1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    28.Принцот на маглата-К.Р.Зафон
    Шпанија е во војна. Барселона не е веќе безбедно место за живеење, посебно не за едно семејство.

    Додека часовничарот Максимилијан бил на службено патување ја здогледал прекрасната вила на морето која изгледала како замок од бајките и веднаш решил дека токму таа е куќата во која ќе живее со своето семејство, кое го чекало во Барселона.

    Максимилијан се преселува со своето семејство: малиот Макс, Алисија постарата ќерка, најмалата ќерка Ирена и неговата сопруга далеку од виорот на војната, токму во вилата на море. Кога Макс ќе го здогледа морето таа сина, бескрајна сјајност тој просто е маѓепсан од него.

    Но тука во таа маѓична заслепеност и сина убавина сепак се крие нешто мрачно и тајно... градина со статуи кои како да се живи лешеви, орман полн со гласови... приказни за претходните газди на куќата...
    29.Еден ден-Дејвид Николс
    „Еден ден“ е книга која јас со нетрпение ја очекував, книга која ќе ви го привлече вниманието, но притоа и ќе ви го задржи сè до самиот крај на ова дело.
    Замислете си дека сте вљубени во некое момче уште од студентските денови, но сè што имате со него е еден ден, еден ден секоја наредна година...
    Ема е скромна и паметна девојка која сонува да стане познат писател. Декстер е вистински фраер кој подоцна станува познат водител на едно телевизиско шоу. Нивната приказна започнува на 15 јули 1988 година кога тие поминуваат една заедничка ноќ и оттогаш па натаму во наредните дваесет години нивниот живот нѝ е претставен преку еден единствен ден во годината - 15 јули.
    После нивната заедничка ноќ, иако отпрвин мислат дека тука и ќе заврши нивното дружење, тие стануваат најдобри пријатели, кои еден без друг не можат да си го замислат својот живот. Ема е вљубена во својот пријател, но и Декстер не е рамнодушен на нејзината убавина и интелигенција. Иако се поврзани со една силна врска, сепак, нив постојано нешто ги разделува. Тие се сосема различни, но сепак не можат да издржат еден без друг. Пред нас имаме прикажано дваесет години, еден ден, две души, Декс и Ем, Ем и Декс...
    Дали Ем и Декс ќе успеат да бидат заедно и што ќе се случува во нивните животи после дваесет години?
    „Преубава си баба Рого една и кога би можел да ти дадам само едно нешто до крајот на животот, би ти го дал ова. Самодоверба. Би ти дал Самодоверба.
    Или тоа или мирислива свеќа.“
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    31. Taтарска пустина- Дино Буцати

    Интересна книга, многу ме заинтересира уште од почетокот. Нешто сосема поразлично од другите денешни книги. Главниот лик- Џовани Дрого е војник кој оди на служба во далечната Тврдина, одделена од градот, сместена во планините. Пред тврдината се наоѓа една пустина, наречена Татарска пустина, која токму Дрого ќе го заинтересира за да остани во Тврдината. Се наоѓа на крстопат, дали да се врати во градот и да го живее животот нормално или па да остани во Тврдината каде младоста брзо ќе му помини, баш како што им поминала на пензионираните војници? Ме бендиса, вреди да се прочита :)
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јуни:
    17. „Момчето во пижами на риги“-Џон Бојн
    18. „Јулија“-Ен Фортие
    19. „Ќерката на Магда“-Кетрин Колиер
    20. „Препушти се“-Сара Десен


    Јули:
    21. „Јужно од границата западно од сонцето“-Харуки Мураками
    ќе има уште :)
     
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    32. U potrazi za Romeom - Aleksandra Poter

    Зарем има книга која нема да ми се допадни,а е напишана од оваа авторка? Баш ми требаше некоја книга за опуштање, чик литература. Џулиет е среќно заљубена во својот дечко. со кој има стабилна врска веќе неколку години, но се ќе се промени кога една вечер (за денот на заљубените), Вил ќе заборави на вечерата и Џулиет ќе чека сама во ресторанот. А баш истата вечер ќе се заљуби на прв поглед во глупакот кој ја испрска со колата. А, подоцна ќе дознае дека истиот тој човек работи во истата фирма со неа...
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Петта прочитана книга ми беше “Мајка“ од Максим Горки.
    Ми се допадна иако морам да признаам дека му припаѓа на едно време кое одамна поминало, и верувам дека тогаш книгата била многу популарна, посебно на територијата на СФРЈ.
    Станува збор за една несекојдневна мајка, која цел живот го поминала во валканите улици на предградие во Русија, жена на бравар во блиската фабрика кој сите фрустрации од едноличниот живот ги истура врз неа.
    По неговата смрт, таа мисли дека и нејзиниот син ќе се претвори во никаков човек како нејзиниот сопруг- нешто што не е за чудење, туку всушност е неизбежно во тоа место каде што луѓето не знаат за ништо друго осве да бидат робови во фабриката, а дома да ги тепаат нивните сопруги и да ја испијат речиси секоја пара која тешко ја заработиле.
    Гледајќи го нејзиниот син, кој се почесто оди во градот и носи чудни луѓе во нејзиниот дом за кои потоа сфаќа дека имаат една цел- формирање на партија за работникот, цел опасна во тоа време, прво е полна со скептицизам, а на крај завршува со активно учество во партијата додека син и` е во затвор.

    За жал, пак сме во вакво капиталистичко општество, добро не толку екстремно, но сепак факт е дека трудот на роботникот максимално се искористува за ситна пара, што сепак не е многу различно од времето пред стотина години.
    Но тоа е.
    Сепак во книгата освен вакви политички елементи, многу убаво е прикажана мајчината љубов и границите до кои може да оди пожртвуваноста за нејзиното чедо, граници кои не постојат.

    Шеста книга која ја прочитав беше “Без збогување“ од Линвуд Баркли.
    Лесна кига, која се чита во еден здив, па ја препорачувам додека лежите на некоја плажа и уживате.
    Таму сигурно нема да ја читате “Војна и мир“ нели? :lol:
    Станува збор за една мистерија која трае веќе 25 години.
    Синтија, сега веќе возрасна жена со сопствена фамилија, едно утро пред дваесетина години, кога имала 14, се буди и гледа дека нејзиното семејство го нема.
    Што станало со нив? Зошто не и се јавиле? Дали таа е крива за нешто?
    Многу прашања на кои нема одговор толку години и кој и предизвикуваат кошмари и сега, кога е веќе возрасна.
    Клопчето почнува да се отмотува кога таа гостува во една крими емисија и ја раскажува својата приказна со надеж дека ќе дознае нешто.
    Но дознава многу повеќе од нешто, дознава се`.
    Дознава работи кој ќе ја остават во уште поголем шок од претходно.

    Мене лично не ми се допадна многу, на пола книга веќе знаев кој е виновникот, ама ја препорачувам на љубителите на трилери.

    Седма книга која ја прочитав беше “Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин.
    Иако вака на форумот не се согласуваме со Реинбоу, сепак кога ја читав и ми се допаѓаше тоа што го читав, не можев а да не се сетам дека и е една од омилените книги, заедно со “Одвеано од виорот“ што значи “паѓаме“ на исти љубовни работи, и тоа ми предизвикуваше насмевки додека читав.
    Поздрав до неа, знам дека ќе прочита :lol:

    Се работи за англиското семејство Бенет со 5 ќерки и налудничава мајка чија единствена цел во животот е добро да ги омажи.
    Таа цел се повеќе доаѓа до израз кога на блискиот имот се вселува господин Бинглеј, богат млад господин кој не е ни свесен дека со тој негов престој го разбранува досадниот живот во тоа мало англиско место.
    Сите зборуваат за него, со нетрпение чекаат да се појави на некој од следните балови кои се планирани да се одржат, а тоа најмногу го чека госпоѓата Бенет, која се надева дека тој ќе бендиса барем една од нејзините 5 ќерки.
    Така и станува, тој е воодушевен од нејзината најстара ќерка (во книгата која ја читав, српска верзија од 50тите, ќерката се вика Јованка, што не ми е англиско име).
    Хемијата меѓу нив е приметна за сите, но не наоѓа одобрување кај сите- посебно не кај сестрите на Бинглеј и неговиот надмен другар Дарси.
    Дарси смета дека семејството Бенет е под нивно ниво, а однесувањето на мајката го згрозува.
    Неговата надменост не е само кој нив, туку и кон сите жители на малото место, тој не им обраќа внимание на младите дами на балот и набрзо муабетите и воодушевувањата за него и неговото богатство кое е неколку пати поголемо од она на Бинглеј- ги надминуваат омразата и навредите за неговата дрскост.
    Но сепак и тој не останува имун на една Бенетова- необичните очи на Елизабет, кои кријат нешто необјасниво, го пленат силно.
    Тој пробува да се контролира, а таа отворено му ја искажува нејзината омраза.
    Зарем некој би помислил дека меѓу нив би се родила љубов?

    Следуваат многу настани, многу перипетии кои ги разделуваат Бинглеј и Јованка, но на крај се` завршува на еден интересен начин.
    Убав или не ќе откриете сами ;) .

    Ја препорачувам книгата, ама во српска или англиска веризија, како милувате така.
    Знам дека има и филм, не сум го гледала, ама цело време Дарси во мојата глава беше Колин Фирт, и сега кога барав слика да постирам гледам дека навистина го играл него :o и тоа во некое издание од поодамна :wasntme: - значи има и друг филм за ова дело?

    Осма прочитана книга- “Шолја чај“ Ејми Ефрон.
    За оваа книга мислам дека има потенцијал, ама некако не е доволно “разработена“
    Сите тие настани кои се опфатени не би требало да се соберат на 184 страни, ами на многу повеќе.
    Вака читате и како да претрчувате низ настаните, а можело да биде многу подобро и многу помоќно.
    Ама пак, некои не сакаат да читаат долги описи за чипки и завеси, па претпоставувам дека за нив книгата е ок.
    Што да се каже освен дека жена на жена е најголем непријател.
    Во едно дождливо попладне, поканата за шолја чај упатена кон жената која речиси гола се тресела на учицата под ударите на силните капки дожд, Роузмери ја чинела цел живот.
    Да, токму таа мистична убавица ќе биде причина поради која Роузмери ќе го изгуби совршениот свет во кој дотогаш живеела.
    Како?
    Ќе дознаете ако ја прочитате книгата.

    Прочитав уште две, ама се изморив пишувајќи, за нив ќе пишам во некој следен пост :!:
     
    На LivingGlam, Neytiri и RainBow им се допаѓа ова.
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    33. Момчето во пижами на риги- Џон Бојн
    Кожата ми се ежеше од книгата,а посебно на крајот. Не очекував така да заврши...
    :up: Одлична книга 5/5

    Книгата ја прочитав во еден здив.Едноставно те привлекува да читаш повеќе и повеќе. Приказната ја раскажува деветгодишното момче Бруно, кое живее во Берлин. Но, одеднаш целото семејство мораат да се преселат во Аушвиц, поради работата на татко му. Бруно точно не знае што работи татко му, мисли дека е само војник и работи на фармата за луѓе... Фармата за луѓе или концентрационен логор? Така осамен, еден ден ќе го запознае Шмуел кој живее од другата страна на оградата, односно е Евреин и припаѓа на луѓето облечени во пижами на риги. Дефинитивно вреди да се прочита, трогателна книга,, која ќе ве подзамисли за тоа колку треба да сте среќни што имате среќен живот. Сега видов дека е направен и филм според книгата, ама мислам дека во некои случаи книгата е подобра од филмот, бидејќи работи сопствената имагинација. Вреди да се прочита!
     
    На Hayley и pamelche им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сериозно прочита толку книги?

    9. Јади, Моли се, Уживај - Елизабет Гилберт, се зезнав што го гледав филмот пред да ја прочитам книгата, и морам да признаам филмот ми беше предолг и досаден дур не го ни догледав скроз. Е сега книгата е дефинтивно многу подобра од филмот како и во многу други случаеви. Книгата ме натера да помислам дека и јас имам доволно материјал за сопствена автобиографија. Имаме минато слични ситуации и локации и она проаѓање на самиот себе процес кој кај мене уште трае. Убава книгичка, за летен период е топ..
     
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    30.Спутник љубов-Харуки Мураками
    А можеби работите однапред потајно се загубени на некое далечно место... или барем, слеани во едно, имаат некое свое тивко место каде што мора да исчезнат. А ние, живеејќи го својот живот, само ја откриваме нивната слеаност во едно, една по една, како да повлекуваме со рацете кон себе некоја танка нишка.
    Замижав и се трудев во сеќавањето да повикам што повеќе, или барем една од тие убави работи. Се обидов да ги задржам во своите раце... па дури и по претпоставка дека се со многу краток век...
    Приказна за замрасениот триаголник на невозвратени љубови. Во основата љубовен роман зачинет со детективска приказна.
    Може да се чита и како длабоко размислување за човековиот копнеж... напната, слатка приказна за моќта на љубовта и љубовната болка...
    31.Играј,Играј,Играј-Х.М
    Играј, Играј, Играј е прекрасно напишана книга која истовремено е општествено набљудување, мистерија и фантазија. Сместена во Јапонија во 80тите, во зенитот на економскиот раст на земјата, ја раскажува приказната за еден осамен новинар кој одеднаш има силна потреба да ја пронајде исчезнатата бивша девојка.
    Единствената трага е хотелот во кој отседнал со неа – хотелот Делфин. Тој е постојано во некаква потрага, која не може разумно да ја оправда.
    Во текот на своето патешествие ќе се сретне со една тинејџерка која е чудна исто колку него и со неговиот пријател од младоста, кој сега е филмска ѕвезда. Човекот-овца и другите фантастични елементи во приказната ме натераа постојано да се обидувам да ја решам мистеријата во своите мисли и да се прашувам што и зошто се случува, но морав да се предадам, едноставно да се препуштам на магијата на Мураками и да видам што тој замислил.
    Има некој ритам во оваа книга (не само поради насловот), кој го прави просто невозможен чинот на нејзино одлагање. Ја почнав книгата со сомневање, несигурна дали ќе ми се допадне, но некаде на средината си признав себеси дека ја обожавам.
    Ова навистина е литература за уживање, која иако е забавна, успева да зачне некои суштински прашања за реалноста, верата, врските и животот.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Јас почнувам од овој месец затоа што сега се расчитав.
    -Прва книга: Роза за балерината-Лурин МекДениел.
    Нешто најубаво што досега имам прочитано. Не можев да престанам да плачам, посебно на последните 3-4 страници. Станува збор за едно девојче на кое најголем сон му е да стане балерина. Сонот полека почнува да и се исполнува, но нешто го запира. А што ќе е тоа нема да откривам, се надевам дека ќе прочитате и сами ќе откриете.Книгата е прекрасна!

    - Втора книга: Крила- Даниела Стил.
    Оваа не ми остави многу голем впечаток, но не е лоша.
    Станува збор за еден човек кој е пилот и многу сака да лета. Тој има жена и неколку деца, но нема многу пари за да ги издржува. И очајно сака син, но жена му постојано раѓа ќерќи. Но една од ќерќите ќе ја наследи неговата љубов за летањето и авионите и што ќе се случи понатаму не кажувам. :D

    -Трета книга: Купохоличарката и бебето- Софи Кинсела.
    Е и оваа е нешто прекрасно. Не можев да ја оставам, а да не ја дочитам.
    Беки има совршен маж, совршени пријатели, совршен живот. Постојано купува, купува и само купчува. Но што кога тој совршен живот полека ќе почне да се уништува?
    Книгата е многу интересна и вреди да се прочита.
     
  10. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Од јуни до сега, прочитани книги со нешто повеќе за нив се овие, а има и уште неколку скриени во компјутеров, за кои сега не можам да пишувам. Жешко е. :lol:

    7. „Русокоси со став“ од Плам Сајкс
    Една од првите прочитани чик-лит книги .. а можеби и последната, сè додека не ме фркне нешто па пак да земам да читам.
    Додека ја читав интересна беше, не викам не. Ја прочитав за брзо време, се случија некои неочекувани работи и воглавно ми се допадна. Но сега да ме прашате .. е сега не знам како се викаше главниот лик, а не пак нешто друго.
    Онака .. средно. Додека трае е интересна, а веќе следниот ден почнува да бледнее.


    8. „Колибата на чичо Том“ од Хариета Бичер Стоу
    Сигурно ја имате прочитано со оглед на тоа што најверојатно беше лектира.
    Јас ја читам по 3-4 пат можеби, а ќе ја прочитам и пак, зашто е прекрасна. Чичко Том и неговите маки за преживување во времето на робијата, тетка Хлоја и нејзините малечки сонциња, малечката паметна Евангелина и немирната Топси .. сите ликови ја прават малечкава книга прекрасна. ^_^
    Пуштив и некоја солза успат .. од толку што ми е врежана во срце книгава.


    9. „Тристан и Изолда“ од Жозеф Бедие
    Ја прочитав по втор пат, иако не ни беше за лектира.
    Некако досадна беше, иако приказната не беше лоша, ништо посебно не се случуваше и едвај чекав да ја завршам. Имав чувство дека ја слушам приказнава од некој старец кој случајно сум го сретнала, со обични мисли и зборови. Како писателот само да ја чул и ја напишал така, без да се потруди да направи нешто повеќе. |(
    Мислам дека на форумов пред некое време прочитав дека била подобра од Ромео и Јулија на Шекспир, и иако ја немам прочитано вторава, не верувам во тоа. Многу е едноставна и сметам дека не може да контрира на такво дело како што е Ромео и Јулија.


    10. „Меше на годината“ од Иван Шопов
    Книгава веднаш ме привлече со насловот и поднасловот „поема со масни наслаги“. Сакав прво да ја прочитам „Азбука и залутани записи“ но не можев да ја најдам дома.

    Како што пишува на почетокот, книгава има 33 образложенија на жирито – Иван, кое секоја година наградата Меше на годината му ја доделува на Мешето на К. Потоа следува наградата за животно дело – неверојатните преинтересни гатанки кои јас никогаш не би ги погодила. Хумор колку ти душа сака.
    Не сфатив зошто Мешето на К. секоја година ја добива наградата, ама тоа веројатно има врска со преходната книга. Кога ќе ја прочитам мислам дека ќе ја доловам целосната слика за книгава.
    Сепак, секоја чест за книгава како целина, а особено за гатанките зашто тие ми оставија најголем впечаток. :clap:


    11. „Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески
    Прекрасни мемоари кои го отсликуваат животот на едно многу фино момче од комшивката ми – Струга.
    Прекрасни раскази напишани на стушки дијалект, каде што тоа „че“ ми претставуваше голем проблем во читањето, де од фактот што ми е смешен зборов, де од тоа што ми е чуден и ми прави блокади во читањето.
    Омилени раскази:
    Во случај да бидете опасна комбинација со своите цимери подобро разделете се – има доволно скапи слободни гарсојњери во Скопје;
    Приказната за Пеце Рингла, и
    Курвинско статистичка обработка на еден школски ден.
    И за крај:

    12. „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески
    Е со оваа книга Ненад вистински ме изненади. Колку добро рецитира, толку добро и пишува – а тоа е многу, верувајте. Ако го имате чуено сигурно ќе се сложите со мене.
    Најмногу ми се допадна поради насловот и зашто делиме иста љубов – кон езерото. :inlove:
    Прочитајте ја, не верувам дека ќе зажалите.


    13. „Ти не сакаш поезија“ од Бистра Кумбароска
    И Бистра со збиркава ме изненади многу. Поради неа и неколку други имам надеж во поезијата која излегува од кај нас. Колку што ме држи меморијава, опишана е љубовта на релација Љубљана-Скопје, и секако Струга и езерото. Ќе ја препрочитам за брзо сигурно, песните се предобри за да ги оставам на едно читање. :mm:
    14. „Декамерон“ од Џовани Бокачо
    Лектирче за од Септември, кај кое на првите 20-30 страни не можев да престанам да зевам од што ми беше досадно. Но потоа дојдоа на ред поинтересни раскази кои ме расонија и ме држеа будна до доцните утрински часови.
    Некако најголем впечаток ми остави приказната Сер Чапелето, којзнае зошто. Ќе дознаам на следното читање на неколку раскази кои ми фатија око, чисто колку да се потсетам. :)
     
    На mamma-mia и Mayyya им се допаѓа ова.
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Заради евиденција:
    1. Вештица - Венко Андоновски
    2. Новеченто - Алесандро Барико
    3. Смеење во темница - Владимир Набоков
    4. Часови - Мајкл Канингам

    Накратко, тоа што прочитав во изминатиот период:

    5. Јужно од границата, западно од сонцето – Харуки Мураками
    Ова беше првата книга што ја прочитав од Мураками, многу слушав и читав за него, но никако да дојде на ред. Можеби очекував премногу, но сепак ми се допадна. Границата помеѓу јавето и сонот или да не речам оние демони од минатото, доловени со стил кој го почувствував по втората прочитана книга од авторот.

    6. Калеш Анѓа – Стале Попов
    Бидејќи не понесов книга со мене, оваа и книгата по неа ги читав за време на велигденските празници, додека одмарав во мојата родбина, па се навратив на времето кога ги читав овие книги. Судбината на македонскиот народ за време на турското ропство и непокорната Анѓа.

    7. Единаесет минути – Пауло Коелјо
    Посегнав баш по оваа книга бидејќи не ми текнуваше на ништо од книгата освен делот кога Марија доживува оргазам на плоштадот во Женева. И Пауло Коелјо го оставам за почетокот на тинејџерските години, кога се гради читателскиот вкус.

    8. Пламен сјај – Трејси Шевалие
    Семејството Келавеј се доселува во Лондон од 18 век, а нивен комшија е Вилијам Блејк. Вилијам Блејк е еден од ретките поети со чие творештво речиси сум целосно запознаена и со задоволство се навраќам на неговите Песни на невиноста и искуството и тоа ме привлече да ја купам книгата. Независно од тоа, ова е добар роман, што останува во сеќавање.

    9. Девојката со портокали – Јустејн Гордер
    Не знам што да кажам за книгата, освен дека не ми остави никаков впечаток.

    10. Без Догма – Хенрик Сјенкјевич
    Љубовна приказна проткаена со историски моменти во стилот на руските класици. Quo Vadis е една од моите омилени книги, а оваа е сосем различна од неа, а исто толку добра.

    11. Снег – Максанс Фермин
    Краток волшебен роман или хаику во проза.

    12. Норвешка шума – Харуки Мураками
    Мураками многу вешто ги доловува комплицираните меѓучовечки односи, со непосреден стил кој допира до читателот. Наједноставно тоа би го опишала како некој да ми ги читал мислите и ги преточувал во книга. Ете така.
     
    На Trendafilka, LivingGlam, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Само што ја видов оваа тема на форумов, и мислам дека е во ред ако се вклучам од сега и ако ги набројам оние книги кои ги имам прочитано од оваа година ( не знаејќи за предизвиков )
    1. Девојката во боја на зумбул - Сузан Вриланд
    - Се сеќавам дека оваа книга ја позајмив од училишната библиотека веднаш по зимскиот распуст и ја прочитав во еден здив. Се работи за откривањето на идентитетот на девојката која е насликата од познатиот сликар Вермер и помалку е здодевна се додека не се стигне до крајот. Како што кажав, се чита во еден здив и те остава да размислуваш уште долго време после читањето..
    2. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
    - Мистеријата ми е врежана во крвта. Уживав во оваа книга која е полна со загатки и научив многу работи кои асоцираат на познатата слика од Да Винчи. Прекрасна книга.
    3. Времето на лалињата - Дебора Могах
    -Интересна книга, на почетокот малку здодевна, но потоа не можеш да ја испуштиш од рацете. Се работи за љубовта на една мажена жена и еден (мислам дека беше) сликар. Тука има и алчност и лакомост и прељуба и љубов. Воедно, книгата ве остава без здив.
    4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
    - Книгата ја најдов случајно во домашната библиотека, една од книгите кои се продаваа во весниците. Имав слушнато за Агата Кристи и познато ми беше дека пишува вакви дела, па си реков зошто да не ја прочитам. Дејството се случува во возот, каде што на крајот убијци се сите 12 луѓе кои се таму. Агата, всушност се занимава со интересни детали кои не секој детектив би ги земал во предвид. Мислам дека баш тоа и толку ми се допадна, па си реков дека мора да прочитам бар уште некое дело од неа. Сега засега, сеуште останав само на тоа.
    5. Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон
    - Ова е една интересна книга која ја прочитав додека бев на одмор. За два дена беше прочитана и потоа дури ја прочитав и по вторпат. Две најдобри пријателки се разделуваат бидејќи едната спиела со дечкото на втората. После неколку години, на едната и пристигнува писмо од пријателката дека е болна и дека бара некој да ја чува нејзината ќерка, која всушност е плод од таа вечер помината со дечкото.
    6. Пеколот - Данте Алигиери
    - Оваа книга ми е дело за во втора, па ова лето беше прва на листата од книги за на училиште што трба да ги читам. Ми се допадна начинот на кој што Данте ги сместува луѓето во пеколот, иаско сеуште не ми е јасно зошто и Мухамед е еден од нив. Воедно интересно дело, со несекојдневна тематика. Се надевам во брзо време ќе ги прочитам и другите два дела од Боженствената Комедија.
    7. Watermelon - Marian Keyes
    - Се надевам во ред е на оваа листа да се стават и прочитани книги на Англиски јазик, бидејќи нема ништо спомнато во врска со тоа. Ако има, тогаш оваа и следните книги, ни јас ни вие не ги земајте во предвид. Една мајка, на денот кога го раѓа своето прво девојче е оставена од сопругот кој наводно си нашол нова љубов. Таа го зема бебето во раце и лета право во куќата кај нејзините родители.
    8. Алхемичарот - Пауло Коелјо
    - Прекрасна книга, мислам дека на повеќето од вас веќе позната. Ова ми беше прво дело од Пауло и ми се допадна неговата моќ да ги опишува работите со толкава ентузијастика.

    Сега ги читам 11 минути и Дон Кихот, па се надевам до крајот на годината успешно ќе го завршам предизвикот.
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    22. Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера

    Кундера раскажува за животот на Тереза, Томаш, Сабина и Франц во Прага и за Прага. На некој начин ја отсликува централноевропската култура, животот на интелектуалциите и нивната состојба во војната, испреплетените животни приказни и сетоа тоа завиткано со филозофијата на постоењето.

    Започнува со митот за вечното враќање и поставува една интересна теза форумулирана во прашањето дали леснотијата е лесна или тешка. Преку ликот на Сабина го допира прашањето за клишето и ја искажува сета можна одвратност кон него. Сепак, најфилозофската скриена нишка овде е во односите на ликовите и во нивните судбини.

    Томаш кој ужива во често менување на партнерките, се заљубува во Тереза зашто таа ќе се разболи во неговиот кревет и тој во неа ќе гледа девојка која мора да ја заштити. А таа е повлечена девојка со проблематична мајка. Томаш, меѓу другите девојки, ја изневерува со Сабина, позната сликарка која цел живот оди против клишето. Таа има афера со докторот Франц, кој патем има жена и ќерка.

    Неподнослива леснотија на постоењето, насловот сам од себе е генијален, а да не зборуваме за книгата.

    23. Бруклински будалештини – Пол Остер

    Чинам, романот е пишуван со наивност на човек кој ги обожава книгите. Потребно е и тоа како, да се разграничи желбата за читање од талентот за пишување. Сепак и не е толку лоша за на плажа или во автобус, ми беше и интересна.

    Раскажувачот е Нејтан, старец кој никако не се смета за старец и кој имал рак на белите дробови. Раскажува за својот внук Томи и за неговиот несреќен живот. Всушност, тој собрал повеќе несреќни души кои на крајот ќе го пронајдат својот пат до среќата. Најинтересна ми беше Аурора, сестрата на Томи дека контраверзна и се, и нејзината тврдоглава ќерка.

    Интересни ми беа расправиите и мислењата на тројцата интелектуалци Хари, Нејтан и Том, како и приказната за Аурора, но се е веќе прочитано. Барем е меѓу подобрите од таквиот калибар.

    24. Портрет на уметникот во младоста – Џејмс Џојс

    Се откажав на пола пат од Улис, ама оваа не ми беше ич проблематична. Делото е полуафтобиографско, преточено во ликот на Стивен Дедалус и го следи неговиот живот до дваесетата година. Разработена е неговата потсвест во неговото детство и младоста додека учел во езуитско училиште.

    Многумина го сметале за асоцијален генијалец, секогаш бил добар ученик и првенец во генерацијата, добил понуда што ја добивале најдобрите, односно да остане во училиштето како свештеник. Но позади неговата неизвалкана површина и лик полн со интелект, се криел блуден син. Со силни побуди и со големи внатрешни конфликти се разликувал од останатите.

    Сума сумарум, разработена е психата на младиот уметник и може да се најдат неколку интересни цитати како: „Амбицијата што понекогаш ја насетуваше, не наоѓаше простор во мракот на неговата душа“. Некогаш како да читаш и поезија и се познава дека тој си пишувал за себе, а не за чиателите. Она по што најмногу се разликува од другите е дијалогот и хуморот.
     
    На Trendafilka, Mayyya и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    14. Принцот на маглата - Карлос Руиз Зафон

    15. Полноќна палата - Карлос Руиз Зафон

    Можам да кажам дека делава се извонредни!
    Нешто прекрасно, морничаво и тажно во исто време!
    На книги досега многу сум плачела или смеела, ама само од некоја ептен добра книга сум се наежила, а верувајте се наежив од сите три дела на Зафон што ги прочитав.

    Ги препорачувам на сите! :)
     
    На La.Reina.Del.Sur и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Само за да се пребројам:
    Само што ја видов оваа тема на форумов, и мислам дека е во ред ако се вклучам од сега и ако ги набројам оние книги кои ги имам прочитано од оваа година ( не знаејќи за предизвиков )
    1. Девојката во боја на зумбул - Сузан Вриланд
    - Се сеќавам дека оваа книга ја позајмив од училишната библиотека веднаш по зимскиот распуст и ја прочитав во еден здив. Се работи за откривањето на идентитетот на девојката која е насликата од познатиот сликар Вермер и помалку е здодевна се додека не се стигне до крајот. Како што кажав, се чита во еден здив и те остава да размислуваш уште долго време после читањето..
    2. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
    - Мистеријата ми е врежана во крвта. Уживав во оваа книга која е полна со загатки и научив многу работи кои асоцираат на познатата слика од Да Винчи. Прекрасна книга.
    3. Времето на лалињата - Дебора Могах
    -Интересна книга, на почетокот малку здодевна, но потоа не можеш да ја испуштиш од рацете. Се работи за љубовта на една мажена жена и еден (мислам дека беше) сликар. Тука има и алчност и лакомост и прељуба и љубов. Воедно, книгата ве остава без здив.
    4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
    - Книгата ја најдов случајно во домашната библиотека, една од книгите кои се продаваа во весниците. Имав слушнато за Агата Кристи и познато ми беше дека пишува вакви дела, па си реков зошто да не ја прочитам. Дејството се случува во возот, каде што на крајот убијци се сите 12 луѓе кои се таму. Агата, всушност се занимава со интересни детали кои не секој детектив би ги земал во предвид. Мислам дека баш тоа и толку ми се допадна, па си реков дека мора да прочитам бар уште некое дело од неа. Сега засега, сеуште останав само на тоа.
    5. Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон
    - Ова е една интересна книга која ја прочитав додека бев на одмор. За два дена беше прочитана и потоа дури ја прочитав и по вторпат. Две најдобри пријателки се разделуваат бидејќи едната спиела со дечкото на втората. После неколку години, на едната и пристигнува писмо од пријателката дека е болна и дека бара некој да ја чува нејзината ќерка, која всушност е плод од таа вечер помината со дечкото.
    6. Пеколот - Данте Алигиери
    - Оваа книга ми е дело за во втора, па ова лето беше прва на листата од книги за на училиште што трба да ги читам. Ми се допадна начинот на кој што Данте ги сместува луѓето во пеколот, иаско сеуште не ми е јасно зошто и Мухамед е еден од нив. Воедно интересно дело, со несекојдневна тематика. Се надевам во брзо време ќе ги прочитам и другите два дела од Боженствената Комедија.
    7. Watermelon - Marian Keyes
    - Се надевам во ред е на оваа листа да се стават и прочитани книги на Англиски јазик, бидејќи нема ништо спомнато во врска со тоа. Ако има, тогаш оваа и следните книги, ни јас ни вие не ги земајте во предвид. Една мајка, на денот кога го раѓа своето прво девојче е оставена од сопругот кој наводно си нашол нова љубов. Таа го зема бебето во раце и лета право во куќата кај нејзините родители.
    8. Алхемичарот - Пауло Коелјо
    - Прекрасна книга, мислам дека на повеќето од вас веќе позната. Ова ми беше прво дело од Пауло и ми се допадна неговата моќ да ги опишува работите со толкава ентузијастика.

    Сега ги читам 11 минути и Дон Кихот, па се надевам до крајот на годината успешно ќе го завршам предизвикот.

    9. Дон Кихот од Ла Манча - Мигел де Сервантес
    - Ја читав скратената верзија, таква ми дадоа од библиотека. Ми се допадна и ме натера да размислувам за работи за кои никогаш порано во животот не сум размислувала. Во секој случај, Дон Кихот има непредвидлив карактер и наликува на лудникаво суштество, според мене, тој не е луд, тој едноставно има бујна фантазија и преголема храброст. А фантазирањето и спротивставувањето на некој поголем и посилен од тебе не е лудост, напротив, тоа е доблест и не секој ја поседува.
    10. 11 Минути - Пауло Коелјо
    - Преку животот на Марија се запознав со некои, за мене, нови работи. Предизвик ми беше оваа книга, од која извадив многу поуки, како за животот општо, така и за љубовта и за сексот.

    Сега, како што пред малку напишав во темата моментално читам , ја читам книгата The Other Side Of The Story од познатата Ирска авторка Marian Keyes.
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ЈУНИ

    17. Минет Волтерс – Скулпторката

    Прекрасен криминалистички роман кој ги открива тајните на едно англиско семејство. Осудена за громорозното убиство на сестра си и мајка си, Оливе ја прифаќа кривицата и воопшто не се противи.
    Росали е новинарка чија задача е да открие кои се мистериите во врска со тоа убиство и кој всушност е виновен за истото.
    Љубов, крв, омраза, мрачни тајни...

    18. Ентони Бурџис – Пеколен портокал

    „И сеа што праиме?“
    Досадата која владее наоколу е виновникот за насилните постапки на група млади луѓе...
    Насилство, дрога, секс...
    Ништо специјално, не сум Бог знае колку воодушевена... Но сепак поучна книга.
    И ми се допадна повеќе од филмот

    19. Николај В. Гогољ – Шињел (и други раскази)

    Ми се допаѓа неговиот реалистички стил. Начинот на изразување и не секаде сретливата слобода која ја дава на читателот да размислува.

    Го одвоив Шињел, бидејќи најмногу ми се допадна.
    Ова е доказ дека отсекогаш на луѓето им се судело по надворешниот изглед... Но сепак се се врти и се се враќа.

    20. Борис Вијан – Ќе ви плукам на гробовите

    Маестрално дело од француските класици. Премногу слободен стил на изразување, особено за минатиот век...
    Иако осудувана како неморална, етикетирана за еротска и долго време забранета, го достигнува врвот.
    Поради неговата црнечка крв, плати со живот... Но сепак проживеа доволно за да се одмазди.





    ЈУЛИ

    21. Габриел Гарсија Маркез – Сеќавање на моите тажни курви

    Навистина е дека за љубовта нема граница. Мислам дека оваа книга е и доказ за тоа. Неговите 90 години не го спречија да се заљуби.
    Но го спречија за ужива во таа љубов на свој начин...

    „Кога некој некој ќе ме праша зошто не сум се оженил, велам дека курвите не ми оставија време да го направам тоа.“

    22. Карлос Руис Зафрон – Полноќна палата

    Ноќта која го означува крајот на животот во домот за сираци, го предвидува почетокот за нешто дотогаш непознато и невозможно.

    Незнаењето дека главниот на друштвото Чоубар и девојката која се појавува последната ноќ се всушност близнаци не е единствената тајна.
    Дали имињата напишани наопаку се тиа кои имаат влијание врз лошите сеништа?

    „Во животот има две работи кои не можеш да ги избираш, Бен. Не можеш да си ги избереш непријателите. И не можеш да си го избереш семејството. Понекогаш е тешко да направиш разлика меѓу едните и другите, но времето те учи дека, на крајот на краиштата, твоите карти секогаш можеле да бидат и полоши. Животот сине мој, е како вистинска партија шах. Кога почнуваш да сваќаш како се движат фигурите веќе си изгубил.“

    23. Карлос Руиз Зафрон – Септемвриски светлини

    Животот на Симона и нејзините деца се врти за 180 степени кога тие се преселуваат кај најголемиот производител на играчки.

    Куќа преполна со најразлични машини кои се единственото нешто што ја нарушува самотијата е всушност едно премногу мрачно место...
    Нереална но сепак преинтересна книга.

    „ „Не е фер“, му рече на галебот. „Кога ќе се родат, никој не ти кажува дека ќе го прават истото што си го правел ти на нивни години.“ “

    24. Карлос Руиз Зафрон – Принцот на маглата

    Според некои третиот, според некои првиот дел на трилогијата на маглата. Сепак се работи за книги кои се поврзани преку нивната нереалност, сеништата и маглите.

    Семејството Карвер бегајќи од војната мисли дека го наоѓа најмирното и најидиличното место за живеење. Напуштената куќа крај морето иако изгледа најнормално сепак крие мрачни тајни во себе.
    Упорноста на Макс и Алисија и помошта на Роланд ќе ги откријат тајните но по цена на еден живот.
     
    На BeYourself, Magnolija, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Јули:

    13. "Сенка на ветрот" - Карлос Руиз Зафон
    Благодарение на стилот на пишување на Зафон, Фермин ми стана омилен лик. Мистеријата ужасно привлекува, а самата книга е вредна за читање. И покрај 500те страници, нема да ја испуштите од раце. Се работи за свет исполнет со мистерија, љубов и омраза, болка.. Masterpiece!
    Овој свет е свет на сенки, а магијата е ретко добра работа.

    14. "Заточеник на небото" - Карлос Руиз Зафон
    Совршен завршеток на триологијата за Гробиштата на заборавените книги. Испреплетена приказна која не води низ минатото на емотивно разголениот Фермин. За сите што ја прочитале и горенаведената, топло препорачувам.

    15. "Девојката со зелените очи" - Милица Јаковлјевиќ
    Искрено, не ми остави никаков впечаток. Бледи приказни за девојките од минатиот век. Залудно потрошено време.

    16. "Мистеријата на синиот воз" - Агата Кристи
    Поарно и понатаму е нанадминлив детективски лик. Возбудлива книга, на моменти напната, те тера да се впуштиш во игра и да размислуваш за убиецот на госпоѓицата Кетрин. Мислев дека убиецот е младата танчерка, но крајот ме изненади.

    17. "Малиот принц" - Антоан де Сент- Егзипери
    Во III одделение, ни ја дадоа книгава како лектира. Ми беше премногу досадна, не ја сфатив и по десеттата страница се откажав. Пред некоја недела решив да и дадам уште еден обид, но овојпат не се згрешив. Светот виден од призмата на Малиот Принц, и тоа како возрасните заборавиле многу работи. Најубавата детска книга, наменета за возрасни.
    И кога ти ќе се утешиш (луѓето секогаш се утешуваат), ќе бидеш среќен што си ме запознал. Ти секогаш ќе бидеш мој пријател. Ти ќе сакаш да се смееш со мене. И понекогаш ќе го отвориш прозорецот цамо така, од задоволство... А твоите пријатели ќе бидат зачудени кога ќе те видат да се смееш гледајќи го небото. Тогаш ти ќе им кажеш: "Да, ѕвездите секогаш ме засмејуваат!" И тие ќе мислат дека си се збудалил. Јас така ќе ти направам итра игра...

    18. "Убиство во Месопотамија" - Агата Кристи
    Интересна книга, впрочем како и сите на Агата. Но, со предвидлив крај. Убиецот го "открив" некаде пред средината на книгата.

    19. "Куќата на злото" - Агата Кристи
    Ремек- дело. Засега омилениот криминалистички роман. Тотално не предвидлив, а кога се наѕазира крајот ќе бидете згрозени од монструозноста и ставот на едно малечко девојче.
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Јули

    33.Опасно блиску-Линвуд Баркли
    На почеток очекував просечен трилер ја читав некако со сила, ама како се испреплетуваше приказната стануваше се понапнато и се најдов изгубена еден момент.Всушност приказната предобра и мило ми е што и дадов шанса на книгава.

    34.The perks of being a wallflower-Stephen Chbosky
    Книгава од дамна ја меркав.Не можев да поверувам дека уште од 1990(времето на настаните)тинејџерите се сретнувале легално со дрога и алкохол.Книга која што сметам дека треба да ја прочита секој тинејџер и која е специфична и едно одлично дело.

    35.Сопругата на италјанскиот богаташ-Хелен Брукс
    Слабо дело, и без мерак ја дочитав.Типична лесна литература, со нели очекуван крај.
     
  19. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    31.Понижени и навредени-Достоевски
    За Понижени и навредени, Оскар Вајлд изјавил дека не е воопшто инфериорна на останатите ремек-дела, а Ниче плачел додека ја читал.
    Овој роман е интригантна приказна на една од омилените теми на Достоевски – човечката трагедија, а читателот нурнува во свет на морална деградација, детски трауми, и пред сè, невозвратена љубов и неспоиви врски.
    Во центарот на приказната се еден млад автор во подем, младо несреќно девојче и еден изопачен аристократ кој ги наговестува маестралните негативни ликови на подоцнежните ремек-дела на Достоевски.
    Еден од најважните лајт-мотиви во творештвото на Достоевски е покајничката вредност на страдањето.
    Понижени и навредени, со трагичните судбини на ликовите, ја развива токму оваа тема, најмногу преку ликот на Аљоша и неговата необична љубов кон Наташа.
    Самиот почеток на оваа книга, со приказната за чудниот старец и неговиот Азорка е доволен за да ве трогне и како магнет да ве привлече за неа сè додека не ја прочитате и последната реченица. Но најтрогателно е измачувањето на еден добар татко, кој е растргнат помеѓу љубовта кон својата ќерка и понижувањето која таа му го нанесе.
    „О, па нека сме и понижени, нека сме и навредени, но пак сме заедно, па нека, нека ликуваат сега лошите и надуените кои нè понижнија и навредија! Нека фрлат камен по нас! Не плаши се, Наташа... Ние ќе тргнеме заедно, сложно, а јас ќе им викнам: оваа е мојата мила, мојата сакана, оваа е мојата безгрешна ќерка која вие ја навредивте и пониживте, но која јас, јас ја сакам, и која ја благословувам засекогаш!...”
    32.Бруклински Будалаштини-Пол Остер
    Нејтан Глас се враќа во Бруклин барајќи некое место каде што ќе "замине тивко"! Многу нешта му се случиле одеднаш: преживеал операција на рак на белите дробови, неговиот брак се распаднал, а ќерка му не сака да разговара со него повеќе.
    Нејтан се чувствува напуштен сѐ додека еден ден не се сретне со Том кој не го видел одамна, неговиот омилен внук, бистро момче со иднина која му ветува многу.
    И него исто така го напуштила среќата, како и Нејтан, па така тие почнуваат да се среќаваат во една книжарница. Со нивната судбина се испреплетува и таа на Луси, внуката на Том, која е оставена пред прагот на Том и која не зборува, па заедно тие се трудат да го пронајдат животот кој мислат дека го изгубиле.http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=61
     
    На LivingGlam и Magnolija им се допаѓа ова.
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    18.Царица -Шан Са
    Приказна за најголемата кинеска царица и за освојувањето на кинеската династија.Приказна исполнета со препреки,интриги,предаства,братоубиства.страст,љубов.
    19.Вероника реши да умре-Пауло Коелјо
    Повеќето знаат за што станува збор во книгава.Ја читам по втор пат.Првиот пат ја читав кога не разбирав многу многу на 13години негде али сега буквално ја сватив поентата на книгата