Предизвиков е супер. Го прифаќам ! Со оглед на тоа дека имам на 3-4 страни запишано книги кои ме чекаат Едит : Сакав да прашам дали ќе се брои книгата која сум ја почлнала сега да ја читам, а сум ја завршила на пример на 2-3 јануари ?
Го прочитав предлогот и си реков, 35 книги се многу, а јас треба да почнам дипломска да спремам (проект), НО и јас го прифаќам предизвикот. Палче нагоре за идеава, навистина ми се допаѓа. Таман планирав и да се откажам од сериите, а ова многу ќе ми помогне. Немам зборови, алал да ви е.
Теодора на каков предизвик ме ставаш.. Ако прифатам, страв ми е да не го прекршам, сепак оваа година сум матурантка, не знам што попрво. Но, сепак прифаќам. Не ветувам, но ќе се обидам.
Да, да и да! Spoiler Браво за идеата и за темава! И онака во план ми беше од јануари да почнам со читање а до тогаш да се снабдам со книги. Браво!
Немојте вака, треба да работам, дете имам за гледање...Јас ќе си зацртам 12-една месечно, и тоа помали За 12 you got a deal
Е богами не е лоша идеава. Како што читам слабо, ова ми е како добредојде. Ајде џенцки, ќе читаме :up:
Многу ме радува што има голем интерес за предизвикот . Инаку целта е да се оствари предизвикот, ама и да не се оствари нема да има никакви казни . Шкорпионке, 35 фајнл офр . Ти прифати го предизвикот, па прочитај колку мислиш т.е. можеш, па на крај година ќе ти пресметаме процент на реализација. Може и јас ќе немам 100% де. Инаку и електронски книги се во игра, Вајт Ејнџл. И јас ако не успевам да дојдам поинаку до бројката ќе ,,крпарам,, со електронски како крајна опција веројатно. Џуси, не се брои било што прочитано пред 01.01.2012 година. За да биде предизвикот во рамките на една календарска година. Плус, јас имам намера по истекот на секој месец да пишам што сум прочитала во конкретниот изминат месец. Така во февруари ќе пишам за прочитаните книги во јануари. Ако некој сака може да го прифати овој начин, ако сака за секоја книга поединечно нека пишува или па на крај да ни соопшти што се‘ прочитал.
И јас ќе го напишев истово Особено што стручна литература ми го окупира целото слободно време, а гледам така не се важи Мислам, можам ја и 35, теоретски... ако се рачунаат тие на децата што им ги читам. А тука се и лектирите на ќерка ми - Зоки Поки, Касни порасни... Инаку предизвикот е супер, браво за идејата!
Да, така ќе биде подобро. Да напишеме наше сопствено мислење, критика, осврт, дали ни се допаѓа или не, дали би ја препорачале. Да прашам школските книги се важат или не?
Сепак околу тоа дали ќе е поопширна критика или кус осврт да оставиме малку поголема слобода, нека секој одбере. Може лектири дури и тие кои ги спомена Ариел - Зоки Поки & ко , само да нема книги од типот - Граѓанско право или Финансиски менаџмент ...
Таман се мислев дал да прифатам ама ме уби во поим Стручната литература ем е поспоро се чита, ем е пообемна, земајте го во предвид тоа. А да прашам имам книги во оригинална верзија на англиски. Дали книга на англиски ќе се смета ко 2 книги? Ајде го превземам предизвикот. Пред се ради мене, зашто затупев годинава ни 10 книги немам прочитано, ама затоа тата мата за стручна литература сум годинава, подобра од берзански прирачници сум Се надевам помалку замарања со магистерскава теза ќе имам и ќе се потрудам што поголем број книги да се, дај боже 35.
Па сите што читаме книги пак ќе читаме, бројката е малку поголема земајќи ги во предвид и останатите обврски во животот, студии, работа, семејни обврски, не може да се постигне се, предизвикот од 35 книги (не од типот на пајажината на клементина, ма да се радував едно време на неа) е некако преголем зашто треба да се чита со задоволство а не со мисла дека човек е во трка на квантитет а не на квалитет. И да не се пишуваат само наслови на книгата, јас читам ова јас читам она,и секој месец си пишува само по два наслови и толку, туку по секоја прочитана книга да се направи еден логичен осврт на делото од кое би се видело дека некој навистина ја прочитал книгата. Предизвиков не го гледам како нешто задолжително и да се оптоваруваме дека мора и мора да го достигнеме максимумот, плодот од предизвикот е зголемување на желбата за читање истовремено навлегувајќи во идејата. Конечниот број би можел да се намали барем на 25, тргнувам од себе и од тоа дека не наоѓам доволно време за се а и книгите ги читам со големо внимание и со навраќање. Сега значи треба да чекам до сабота да почнам со една од неколкуте книги што ги купив сега брзо. Баш пред некој ден дојде дистрибутерот јас се обидов да му удрам корпа викам леле човек последните 3 книги што ти ги купив уште ги немам пипнато и пак му купив уште една, од жал за Деспина И така во сабота какви кафани, кафичи, прасиња и руска, правец кревет под кебе со книга во рака, стартува Femina Rеading Race 2012
Ја обожавам идејава!!! Ем си водиш некој вид на евиденција, ем те поттикнува повеќе да читаш. На крај може и награда за онаа што прочитала најмногу книги, да и посадиме сите по едно дрво во двор/пред зграда да одмори очи од толку читање
Браво првенствено за идејата, а и за темата! Книгите ми се предизвик. Ама, не дека сум нон-стоп со книга в раце, туку, читам во слободно време. И баш ми се допаѓа овој предизвик. Башка, дава мотивација. Јас и во темата Моментално читам ќе пишувам, а и во некој тефтер, во случај да не заборавам тука. И да, не би било тоа-тоа ако се лаже. На пример, ти си немаш појма од Ана Каренина од Толстој, не си ја прочитал нит мислиш да ја читаш, а отвараш википедија, пребираш некои податоци и ајдее, ја прочитав. Мислам, прав предизвик би било доколку се тестираме колку навистина можеме да прочитаме. Сепак, оние кои ќе прочитат да кажеме 15 не значи дека не ги бидува и бла, бла. Туку, едноставно можеби се случува од немање време, окупираност со други работи (како што некои спомнаа - матура, диплома). Инаку, јас до сега не сум водела евиденција за прочитаните книги, ама сега - би почнала. Темава ме измотивира.