1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. nikname

    nikname Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    1. Игра со ѓаволот- Шерилин Кенион
    2. Само најсекси маж што постои -Џули Џејмс
    3.Алхемичарот-Пауло Коелјо
    4.Шанси-Џеки Колинс
    5.Единаесет минути-Пауло Коелјо
    6.Подарок-Спенсер Џонсон
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    accepted! :)

    1.Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон
    2.Девојката што го урна осилото -Стиг Ларсон
    3.Приказната за Мурасаки - Лајза Делби
    4.Без збогување - Линвуд Баркли
    5.Принцот на маглата- Карлос Руиз Зафон
    6.Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон

    Гревче сум ама ќе ве стигнам ]:)
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас мислам треба да се почитува, ако веќе сте/сме го прифатиле ;)
    кратки критики женски, ако ништо друго
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    7.Дениција-Петре М.Андреевски
    Не знам дали се припаѓа бидејќи се песни.Но поубај љубовни стихови не сум прочитала.Многумина од вас ја знаат оваа стихозбирка од Андреевски.Би сакала да ја имам во домашна библиотека.Книга која вреди да ја има секоја романтична душа хаха
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    6. Браќата Карамазови – Достоевски

    Дејствието се врти околу незаузданоста на познатите браќа Карамазови, за која сите тврдат дека ја наследиле од нивниот татко кој уживал да се предава на сладострастието. Овде се издвојува Аљоша, како примерно момче благодарејќи на влијанието на свештеникот Зосима.
    Достоевски освен што верно ни ги прикажува дури и најскриените мисли на ликовите, љуби и да ни раскажува за општеството. Тоа е секогаш лицемерно! Затоа тој секогаш го преставува со доза на сарказам и прави кловнови од лицемерите. Како на некој начин директно со прст да покажува на нив.
    Иван ми е омилен лик. Со смртта на Иљуша и со неговото семејство, проколнато да живее во тага, никако не можев да се помирам. Но тоа е веќе познато за Достоевски, тој сака од своите романи да прави трагедија.
    7.Миладин од Кина – Божин Павловски

    Романот и Божин Павловски ги доживувам баш како некое откритие. По толку време дремење во мојата мини библиотека ја избрав на еци пеци пец и буууум, вообичаеното... зошто порано не сум ја забележала? Искрено ви ја препорачувам на сите, јас сега се готвам за нова книга од него зашто начинот на раскажување му е еден од најдобрите до сега, барем за мене.

    Ќе ве наведе да размислувате. И тоа за работи кои тотално сте ги промашиле во долгите анализи пред спиење и ќе ви предизвика мноштво на нови чувства. Романот, посебно во делот со лудницата, ме потсеќа на Норвешка шума на Мураками. За мене и двете се некако слични, ама на еден неопишлив начин.

    Столе, Радован, Јасмина, Розија, Ели и нивните животи кои врти сучи секако се тажни. Она што најдобро би го опишал Столе низ чија перспектива е пишуван романот, дефинитивно е цитатот:
    Розија пример за една нежна душа за која животот би го дал да ја заштитиш од лошите сенки во големиот град.

    Постојат многу делови кои радo би ги споделила со вас, но се одлучив за овој:

    8.Пиреј – Петре М. Андреевски

    Периодов бевме бомбадирани со лектири од македонски автори, не дека ми пречеше тоа де, уживав во секој автор посебно, но го издвоив овој зашто стилот на Андреевски ми е еден од омилемите. А и веќе одамна сум воодушенава од него, благодарејќи на Последните селани. Неговата шареноликост, употребата на дијалекти и разните досетки умеат секој да го внесат до крај во книгата. Признавам, темата не ми е една од омилените. Премногу сум жалостивна јас за вакви настани, ми будат гнев.

    Професорката беше во право кога раскажуваше за Велика и начинот на кој таа преживуваше во таквите тешки и мизерни услови. Со молитви, народни верувања, поговорките на главниот сезнајко во селото, лековите на Маса таа си ги лечеше дечињата и маката. Не треба да заборавиме дека Велика пред се жена, а подоцна сопруга и мајка. Во нејзиниот живот таа секогаш била нешто споредно и нешто глупо, се занемарувала себеси до бескрај, посебно кога се работи за нејзиниот Јон.
    Можеби многу малку ќе сочувствуваат со неговиот лик и неговите дела, но никако не треба да се заборави неговото болно детство, траумите преку цел живот, го наведоа да биде еден огромен неуспех.

    Излишно е да се каже колку е добра компарацијата на тревата пиреј со македонскиот народ. Мојата писмена започна: ''Тревата пиреј која Петре М. Андреевски ја сметаше за блиска на македонскиот народ, по нејзината карактеристика одново и одново да се раѓа, всушност може да се спореди и со човечкиот неуморлив дух и неговото опстојување.''

    9.Сенка на ветрот – Карлос Руиз Зафон

    Ја читам по втор пат зашто книгата, заедно со целото творештво на Зафон имаат посебно значење за мене. Иако омилена од него ми е Играта на ангелот, сепак и оваа ми го дава истото чувство и истата атмосфера која колку што ме прави поскопкојна длабоко во себе, толку и ме вознемирува.
    Светот на книгата, длабоката и страсна љубов, која всушност е и најмрачна, темните моменти полни со неизвесност – ја красат оваа книга.

    Романот изобилува со ликови кои ги поврзува една иста судбина – проклетството на Хулијан Караш.
    Клара, Нурија, Беа и Пенелопе преставуваат пример за совршенство и ниту еден негативен коментар во однос на нивната личност, а уште помалку пак за нивниот изглед, не може да се сретне. Тие се извајани како перфектни суштества и како спасителки од мракот.
    Ме трогна големата поврзаност на Мигел и Караш, посебно судбината на другарот кој си го ризикуваше животот. Фермин и неговата генијалност заедно со способноста да внесе позитивност во секоја ситуација. Семпере, неговата пожртвуваност, љубовта кон синот и болката од неговата почината жена.

    Сенка на ветрот е способна да го долови чувството на вистинска љубов и пријателство, да ги истакне нераскинливите врски меѓу ликовите, кои толку се цврсти што дури на моменти и болат и уште толку да се заљубиш во книгата и светот во кој нуркаш благодарејќи на неа.


    10. Длабоко во ноќта – Харуки Мураками
    Дејството трае само една ноќ. Впечатокот кој го остава е толку типичен за Мураками. Повторно успева да навлезе во најскриените места во човекот, да ги разбранува и нишка, да ги клацка и мачи пред нас, абре да ги соголи до крај. Па колку ги жалиш, толку се поблизок до нив и толку и ги сакаш. Па од немај каде сфаќаш дека си многу сличен на нив.

    Приказната за Ери Асаи е една од најтажните и најморничавите кои сум ги сретнала во мојата читачка кариера. Ме обзеде никоја бесмисленот од која човек тешко да излезе, ја чувствував нејзината немоќ и заробеништво. Се на се, многу лична и интимна приказна за која може да се разговара многу. И секој да си ја сфати на начинот на кој ми одговара зависно од проблемите со кои е затекнат.

    Иако малечка, книгата е неверојатно и длабоко дело чија порака може да се прочита од секој агол. На корицата прочитав критика од Њујорк Тајмс кој многу ми се допадна: Издигнат над темнината, Мураками ја доловува фруросцентноста насекаде, но најмногу во аурата околу луѓето, кои сјаат најсилно ноќе и кога се заедно.

     
    На MSkorpionka, Theodora, Mayyya и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    7. Точка омега - Дон ДеЛило.
    Ја завршив и воопшто не ми се допадна, читав и некако ми беше за никаде книгава, се зборува за човек кој сака да сними филм за искуството на Елстер кој е поранешен воено - стратешки советник во Ирак, филм во кој Елстер ќе биде единствен лик - само човек покрај ѕидот. Деновите минуваат, а еден ден во посета доаѓа Џеси, ќерката на Елстер, „битие како од друг свет“.
    Мене не ми се допадна нешто многу.

    8. Подарок - Спенсер Џонсон.
    Психолошка книга, преку која авторот сака да ја пренесе пораката да се биде во мир и спокојство со себеси, да се чувствуваме полни со живот во секој момент, а највеќе тогаш кога имаме проблеми, авторот преку книгата сака да ни упате како да бидеме попродуктивни и поуспешни, и како најбитно нешто според мене во книгата е целта, да имаме цел во жибвотот која сакаме да ја постигнеме. Ми се допадна книгата, ја добив на подарок и благодарам за подарокот. :)

    9.Малиот принц - Антоан де Сент - Егзипери.
    Кратка книгичка која се чита во еден здив. Книга која кога ја читав како малечка не сватив ништо од неа, воопшто не ми беше интересна. Но сега кога ја прочитав повторно ги сватив пораките кои ги испраќа авторот, долго време се молев да ја прочитам и на крајот дојде и тој ден. ;) Кој не ја прочитал да ја прочита, книгата асоцира и акцентира дека сите возрасни прво биле деца, но дека малку од нив се сеќаваат на тоа. Книгата „Малиот принц“ започнува со расчистувањето и разбиструвањето на односите мали-возрасни, односно кој е во право а кој не, кој разбира а кој не и слично. МЕне многу ми се допадна, ако некој друг се мислел дали да ја чите, нека ја прочита.

    10. Црвениот хипокрит - Божин Павловски, почнувам да ја читам.
     
  7. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    6. Тартиф - Молиер
    Ја читав онака само колку да се рече дека ја имам прочитано, немав никаква сатисфакција додека ја читав. Главниот лик, Тартиф е лицемер кој успева да му се вовлече во кожата на Оргон. Оргон е толку заслепен од лажната добрина на Тартиф што неговото семејство го става на втор план, после Тартиф. Му ги доверува сите негови тајни дури и куќата му ја препишува на негово име а сака и ќерката да му ја даде за жена. Тартиф пак, и се додворува на жената на Оргон, се обидува да ја убеди да му се предаде со душа и со тело, дека гревот за кој никој не знае не се смета за грев. Таа ова му го раскажува на Дамис - синот на Оргон и тој смислува план како да го разоткријат Тартиф пред Оргон.
    Комедијата на крајот завршува така што кралот го разрешува дејството со неговата „праведност“ и добрина и го затвара Тартиф а не Оргон.

    7. Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон
    Морам да кажам дека овој дел не ми се допадна толку како првиот. Некако се ми беше очекувано, како да знаев што ке се случи. И во последните 20тина страници сите дејствија се разрешија. Овој пат Лизбет беше осудена а Микаел и помагаше да се спаси од лажното обвнинение за убиство. Воедно открија и цел ланец за трговија со девојки за секс. Сепак книгата ми се допаѓа затоа што ги открива „тајните“ за општеството, за корупмпираните судии, лекари, полицајци, политичари кои „се борат“ против трговијата со девојки а тие самите ги користат нивните услуги или ги силуваат.
     
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.734
    Пол:
    Женски
    10.сто години самотија-габриел гарсија маркез
     
  9. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Jac не да се фалам ама мислам дека ке можам да прочитам затоа што многу брзо ги читам...и затоа барам некои подебели книги :$
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    8. Сид - Пјер Корнеј

    На премногу тежок начин е напишана книгата или преведена како и да е. Редоследот на зборовите беше како да читаш од десно на лево, се изнамачив додека сфатам што пишува, која е смислата на реченицата. Книгата не ми се допадна. Всушност мене не ми се допаѓа ниту едно од делата што ни се за во школо. Ги читам само колку да се рече дека сум ги прочитала.
    Инаку во книгата главни ликови се Родриго и Химена. Мотив е судирот меѓу честа и љубовта. Дали Родриго ке одбере ке ја врати честа на неговото семејство или ке ја одбере љубовта спрема Химена. Подоцна со истиот избор ке се соочи и Химена. Интересно е тоа што на крајот трагедијата завршува со среќен крај.
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    6. Атентат - Јасмина Кадра
    Мене малку ми е глупо да се повторувам зошро обично коментари пишувам во дтуга тема така да овде ќе бидам кратка. Мене книгава ми се допадна, поразлична е. Станува збор за Д-р Амин Џаарафи кој е почитуван и успешен хирург во една од болниците во Тел Авив. Се случува атентат додека тој е на работа и тој ни самиот не е свесен ќе е поврзан со тој атентат. Интерсна е вреди да се прочита

    7.Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен
    Интресна книга, многу ми се допадна. Станува збор за три пријателки од кои едната е акушерка и извршува самоубиство. По нејзината смрт се одкриваат многу работи, многу вистини кои ќе го променат животот на нејзините пријателку
     
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.734
    Пол:
    Женски
    11.Агата Кристи-Сведокот на обвинението
    понекогаш аветот на смртта е сосем близу-само треба да се воочат патоказите:претскажувањата и проколнатата куќа,спиритуалните сеанси и ноќни кошмари,двојните личности и бестелесните гласови...
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас ептен сум зад вас, ама ќе видите :devil: , има да направам бум за време на летниот одмор :P

    До сега прочитав две книги- “Идиот“ од Достоевски и “Џени Герхарт“ од Драјзер.

    Да прокоментирам за делата :)

    ИДИОТ
    Читајки ја “Идиот“ уште повеќе го сфатив стилот на Достоевски, бидејќи претходно ја имав читано само “Злосторство и казна“, но сега можам многу појасно да зборувам каков е Достоевски.
    Идиот можам слободно да кажам дека ме плени- во неа е прикажан животот на кнезот Мишкин, еден многу чист лик, кој во ни една ситуација нема лоша нарав. Како дете бил болен од некоја болест (идиотство) и неговиот старател кој што бил близок пријател на неговите покојни родители, го праќа на лекување во Швајцарија. Таму Мишкин се лечи, го осознава животот, но после долги години, кога неговиот добротел умира, Мишкин решава да се врати во неговата родна земја, во Русија.
    Уште при патувањето запознава интересен лик, Рогожин- човек кој што запрепастува со неговата заљубеност кон една жена за која општеството зборува со непријатно шепотење- Натасја Филиповна.
    Но која е таа жена што се крие зад ова име кое од старт буди некаков копнеж?
    Одговорот на тоа прашање Мишкин го добива уште истиот ден, кога оди во куќата на неговата роднина Ивановна и таму здогледува слика од една убавица со тажен поглед, поглед кој целосно го обзема- да, тоа е Натасја.

    Следуваат низа настани низ кои не` води авторот, многу страни во кои е опишан ставот кон верата, ставот за видовите луѓе итн. мисли кои ги кажува авторот на еден чуден начин, необлигаторен, туку опционен, за читателот сам да си донесе суд дали е тоа така.

    Јас додека читав, посебно за верата, некако чудно се ежев, не знам дали сте го имале тоа чувство, едноставно цело време така сте се чувствувале за нешто, ама не сте знаеле да го кажете баш со тие зборови, не сте знаеле така да се произнесете...

    Освен Натасја која ги освојува мислите на Мишкин уште првиот ден по пристигнувањето во Русија, тука е и ќерката на Ивановни, Аглаја- една прекрасна млада девојка, навидум екцентрична, безобразна и дрска, но всушност многу нежна и полна со чувства кон сиромашниот витез, како што метафорично го нарекува кнезот. А и тој не останува рамнодушен на таа нежна душа.
    Но која ќе го одбере него на крај, или подобро кажано, за која тој ќе се одлучи на крајот?
    Одлука ни малку лесна, одлука која мене искрено многу ме налути, бев бесна кога читав, се додека не сфатив зошто го направи тоа, затоа што е таков, затоа што тоа е кнезот Мишкин- човек кој никогаш не го погазува дадениот збор, човек кој сака да ги усреќи луѓето, макар страдал тој.
    Сепак работите некогаш не зависат само од една личност, мислејќи дека во даден момент го бираме тоа што е најповолно, сепак забораваме на страдањата на некои луѓе, во овој случај Рогожин, кој суштина е лик кој не знаете дали да го мразите или да пробате да го разберете, на крај ми беше жал и за него исто колку што ми беше жал и за главниот лик.

    Неочекуван крај во секој случај, барем не за мене, крај што ме остави неколку денови во чудна состојба, ме тераше да мислам зошто, дали требаше да биде поинаку, дали...?
    Тоа е моќта на писателот, да го натера читателот да размислува за неговото дело, да разбуди чувства во него, а тоа не го може секој, туку само најдобрите, а Достоевски сигурно спаѓа во тие најдобри.


    ЏЕНИ ГЕРХАРТ
    Уште една слична тематика во делата на Драјзер. Кога читате многу книги од еден ист автор, доаѓате во стадиум на презаситување, ја немате онаа страст на голтање на секоја буква, што сте ја имале при читањето на првите книги од него. А јас ја прочитав и последната од неговата колекција со зелени тврди корици :lol:
    Не дека не ја прочитав бргу, ја прочитав во два дена, просто такви се книгите од Драјзер, те тера да читаш и читаш се додека не дознаеш што ќе се случи на крајот, тоа е класичен роман, не е како претходниот од Достоевски, каде што има цели поглавја со ставови по некоја тема, кои служат како вовед за следната ситуација која се раскажува, тоа во делата на Драјзер го нема, што некогаш и ми одговара, да следам чиста приказна, со сите елементи кои ги има едно дело.

    Џени е девојка од сиромашните предградија во Америка, од германско големо семејство и е принудена да бара секакви работи за нејзиното семејсво да има барем парче леб на скромната трпеза.
    Заедно со нејзините браќа и сестри е принудена да го собира јагленот што паѓа од вагоните покрај пригата за да имаат греење дома.
    Еден ден, во потрага по некој долар плус, одат во најекслузивниот хотел во градот, за да бараат работа како чистачки.
    Додека чистат, поминува еден човек на кој 18годишната Џени не може да одолее- маркантен средовечен дотеран господин, кој не е можно а да не го приметите.
    Не е невообичаено за таква млада девојка да остане маѓепсана од таква појава. Она што е невообичаено е воодушевеноста на тој човек од Џени, од нејзината несекојдневна убавина.
    Поради сплет на околности (одењето на Џени до неговата соба за да ги зема алиштата за перење) тие се повеќе се зближуваат, а сенаторот секој ден се повеќе се заљубова во оваа млада простодушна девојка. Почнува да ја посетува дома, со изговор дека како сенатор се грижи за условите на нејзиното семејство, кои, рака на срце и ги подобрува ,а потоа почнува да ја води Џени на ноќни прошетки.
    Тоа не му се допаѓа на нејзиниот татко, конзервативен Германец, слеп поборник на лутеранството и тој одлучува да се прекинат сите односи со тој човек.
    Така и бидува, се додека не се случи нешто страшно- најстариот брат на Џени, Бас, завршува во затвор поради крадење јаглен, а тие немаат пари да ја платат кауцијата.
    Тогаш Џени прави нешто многу храбро- се искрадува од дома, само со знаење на мајка и која секогаш ја поддржувала и верувала во неа, и оди кај сенаторот, да бара помош.
    Помошта ја добива, но истата вечер нешто и губи, ја губи нејзината невиност.
    Џени нема грижа на совест, бидејќи сенаторот заминува на пат за да среди се за нивното венчавање, но за жал после 6 недели ненадејно умира, оставајќи ја Џени обесчестена и со дете во нејзината утроба...шок за нејзиното семејство.
    Толку голем шок, што го тера татко и да ја избрка од дома, да ја остави сама да се снаоѓа во суровиот свет во кој таквите жени се обележани за цел живот.
    Дали ќе биде така и со Џени, дали таа пак ќе биде среќна, дали ќе успее?
    Ќе дознаете ако ја прочитате книгата.

    Јас, како што се произнесов на почетокот на рецензијата за неа, не бев многу воодушевена, од причина што веќе се презаситив од овој автор и и` давам оценка 3/5, а знам дека ако сум ја читала прва од колекцијата, би била воодушевена, затоа што би била еден убав мост кон другите дела, кои според мене се многу подобри.
    Ја препорачувам за оние кои сакаат да се дружат за прв пат со Драјзен, како еден вовед кон неговите други дела.

    Следна книга која веќе ја читам е “Госпоѓа Бовари“ од Густав Флобер.
    (требаше да ја дочитам “Лолита“, или да ја земам “Москва на солзите не им верува“ или “ Се викам црвено“, ама ги немаше во библиотеката :devil: )

    Леле се изморив од постот :whew:
     
    На Mayyya, Trendafilka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Слабо и јас ... :worried:

    3. Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе
    Јас очекував потресителна приказна, а книгава само што ја отворив ме изненади. Станува за збор за збир од кратки раскази или поеми за љубовта напишани од Хесе собрани во оваа книга. Убава содржина во секој случај, во која што се се врти околу љубовта.

    Четврта требаше да биде од Џо Апдајк - Побарај го моето лице, и ја почнав ама и дадов фора до 40 страна, предосадна книга, па така ја земав да ја читам по петти пат:

    4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи

    Петтата ќе биде е-книга, која ми е симната и почната со читање, но сега и се навраќам, а таа е:

    5. Смрт во облаците - Агата Кристи
     
  15. nikname

    nikname Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    7.Парада на марионетките-Евгениј Хоуп
    Ми се допадна книгава. Мн емотивна книга која те тера да сочувствуваш со ликовите.Тешка потрага по слободата и живеење во сегашноста без чувство на вина за минатото, со надеж кон иднината и храброст за да се справиме со последиците од нашите несвесни однесувања. Важна улога игра љубовта која дава мала светлина во сивиот свет доволна за да се продолжи понатаму..иако приказнава завршува со тажен крај сепак дава убава порака.
    8.Еднаш во животот-Кети Кели
    Лесна книга за читање.Премногу е едноставна за мој вкус. Типична сторија за едно семејство,забава ,откривање на минатото,нови искуства, единствено ми се допадна крајот т.е. меѓусебното разбирање помеѓу Стар и Ингрид. ;)
    9.Крај реката Педра седев и плачев-Пауло Коелјо
    Самиот автор кажува за книгата нема да спомнувам ништо..многу убава :)
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    8.Крај реката Педра седев и плачев-Пауло Коелјо
    Многу убава книга со многу инспиративни изреки.Голем дел и си препишав.
     
  17. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.734
    Пол:
    Женски
    12.Џејн Ер-Шарлот Бронте
    Џејн Ер е сираче кое не знае многу за своето семејство. Таа расте со братучедите на нејзината вујна. Тие не ја сакаат и се однесуваат со неа дури и полошо отколку кон слугите. Кога конечно ќе се побуни, ја праќаат во училиште за сирачиња. Таму животот ѝ е ужасно тежок, но Џејн стекнува образование и богато искуство.
    Кога добива место како гувернанта во куќата на господинот Рочестер, таа открива искра надеж за среќа. Меѓутоа, мистериите и опасностите што се кријат во куќата се закануваат засекогаш да ја изгаснат дури и таа мала искра на надеж. Но Џејн Ер е млада и силна жена која многу добро се познава себе си и не се плаши да го покаже тоа. Таа е решена да се бори за она што го сака.
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    За време на колоквиуми и испити најмногу читам чик литература, за да се релаксирам и да го пуштам мозокот на пасење. Затоа најприсутни на мојата многу сиромашна листа овој месец се баш таквите книги.
    6. „Љубовта не е за мене„-Федерика Боско
    Книгава е второ продолжение, но јас тоа не го знаев и си ја прочитав. Чик-лит е. Но, не ми остави некаков впечаток.
    Моника е Италијанка која живее во Њу Јорк и се подготввуа да се пресели кај свршеникот во Чешка каде што многу тешко ќе се снаоѓа бидејќи тој нема време да и посвети внимание неа, а мајка му е жена која сака во се да им се меша, а плус треба да се бори и со неговото речиси лудачко однесување кое е последица од смртта на неговата прва жена. Таа била многу убава, па Моника се споредува и се измачува со неа. Потоа наоѓа работа и колегите кои ќе и бидат пријатели и се станува подобро, но бидејќи ќе има жестока расправија со нејзиниот свршеник и неговиот најдобар пријател, ситуацијата ќе стани многу покомплицирана, Моника ќе сфати дека нејзиниот свршеник сеуште си ја сака мртвата жена, нема да можида го издржи таквиот начин на живот, ќе си се качи на авион и ќе си замини. Има уште едно продолжение на книгата, но не би го читала, освен ако немам избор.

    7. „Во лов по Хари Винстон“-Лорин Вајзбергер
    Книга која ја имав прочитано пред неколку години на српски, но поради разликата во насловите не знаев дека се работи за истата книга, а ја зедов набрзина убедена дека е некоја нова и не ја прочитав задната корица. Па одлучив кога веќе ја зедов пак да ја прочитам, секако ја имав заборевено содржината.
    Три другарки, сосема различни, одлучуваат да направат големи промени во нивниот живот. Адриана- супер згодна Бразилка која не работи затоа што е пребогата по цел ден „виси“ по козметички салони, фризери итн и спие со многу мажи, го прифаќа предизвикот да се смири и да си најде сериозен дечко кандидат за иден сопруг.
    Еми-мирна девојка која има свршеник, но тој и раскинува поради помладата инструкторка, која ја плати Еми за неговиот роденден. Еми имала само три дечковци за нејзините 30 години и го прифаќа предизвикот да спие со повеќе мажи. На секој континент по еден.
    Лиа-има совршен дечко кој го посакуваат повеќето од девојките на Менхетен, но таа и после една година излеување сеуште не е заљубена во него како што сите очекуваат од неа. Работи во издавачка куќа. Лиа не прифаќа никаков предизвик бидејќи нејзините другарки сметаат дека таа нема што да менува во нејзиниот совршен живот. Но, Лиа ќе биди таа која ќе промени најмногу.
    Интересна книга, која јас ви ја препорачувам, доколку сакате да одлетате и да си го одморите мозочето.

    8. „Некој како тебе“-Сара Десен
    Се работ за две најдобри другарки кои имаат по 15-16 години. Хали и Скарлет. Тие се многу блиски и се прават заедно. Хали има мајка терапевт која сака на неој начин да контролира со нејзиниот живот и две седмици пред крајот на летото ја пушта во сестрински камп. Хали една ноќ добива телефонски повик доцна во ноќта, а тоа е Скарлет која се јавува да и каже дека нејзиното момче Мајкл загина во сообраќајка со мотор. Хали веднаш се враќа во нејзиното соседство за да биди покрај Скарлет. Но, по еден месец од сообраќајката Скарлет дознава дека носи дете од Мајкл, со кој спиела само еднаш-ноќта пред сообраќајката. Тие се заштитиле, но кондомот им пукнал, а бидејќи на Скарлет тоа и било прв пат не се загрижила воопшто, но одлучува да го задржи бебето. Понатаму се прикажани сите моменти од бременоста на Скарлет и колку голема поддршка и беше Хали се до крајот. Љубовните проблеми на Хали (која се забавува со најдобриот другар на Мајкл, Мејкон, лошото момче кое всушност не ја сака), завршуваат кога тие двајца ќе направат сообраќајка во која ќе настрада Хали, а тој нема ни да ја придружува до болницата. На крај се се завржува добро, а бебето на Скарлет го добива името на Хали.
    Повеќе е приказна за тинејџери, но е убава, лесна за читање.

    Имав во план уште две книги, за овој месец, но не стигнав да ги прочитам.
    Зедов од библиотека една книга која беше спомната во „Љубовта не е за мене„ се вика „Нему едноставно не сте му важна“.
    Кога ја видов во библиотека веднаш ја зедов, без да видам што е. Прочитав некои 90 страни со надеж дека нешто ќе се промени, но не. Книгата е ужас. Не ја земајте ако ви се падни в раце.
    Поентата е да ви кажат дека доколку мажот не ви се јави бидејќи е зафатен НЕМУ ЕДНОСТАВНО НЕ МУ СТЕ ВАЖНА. И тоа се повторува постојано и многу иритира, стилот на Грег премногу иритира.
    Значи се работи за книга во која се наоѓаат меилови од жени, а Грег им одговара како демек им помага да ги решат љубовните проблеми. Проблемот е што тој и кога треба и кога не треба пишува дека треба врската да се раскини затоа што не му сте важна на вашиот дечко, сопруг, свршеник. Дека не постојат зафатени мажи, дека не постојат мажи кои се премногу уморени за да водат љубов со вас итн. Книга во која тој си се прикажува како совршен маж. Глупост невидена. :)
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Март

    Овој месец ќе го прогласам за месец на книги со тешки етички пораки и преиспитувања. Ниедна од книгите на мојот список не е релаксирачка, ни па се чита во еден здив, напротив. Сепак, тоа е токму она што и барам од литературното дело - да ме остави уште долго да го средувам виорот од мисли и чувства во мене :) ...

    8. Прашките гробишта - Умберто Еко

    Ова дело на Еко е всушност совршен показател за тоа како се ,,создава,, светски заговор и колку лесно се образуваат стереотипи, кои го обликуваат човечкото мислење во непредвидени насоки на движење на омразата кон одредени групи, дури до потреба од нивно целосно елиминирање од лицето на земјата...

    Еко маестрално изградил сижејно дејство во кое раскажува за политиките, тајните служби (француски, италијански, руски, пруски...), аферите, меѓудржавните релации, масоните, језуитите, јудеистите, антисемитски настроените организации и поединци, заговорништвото, политичките интриги и сл. во текот на 18-от и пред се‘ најмногу во текот на 19-от век, на подрачјето на Италија и Франција.
    Главен лик е капетанот Симоне Симонини, еден врвен интригант и ненадминат мајстор во занаетот на фалсификувањето, екстремно алчен за пари и прилично мизантропски настроен, кој ја смета омразата и презирот кон луѓето за природни, единствено што всушност љуби е – добрата кујна. Како пар екселанс измамник, во новелата тој е врбуван и работи за многу тајни служби, неретко и истовремено, уништувајќи го секој кој ќе му застане на пат немилосрдно, исто како што и немилосрдно ги користи сите за остварување на свои лични цели. Антисемитските чувства му ги всадил во глава, уште од малечок, неговиот роден дедо, па низ децении и децении Симонини ќе ги создава Протоколите, кои послужиле како рамка, за едно од најконтроверзните дела во човековата историја – Протоколите на сионскиоте мудреци, кое што се смета како директна инспирација на Хитлеровиот етноцид врз Евреите, поточно за неговата силна пасија на нивно конечно и темелно уништување во логорите на смртта во текот на Втората светска војна...

    Иако и денес има неонацисти кои се уверени дека текстот е автентичен, сепак, преовладува мислењето дека станува збор за обичен фалсификат, објавен во Русија од страна на Сергеј Нилус. Текстот, како што покажале анализите, е комплетен антисемистски препев на делото Разговор помеѓу Макијавели и Монтескје на оној свет кое е напишано 1864 година од страна на францускиот сатиричар Маурицио Жоли (кој исто така се среќава како лик во делото). Тука ги среќаваме и Сигмунд Фројд, Лео Таксил, Дијана Вон, Драјфус, Виктор Иго и многу др. личности кои навистина постоеле... Се надевам дека ова е повеќе од доволно за да ги заинтригира љубителите на овој литературен жанр...
    И Еко не би бил Еко, ако на крајот не го шокира читателот со едно оригинално обраќање...

    9. Пеколен портокал (A Clockwork Orange) - Ентони Бурџис

    Во оваа книга претставено е едно футуристичко дистописко општество, каде групи на млади ултранасилни хулигани, организирани во помалечки банди од по 4-6 члена, под дејство на наркотици, вршат невиден терор врз невини граѓани, во доцните ноќни часови. Насилството е дадено преку крајно вознемирувачки во својата експлицитност и вивидни описи, вистинско хорор-шоу, што би рекол Алекс...

    Нашиот водач низ нарацијата е токму водач на таква група, во која покрај него самиот – Алекс, членуваат и неговите ,,друзја,, Џорџ, Пит и Шути. Алекс е очигледно интелигентено петнаесетгодишно момче, кое наоѓа огромно задоволство во редовното насилство во секакви форми и најразлични изопачености (тепање, силување, крадење, малтретирање и сл. на секоја жртва која ќе се најде на патот) и исто огромно задоволство пројавува и при слушањето на класична музика... Предаден од своите другари во рацете на полицијата, во едно од нивните ноќни лудувања низ градот, Алекс завршува во затвор поради убиство. Одбран е за прв ,,волонтер,, на новата владина експериментална програма за двонеделна трајна рехабилитација на криминалците... Всушност, станува збор за претворањето на човекот во автомат или играчка на навивање, без слободна волја за избор и морално разликување на доброто и злото, туку бирањето на доброто по пат на условување преку неконвенционална терапија. Се наметнува и прашањето дали екстремниот социопат (кон чии грозоморни чинови чувствував краен презир и гадење) е всушност само жртва на едно неразумно и високо хаотично општество (да, во одреден миг открив дека дури и го сожалувам), во кое насилството е далеку повеќе правило, отколку исклучок, а системот на казнување целосно извртен.

    Делото е интересно и од аспект на анализирање на дихотомијата во човековата природа и од аспект на моралниот принцип на избор преку постоењето на слободната волја, но пред се‘ и поради оригиналниот сленг кој го создал авторот и на кој, лично јас бргу се навикнав и ми беше крајно забавен...

    10. Стакленото ѕвоно - Силвија Плат

    На почетокот на делото, кога младата Естер Гринвуд, преку конкурс на едно модно списание добива едномесечен престој во Њујорк, нарацијата е лесна, забавна и има типично женски, ама искрен и природен тон во себеси. Тука ги следиме доживувањата на Естер, начинот на кој го перцепира животот во големиот град, во тој период ќе се случи и егзекуцијата на еден брачен пар поради политички причини, понатаму нејзиното дружење со Дорин и Бетси, два дијаметрално спротивни ликови, забавите и средби со момчиња, како и сеќавањата за почетокот на врската со Бади, нејзиното момче и разочарувањето во него.

    Меѓутоа, по враќањето на Естер во родното место, настапува мрачниот дел, нејзиното се‘ поизразено тонење во депресија и суицидните тенденции. Доколку целта на авторката била да ја рационализира психичката состојба и доближи нејзината искрена појавност, манифестации, тек и сл. тогаш таа цел е повеќе од остварена.

    Откако ја завршив, размислував долго дали книгата би ја препорачала да ја чита личност која е во депресија. На оној кој не е во депресија е лесно, ако има интерес секако, веројатно ќе му биде предизвик да допре до она што навистина се случува мисловно и емоционално, кај луѓето, кои го чувствуваат стакленото ѕвоно, кое ги притиска безмилосно и не сака да ги ослободи надвор од него. Ама, не знам што да одлучам во врска со препораката кај луѓето кои веќе се во депресија. Бидејќи ако депресијата е во почетен стадиум, може ќе е добро да го видат нејзиниот натамошен тек, ама што ако всушност е полошо... Немам конечен одговор.

    11. Браќата Карамазови - Фјодор М.Достоевски

    Најпрво, книгава е и премногу комплексна, на повеќе нивоа и обработува покрај основната тема, огромен број други, кои и не би било благородно, а ни праведно да бидат окарактеризирани како споредни.

    Приказната го следи детството и момчешките години и навлегувањето во зрелост на тројцата законски синови на Фјодор Карамазов, од неговите два брака – Дмитриј, Иван и Аљоша, но и неговиот четврти, вонбрачен син Смердјаков неизоставно мора да биде споменат, морам да нагласам дека всушност Фјодор е декларативен родител, бидејќи од сите деца кои ги создал, ниедно не го одгледал. Таткото и најстариот син Дмитриј навлегуваат во љубовен триаголник со каприциозната Грушењка, од цела таа семејна збрка доаѓа до убиство на Фјодор, кој е виновникот, дали станува збор за планирано таткоубиство или не, дали ќе биде обвинет и казнет правиот виновник, нема да откријам секако во целост. Има и уште една приказна во самата сага за Карамазови, тоа е онаа на несреќното семејство Сњегирјови, со посебен акцент на малиот горд Иљушечка.

    Сите кои ќе пројават интерес кон оваа исклучителна книга, која е воедно и религиозно-филозофска, идеолошка, етичка, психолошка, социолошко-историска расправа и уште многу многу повеќе, им обрнувам внимание да го проследат со крајна концентрација разговорот на Иван и Аљоша во ресторанот, една од најмаркантните сцени и дебати водени во литературата. Исто како што веќе напоменав нема да разоткривам за да не ја расипам магијата, само ќе нафрлам некои скокотливи сегменти - верата во Бог, но не и во неговата креација, меѓудругото и поради тоа што дозволува децата солидарно да учествуваат со возрасните во колективниот грев, бремето на изборот на доброто и злото диктиран од слободната волја, љубовта кон луѓето откако ќе ти го откријат своето вистинско лице итн. итн. Многу е мисловно-провокативна, но и суштински религиозно себепреиспитувачка во убедувањата токму оваа сцена.


    Достоевски воведува и нов поим карамазовштина и карамазовски тип на човек, тоа е всушност човек кој оди во екстремности на двете бездни, едната е нагонската, страсната, сетилната и анимална природа, другата е рационалната и свесна природа. Проблемот е што големата морална борба на спротивностите кај карамазовскиот тип луѓе води неминовно до зло, несреќа, (само)уништување – убиство, самоубиство, лудило, лична поради семејна трагедија...Овој конфликт е најизразен кај Дмитриј, во неговата импулсивна и еруптивна појава е дури чудно колку е секогаш на чекор од великодушност или пак од зло во однесувањето и делувањето... Иван е мислителот и филозофот, голем скептик во поглед на човечката и божествената правда, симпатично луциден, напати шокантно изненадувачки н‘рд гледано од денешен аспект, а Аљоша е сеопшт љубимец и на семејството и верувам на цела читателска воајерска публика, тој исто како, или поточно заедно со кнезот Мишкин од Идиот, веројатно се најрепрезентативни литературни примери на човечкиот идеал, во секаков поглед, по сите христијански, но и световни мерила...

    12. Се викам Црвено - Орхан Памук

    Една од особеностите на оваа книга е што се менуваат нараторите, иако нарацијата хронолошки си тече и што како наратори не се само човечки ликови, туку и насликани дервиши, ѓаволот, ат, пес, златник, починати луѓе, дури и црвената боја...

    На крајот од 16-тиот век во Истанбул, во врска со таинствената книга, по нарачка на Султанот, во која треба да се претстави сјајот и големината на Османлиската Империја пред западниот свет, сепак се нарушуваат извесни дотогаш усвоени уметнички традиции и се случуваат две убиства, убиецот или катиљот, е еден од понудените ликови и низ неговото творештво треба да трагаме по него.

    Памук е навистина извонреден автор, чудесна е моќта преку зборови да ти бидат доловени уметнички дела со толку голема прецизност, да се почувствуваш како да патуваш низ сокаците заедно со Естер бовчаџиката и тајните љубовни писма, да трепериш заедно со башсликарот Осман над делата на старите сликари во Азното на Сарајот, да ја негуваш цели 12 години љубовта кон саканата Шеќуре како Кара, да сфатиш кои се мотивите на сликарите и зошто слепилото го сметаат за благослов...

    Морам да признаам дека одамна не ми бил толку одвратен главниот женски лик во некоја книга. Исто признавам дека се забавував да погодувам меѓу двајцата сликари кој е катиљот, третиот го елиминирав уште од старт и иако на почеток имав лоша интуиција, на средина на книгата точно се сетив кој мора да е убиецот. Инаку, колку и да звучи морбидно во дела со вклучено злосторство - човечки жртви, секогаш посакувам мотивот да не е здодевен и предвидлив, како што се - љубов или пари. И кога сум на оваа тема, ја препорачувам и Името на розата од Умберто Еко, на сите читатели кои ќе им се допадне Се викам Црвено.

    За крај, ми се провлекува една мисла од книгата, дека и Исток и Запад се од Бога :) .
     
    На mamma-mia, Buttterfly, Magnolija и 4 други им се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    1.Моите пријатели,моите љубови - Марк Леви
    2.Силвија Плат - Стаклено ѕвоно.
    3.Продадена - Патриша МекКормик.
    4.Крвна врска - Сидни Шелдон.
    5. Ана Каренина - Толстој