Предизвик за Фемина читачите

Discussion in 'Литература и уметност' started by Theodora, Dec 26, 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,361
    Gender:
    Female
    Засрамота, ме го исполнив предизвиков и повеќе не си задавам предизвик. Колку ќе прочитам толку.
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,253
    Likes Received:
    6,027
    Gender:
    Female
    Само да кажам дека приметив дека некои членки ставаат критики за книгите што ги прочитале превземени од сајтот сакамкниги.мк, притоа без да напоменат дека тоа не е нивна критика, туку преземено или цитирано од друг автор. И во оваа и во темата Последна прочитана книга.
    Пријавив и кај модераторите, ама гледам нема реакција.
    Не знам за вас, ама според мене не е во ред.
     
    Magnolija, sesilija, LilBaby and 3 others like this.
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2011
    Messages:
    999
    Likes Received:
    1,962
    Gender:
    Female
    Јули

    29. Хари Потер и Полукрвниот Принц - Џ. К. Роулинг
    Книгата ја читав додека бев на одмор и воопшто не ми се оставаше. Ја прочитав во еден здив како и сите други делови. Не ги ни осетив страниците. Се‘ би дала барем 1 недела да живеам и учам во Хогвортс. :angel: И неможев, а да не заплакам на крајот.
    И овој дел книгата ми е подобра од филмот. Сега ми остана уште 7 дел, ама го немаше во библиотека (се‘ до денес ^_^ ). Значи дефинитивно, Хари Потер ми се книги број 1!

    30. Знаеш ли да чуваш тајни - Софи Кинсела
    Брза книга за читање, чик литература. На некои моменти ме смееше, разбирлива е и лесна.

    31. Девојката со портокали - Јустен Гордер
    Си ја чупив книгата неколку саати пред да одам на одмор. Доста е интересна и ја препорачувам. Извлеков неколку интересни мисли. Се зборува за еден тинејџер чиј што татко починал додека тој имал 3 години, но му оставил писмо. Во текот на книгата тој цело време го чита писмото во кое што татко му, му ја опишува неговата љубов кон девојката со портокали.

    32. Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
    Многу добра книга во која што се задлабочуваш и патуваш низ времето. Се зборува за еден лекар од Сан Франциско на кој му се пружи шанса во животот, да патува во минатото и повторно да ја види Илејна, неговата сопруга, да промени некои работи и поправи некои грешки. Книгата е полна со неизвесност и многу брзо се чита. Ја препорачувам.

    33. Шминкерка - Андреа Семпл
    Уште една книга од чик литература. Брза за читање интересна, а понекогаш и ќе ве насмее главната хероина која постојано лаже. Лесна книга за расположување.

    34. Тајниот дневник на Адриан Мол - Сју Таунсенд
    Имав еднаш спомнато дека не сакам да читам книга-дневник, единствена таква книга што ми остави доста добар впечаток беше Ана Франк, ама сепак се решив да ја земам од библиотека и да ја прочитам. Се зборува за 13 годишно момче кое си ги исповедува своите љубовни и домашни проблеми низ страниците на тајниот дневник.

    И тоа е се‘... :)
     
  4. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    2,090
    Likes Received:
    12,279
    Gender:
    Female
    33.Гревот на нејзината мајка-Мир-Јам
    Се работи за младата девојка Неда која судбината ја остава без двајцата родители, прво без нејзиниот татко, а потоа нејзината мајка умира од жал за својата ќерка, во моментот кога дознава дека таа е киднапирана. Неда е патријархално воспитана девојка која се мажи со непознат човек откако е киднапирана од негова страна и сето тоа се случува во една ноќ. Се венчава во манастир, а следното утро е вратена во нејзината куќа, запрепастена од она што ќе го види. Таа останува без последното драгоцено нешто во нејзиниот живот - својата најмила мајка.
    Неда останува осамена девојка во нејзината околина исчекувајќи што ќе се случи со нејзината судбина. Ја пробува својата среќа во големиот град Белград и под туѓо име оди во селото каде е тајно венчана со нејзиниот таканаречен маж.
    Таму останува во една куќа залажувајќи ги другите дека се лечи од многу тешка болест, но во исто време се сретнува со нејзиниот законски маж Бојан којшто полека, полека го засакува со целото свое срце. Но таа се соочува со одбивноста на неговото семејство и дознава дека всушност Бојан е женет за друга жена.
    Таа разочарана го напушта селото без да се види со него оставајќи му само едно проштално писмо. Во таа ситуација Бојан тргнува да ја стигне и да ја врати во нивната заедничка куќа. Враќајќи се заедно дома семејството на Бојан се враќа од одмор и потоа прифатена од нив, среќно живее до крајот на животот.
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    34. На пат- Џек Керуак
    Книгата не ми остави некој голем впечаток. Стилот на пишување е одличен, само некако не ме заинтересира, ми беше досадничка. Kнигата е патопис, главниот лик Сал тргнува на патување со својот пријател Дин. Поминуваат низ разни места, запознаваат секакви луѓе... Алкохол, дрога, секс, џез, криминал- составен дел од нивниот патувачки живот. Книгата не е лоша, само ми наликуваше на некои други книги пишувани во ваков стил.
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    25. 3лоба - Даниела Cтил

    26. Mосковскиот вектор - Pоберт Ладлам
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    35. Мајката на Перл- Мoрин Ли
    Фантастична книга, не очекував дека ќе биди толку добра. Има 420тина страници па си мислев дека многу време ќе ја читам, ама е многу интересна и едноставно те тера да читаш уште и уште. Ејми е мајката на Перл, која извршила убиство и долго време е во затвор, го убила својот маж Барни. Во книгата се раскажуваат случки од сегашно време, но и од времето на војната, кога Ејми го чека својот маж да се врати од војната. Трудејќи се да ја заштити Перл, поминува низ се' во животот, ја омаловажуваат, повредуваат, но Ејми сеуште стои цврсто со исправена глава. А, кога ќе излези од затвор, приказната се разјаснува... Вреди да се прочита, преубава книга :)
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    36. Едно лето во Италија- Луси Гордон
    Според насловот, книгата очекував да биди нешто слично на чик литература. Ама испадна сосема обратното слична е нешто како криминалистичка или трилер. Холи се наоѓа во возот, каде бега од полицијата. Таа е измамена од своето момче, а полицијата ја бара неа. Во тие моменти од купето ja здогледува едно мало девојче кое во буквална смисла ќе се вљуби на прв поглед во неа. Таа наликува на нејзината почината мајка. Ќе успее да се извлече од возот, бидејќи таткото на Лиза е судија и има многу врски. Но тој дава услов Холи да живее со нив, бидејќи Лиза е неразделна со неа. Холи ги дознава тајните на судијата, но и тајните кои ги криела починатата мајка на Лиза...
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    2,412
    Likes Received:
    18,409
    Gender:
    Female
    10. Полиња со диви нарциси- Винка Саздова.

    -Прекрасна книга, ми фали крајот те остава да ја замислиш целата таа средба, ама ми фали мало објаснување, што како одкога се враќа Сара дома.. дали се споиле со љубовта.. и се натаму..како и дае инспиративна книга.

    11. Московска сага - А.Д Милер.

    - Многумина беа воодушевени од книгава, мене ми беше лесно предвидлива целата сторија. Од целета книга една реченица ми остна во глава: - Животот е опасен никој не го преживеал. И делот кога објаснува колку е отуѓен од фамилијата, различни патишта, различни приказни, што е многу точно..
     
    La.Reina.Del.Sur and antonina like this.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Joined:
    Nov 18, 2011
    Messages:
    654
    Likes Received:
    1,337
    Ја почнувам од денес "Девојката со протокали"-Лустејн Гордер :) Ветувам! :!:
     
    Stoimenovska likes this.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2010
    Messages:
    1,147
    Likes Received:
    2,620
    Август!

    4. Затоа што те љубам-Гијом Мисо.
    Порано кога земав една книга од Гијом Мисо прочитав неколку страници и ја вратив, досадна ми беше. После тоа не сакав ни да помислам на Гијом Мисо, мислев дека сите книги му се досадни. Овој пат не знам што ми текна да ја земам, но ни малку не се покајав. Книгата е прекрасна. Се зборува за едно семејство кое се распаѓа по исчезнувањето на нивната ќерќа. Препорачувам!

    5. Небото паѓа-Синди Шелдон.
    Отидов во библиотеката со намера да ја земам "Ако го дочекам утрото", но ја немаше таа и библиотекарката ми ја препорача оваа. Книгата ја прочитав во еден здив. Нешто како трилер е полна со мистерии. Упорната Дана сака да дознае за сомнителната смрт на 5 члена од едно семејство. И оваа ја препорачувам.

    Ветувам дека до крајот на Август ќе прочитам уште многу книги. :D
     
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2012
    Messages:
    654
    Likes Received:
    1,275
    17. Единаесет минути - Пауло Коелјо
    18. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
    19. Идиот - Ф.М. Достоевски
    20. Светот на Софија - Јустејн Гордер
    21. Уметноста на љубовта - Ерих Фром
    22. Весела наука - Фридрих Ниче
    23. Се плашиш ли од темница? - Сидни Шелдон
    24. Роза за балерината - Лурлин МекДениел
    25. Тао Те Кинг - Лао Це

    Малку заостанувам оваа година со прочитаните книги, ама матура, одмори, уписи на факултет и триста други работи си допринесоа за ова. Лани ова време имав прочитано многу повеќе. :|
     
    BeLLaDona23 likes this.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Joined:
    Apr 10, 2010
    Messages:
    1,652
    Likes Received:
    1,709
    20.Шолја чај-Ејми Ефрон
    Лесна и разбирлива книга,која со една добра постапка се измешани и поврзани судбините на тројцата главни ликови во оваа книга Роузмарин Фил,Филип Ослип и Еленор Смит.Како една покана за шолја чај ќе почне и ќе заврши трагично една љубов.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,059
    Римскта љубовница
    Папата Јована
    И двете книги ми оставија голем впечаток, а додека ги читав буквално живеев во нивниот свет. ЛЕсни книги за читање, а сепак интересни, занимливи, возбудливи... досада во ниту еден момент не почувствував. Буквално од првата страна па до крај читав и бев во исчекување да откријам нешто ново.
     
    Gordana10 likes this.
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    37. Препушти се- Сара Десен
    Лесна книга, поточно би било ако кажам тинејџерска. Оден е осумнаесетгодишно девојче чии родители се разведени, живее со мајка и' и нема другарки. Многу нешта пропуштила во текот на нејзиното детство слушајќи ги своите родители како се расправаат. Едно лето решава нешто да промени во својот живот, па неколку месеци живее кај татко и', неговата жена Хајди и нејзината малечка полусестра Тизба. Tука започнуваат нејзините авантури, го запознава Илај кој е многу сличен со неа, запознава три другарки и се обидува да ги надомести сите оние изгубени работи од детството... Книгата ми се допадна, интересна и лесна за читање :)
     
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    2,090
    Likes Received:
    12,279
    Gender:
    Female
    34.Дневникот на Ана Франк
    35.Москва на солзите не им верува-Валентин Черних
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    1,493
    Likes Received:
    2,949
    16. Секој што е некој - Лорин Вајсбергер
    Американски живот - еднолична книга.
    Веќе видено, ама во секој случај интересно за излежавање на плажа.
    Препорачувам доколку сакате само да се релаксирате.

    И искрено, чудово од книга е подобро од ’бестселерот’ Ѓаволот носи прада.

    17. Прстен - Даниела Стил.
    Извонредно дело! Толку многу чинам немав плачено кога ја читав Клетници.
    Се чита во еден здив! Ја препорачувам на сите, иако книгава е трагична.
    Се работи за животот во војна.

    И денес видов дека книгава има филм. Разочарана сум од актерката која ја глуми Ариана и мајка и’ . Толку остри црти, толку извештачен лик за една 19 годишна девојка. Не, не ми се допаѓа филмот.
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    27. Remember me - Sophie Kinsella
    Hикогаш немам читано книга од Cофи па викам ај да видам некоја на интернет. 3наете, малце е тешко и безлично да читам книга од компјутер, ама еве англискиве супер ми одат.
    Cтанува збор за девојка која во почетните страници е опишана како повлечена и многу обична, и една вечер решава да излезе со нејзините 2 другарки на пијачка и тогаш се случува моментот што ќе и го сврти животот наопаку. Cе буди во болница, и дознава дека е 2007ма година, а таа единствено се сеќава на случката погоре, која се има случено во 2004та. И така има дупка во меморијата од цели 3 години во кои дознава работи за себе кои ни на крај памет не ги очекувала. Mногу занимлива книга која опушта.

    28. Дневниците на една дадилка - Eма Mеклафлин и Hикола Kраус
    Kнигава ме врати во времето кога ја читав Mери Попинс (толку јасно се сеќавам на тој момент, едно лето кога ја читав оваа лектира). Mлада девјка која е при крај со студиите се вработува кај едно богато семејство со милион каприци која таа е `должна` да ги трпи како дадилка на четиригодишниот Греер. Tолку добро, со одлична доза на иронија се опишани богатите луѓе, и тоа колку не се грижат за ништо дури ни за сопственото дете, единствена грижа им е само шопингот, и забави и балови на кои треба да се покажат како вистински заљубен пар. Eдна идилична фарса, би рекла.

    29. Жени и љубовници - Џејн Eлизабет Bарли
    Oваа книга ми ја препорача библиотекарката, а и баш сакав некој опуштен роман за одморот, и навистина беше така. Tука се опишани приказните на три сестри, нивниот однос во бракот, афери, детски проблеми, еден роман кој доста интересно ја доловува монотонијата во брак кој трае подолго време, и како се решаваат сопружниците на изневерување, и обидот да се спаси бракот, да се внесе живост во него, да се пробаат нови работи, и страста да проработи повеќе од порано. Препорачувам.
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2012
    Messages:
    601
    Likes Received:
    351
    14.Препушти се-Сара Десен
    15.Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ
    16.Јади,моли се,уживај-Елизабет Гилберт
    17.Порака во шише-Николас Спаркс
    18.Дневникот на Сузан за Николас-Џејмс Патерсон
     
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    420
    9. Последното предавање - Ренди Пош
    малку заостанувам, ама ќе се потрудам да ве стигнам ;)