1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Март

    Почнав со читање на Мали слатки откази, ама сватив дека ми е читана..

    12.The gift-Cecelia Ahern
    На почетокот досадна, бавно одвивање на дејствата, ја читав некако со сила, ама крајот бре, не за џабе се рекло крајот го краси делото, одличен, и тажен, многу.
    13.Последната песна-Николас Спаркс
    Прво го имав гледано филмот и не очекував многу од книгава, ама проклето добра беше, иако не ја доживеав некако многу емотивно како што очекував.Во секој случај ми се допадна, многу.
    14.Драги Џон-Николас Спаркс
    Уште еден прекрасен роман на Николас Спаркс, не помалку вреден од останатите, и секако далеку подобар од филмот.
    15.Надарени:Далеку од очи, далеку од срце-Мерилин Кеј
    Првиот дел од овој серијал книги,просечно интересен.
    16.Надарени:Тука сум, но не ме гледаш-Мерилин Кеј
    Хм бидејќи прво го читав првиот дел, па отидов на петиот малце ми беше збунувачки, во секој случај иста сторија, нови мистерии.
    17.Затоа што те љубам-Гијом Мисо
    Верувам повеќето имате слушнато за книгава, можеби ја имате и прочитано.Од дамна сакав да ја прочитам, и ете ми излезе прилика и тоа конечно да се случи.Искрено имав високи очекувања за книгава, но испаднаа уште подобри.Прекрасна книга, книга што верувам дека подолго време ќе ми се задржи во сеќавањето.

    И прва книга за април која почнав да ја читам Колиба-Вилијaм Пол Јанг
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Март

    Слабо и мартов ретко наоѓав време за добра книга, имав доста за учење :/

    9.Крвавата Одаја - Анџела Картер
    Приказна базирана според „Плавобрадиот“, но многу јасно повеќе ми се допадна, како и секоја книга по која е направен филм.

    Таа е 17 годишна пијанистка и ќерка на сиромашна вдовица. Тој е Француски маркиз кој зад себе има оставено уште три бракови.
    Зад вратите на огромниот замок далеку од Париз се кријат многу тајни. Од него таа добива клучеви и наредба да не употреби само еден од нив. Но забранетото овошје е најслатко, таа ја отвора забранетата одаја. Мирис на свежа крв, справи за мачење, три безживотни балзамирани тела, неговите предходни сопруги, и клуч замачкан во крв. Таа и покрај сите напори не успева да сокрие дека влегла таму, но успева да избега со помош на слепиот штимач на клавири.
    Во часот на нејзината смрт, мајчиниот инстинкт ја тера мајка и да стигне на време и да го убие маркизот.
    После неговата смрт таа е млада и богата вдовица која целото богатство го троши на добротворни цели, од замокот прави училиште за слепи а крвавата одаја е соѕидана и работите во неа спалени.
    Но не е отстранет белегот на најзиното чело од крвта на клучот...

    10.Кетрил Колиер - Ќерката на Магда

    (на англиски ја читав)

    Приказната се случува во шеесеттите години на дваесеттиот век.
    Магда Јанек е Пољакиња која после војната е принудена да замине, и за таа цел и за обновување на нејзиниот и животот на нејзината ќерка го одбира Велшкиот град Понтерпит.
    Побожна, угледна и многу почитувана жена, која цел свој живот од едно прави две и се бори против се и сешто за нејзината ќерка да биде онаква каква што сака таа.
    Хелена Вероника Јанек, млада и успешна со диплома и надеж за работно место во гимназијата од која излегла како ученичка и на праг пред олтарот со љубовта на својот живот димпломираниот доктор Едвард Нед Џон.

    Сите идеали за живот се уриваат со смртта на нејзината мајка и нејзините последни зборови кажани на отец О’Брајан „кажи и на Хелена дека ми е жал...“. Хелена и покрај сите убедувања од пријателите решава дека местото на кое треба да почива Магда е гробот на нејзиниот татко во Полска.
    Таа мисли дека знае се за себе и својот живот се до моментот кога на „татковиот“ гроб чита
    „Адам Јанек роден на 21 јануари 1919 година, загина за Полска на 26 јуни 1943 година
    и неговата ќерка Хелена Вероника Јанек родена на 5 јуни 1943 година, почината 26 јуни 1943 година“


    Дали се работи за Хелена Вероника Јанек или Лена Матилда Леман, оставам на вас да откриете, зошто јас открив ;)

    ...Тајните однесени во гроб, не секогаш остануваат закопани...

    Ме фасцинира и ја прочитав во еден здив и покрај нејзината големина. Прекрасно нешто!
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    13.Карлос Луис Зафон-Играта на ангелот
    Барселона-дваесеттите години на минатиот век.Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен,младиот писател Давид Мартин,опседнат од невозможна љубов,добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана,во замена за богатство и,можеби нешто повеќе...Низ контактот со таинствениот издавач,Давид се заплеткува во мрачна приказна што била почната пред многу години.Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа,толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.
     
    На Trendafilka и fallenangel им се допаѓа ова.
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    За 3 месеци, 4 прочитани книги. Срамота. :tmi:

    2. „Оркански височини“ од Емили Бронте
    Прекрасна книга!! :up:
    Mислам дека нема некој кој ја нема прочитано, затоа ќе ја изоставам содржината.
    Ја читав подолго време бидејќи во исто време читав и други дела за училиште. Многу ми се допадна.

    3. „Александар Македонски“ од Жан Расин.
    Од школскиве дела досега прочитани, ова ми е најдобро.
    Приказната не е толку интересна, но читањето ми беше многу забавно, зашто е пишувана во стихови и постојана рима.
    Се зборува за Александар Македонски и борбите со неговиот непријател Пор, како и за љубовта помеѓу Александар и Клеофила.
    Еве мал извадок од зборовите на Клеофила во дијалогот со Ефестион, кој најмногу ми се допадна:

    4. „Пеколни планови“ од Сидни Шелдон
    Дефинитивно една од најдобрите кои ги имам прочитано. Ја прочитав за неколку часа, едвај чекав да ја завршам страната па да ја почнам другата, премногу ме заинтригира. До самиот крај не можев да претпоставам кој е тој што ги прави сите тие добро смислени сплетки во книгата.
    Инаку, се зборува за Лесли Стјуарт - директорка во една агенција за односи со јавноста и Оливер Расел - кандидат за претседател на една држава (го заборавив името |( ), кој има цел да стане претседател на САД. Тие ќе бидат заедно, се‘ додека Оливер не ја остави за друга. Лесли се заколнува дека ќе го огорчи неговиот живот и тука почнуваат сите сплетки.

    Почнав да ја читам „Пајаковата мрежа“ на Агата Кристи, но ми се виде досадна, а и тогаш немав ни желба за читање па ја вратив во библиотека. :tmi:

    Топло ви ги препорачувам трите книги. :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    14.Полноќни спомени-Сидни Шелдон
    Во сенките од трагедијата и оптоварена со амнезија,убава жена очајнички се обидува да се врати во реалноста.Името и е Кетрин Даглас,а судбината и е уште еднаш да биде предизвик на харизматичниот моќник,Константин Демирис,грчки бродосопственик и тајкун кој го убил нејзиниот маж.Сега,во блескавите метрополи и на безгрижните игралишта од повоена Европа,Демирис својот нишан го вперува во Кертин-како и кон една единствена предавничка тајна чија поразителна вистина ја знае само Кетрин...
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Март

    11. Вампирските дневници: Борба - Л. Џ Смит
    Како што ветив, овој месец го прочитав продолжението, а видов дека излегол и третиот дел, така што овој месец ме чека. Пак ќе повторам дека серијата е подобра. Овој дел повеќе ми се допадна од првиот. Малку ми се мешаат настаните. Oпишана спротивноста на двајцата браќа вампири, вљубени во иста девојка. Минатото како да им се повторува. Тогаш биле вљубени во иста девојка (Кетрин), сега пак (во Елена). Инаку Елена е двојничка на Кетрин...

    12. Хакалбери Фин - Марк Твен
    Обично не сакам авантуристички книги, со по некои исклучоци. Ми беше лектира, и не сум којзнае колку воодушевена. Дали затоа што е слична со Том Соер т.е нејзино продолжение. Хакал е сирак кој што живее кај госпогица Даглас. Таа се грижи за него, за неговото образование и здравје. Хак и Том Соер (негов другар) добиваат огромна сума на пари, и ја носат кај господин Тачер. Татко му на Хак се појавува и тој е несреќен поради тоа бидејќи е алхохоличар и го малтретира. Татко му го зема него од кај Даглас и заедно живеат во колиба во шумата. Еден ден Хакал бега на близок остров, неможејќи повеќе да издржи. Таму се среќава со Џек, и заедно имаат авантури низ морињата. На крај, Том ќе му помогне на Хак и на Џек да се вратат назад. Џек е среќен и богат, а Хак дознава дека татко му нема никогаш повеќе да се врати.

    13. Ана Каренина - Лав Толстој (прв дел)
    Во последно време читав и слушав мислења и сите со позитивни критики кон ова дело. Ме заинтересира, па затоа ја побарав. Пишав горе прв дел, бидејќи е поделена на два тома, а овој месец успеав само првиот да го прочитам, за наредниот го оставам вториот.
    Многу ми се допаѓа начинот на кој се опишувани местата и ликовите. Добиваш слика и веднаш се преместуваш во тоа време со долгите фустани, балови, театар и опера. Имав проблем со имињата и пет-шесте презимиња на секој од ликовите, кои си ги запамтив на свој начин, па дури при крајот видов дека се сосема други. :lol: Секој од ликовите има различен карактер. Засега Левин најмногу ми се допаѓа. Не очекував вакви пресврти. Дознав имало и филм, сакам да го погледнам, но одкога ќе ја дочитам.

    Немав можност за да читам многу овој месец поради тримесечието и сите тестови.
    :hai: до крајот на Април. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    7. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон

    - Веќе напишав критика, не би пак да се повторувам. Главното, земете, читајте, баба ми веќе ја заврши. Убаво обработени ликови, фино скоцкана, внимание на детали, абе цакум пакум книгиче.

    8. Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие

    - Многу негативни работи слушнав за книгава, и некако и пристапив со резерва. На крај, сепак ми се допадна. Знаете, некако е од типот ,,приказна во приказна,, односно, животот си тече, нешто се случува ненадејно, животот пак си тече. Е, па, ете, за тоа ненајденото пишува Шевалие. :D Можела да обрне внимание на повеќе детали, пример, на плочката да бидат три деца, затоа што тие се и три во вистинскиот живот. Па кога Корнелија ќе ја скрши, тоа да биде некој предзнак, претчувство дека и нивното семејство ќе се раскрши. Има некои ситници на кои јас лично би обрнала повеќе внимание, но и вака е добра. Солидна книгичка, би ја препрочитала пак.

    Моментално го гледам филмот и го манијачам Колин Фирт, ама тоа е веќе друга тема. ]:)

    9. Џејн Ер - Шарлот Бронте

    - Класика, книга која мора да се прочита. :) Иако ја читав на македонски, иако преводот донекаде беше океј, сепак сум да се чита на англиски, кој може. Приказната е за сирачето Џејн, како е третирана, оставена... Но не знам дали сум само јас, но навистина добив впечаток за нецелосен карактер, некако, само едната страна од личноста на Џејн ми беше доловена. Дури отпосле, на последните 2 страници ја гледам како веќе созреана, сакана. Сепак ова е светски класик и сум најверојатно јас во прашање, покрај ова, се разбира дека ми се допадна. Мислам, љубовна приказна на дождлив ден, што повеќе да посакам. :D И никако да не го гледате филмот додека не ја прочитате книгата. :!:
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Многу слабо читам у последно време. Обврските и краткото време ме зашеметија. Понатака најверојатно ќе надокнатадам.

    8.Кога ќе заигра срцето - Џејн Мур
    Цитирам дека треба книгава за биде патоказ на секој брак. Во целост дејството на книгата не ми привлече внимание затоа што константно низ стотина страници ништо не се дешаваше. Крајот беше веќе очекуван. Овде веќе си создадов и сама своја имагинативна приказна со голема пресвртница и повозбудлив крај. Ако очекувате да се здобиете со некое литературно богатство, ондак книгава слободно пуштете ја од раце.
    И краток опис: Кам(главен лик) живее со своето момче веќе шест години, уствари заедно се шест години, а живеат заедно четири години. Ја преплавила монотонијата во заедничкиот живот со дечко и кој го интересира само фудбалот и видео игрите. По жед за авантура Кам се решава да замине на одмор со уште две пријателки каде запознава тип кој е по нејзин вкус и :!: ќе легне со неа.
    Погодете со кој ќе остане?
    За на плажа и пуштање мозок на пасење добра е книгава.

    9.Мокингџеј - Сузан Колинс
    Не знам дали да ја пишувам критикава затоа што пред саат време за ја завршив книгава и сеуште сум под импресии.. :D
    Ме иритира што трилогијата на Игрите на гладните ќе стане копија на Сагата Твајлајт. Пред една година кога го купив првиот дел никој не знаеше за книгава и дури кога ќе спомнев правеа кисели фаци. Денес стана премногу актуелна и всушност ќе биде преставена ко комерцијала.
    Ми се допаѓа, навистина. Не толку како првите два дела, но ми се допаѓа. Постојано очекував некој пресврт инекој настан што ќе ме фрли у делириум како што беше примерот со другите делови, но не ме спопадна очекуваното. И да нагласам не се разочарав, ама не е тоа што го очекував како завршница на трилогијата.
    Не ми се допаѓа бе завршетокот. Сакав Кетнис со Гејл да заврши. Ме погодие неколку трагични убиства. Се соживувам со книгиве дефинитивно.
    Следи уште една тура препрочитување на сите три дела.
    Вреди.
     
  9. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    15.Сидни Шелдон-Раскажи ми ги соништата
    Три преубави жени: Ешли, Тони и Алет се осомничени дека направиле повеќе брутални убиства. Мажи со кои тие се гледале и тоа во различни земји се убиени, искасапени и кастрирани.
    Сите работат во иста компјутерска компанија. Двете се пријателки, а третата девојка не ги познава другите две.
    Ешли Петерсон е американка, осамена и срамежлива компјутерџика која не згазнува ниту на мравка, но таа има чувство дека некој ја следи, дека сака да ја убие иако не знае зошто. Тони е англичанка, дрска кавгаџика склона кон луди ноќни прошетки и флертувања на интернет. Алет е смирена, наивна италијанска уметничка душа.
    Полицијата ќе ги уапси и следува едно од најбизарните судења на векот. Заснована на вистински настани, оваа книга нè води од Лондон и Рим до Квебек и Сан Франциско и нè остава со гримаса на изненадување.

    Полноќни спомени не ја ни дочитав од што ми беше досадна
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    4.Мостот на Дрина - Иво Андриќ
    Еее времиња беа тоа кога почнав да ја читам :D . Конечно успеав да ја прочитам, ама за таа сметка меѓувремено прочитав и други. Најголем впечаток ми остави Лотика. Толку силна жена, просто да и се восхитуваш, штета што на крај ја снајде таква судбина.
    Ќе препишам еден дел од последните страни што ми се допадна.
    ...Така е тоа, си вели чорбаџи Павле сам на себе, така е тоа: се те учи и те тера да работиш и да штедиш, и црквата и власта и твојот сопствен разум. И ти слушаш и внимателно одиш и праведно живееш, поправо и не живееш, туку работиш и штедиш и се грижиш, и векот ќе ти помине во тоа. А после наеднаш, ќе се изврти и ќе се изопачи целата таа игра, настапуваат времиња кога луѓето почнуваат да му се смеат на разумот, кога црквата се затвора и молкнува, а власта занемува со гола сила, кога оние што печалеле чесно и крваво губат, а безделниците и насилниците печалат. И никој не ги признава твоите напори и никого нема да ти помогне и да те посоветоува како да го браниш заработеното и заштеденото. -Може ли тоа да биде? Зар тоа може да биде? -Се праша чорбаџи Павле непрестајно и не наоѓајки одговор се враќа одново на почетокот на својата мисла за загубата на се...

    5.Диво месо - Горан Стефановски
    Кратка драма, која ја прочитав за 2-3 часа. Интересна и поучна дека не треба на секого да се верува и дека родителите секогаш им мислат најдобро на своите деца.

    6.Големата вода - Живко Чинго
    Проклет да бидам.
    Роман раскажан од детска перспектива, за животот на децата сирачиња. Сместени во дом за сирачиња мораат сами за себе да се грижат. Соништата им се забранети, но покрај се` тие сонуваат, сонуваат за големата вода, што всушност претставува нивната слобода.

    7.Игра во р`жта - Џ. Д. Селинџер
    Ја прочитав во еден здив. Премногу ми се допадна. Холден е цар. На пати ми беше одбивен што е толку хејтерски настроен буквално кон се. Ми се допаѓаше начинот на кој е претставена Феба и нивниот однос.
     
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    6. Теодора (последната Римска царица) - Стела Дафи
    Ја вбројувам во уште една од оние кои ми се допаднаа.
    Историски роман представен на многу реален начин.

    На почетокот писателката ја представи Теодора со многу строг карактер од оправдани причини.
    Таа беше своеглава девојка, непослушна со долг јазик, секогаш ја имаше моќта, уживаше во добро а трпеше зло. Импулсивна девојка, и никогаш не дозволуваше некој да влијае врз неа и да и кажува што да прави. Сакаше секогаш нејзиниот збор да биде последен.

    Менандер, нејзиниот учител на почетокот и велеше те знам јас тебе, ти копнееш по внимание и побргу ќе ги прифатиш казната и болката отколку пофалбата зошто ти изгледаат повозвишено. Таа беше буквален мазохист. Тој ја тепаше а таа бараше уште повеќе.
    Беше премногу дрска со него и иако тој ја тепаше цело време бидејќи таа му возвраќаше на секој збор, таа сепак го сакаше најмногу на свет. Еден ден сакаше да му се заблагодари но тој и ја тресна вратата.Беше премногу паметна. Беше научена да слуша исто колку и да говори.

    Ова беше нејзиниот карактер во детството. Изграден бидејќи суровата судбина ја натерала на тоа поради губењето на нејзиниот татко.
    Но писателката ја преобразува од сува и огорчена жена во маестрален лик кој почнува да си ги покажува чувствата со пронаоѓањето на својата љубов.

    Неможам да се одлучам дали преобразената Теодора ми се допадна, но дефинитивно ми се допадна онаа Теодора на почетокот. Начинот на кој се однесуваше со сите околу неа. Како се претстави самата себе.

    7. Недоразбирање - Албер Ками
    Уште едно дело на Ками коешто ми се допадна.

    Сеуште немам проверено на интернет која книга прво е напишана, но си претпоставувам дека ќерката и мајката во драмата се конструирани од ликот Мерсо од ''Странецот'', или Мерсо во двата чина е конструиран од мајката и ќерката. Мерсо и покрај се тој се променува, но Марта останува иста. Останува сурова жена која е огорчена од љубовта која мајка и ја дава на брат и и по 20 години. Таа и покрај дознавањето на вистината не го променува своето мислење. Си останува на него. Не зажалува што го убила брат и, па макар и би го направила тоа без размислување и вториот пат.
    Иако е драма, јас бев воодушевена од начинот на кој писателот го отслика секој детал.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ги прочитав “ Госпоѓа Бовари„ од Г.Флобер и “Јужно од границата, западно од сонцето“ од Мураками.
    Вкупно прочитани четири книги, следни за читање се “Норвешка шума“ од Мураками и “Мајка“ од Максим Горки.

    Да кажам збор- два :D за делата што ги прочитав.

    “Госпоѓа Бовари“ е дело кое што припаѓа на францускиот реализам, каде што е опишан животот на една жена, која има многу поголеми апетити и очекувања за животот отколку што има способности и капацитети истите да ги оствари.
    Ќерка на еден фармер од зафрлено француско село, таа фантазира дека ќе доживее некоја голема љубов, како од романите кои што ги читала.
    Кога годините минуваат, а таква љубов која ќе ја здрма не се случува, таа сепак решава да се омажи за човек со каков-таков статус во општеството, за лекарот Бовари, кој по игра на случајноста го запознава, кога истиот доаѓа да ја излекува скршената нога на татко и`.
    Тогаш оженет човек, но за кратко време млад вдовец, тој постепено се заљубува во убавата Ема.
    Некоја голема сила го влече кон младата девојка, го тера постојано да ја посетува, се додека не стане сосема нормално и очекувано барањето на нејзината рака.
    Тоа се прекрасни денови за Шарл, со неколку пациенти, скромна куќа и убава жена- мисли дека нема што повеќе да бара од животот.

    Но дали така се чувствува и младата госпоѓа Бовари?
    Можеби и ќе се помирела со тој скромен провинциски живот, ако судбината не ги одвела неа и маж и на еден раскошен бал, во прекрасна палата, каде што го видела целиот сјај кој што го нуди животот- дами во прекрасни фустани, и господа со манири кои оставаат без здив.

    Во споредба со нив нејзиниот живот и Шарл изгледаат мизерни.
    Така нејзината негативна внесеност во маж и` расте од ден на ден, фрустрациите си ги лечи со шиење скапи облеки, читање книги за Париз, и прошетки со младиот писар, нивен семеен пријател.
    Нивните прошетки им годат на двајцата, Леон- писарот трепери од шушкањето на нејзиниот фустан, а таа е свесна дека тој е опиен од неа.
    Сепак, не дозволува да одат понатаму во уште поголема интимност.
    Сака да биде чесна жена и успева во тоа, за право на вистината, бидејќи Леон заминува да студира право во Париз.
    Но, тоа не е крај на искушенијата- еден шармантен заводник, ерген- сопственик на имот во близина на домот на Бовари паѓа на нејзиниот шарм и убавина, ама за разлика од младиот и неискусен Леон, тој не се воздржува тоа што го посакува и да го земе.

    Почнува една страсна љубовна врска, различно сфатена од двајцата- за љубовникот е само една авантура, а Ема се надева дека после трите години тие заедно ќе избегаат, спремна е и да ја остави ќерката која ја има со Шарл, спремна е да се откаже од се`, во име на страсниот љубовнички живот.
    За нејзина жал, бидува оставена- вест која многу тешко ја прифаќа и запаѓа во тешка нервна состојба, просто хибернира.

    За да ја разоноди, една вечер Шарл се решава да ја одведе на театар во блискиот град Руан, каде што таа повторно го здогледува Леон- сега самоуверен маж.

    Дали и овој пат ќе му одолее?
    Дали повторно ќе успее да го лаже маж и`, впуштајќи се во љубовен триаголник?
    Што ќе се случи на крај со госпоѓа Бовари?

    Тоа ќе го дознаете ако ја прочитате книгата која според мене е една реална слика за животот во тогашното француско општество, за жената која очекува многу, но прашање е дали има потенцијал истото и да го добие, и прашање е дали го заслужува.
    За жал, работите и после толку векови не се сменети многу- сеуште ги има таквите жени, и заљубените сопрузи, и страсните љубовници полни со заведувачки зборови, се` е речиси исто освен сценографијата :) .


    Другата книга “Јужно од границата, западно од сонцето“ ја прочитав во еден здив.
    Книга поразлична од тие што ги читам, сепак ми остави впечаток.
    Не знам дали дека последен филм што го гледав беше “Хирошима моја љубов“, меѓутоа за мене Хајмие беше токму главниот лик од тој филм, а Шимамото, па неа си ја создадов сама.
    Чудна книга, во која се опишува една платонска љубов помеѓу две деца кои се соседи и заедно учат на училиште.
    Тие речиси секое попладне го поминуваат во домот на Шимамото, слушајќи ги плочите на татко и` и мечкаејќи и самите не знаејќи за што, за нешто убаво што е јужно од границата... :)
    И двајцата се единци, па затоа има некоја чудна поврзаност меѓу нив, се сфаќаат на некој начин, познат само за нив.
    Шимамото има проблем со одот, криви со едната нога и затоа не може да си игра како другите деца, но тоа не го оддалечува Хајмие од неа, напротив, тоа за него ја прави Шимамото уште попосебна.
    Тогаш имаат по дванаесет години, деца кои не знаат што точно чувствуваат еден за друг, но сепак знаатдека нивниот однос е посебен.

    За жал тие се разделуваат- секој тргнува да учи во различно средно училиште и аналогно на тоа, патиштата им се разидуваат.
    Хајмие продолжува со животот, има девојки, но секогаш во нив ја бара неа, ја бара Шимамото.
    Се оженува, има две девојчиња и навидум живее совршен живот, се додека една вечер, после 25 години во џез барот кој што е во негова сопсвеност, влегува шармантна жена која го освојува уште на прв поглед.
    Не е ни чудно- тоа е Шимамото.
    Истата жена, која тој пред 8 години ја следел низ градот, мислејќи дека е неговата Шимамото, но не осмелувајќи се да и викне- сега повторно седи тука покрај него, кршејќи го толку лесно неговиот совршен свет, разбивајќи ја мирната вода на неговиот живот.
    Или никогаш не била мирна водата?
    Секогаш бил во потрага по неа, по неговата совршена половина.
    А сега таа е повторно тука, поубава но и мистична како никогаш претходно.

    Го опијанува, доаѓа ретко, најчесто во ноќите кога врне, а остава печат во неговата душа кој трае и ја гори душата при помислата за неа, при прашањето кога повторно ќе го почуствува.
    Таа неизвеснот трае долго, се додека една вечер не решаваат да ги спојат нивните тела, како што одамна ги споиле нивните души.
    Одат во викендичката на Хајмие, страсно водат љубов цела вечер, секс кој почнува на чуден начин, и завршува на уште почуден, кога осамнува утрото со само една личност во постелата.

    Шимамото ја нема.
    Дали и воопшто постоела? Која е всушност таа? Која била нејзината приказна?

    Прашања со кои тој треба да живее до крајот на неговиот живот, надевајќи се дека нема да заврши западно од сонцето.
     
    На Mayyya, Magnolija, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    5- “Норвешка Шума„- Харуки Мураками една од најмоќните, најемотивните книги што сум ги прочитала и една од моите фаворити засега. Би ви препорачала да не го гледате филмот пред да ја прочитате книгата кој не е споредлив воопшто со самата книга. Во целата книга се раскажува судбината на Тору. Книгата е напишана во скоро разговорен стил. Многу сцени со тага, секс, возбуди, загуби неодумие.. Многу забележителни моменти. Не ви кажувам ништо подлабоко само ќе ви речам нема да жалите! Мене ми одеше малку поспоро читањево дека на англиски, ми одзема време ама не се каам воопшто!

    6- “Што би правел јас без тебе„ - Гиом Мисо ( Ми ја подари другарка пред да се вратам овде и можам да ви кажам се чита во еден здив). Ми беше пријатна дружба во авион. Сите книги од Гиом Мисо ми се некако слични, но секогаш убави. Во оваа опишува една љубов на Габриел која започнува во Сан Франциско, завршува и повторно се спојува со нејзиниот Мартен. Во целата приказна се вклучува татко и, која таа не го познава и е крадец, а Мартен е оној што го гони.. не ви кажувам натаму.. препорачувам!!!

    Како седма сакам да ја почнам - “7000 Дану Сибиру“ на српски ми е.. од Карло Стајнер..огормна е ама мислам дека ќе вреди и ова според филмот кој го имам гледано..
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    16.Канцониерот-Францеско Петрарка
    Лаура е неговата вечна љубовна тема, неговата неостварена и недостижна љубов. На моменти таа љубов е платонска, слична на онаа на Данте кон Беатриче, но многу почесто Петрарка копнее кон телесното. Тој сака да ја допре, да ја гали, да биде со Лаура. Тој се восхитува на нејзината телесна убавина, на нејзиното лице, очи, усни. Таа не е светица. Но, сепак, воспитан во патријархален дух, тој не си дозволува да направи покрупен чекор и да ја оствари таа „забранета“ љубов - и затоа само копнее по неа.
    Обично не читам поезија,ама ова дело ми се допадна многу
    17.Јелена Бачиќ Алимпиќ-Рингишпил
    Главен лик во овој роман е Ана Балинт која сега е на смрттна постела и пред засекогаш да го пронајде својот вечен спокој се навраќа уште еднаш на своите спомени, на убавиот и шарен рингишпил од нејзиното детство.Ана имала среќно детство на чифликот на нејзиниот татко Стеван и баба ѝ Дара, таа уживала во селскиот живот, во дружбата со својот најдобар другар Ѓорѓе и во нивните игри на рингишпилот на баба Дара. Но нејзината мајка Ленка во своето преубаво девојче го препознава несекојдневниот талент за балет кој Ана го носи во себе. За тоа разговара со својот сопруг, но тој не се согласува со неа Ана да оди на часови за балет. Па поради тоа во една мугра на седми август 1938 год. Ленка заедно со Ана скришно од сите го напушта чифликот и ја носи Ана во Белград во балетското училиштето на Клара Сич која на времето била позната балерина во „Бољшој театар” во Москва.
    Ана и Ленка започнуваат нов живот во големата престолнина и Ана напорно вежба подготвувајќи се за својата светска кариера во Русија. Но Ана никогаш ниту за момент не ги заборава спомените од своето среќно детство покрај рингишпилот. Конечно на осумнаесет годишна возраст Ана заминува во Русија и ја започнува својата кариера во „Бољшој театар”. Сите се маѓепсани од нејзината несекојдневна убавина и огромниот талент на Ана Балинт но дури тогаш започнуваат нејзините страдања и пресврти во нејзиниот живот.
     
  15. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    тоа може и се остварува преку двата распусти само зависи од човекот :D
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    A тој што нема распуст?
     
    На La.Reina.Del.Sur и ljubam им се допаѓа ова.
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    9.Црнила-Коле Чашул

    10.Парадоксот на Диоген-Томе Арсоски

    Последно време ги читам овие што ми се за на школо,и за матурскиот испит.Не би ви раскажувала за нив верувам повеќето и ги знаете.
     
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    17.Карлос Луис Зафон-Септемвриски светлини
    Зафон во оваа книга нѐ носи во Париз каде што по смртта на сопругот и таткото, Симона и нејзините две деца Ирена и Доријан го напуштаат градот на светлината и ја прифаќа работата како домаќинка во необичната куќа на мистериозниот производител на играчки, Лазарус Јан.
    Но, навидум идиличното местенце во Син Залив крие свои мрачни тајни: огромната куќа населена со механички суштества, енигма на необичните светлини што сјаат низ маглата околу островчето со светилник и суштеството од ноќниот кошмар што се крие во најголемата длабочина на шумата. Овие мистерии случајно ќе ги спојат младите Ирена и Исмаил во текот на едно волшебно лето, кое засекогаш ќе остане врежано во нивните срца.
    Се надевам дека ке биде исто толку добра ко и претходните 3 што ги прочитав од Зафон
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    10. Внимавај што посакуваш - Александра Потер

    Лесно, кежуал книгиче кое се чита за ден-два. :) Одамна ми беше желба да ја прочитам и најслучајно ми падна во раце. Чик-литература, мислам дека би ми било поинтересно ако го читав на англиски, сите чик-лит ми се позабавни така затоа што има нови и интересни зборчиња. Книгава е како да читате весник или магазин, не е некоја длабока или со којзнае си каква УАУ-длабока порака, ама за одмарање мозок е супер.

    Зборува за тоа дали навистина сакаме да ги имаме работите кои мислиме дека сакаме... Всушност излегува дека некогаш ги преувеличуваме желбите и многу идеализираме некои работи и постапки, што не ги гледаме нивните негативни страни. Од таа страна, навистина ме замисли. Што би било, кога би било. Да се разбереме, не дека не можев да заспијам од што го мислев тоа. :D

    Би читала уште книги од писателкава, баш барав да си симнам онлајн, ама нема фор фри :D . Ако некој знае торент/е-книга за која било од нејзините книги, нека сподели со мене. :D
     
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    10. Црвениот хипкрит - Божин Павловски. Прекрасна книга за моќта и немоќта мн ми се допадна. За луѓе кои немаат па имаат, за луѓе опседнати со самите себе, ненимавајќи дали некој др повредуваат, не грижејќи се за семејството се обидува да си го живее сопствениот живот приотаводејќи гово пропаст со себе и семејството. Ја преорачувам на сите.

    11. Ракописот Q мислам дека беше од Џонатан Раб. Се работи за еден древен свиток кој доаѓа до рацете на отец Пирс, кој се труди да открие за што станува збор, приота поминувајќи низ мн перипетии, ставајќи го многу пати сопствениот живот и животот на најблиските на коцка за на крајот да свати дека....
    Не откривам ќе прочитате и самите....

    12. Љубовта трае три години - Фрдерик Бегбеде.
    Нешто што воопшто не ми личи на бестселер. воопшто не ми се допадна и немам никаков коментар.