9. „Дневникот на една собарка“-Октав Мирбо Spoiler Едно од најскандалозните дела во тоа време кое е напишано со префинетиот стил на Мирбо. Селестина е страствена слугинка која служела во многу семејства и во Париз и во села и кај добри и кај лоши луѓе. За време на нејзиниот престој кај едно богато семејство Селестина се навраќа на сите семејства кај кои служела и раскажува за неморалот, бедата и сите гнасни работи кои буржоазијата е способна да ги направи. Се што се случува зад ѕидовите на оние кои глумат најдобри, најфини...Со неколку зборови Селестина раскажува за мизеријата на богаташите во тоа време. 10. „Рајот може да почека“-Кели Тејлор Spoiler Луси треба да се омажи за Вистинскиот, нејзиниот совршен свршеник Ден. Единствен проблем е што таа умира на еден ден пред свадбата. Пред да умри тие имаа мала расправија и кога Ден на заминување и рече „те сакам“ таа не рече ништо затоа што беше лута, а потоа умира. Тоа ја измачува не сака последниот разговор со него да и биде расправија, а и не му возврати на неговото те сакам. Затоа нејзиниот избор е да се врати и да изврши задача која ќе и биде дадена за да може да биде повторно со него, а рајот може да почека. Интересна забавна книга, за пуштање на мозокот на пасење. 11. „Засекогаш во срцето“-Весна Дедиќ-Милојевиќ Spoiler Три пријателки и три актерки Надежда, Тамара и Маринела. Секоја позната по нешто, но сепак едната е најдобра од сите во совјата работа. Се раскажува за нивните животи во триесетите, проблемите, падовите и издигнувањата, нивните семејства, љубовниците. Книгата ја пишува Тамара додека чека во ходникот на болницата нејзината пријателка Надежда да се разбуди од кома. Кога ја прочитав краткјата содржина многу ме привлече и очекував многу повеќе од книгата, но не ми се допадна и не ми е јасно зошто се кренала толкава фама околу неа. Ова дефинитивно не е книга што би ја препорачала. 12. „Кујна“-Лили Прајор Конечно ја најдов и ја прочитав по препорака на Каша. Spoiler Роза Фјоре уште од најмали нозе готви и ужива во тоа. Месењето на тестото ја смирува кога е нервозна. Да не должам во книгата Роза раскажува за својот живот од раѓање па се до некои нејзини 40 години. Таа прво живее на село со нејзиното семејство потоа заминува од таму и оди во Палермо. Таму се вработува како библиотекарка и живее сама во една изнајмена соба. По 25 години во Палерно таа во библиотеката го запознава Инглезе. Понатаму не ви кажувам што ќе се случува, затоа што нема да биди интересно ако некој одлучи да ја чита. Јас очекував повеќе. Не сум разочарана, далеку од тоа, но... „Пикантна приказна за сексот, рецепти и убиства зготвени на огнот на сицилијанската кујна. Роман кој врие од страст и екстравагантни описи. Кај читателот предизвикува чувство на топлина, задоволство и внатрешна хармонија“. Ова е тоа што го пишува на задната корица на книгата, а не ги исполни сите мои очекувања, но добра е во секој случај.
10. Загубениот симбол - Ден Браун Spoiler Тоа сум јас, тоа е мојот стил. Баш погодено. До последна страна сум читала во неизвесност. На некои случки останував со подотворена уста. Интрига и мистерија. Колку и да не се точни работите што се дешаваат мене ми е интересна приказната која се дешава за помалку од 10 часа. Значи гениј треба да си за да напишеш приказна од 500 и неколку страници, а таа се дешава за помалку од едно деноноќие. Дефинитивно се исплатеа 500 ден. што ги дадов за книга. А да, и книгава не е дефинитивно за на плажа. Книгите на Ден Браун не се раскажуваат, тие само се читаат. Сеа ок, зависи и од вкусот на читателите, но според мене она што го создава е masterpiece и ми се допаѓа. Роберт Лангтон и неговите неиспланирани авантури, дешавки и дешифрирани шифри у последен момент, 11. Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ Spoiler Лошо, многу лошо. Премногу. Одамна немам читано волку катастрофална книга. Според коментарите очекував нешто поспектакуларно. У тек на целото читање, се мислев дали книгава е копирајт од дневникот на некое третооделенче. Воопшто нема содржајни дијалози, приказната скоро и да ја нема, млако ептен. Така си читам, повремено си летам со паметот и кога не сум присутна у она што го читам, не сум испуштила нешто многу битно. Ма книгава не е ни чик, ни авантура.. дефинитивно не знам каде би ја сместила.. Многу гадно се зафркнав што воопшто ја купив. Али ај.. кога дадов веќе пари, со сила ја прочитав. Вака според насловот погодував дека се работи за некоја случка од Истокот. И навистина е така, на една девојка од Белград и е понудено да оди демек у Италија да работи као манекенка. Она си спие на тоа уво дека ќе работи поштена работа, кога се буди во Дубаи како соптвен имот на еден Господар.
6. Ангелски пубис - Мануел Пуиг Spoiler Малку беше тешко да се снајдам во почетните страни, за да негдека после 40тата страна да сфатам дека станува збор за 3 жени во романов. Најинтересна ми беше сторијата на жената која лежеше во болница, како и на актерката која била заробена во замокот на нејзиниот маж и и' била ограничена слободата на движење. Интересното кај оваа книга е што овие жени навоидум различни и во својата возраст и живот, имале заедничко а тоа е предавството, де за тајните служби, де ради други жени. Интересна книга во која жените се опишуваат како многу интелегентни и остроумни суштества, кои ни малку не се лекомислени како мажите. 7. Џоконда - Лусил Тарнер Spoiler Ова е книга за Леонардо да Винчи. Почнувајќи од неговото детство, тинејџерските години, и како полека прераснува во извонреден уметник. Тука е опишано и создавањето на познатата `Мона Лиза` слика, инспирирана од Лиза Џерардини - неговата пријателка од детството. Интересно е да се види како од мали нозе, Лео покажува извонреден талент кон сликањето, но и потребата да сецира, од мртви делови на животинчиња создава морбидни комбинации, притоа опишувајќи го стравот. Не е многу по зборењето, едноставно неговите дела зборуваат за него, но во цела книга се опишани мислите на Леонардо кои не ги кажувал, ги чувал за себе. Некако ми изгледа ко да бил лут на целиот свет ... Исклучително креативен човек.
Досега прочитани книги ми се Анаста Б.М Кои сме ние Б.М Молчи,молчи,Б.Ф Ана Каренина Л.Н.Т Сама Г.П Улавите години Б.С Големи и мали
11. The Secrets we keep - Colette Caddle Spoiler Книгата на англиски, уствари две прочитав претходниов месец, ама едната не ја бројам, таа морав. Значи книгичево мене ми се бендиса ептен, во последно време сакам да читам нешто што нема да ме замара, онака, за опуштање и релаксација е петка. Нема длабока порака, нема да ве замисли и ќе си заспиете комотно после читањето, ама дефинитивно ќе ве одвлече од секојдневните секирации дрн дрн натаму. Станува збор за Ерин, која води ноќевање + појадок куќа некаде во Ирска и за нејзините гости. Иако ќе ви изгледа предвидлива, јас не очекував дека така ќе заврши, сепак малку се занела авторкава, ама океј, не беше катастрофално . Пи Џеј ми беше омилен лик, заедно со Грејси. Убавко ќе ви биде на душичката додека ја читате, затоа ја препорачувам, кој сака вакви лесни книги.
11.Ловци на среќа-Харолд Робинс Spoiler Џонас Корд копнее за славата на својот татко,за неговото богатство и неговата жена.Откако ќе почина таткому тој го добива сетоа тоа,освен неговата жена Тина Марлоу недостижната убавица на филмското платно.Оваа книга е од два дела во првиот дел се зборува за сите животни приказни оделно на Џонас,рина и Невада Смит
19.Руска зима-Дафне Калотеј Spoiler Нина Ревскаја која на времето била ѕвезда на театарот Бољшој, примабалерина, сега на околу седумдесетгодишна возраст решава да го продаде преку аукција целиот нејзин накит, вклучувајќи и неколку парчиња кои ги донела со неа кога пребегала од Русија. Тука приказната се вкрстува со Григори Солодин, професот по руски јазик, кој поседува накит кој по сè изгледа се совпаѓа со некои парчиња од колекцијата на Нина, како и со Дру Брукс која ја води аукцијата на накитот. Давајќи го накитот на аукција, Нина е преплавена од спомените на нејзината младост и нејзините тајни од кои побегнала од Русија во тоа време. Сега кога се ближи до осумдесеттата година од својот живот, врзана за инвалидска количка, балерината некогаш позната како „Пеперутка“ сфаќа дека чувала многу мрачни тајни веќе педесет години.За јавноста таа е легенда, ѕвезда на славниот Бољшој која побегнала од режимот во тоа време и со тоа се спротивставила на тогашното општество, сè со цел да тргне во потрага по слободата која им требала на уметниците. Но приватно таа чува многу тајни од кои сака да се ослободи продавајќи ја својата легендарна колекција на накит преку аукција. 20.Теодора(последната римска царица) Spoiler На почетокот се запознаваме со детството на Теодора, таа е од едно убаво и нормално семејство, но нејзината судбина се менува со смртта на нејзиниот татко. Тој својот живот го губи на еден драматичен начин, а вината за таа случка ја чувствува Теодора. По игра на судбината таа завршува како актерка, но и вечерна придружничка на своите клиенти. На тој начин Теодора убаво заработува, но исто така стекнува и слава, но и епитет на блудница. Својата малечка ќерка, која е плод на несакана бременост, ја остава на својата мајка и воопшто не води сметка за неа освен што финансиски ја издржува.Но еден ден таа го запознава Хекеболус и се вљубува во него. Тој иако знае за нејзината професија, ѝ предлага да му биде придружничка на патувањето во Африка каде тој ќе биде гувернер. Теодора прифаќа и заминува. Но таму не ја очекува животот на кој се надева. После едно предавство од страна на Хекеболус таа заминува во Александрија. Поради желбата за враќање дома, Теодора завршува кај патријархот Тимотеј, тој ја испраќа на духовно патување во пустина. Подоцна тој има нови планови за неа. Теодора успева да стигне до византиската палата, но дури тогаш настанува нејзината целосна преобразба.
12. Calling Romeo - Alexandra Potter Spoiler Благодарности до Реинбоу, ептен ми се бендиса, ако има уште некој е-книги од типкава, нека праќа. Ме опуштаат во периоди кога имам за учење. Да ви кажам, права лимонатка. Ама интересна лимонатка. Додека ја читав заборавив на многу нервози, едноставно се занесуваш. Дури можев во глава да си го замислам филмот, доколку убаво направен, ќе биде еден интересен лимонатка-филм. Станува збор за пар кој искусува монотонија во врската, па девојката, која е речиси решена да ја прекине, случајно има мал ,,излет,, на страна. Да не ви раскажувам, љубители на вакви книги, диг ин, ќе ви се допадне сигурно. Имам читано од Потер и други книги на македонски, ама на англиски ми се поинтересни. А, бе, се знае, и чик-лит е подобра на сопствениот јазик отколку преводот. Нареден предизвик ми е да земам нешто на германски, ќе пробам, па ќе видам што ќе испадне.
Прифаќам и јас...мада малку сум нова на форумов, а инаку можам и повеќе од 35 книги годишно зашто во исто време почнувам да читам 3 книги сега за сега оваа година ги прочитав Мемоарите на една гејша, Кодот на Да Винчи, Сталин 1 дел, и сега читам Коцкар од Бобан Богатиновски, Прекрасни Коски и Пурпурен Хибискус сакав да ја земам Џоконда но неможев да ја најдам а ми изгледа како добра книга
8.Црнила - Коле Чашуле 9.Демијан - Херман Хесе 10.Сенка на ветрот - Зафон Преубави книги кои мора да бидат прочитани. Само што ја дочитав Сенка на ветрот и сеуште сум под импресии. Spoiler Сеуште ми се кине срцето поради неуспешната љубов на двајца љубовници, која воедно е и невозможна. Исто толку ми се допадна и Демијан, ја прочитав во еден здив и зажалив, сакав да читам уште и уште.
5. „Океан море“ од Александро Барико Многу интересна книга, се зборува за гостите во гостилницата Алмаер, на работ од морето. Всушност тука се испреплетуваат многу приказни, се откриваат карактерите на различните луѓе кои доаѓаат и си одат. Мене првенствено ме привлече насловот, па потоа корицата на книгата. Прекрасни беа, а плус тоа што ја најдов на полиците кај брат ми беа доволна причина за да ја почнам. На почетокот ми беше малку досадна, додека сфатив кој лик што е во книгава. Исто така на моменти се губев, никогаш не сум видела книга со толку долги реченици, не можев да се навикнам. Но продолжив со читањето и не зажалив, книгава ми остави впечаток и вреди да се прочита. Spoiler На првите страници од романов се прикажува ликот на сликарот Пласон, кој секој ден со својот штафелај застанува на брегот и го слика морето на бело платно. Таа девојка е мадам Ан Деверија, најмистериозниот лик во книгава, која ова место го смета како совршено за да избега од љубовта. Потоа тука е и научникот Бартлбум кој пишува Енциклопедија на границите, па свештеникот кој му пишува на Бога чудни, необични молитви во стихови и кој чува една млада девоја Елизвин, која се плаши од многу работи, воедно и од морето, во кое мора да се капи за да оздрави. Исто така, се зборува и за децата-сопственици на гостилницата: Дира, Диц, Дуд и Дол, Адамс и доктор Савињи со нивните тајни: Но сепак, како што пишува и на самата корица, најважно е морето кое ги чува најголемите тајни и кое на секого му пресудува според својата судбина – дали ќе живее или ќе умре во него. 6. „Кројцерова соната“ од Лав Н. Толстој Уште од помала имав желба да си прочитам нешто од колекцијата на книги од Толстој што ја има тато, најмногу поради изгледот на книгите: тврдиот тегет повез и малку искинатиот бел бележник. Ја одбрав оваа мала книга, како симболичен почеток на моето читање на вакви великани во литературата. Spoiler Овој роман започнува дебатите на луѓето во едно купе во возот, за бракот, љубовта и правата на жената. Младата дама си го брани својот став, старецот Позднишев од искуство зборува сосема друго, а останатите молчат и слушаат. Вечерта, откако нараторот и Позднишев ќе останат сами, старецот започнува да ја раскажува својата приказна, од почеток па се до самиот крај. Тоа е мрачна приказна за едно злосторство, во која старецот ги кажува сите емоции и сите мисли кои тогаш го обземале, сите причини поради кои го направил тој злостор и последиците од него. На моменти тој запира со раскажување поради сите емоции кои се навраќаат во него, но повторно продолжува. Но сè на сè, ова е роман за кој се зборува за прифаќањето на сопствената судбина која Позднишев си ја скроил, како и за сносувањето на последиците од истата, што доведува кон тоа тој и покрај многуте свои деца, на светов да остане сосема сам. Прочитав уште неколку книги, но само за овие 2 имав време да напишам нешто повеќе додека не ми го однесоа компјутерот на форматирање.
21.Папокот на светот-Венко Андоновски Spoiler Динамичен македонски јазик, театрална сторија за пајакот кој ја плете својата мрежа, кој ја создава својата судбина преку едно неповторливо ремек-дело, кое навидум е недопрено од земска сила. За „Папокот на светот“, Андоноски ќе рече: „Имам доволно години и искуство за да знам дека романот не го напишав јас, или само јас. Наречете го тоа како сакате – но јас го именувам како благослов. Господ (верник сум) ми ја држеше барем раката, ако не сум заслужил повеќе – умот и срцето, на пример. Во тоа сум убеден, иако секогаш со зазор говорам за ова искуство, од страв дека луѓето кои не веруваат во ништо освен во себе - ќе ме исмејат“. „Нема голема уметност без контакт со Едното и Неделивото, Семожното и Возвишеното. Јас така не само што мислам, туку така и чувствувам„.
..35 книги годишно не е многу... јас до сега имам прочитано 8 книги: 1 Рајот може да почека (Кели Тејлор) 2 Љубовта трае три години (Фредерик Бежбедер) 3 Тајниот успех на светот (Ог Магдино) 4 Пеколот (Данте Алигиери) 5 Втора шанса (Даниела Стил) 6 Бакнеж во ноќта (Шерилин Кенион) 7 Порака во шише (Авторот не го знам) 8 Тајна (Ронда Бирн)
22.Јас,Мона Лиза-Џин Калогридис Spoiler Јас Мона Лиза е книга која по читањето долго време ќе ве тера да размислувате за неа. Историјата, гласините и фикцијата се мајсторски испреплетени во неа. Додека читате ќе се прашувате и ќе одговарате на многу прашања, како: Која била Мона Лиза? Зошто Леонардо Да Винчи не го предал портретот на нарачателот? и сл. Дејството е сместено во Фиренца во далечната 1478 во семејството Медичи, покровителите на уметноста. Пред и за времето на проповедникот Савонарола, кој ги изгорел сите книги, слики и сѐ она што е одраз на убавото. Книгата започнува со: "Се викам Лиза ди Антонио Џерардини Џиокондо, позната сум едноставно како Мадона Лиза, мојата приказна започнува не со моето раѓање туку со една смрт настаната во годината пред да се родам..."
Јас си апдејтувам тука по 2-3 книги месечно, толку се можностите. 8. Куќата на злото - Агата Кристи Spoiler Книгава по 2 пат ја читам, ете ме фати пак мерак за Агата. Станува збор за смрт на еден богат човек, Аристид Леонидес (со потекло од Грција), и се отвора истрага по повод неговата смрт. Чарлс Хауард е син на помошник комесарот на Скотланд Јард и е во врска со Софија, внука на починатиот. Се испитуваат сите членови на семејството, најголемиот сомнеж лежи во многу помладата жена на Аристид, Бренда поради наводната љубовна врска со Лоренс, учител во нивниот дом. А дали е/се таа/тие, треба да ја прочитате. Возбудливост на ниво, јас првиот пат кога читав не ни претпоставував за вистинскиот убиец, но како се заплетуваат и одплетуваат настаните, секој настан цели кон убиецот, кој според мене има глупи мотиви за убиството, али како год. 9. Азбучните убиства - Агата Кристи Spoiler Херкул Поаро е главен детектив во овој случај, кој како што кажува насловот на книгата се одвива по азбучен ред на жртвите. Она што ги поврзува жртвите е железничкиот водич Еј-би-си што убиецот го остава до жртвата откако ќе го изврши делото. Имаат врска и буквите Еј-би-си, и помислив дека лицето што ги носи овие иницијали е убиецот, бидејќи и така налагаа настаните, беше очигледно. Но, оној што е најочигледен никогаш не е вистинскиот убиец во романите на Агата. Возбудлив роман до последниот збор. 10. Мајката на Перл - Морин Ли Spoiler Малце поголем роман, намерно го земав, ми се допадна сторијата. Една жена по име Ејми е обвинета за убиство на својот маж, и ја отслужува затворската казна од 20 години. Во меѓувреме, нивното мало девојче живее и е одгледана од нејзиниот вујко и вујна. Интересно кај романов е што паралелно се опишани многу сликовите приказни на Ејми и Перл (нејзината ќерка), значи минатото и тоа како дошло до таа кобна ноќ на убиството, и сегашноста односно животот на Перл за време казната затвор на мајка и, и откако таа ќе излезе од затвор. Доста потресен па и грозен момент во книгава е кога таткото на Перл, Барни е заробен од фашистите, и тоа каква работа е приморан да стори, што очигледно остави голема трага на него, откако излезе од затвореничкото ропство, а и неговото однесување влиаеше многу за да се случи неговото убиство. Препорачувам, одличен роман!
12.Пол и Вирџинија-Бернарден де Сен-Пјер Spoiler Ја купив по препорака на една пријателка па ке видиме каква ќе биде.Се работи за љубов на двајца млади кои израснале заедно откако се родени.
13. Препушти се - Сара Десен 14. Calling Romeo - Alexandra Potter 15. Последната римска царица: Теодора - Стела Дафи Првите две се чик-лит, баш кежуал за читање... Благодарност за Реинбоу за Calling Romeo, ако имаш други при рака вакви, веднаш праќај. Ептен ме опуштаат. Теодора мислам дека ќе ви се допадне на сите љубители на историски романчиња.
Си го запоставив читањето максимално, последниве два месеци сум за никаде во посветеноста и концентрацијата, а толку е прекрасна Војна и Мир, што едноставно не заслужува таков третман од моја страна . Веројатно, на почеток од годината немав ни најмала претстава дека толку ќе се вљубам и сега сама не ќе го остварам предизвиков изгледа ...