Фермин, кој веројатно ја здоби мојата наклоност како еден од најсимпатичните ликови низ литературата воопшто. Исто, таткото на Даниел е лик кој буди навистина голем респект, наспроти хуморот и природноста на Фермин, тој е олицетворение на стабилноста и пожртвуваноста и вистинските вредности.

    Уште еден плус, кон ова дело, е што иако точно претпоставив доста нешта во врска со расплетот, сепак останав и изненадена од некои сегменти на истиот. И за крај, сметам дека е неправедно споредувањето на Зафон со Маркез или Борхес или Еко, бидејќи авторов има и премногу своја големина и автентичност.

    7. Идиот - Ф.М. Достоевски

    Ова е дело за една од најчистите души, кои сум ги сретнала низ белите страници, ишарани со црни букви - Лав Николаевич Мишкин. Толку детски искрен, толку неизнасилено спонтан и толку неартифицирано и несебично добар, што е етикетиран како - идиот. Скоро целиот свој дотогашен живот, го минал во Швајцарија, каде се лекувал од епилепсија и токму тоа што од малечок го запознал страдањето, ќе го претвори во заштитник на несреќните и ќе го уништи токму таа негова неизмерна моќ на саможртвување...

    Доаѓајќи повторно на руско тло и фрлен во изопачениот круг на сплетки, лажниот сјај на својот сталеж, почитување на ,,вредности,, како опседнатост со богатство и положба, изопачени идеи и сл. тој навистина наликува на смешен витез од некое друго време и за жал, скоро тотално несфатен и без успех во потребата да заштитува, угодува и помага на луѓе, кои го влечат во пропаст, поради својата егоистички настроена подлост, од различна природа...

    Во писмото до својата внука Иванова, објаснувајќи го својот роман, Достоевски напишал: "Главната мисла на мојот роман е - да се наслика позитивниот, прекрасен човек. Нема ништо потешко на светот од тоа. Особено денес...Тоа е задача безмерна... Прекрасното е идеал, а идеалот, ниту нашиот, ниту оној на цивилизираната Европа, ни оддалеку не е оформен..."

    Во продолжение, изнесувам цитат од делото -

    ...,,Всушност, нeма ништо понепријатно отколку да бидеш, на пример, богат, од добро семејство, со убава надворешност, доста образован, дури и добар, а всушност да немаш никаков талент, ништо оригинално, дури и никаква настраност, да немаш ниедна своја идеја, туку да си целосно ,,како и сите,,.
    Богатството е тука, но не е Ротшилдово; името е чисто, ама никогаш со ништо не се одликувало; надворешноста е пристојна, но ништо не изразува; образованието е солидно, но не знаеш да го употребиш; тука е и интелигенцијата, ама без свои идеи и срцето е тука, ама без великодушност; итн. итн. во секој поглед.
    Такви луѓе во светот има огромен број, дури и повеќе отколку што се чини. Тие се делат, како и сите луѓе, на две класи: едните се ограничени, а другите ,,далеку попаметни,,. Првите се посреќни. На ограничениот ,,обичен,, човек, на пример, ништо полесно не му е отколку да вообрази дека е необичен и оригинален, и во тоа да ужива без никакви стеснувања,,...
     
    На La.Reina.Del.Sur, Buttterfly, caroline.costa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    6. Шминкерка - Андреа Семпл
    Онака за губење време, ништо посебно, однапред се знае крајот. Нешто слично на романтична комедија. Вера од лажливка до милионерка. Франк од грд, смрдлив клошар до мажот на незиниот живот.
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    4. Вероника реши да умре - Паоло Коелјо

    Многу добра книга. Успеа да допре длабоко во мене, да ми ја промени сликата за она што навистина се случува во менталните болници и во мозоците на болните.
    Соочени со смртта ја сваќаме смислата на животот. Иако е мрачна и се одвива во лудница, книгата има поента и остава позитивно чувство.
    Живеј го секој ден како да е последен, откриј ги и оствари ги најинтимните желби без да се плашиш дека ке бидеш отфрлен од средината, биди оригинален, откриј го твоето вистинско - јас.
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Февруари

    5.Киднапиран-Роберт Л. Стивенсон
    Хм, не беше по мој избор, но и не беше толку лоша.Типичен авантуристички роман, на моменти и по малку досаден.
    6.Тартиф-Молиер
    Всушност ова е дело за училиште, сепак занимлива содржина.
    7.The picture of Dorian Gray-Oscar Wilde
    Ја читав на англиски, лектира ни беше, на моменти доста тешка со доста филозофии.Ми оставија неколку мисли впечаток па би ви ги споделила.
    “You are certainly my best friend. No one has ever understood me as you have.”
    “Nothing can cure the soul but the senses, just as nothing can cure the senses but the soul.”
    “We have lost the abstract sense of beauty.”
    “You know more than you think you know, just as you know less than you want to know.”
    “Laughter is not at all a bad beginning for a friendship,and it is far the best ending for one.”
    8.Мелем за вљубените-Барбара де Анџелис.
    Инспиративни кратки приказни за љубовта.Толку различни приказни и толку многу љубов на страниците на една навидум мала книга.Одвоив неколку цитати полни со мудрост.
    “Има љубови кои траат цел живот, а некои само миг; тогаш оние кои се сакаат се разделуваат по сопствена желба или судбината ги води на различни страни.Но, каков и да е резултатот од врската, кога љубовта ќе влезе во нашиот живот, таа никогаш не заминува, а да не остави трага во најскриениот дел од нашето битие.”
    “Се трудиме другите да ги научиме како да не сакаат и често забораваме да ја цениме љубовта која веќе ни ја даваат, така како што умеат.Дарот има два краја-давање и примање.Конечно почнав да ја сваќам разликата помеѓу подарокот и дарот.Подарокот е предмет.Дарот е многу повеќе и често е неопилив.Тоа е мал чин на љубезност, подготвеност да се подредиме на потребите на другите, жртвување на времето и трудот.Љубовта е дар.Секој израз на љубов е дар од срцето, несповредливо повреден од подарокот.”
    9.Дали често доаѓате овде-Александра Потер
    Типична лимонатка, типична Александра,уште еден одличен роман.
    10.Код куче је најгоре-Ephraim Kishon
    Мајка ми ја земала книгата за нејзе, ама случајно и јас ја зачитав.Смешни кратки приказни.Ја читав на хрватски, но беше лесно разбирлива :)
    11.Meet me in Istanbul-Richard Chisholm
    Повторно лектира англиски.Искрено да не ми беше лектира, не би ја читала.Веќе видена приказна.

    Март го започнувам со
    12.Мали слатки откази-Сали Кослоу
     
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Забавив во читањето од оправдани причини, но ќе надокнадам.

    5. Марина - Карлос Руиз Зафон

    Ја добив подарок па решив да ја прочитам. Бргу се чита, и не ве остава рамнодушен.

    Вака започнува..
    Дефинитивно една од оние морничавите книги кои ми се допаднаа. На моменти додека ги читав сцените опишани до детал, мислам морници ме лазеа по телото. Се соживив со ликовите и се ставив на нивно место. Проклетство, како би се искубала јас да сум на нивно место. Да сум по оние сокаци, во тие гробишта, покрај непотпишаниот гроб во 3часот по полноќ?

    Дејството се случува во Барселона во 1979. Оскар Драј на многу чуден начин ја запознава Марина, и така тие се впуштија несвесно во една авантура која понатаму им донесе голем пресврт.
    Оскар премногу бунтовно и авантуристично момче. Неможе да седи на едно место се додека на дознае што всушност се случило пред 30год.
    Марина, мила кревка девојка. Пишувањето и го одвлекува вниманието и и дава мир.
    Татко и кој ми се допадна како лик. Секогаш насмеан и пријатен човек.
    Но насмевката исчезнува од неговото лице по тоа што се случува.
    Интересна нарација која не изостава ни едно делче. Приказната ќе ве заинтригира за да ја завршите побргу до крај.

    Искрено јас се разочарав од крајот. Не сакав така да заврши.

    Следна книга
    6. Теодора (последната Римска царица) - Стела Дафи
     
    На mamma-mia, Doozy, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    3.Moсква на солзите не им верува-Валентин Черних :)
    Три жени, три сосем различни карактери, кои еден со друг совршено се подучуваат, и сепак на крај совршено си тераат по свое. Катерина, синоним за скромно и разумно делување, животот најпрво и го донесе најмилото, дете, а потоа ги средува коцките на материјален план, и оној кој најмногу и недостасува, љубовниот. Во ниту еден момент не потклекна на судбината и остриот Московски живот кој ги турка на колена провинцијалците. Људмила, луда и откачена, своеглава но сепак чиста, милна, барајќи го своето место под сонцето, барајќи го совршениот маж, кој за жал, не постои, трага низ туѓите кревети, Издржува без да рече „оф“. Антонина, вљубена во Николај, без своите две другарки веројатно повеќето работи би ги истерала наивно без размислување. Единствената од трите која се задомаќинува и која ги прифаќа сите (не)услови што и ги нуди Градот. Среќното семејтво е доволен доказ за нејзината добрина. Прекрасни силни девојки, добар приказ на чудното време во кое жената само служи да биде тело.
    4.На крајот на виножитото-Сесилија Ахерн
    Прво што помислив кога ја дочитав и последната страница од оваа книга беше „ ооо, Боже, зарем толку долго :^) “ Едноставно не можам да верувам дека при толку блискост, судбината толку може да раздели двајца. Што се прави чудото што се нарекува „ум“ кај човекот. Дотолку што свесно се разидуваш со оној за кој би ја дал и душата. Лесна книга, која освен |( оваа фаца, не ми причини ништо специјално |( :D
    5.Тhe fifth mountain-Paulo Coelho
    Типично Коељовски :)
    6.Home truths-Freya North
    Искрено, глупа книга која ја зедов зашто беше единствена на полица на англиски јазик, ама чинам Дузи еднаш напомена, кој има желба да чита жаргони и новопечени зборчиња, нека повели. Иначе приказнава е за три сестри, секоја со својот избор и (не)задоволство, неоткриени тајни кои никнаа од нигде никаде, и често пати се запрашав дали тоа некој се обидел да ги опише сестрине Кардашијан во малку понормална и помалце глупава состојба :D Па, па, па, ептен смотано, ми тргна со вакви лектирчиња, ама што ќе правам, ги читам во ВЦ :rofl:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    1. Нему едноставно не си му важна - Грег Берент и Лиз Тучило
    Како да го разберете вашето момче без да го осудувате, да го нервирате. Секакви машки изговори, до еден заклучок - Нему едноставно не си му важна.

    2. Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт
    Приказна за една жена од Њујорк, која тргнува на едно патување. Книга за љубителите на јогата, италијанска кујна, и други прекрасни работи. Патувањето е во Индија, на Балите и Индонезија.
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Февруари

    7. Вампирските дневници: Будење - Л. Џ. Смит
    Си ја купив книгава и очекував повеќе од неа, со оглед на тоа дека серијата е предобра, ама не испадна така. Не беше лоша, ама не ме ни многу воодушеви. Некако е напишана на понизок стил и е многу поразлична од филмот. Прва книга каде што фимот (серијата) повеќе ми се допаѓа. Вториот дел ќе го читам овој месец па ќе пишам критики. Значи, се работи за една тинејџерка Елена која што се вљубува во момче кое што е ново во градот и потоа дознава дека тој е вампир. Се појавува и неговиот брат. Тие порано биле вљубени во девојка Кетрин, која е иста со Елена.

    8. Исти очи-Горјан Петревски
    Сите книги од Горјан ми се допаѓаат. Ми се допаѓа неговиот стил на пишување. Претпоставував дека на крајот ќе се случи нешто слично. Дете од клисурата се запишува на училиште во градот. Тој е посвоен, а еден ден во клисурата се гледа со девојче кои свири преубаво на виолина. Но, таа заминува брзу оставајќи му адреса која тој ќе ја изгуби. Иако не е голем сликар, тој ја насликува нејзе по сеќавање и цртежот го зема со него во градот. Во интернатот неговиот цимер му помага да ја пронајде девојката од сликата, и излегува дека таа му е сестра. :)

    9. Сирена-(го заборавив авторот :worried: )
    Исто интересна и лесна книга за читање. Малку необична содржина.Ја прочитав бргу, и малку во почетокот настаните се не јасно опишувани. Две сестри секое лето одат во својата викендица покрај море. Ова лето едната од сестрите скока од една карпа, и умира. Во истото место, се пронаоѓаат се‘ повеќе мртви тела во водата, со насмевка на лицето. Тоа ги загрижува сите, и историјата се повторувала. Дознаваат дека скоро сите момчиња кои се удавени, се поранешни момчиња на една девојка, и тие откако ќе и кажат -Те сакам, таа раскинува и потоа тие умираат. Потоа се открива дека таа всушност е сирена како и нејзината баба и мајка...

    10. Дневникот на Ана Франк
    Книгава малку ме потресе и замисли колку им бил тежок животот на луѓето тогаш, особено на Евреите. На моменти ми беше смешна, на моменти тажна. Ептен се внесував во читањето. Обично мразам да читам книги-дневници, но оваа ми стана една од поомилените. Ана го опишува својот живот и маките на нејзе и нејзиното семејство. Стравовите додека се во скривницата и убавите мигови. Повеќе од две години на исто место. Забележав и како таа се смени. Стана позрела и повозрасна. Во секој момент беше храбра и почна да се однесува како жена, а не незрело детиште. Многу ми беше мило што си најде уште еден пријател освен дневникот, со кој што сподели се‘. Ептен ми падна жал на крајот кога прочитав дека умрела од болест. Тоа биле доста тешки времиња за сите, и сега баш сакам да ја посетам нивната скривница, иако велат дека било едно од најморничавите места на светот.

    Хух, се читаме на крајот на Март, денес почнувам со првата книга од овој месец. :hai:
     
  9. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    8.Роза за балерината-Лурлин МекДениел (не ми замерувајте ако ми е имево згрешено)
    Книгава ја препорачувам на сите обожаватели на Николас Спаркс(една од нив сум и јас), затоа што и оваа е слична на нив и подеднакво ќе ве воодушеви.Прекрасна приказна за Мелинда и Џес, која започнува од првиот ден кога тие се среќаваат, во прво одделение.Се чудам како досега не сум слушнала за писателкава, која има преекрасен стил на пишување и толку многу книги има напишано
    9.Цената на едно дете-Мари Франс Бот и Жан Пол Мари
    Страшна книга! Инаку, за оние кои ги интересира се работи за детската проституција во Бангког, за мажите без чувство, кои децата ги нарекоа крокодили, и кога ја прочитав книгава сватив зошто се така наречени...јас искрено понекогаш и се прашувам зошто ја прочитав оваа книга, можеби и не требаше, но од друга страна добро е да се знае какви луѓе постоеле и сеуште постојат во Тајланд, и не само таму туку и секаде на светот ги има
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    6. Ѓаволот носи Прада - Лорин Вајсбергер
    Чил литература, како чик литература... :lol: Ништо посебно и специјално, но сепак проникливо и релаксирачко. Животот на една американка чиј сон е да работи во Њујоркер, но завршува во Ранвеј, кај шефицата - чудовиште.
    И таман да помине целата година, таа ненадејно ја напушта Миранда на модната ревија во Париз и тргнува со лет во болницата (во Америка) каде што е Лили поради сообраќајна незгода.
    Но, се’ се исплатува, Андреа повеќе не го слуша оној грмогласен глас на телефонот и не се плаши кога ќе заѕвони, а сега таа работи за Севентин.
    Интересна, релаксирачка книга. Многу ми се допаднаа описите.
    Генерално - вреди да се прочита, ако не друго барем за малку релаксација. :)
     
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас фебруари многу слабо.
    Немав време за ништо...
    само две

    7. Очите на сибирскиот пес - Антонио Санта Ана
    - Ни самата не знам по кој пат ја пречитувам. Многу ме поттикнува книгава, ме одмара ме тера да размислувам.
    Приказна за едно типично Бразилско семејство. Во мислите на едно дете се вртат многу прашања кои се поврзани со една личност, неговиот брат. „Зошто замина таа вечер? Каде е? Зошто тато и мама не го спомнуваат?“
    Не можејќи да го прифати она што му го наметнуваат неговите решава да истражува сам. Ја наоѓа братовата адреса и оди со едно клучно прашање „Зошто си замина од дома?“
    Всушност неговиот брат е еден сидаш, кој и покрај се го сака животот а најзаслужна за тоа е Саша, сибирскиот пес со кафени очи. Она последно излезено кученце кои газдите биле решени да го фрлат.
    Езекиел единствено во неговите очи се гледа она што навистина е.
    „Му го должам на Езекиел тоа што ми покажа дека животот е само тоа, подавање на главата за да видиш што се случува надвор, дури и ако има бура. И една Суита од Бах.“
    омилениот цитат го имам во друга тема

    8. Како вода за чоколада - Лаура Ескивел
    Типичен старо Мексикански љубовен роман. Традиција, кулинарство, љубов.
    Роман со рецепти, од кој секој рецепт со има своја приказна.

    Тита, најмалата девојка на Елена е должна да се грижи за својата мајка се до нејзината смрт и не смее да се омажи. Нераскинливата врска помеѓу мајката и најмладата ќерка не и дозволува на Тита да ужива во љубовта кон Педро. Но и покрај неговиот брак со нејзината најстара сестра и 2-те деца со неа нивната љубов никогаш нема да згасне.
    И конечно после 22 години тие се слободни да уживаат барем неколку моменти во својата љубов.

    Лаура Ескивел просто ме воодушеви, по втор пат. Начинот на објаснувањето на на рецептите типични за некој месец и некоја приказна...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    5. Три метри над небото - Федерико Моча

    Филмот повеќето од вас сигурно го имате гледано така да нема потреба да пишувам за содржината. Јас не сум го гледала филмот и сега откако ја прочитав ми е страв да го гледам да не се разочарам. :?:
    П.С. ми кажаа дека има и втор дел, сте го стретнале ли низ некоја од книжариве?
     
  13. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Вториот дел го имаш во Три, во Гтц. Иначе интересна е книгата?Зошто јас го имам гледано филмот,па не знам дали да си ја купам книгата. :)
     
  14. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    3.Го сакам Париз-Линдзи Келк
    Нема многу да кажам за оваа книга,освен дека е многу интересна и супер избор за љубителите на чик лит.Ќе ве насмее,опушти и релаксира барем додека ја читате.Овој пат ве носи по градот на љубовта-Париз,за мене одлична книга се на се. :inlove:
    4.Само најсекси маж што постои-Џули Џејмс
    И оваа чиклит,многу добра и релаксирачка книга,која ќе ве воведе во интересната приказна на Тејлор.Нешто наликува и на Го сакам Холивуд. ;) :inlove:
    Иначе знам дека сум спора,ама неможам да брзам поради големите обврски кои ги имам и со работата и дома. :?: :)
     
  15. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    7. Заведување - Аманда Квик
    Љубовно романче. Ми се допаѓа стилот на кој пишува Аманда, оваа е втора книга од неа што ја читам, и ке продолжам со неа. Дејството се случува во 18 век, глави ликови се Џулијан и Софија, во овој период жените сеуште немаат права, па треба да се покоруваат на мажите. Но во оваа книга е прикажано токму спротивното, тврдоглава жена која се спротиставува на уште потврдоглав маж, обидувајки се да ја добие неговата љубов и притоа барајки го „убиецот“ на сестра и.
    Овој роман баш и не се разликува од претходниот, Аманда главно пишува по иста шема, горделив маж кој во минатото бил изневерен, и тврдоглава жена која бара внимание и љубов. Но сепак вреди да се прочита.
    Се бројат ли делата за школото?
    Ако се бројат:
    8. Проклета авлија - Иво Андриќ
    9. Пустина - Ѓорги Абаџиев
    10. Зора зад аголот - Димитар Солев
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    1.Илјада неверојатни сонца-Kалед Hосеини
    Kнига која ја покажува положбата на жената во Aвганистан,кај мене предизвика и по некоја солза

    2.Никаде без ќерка ми -Bети Mахмуди
    Неверојатната голгота на една жена во потрага својата слобода

    3.Норвешка шума-Hаруки Mураками
    Не знам некако сосема обична,секојдневна ...единствено што ми се допадна е описот на чувствата
     
  17. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.738
    Пол:
    Женски
    8.Карлос Луис Зафон-Марина
    и
    9.Емили Бронте-Оркански височини
    ме мрзе сеа да пишам кратки содржини :D
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Книгии дела за во школо не се бројат, станува збор само слободна литература колку што прочитав на почеток, значи се она што е надвор од задолжително читање, што се однесува и на тие за во школо.
     
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    5.„Последниот чај“- Винка Саздова.
    Посче долго време ја завршив книгава и многу сум среќна што е тоа така, не ме инспирира книгата нешто многу, затоа што слушав претходно многу добри критики, сепак се работи за жена која заминува во Индија, во еден ашрам, и се се случува едно исто, е потоа малку стана поинтересна, околу 200 страни од кога прочитав, сакам да крајот крајот беше поинтересен :D .

    6. „Раѓањето на огнот“ - Сузан Колинс.
    Книга која ме остави без здив, ја прочитав за многу брзо време. Ова е продолжетокот од „Игрите на гладните“ и едвај чекам да ја прочитам и „Мокингџеј“ последната книга од трилогијата. Значи Капитол е град кој ги органзира Игрите. На последните игри победници се двајца наместо еден, како што е секоја година. Децата се од ист реон, а во игрите учествуваат 12 реони и од секој реон секоја година се бираат по едно момче и девојче. арената година е 75 годишнината, која всушност е „Кварталот на задушувањето“ - кој го има на секои 25 години. На овој квартал се одлучува трибутите да се избираат од претходните победници, а во овие игри повторно се учесници претходните победнци од реон 12 :( започуваат игрите и што се случува понатаму сами дознајте. ;)

    7.„Точка омега“
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Трк на темата! :lol:
    Можеби малку доцнам, (не беее, зашто), но ова е мојот извештај за месецот февруари.
    Добар месец.
    :)


    7. И други Приказни – Георги Господинов

    Привлечена од сјајните критики за неговиот Природен роман (кој патем ретко може да се најде кај нас, бидејќи нема ново ре-издание на истиот), решив да им дадам шанса на Другите приказни од овој бугарски автор.
    Ова е една фантастична книга. Господинов е врвен мајстор на кусите раскази.
    Стилот му е квалитетен и издржан, носи свој сопствен печат и мирис.
    Идеите му се оригинални, свежи, изведбата е беспрекорна.
    Само пофалби за ова 120 странично издание на Темплум.
    Раскази во кои се мешаат реалноста и фикцијата, метафората и алегоријата, напати се смешни, напати тажни, чудни и бизарни; светот во “И други приказни” е лелеав и примамлив за секој читател со чувствително непце за магичниот пишан збор.
    Навидум едноставна, сепак многу сложена и специфична и повеќедимензионална, ќе ве предизвика, ќе ви ги активира сите заспани мозочни ќелии, и еднаш ќе е премалку, некои пасуси ќе сакате да ги прочитате и по втор и третпат, ако не и целата книга.
    Ја препорачувам на ЛивингГлам, Теодора, Магнолија, мислам дека посебно ќе им се допадне.
    “Писателите се хирурзи на човечката душа. Тие треба од неа да го отсечат сè она што е гнило и распаднато.”
    Воедно, искажувам восхит кон издавачката куќа Темплум.
    Понекогаш имам чувство дека издаваат книгички само за сопствен вкус, и се далеку над комерцијалниот апетит.
    Започнувајќи од изборот, продолжувајќи со преводот и корекцијата и завршувајќи со дизајнот, кој најблиску потестува на оние мали џебни книгички, сè е беспрекорно и на место.
    Браво.

    8. Евгенија Гранде – Оноре де Балзак

    Балзак, творецот на реалистичниот расказ, ја отсликува приказната за семејството Гранде.
    Таткото, кој е ладнокрвен, лукав и пресметан човек без скрупули и милост, е невиден скржавец кој трупа златно, а живее во невидена беда и сиромаштија со својата жена и ќерката Евгенија.
    Двете жени се подложени на неговото броење на залчињата леб кои ги внесуваат, водата која ја пијат, студот во скапаната куќа која е гнила и трула, наспроти златото кое светка и блеска, а старецот го трупа и љубоморно и скржано во чува само за наслада на сопствените очи.
    Не можете, а да не почувствувате гнев и бес кон кржавецот, а жалење кон жените во куќата, иако некаде при средината, престанав да ја жалам Евгенија, поради нејзината наивност, незаинтересираност, простодушност и лековерност.
    Јасно дека целиот свој живот била воспитувана во таков дух, ама толку да не го употребиш мозокот, да изреагираш, да се заинтересираш?
    Остана таква лабилна и простодушна и на крајот, со сите наследени милиони од татка си, па уште продолжи да живее по неговите навики и ограничувања.
    Несреќно вљубена, уништена и разочарана.
    Ова е еден тажен роман, на почетокот започнува малку натрупано и збркано, како без идеја, а веднаш потоа приказната зазема свој став и гради една целина.
    Стилот на Балзак е неприкосновен; одмерен и мајсторски, живописен раскажувач кој навлегува во детали и ситници, но не заморува со истите.

    9. Тристан и Изолда – Жозеф Бедје

    Случајно налетав на анкета која прашува кое дело е подобро: Тристан и Изолда или Ромео и Јулија.
    Нема основа за никаква споредба тука.
    Стилот на Шекспир е мајсторски, уникатен и неповторлив.
    Од друга страна, Бедје едноставно кажано, народски ја пренел приказната на парче хартија. Нема некој воодушевувачки стил, малку наликува на бајка за мали деца, и целата таа вљубеност која потекнува од волшебна напивка мене ми е траги-комична и невоодушевувачка.
    Се љубат со болка, страст и копнеж – се заради волшебната напивка.
    Да не постоеше во приказнава, веројатно очи немаше да си погледнат љубовнициве, кога првичниот план на Тристан беше да ја однесе Изолда како идна сопруга на неговиот вујко Марк.
    Читањето оди брзо и лесно, едноставно it’s a no brainer.
    Има интересни делови, а крајот е можеби најфино спакуван во целата книга.
    Ја препорачувам на сите романтичарски души, можеби и ќе се расплакаат и разнежнат, мене ми беше просечна со половина грам идиотизам.
    10. Принцот на маглата – Карлос Руиз Зафон

    Ова е всушност дебитантскиот роман на Зафон, дел од Трилогијата на маглата.
    Откако Зафон ги објавил Сенка на ветрот и Играта на Ангелот, му било понудено доколку сака, да ја реобликува трилогијата, односно да ги разубави првите три книги со стилот кој го утврдил години подоцна.
    Но авторот всушност инсистирал да се издаваат во нивната почетна форма, онакви какви што ги напишал на 27 години.
    За да му дозволи на читателот да го запознае авторот, од моментот на зачетокот, па се го неговото созревање како писател.
    Во оваа книга започнува да се наѕира прекрасниот и комплексен стил на Зафон.
    Иако е пред се’ наменета за младинци, односно окарактеризирана како тинејџерски роман, всушност е забавна и интересна, се чита брзо и лесно и изобилува со некој вид пакосна атмосфера кој успева да ве вовлече во мистеријата.
    Се чита во еден здив и е многу подобра и поквалитетна од купот лесно читливи и допадливи книгички.
    Би ја препорачала на тинејџерите, но и на постарите.
    И покрај едноставноста и детскоста низ страниците, ми се допадна.
    И мило ми е што Трилогијата е дел од мојата колекција.
    Зафон , како еден од моите омилени автори, заслужува сите негови книги да се на моите полици.
    11. Краеви и почетоци – Нора Робертс

    Ова е едно лесно романче, лимонадесто-романтично со нишки на блага еротика кои мене искрено секогаш ме засмејуваат во ваквиот тип на литература.
    Но сепак, во тие делови преовладува некој шарм и достоинство, не е вулгарно, ниту премногу експлицитно.
    Оливиа Кармајкл е новинарка и презентер на пладневните вести во една вашингтонска телевизија, која ненајдено ќе се вљуби во нејзиниот колега и ривал, Т.Ц.Торп.
    Малку клише, но сепак, - допадливо.
    Стилот е лесен и разбирлив.
    Би ја препорачала за читање во воз или автобус, односно на места каде што е бучно, бидејќи не е потребна којзнае колкава концентрација за читање на ова дело.
    Кога ќе се земе в предвид приказната, градбата на ликовите, дијалозите и реализацијата – книгата е сосем просечна за ваков жанр.
     

    Прикачени фајлови:

    • fevruari.jpg
      fevruari.jpg
      Големина на фајлот:
      36 KB
      Прегледи:
      345
    На Buttterfly, caroline.costa, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.