1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    16. Мојата омилена сопруга - Тони Парсонс
    17. Алеф - Пауло Коелјо
    18. Патување со љубената - Божин Павловски
    19. Самац у браку - Милица Јаковљевиќ
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Заостанувам многу знам, ама немам време, крадам кога можам.

    12. “Фани Хил“ - Џон Клиланд - хм забранета еротика во минатото, јас кога ја читав ми беше исто ко да гледам секс сцени на риплеј, не знам, не ми беше нешто вауу еротика или не знам, ја кажува судбата на девојче на кое му умира семјеството, и нејзиниот живот по бордели, нејзини сексуални искуства како и на пријателките.. не знам ок е, ама ништо вауу.

    13. “Мери Попинс“ од П.Л. Траверс, ја најдов случајно кај внука ми, и' и се радував.. што да кажам си знаете се за лектирчево..
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    1.Анастасија(анаста) Владимир Мегре
    редбата со Анастасија и Владимир Мерге е случајна, кога познатиот претприемач организира со неколку луѓе потрага по ѕвонливите кедри. Случајна средба со двајца старци, пак ќе биде поводот за таа потрага.
    Тој од нив ќе дознае за моќта која ја имаат дрвата Кедери, кои со своите иглички ѕвонат за да бидат набрани од луѓето, да ја пренесат нивната позитивна енергија кон земјата која се одбива од вселената и се собира во тие дрвја.
    За да се увери во тоа Владимир прави истражување и наоѓа докази кои ја потврдуваат тезата на двајцата старци, дознава за моќта на нивната лековитост и многу други работи... Тој се дели од својот екипаж и самиот талка низ шумата ја среќава Анастасија – девојката која живее во шума, сосема сама, без постојано живеалиште и облека, наметната само со тенка ткаенина.
    Впрочем оваа шумска девојка израсната од природата и животните е иклучително паметна, како што можат да бидат оние кои ние во нашето општество ги нарекуваме интелектуалци. Владимир Мегре ќе помине 3 дена со Анастасија, за кои таа ќе се обиде да внесе во неговиот живот нов дух. Таа ќе го научи на некои работи во врска градинарството, семејството, сексуалност, лубовта, лекувањето... со цел тој да ги пренесе во нашиот свет за да можат сите да ги применуваат. Прочитајте како природата нѝ го дава сè она што ние не го гледаме со нашите очи и не го чувствуваме со нашата душа.
    Поради тоа Владимир Мегре се враќа во Москва и речиси без скршена пара ќе ја напише и издаде оваа книга, којашто е убаво прифатена од цела Европа и пошироко, со што се организираат групи кои го следат патот по кој ги насочува Анастасија, со цел да се роди една нова свест кај луѓето од иднината.
    2.Кои сме ние Владимир мегре
    Преубава книга.Слична е на Анастасија....
    3.Молчи,молчи-Бека Фицпатрик
    Едноставно прекрасна книга. Книга која уште од самиот почеток те завлекува во темниот свет на Нора Грејтс, девојка која не обрнува големо внимание на момчињата, но Пач тоа тотално ќе го смени.
    Од моментот кога ќе го сретне таа знае дека има силни чувства за него, но неговата мистериозност ја спречува да биде среќна. Плашејќи се од него и од неговата тајна таа завлегува во низа настани, таинствени напади и чудни соништа.
    Тајната за паднатите ангели ќе биде откриена и дали е можно таа тајна да ја спречи љубовта помеѓу Нора и Печ?
    Кој стои зад нападите и соништата?
    4.Ана Каренина Лав.Н.Толстој
    Ана Каренина, несреќната сопруга на високиот руски функционер Алексеј Каренин сака да биде мајка на неговиот син, но не и негова сопруга...
    Таа е доволно дрска да ѝ погледне на вистината во очи и да ја бара љубовта на друго место, во прегратките на грофот Алексеј Вронски, несудената љубов на Кити Шчербацка, таа сака да биде негова љубовница, но не и мајка на неговите деца...
    Каренина ѝ се препушта на забранетата љубов и јавно го искажува она што сите помалку или повеќе го прават, не земајќи го во предвид лажниот морал кој руското високо општество се труди да го задржи.
    Левин исто така се бори за љубовта, и за него љубовта е мотив за сè она што прави... Неговата љубов е Кити, која го отфрла неговиот предлог заради Вронски, но работите се менуваат...
    Тојстој нити ја оправдува, нити ја осудува својата хероина, тоа нѝ го остава нам на читателите, ние да одлучиме до каде вреди да се оди за љубовта...
    5.Сама Горјан Петревски
    Главен лик на романот е Симон Гелев, во кој е потретиран нашиот познат пијанист со светско реноме Симон Трпчевски, кој е претставен како светски млад пијанист, заедно со неговата упорност, работливост, скоромност, добрина, искреност, љубов и почит кон другите.
    Паралено на оваа успешна приказна, авторот ја доловува и приказната за Теодора Малинова. Таа е меѓународно позната каратистка (својата одмазда, ја преточува во успешна кариера), осамена, несреќна девојка. Која е причината за таквата огорченост кај младата личност ќе прашате..... Таа е жртва на измама на „пријател„ ако може така да се нарече. Бидејќи пријател е збор кој има тежина. Дали нејзините млади плеќи се доволно силни да го издржат таквиот товар....
    ... Почетокот на љубов која и не беше почеток, затоа што траела одамна, а тоа си го признаа и двајцата. Си го искажаа и молчејќи со искрен поглед, со прегратка на дождот, но и со ветување дека долго, долго ќе бидат заедно.
    6.Улавите години Б.С
    7.Големи и мали Бранко Копиќ
    Прекрасна приказна од раните години на минатиот 20-ти век во бивша Југославија. Во оригиналот е наречена „Магарешки години“, а во превод на македонски, „Улавите години“. Да, оваа приказна баш ги опишува тие луди години. Време на заљубување, скршени срца и нешто друго.
    Локацијата е сместена во Босна, во интернат, а приказната е раскажана од аспектот на едно дете кое ќе биде дел од „конвикташите“.
    Посебно време им се посветува на неговите другари, како на пр. Бајо и неговата „љубoв“ Зора, новодојдените близнаци и нивните легендарни авантури.
    Дуле Дабиќ Ајдукот и неговата способност со клучевите, но и неговата постојана желба за храна, кој постојано употребува „Брате слатко“, безбројните доживувања кои ќе ги поминат во интернатот, во мир, сè додека не дојде војната.
    Децата во оваа книга се преокупирани со проблеми на нивна возраст, како да го измамат професорот, или неговиот најдобар ученик, да ја уништат онаа „црна книга“ што им ги уништува нивните животи, нивната снаодливост и памет и огромен број на смешни моменти кои ја надополнуваат оваа книга.
    8.Го сакам Лондон - Линдзи Келк
    Анџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа и покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот
    работата од соништата и е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа и е на рака и се е одлично.
    Само што... таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон.. а таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена... Зошто?
    Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк типот од кој побегна кога замина во Њујорк... И таму е нејзината најдобра пријателка од детството со своето ново страшно бебе.. И мајка и која се уште и зборува како да има петнаесет години.. помеѓу другото, се шушка и за свадба.
    9.Ќерките на Рим - Кејт Квин
    „Кејт Квин дипломирала и магистрирала класично пеење на Универзитетот во Бостон. Откако го видела филмот Спартак, одлучила дека еден ден ќе напише книга за гладијаторите. Својата идеја ја преточи во романот „Љубовницата на Рим“, после која набрзо ја напиша и книгата која токму сега ја држите во вашите раце.“Навидум само обична монотона низа на официјални имиња на четири женски потомци на угледната лоза на Корнелијеви во Рим. Но, ниту тоа е обична патрицијска лоза, ниту Корнелиите се обични нејзини припадници, ниту нивниот Рим, во таа шеесет и деветта година беше нешто до тогаш видено.
    Корнелија Прима е целосно посветена на својата општествена положба, на обврските кон домот и сопругот, кого неизмерно го сака, токму онака како што пропишуваат законите на владејачката класа, очекувајќи ја сè поизвесната иднина на римска царица.
    Корнелија Секунда, или Марсела, од наметнатиот брак и сопруг кој никогаш не е во Рим, уточиште бара во восочните таблици, пергаментите и перата, бележејќи ја историјата на римските цареви, потполно сплотена и задоволна во својата улога на набљудувач на историјата.
    Корнелија Терција, Лолија е безгрижна млада жена чиј свет се браковите кои ја држат близу до тронот, римските забави, трачеви и прељуби.
    Корнелија Кварта, Дијана, најмладата и најубавата меѓу нив, има само една страст, коњите.
    Во таа чудна Година на Четирите Цара, ниту Рим, ниту тие ќе останат исти. По крвавите прсврти кои се случуваат во само неколку месеци, најстарата Корнелија ќе биде принудена повторно да ги составува парчињата на своите искршени соништа. Марсела ќе ја спознае својата моќ врз највлијателните мажи на Рим за директно создавање на историјата, а не само нејзино непристрасно и механичко бележење. Лолија со своето молскавично излегување од еден и уште побрзо влегување во друг брак, неколку пати за ред, ќе ја запознае љубовта и мајчинската одговорност. Дијана не престанува да го гледа светот налудничаво и несериозно низ призмата на коњите и коњските трки, но само навидум.
    Три Корнелии ќе останат вдовици. Една ќе преживее голема невоља, а друга ќе доживее незамислива слава. Сите заедно ќе имаат единаесет мажи и осум деца.
    10.Султановиот харем - Колин Фалконер
    Во неговиот харем живеат многу убави девојки кои тука се со една единствена цел- да бидат избрани од султанот и да станат негови икбали а на тој начин би им било доделено џепарлак, лична одаја и многу облека.
    Тука се наоѓаат Гилбехар мајката на неговиот прв син наследник Мухамед, Јулија Гонцага ќерката на еден италијански благородник која била грабната додека пловела и одела да го посети својот болен и стар маж кој и го избрал нејзиниот татко, донесена во харемот таа по игра на случајност тука ја сретнува својата несудена и голема љубов Абас кој тука работи како Кизар –ага, и секако тука е и нај главниот лик помеѓу нив- Хирем , Руската татарка.
    Таа е најопасна. Таа е паметна, моќна, таа секоја интрига паметно ја смислува, добро ја осмислува секоја пропаст на своите ривалки но воедно и му се умилкува на султанот а со тоа и го освојува. Самиот султан малку по малку запаѓа под нејзините моќи и станува зависен од нејзиното присуство во неговиот живот.
    Благодарение на таа опседнатост Сулејман на крај ќе ги изгуби своите сојузници, своите синови и на крај ќе остане и без царската лоза. Морам да се согласам со она кое е напишано на самата корица на книгата дека ова е приказна за свет на интриги, моќ, сензуалност, каде што не владее ни силата ни политиката, туку убавите жени кои се наѓаат зад ѕидовите на големиот харем.
    11.Мадам Тисо - Мишел Моран
    Почетокот на романот е во периодот на 1788 година кога популарноста на кралицата Марија Антоанета веќе полека се намалува. Период на најлутата зима, дојдена веднаш после летото во кое имало многу слаб род, зима во која илјадници луѓе во Париз ќе умрат било од глад било од студ. Период во кој за сè ќе се обвинува кралското семејство!
    12.Мадона на бадемите - Марина Фиорато
    Две љубовни приказни се развиваат паралелно, едната е на младата вдовица Симонета, а другата е на младиот сликар Бернардино.
    Симонета на 17 годишна возраст останува вдовица, сопругот загинува во една од битките кои ја разурнуваат земјата во тој период.
    Трудејќи се да го задржи имотот и да излезе од состојбата во која ја остава мажот, таа се согласува да му позира на младиот ученик на Леонардо да Винчи, Бернардино Луини, кој ги изработувал фреските во црквата во Сароно.
    Нејзината убавина веднаш му паѓа во очи и бидејќи Бернардино е познат љубител на убавите жени, решава да ја овековечи нејзината убавина и ја слика како Богородица.
    Прочитав дека таа фреска сѐ уште може да се види и тоа во познатата црква Санта Марија Дела Грација.
    Во меѓувреме Симонета се обидува да направи нов вид на пијалок мешајќи го екстрактот од бадеми со алкохол, а нејзиното ремек дело подоцна ќе биде познато како "Amaretto di Saronno".
    Како што се ближи сликата на Бернардино, а и пијалокот на Симонета кон крајот, можете и самите да претпоставите, љубовта се раѓа помеѓу нив. Но кој е мистериозниот Евреин со златна рака? Кој е немиот млад војник кој го спасува едно семејство, и зошто тој има влијание врз судбината на Симонета?
    13.Роза за балерината – Лурлин МекДениел
    За оние кои ја немаат читано горенаведената книга, ќе дообјаснам дека книгата е пишувана во форма на писма, мејлови, чат разговори преку интернет итн. Нема стандардно раскажување на приказна туку во текот на целата книга се чувствуваме како да читаме нечии писма, како да чепкаме во туѓо сандаче со мејлови и како вистински да сме инволвирани во сите настани.
    14.Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
    Елиот е млад и надарен лекар во Сан Франциско пред кого претстои добра кариера, но и една изгубена љубов. Со години тој не може да се помири со фактот дека неговата најголема љубов трагично умре, а за чија смрт тој чувствуваше огромна одговорност.
    15.Да се сака повторно - Даниела Стил
    Изабела Сан Грегориа, има сè што некогаш можела да посака: маж од соништата, прекрасен син, модна куќа во Рим, богатство, слава и моќ на кои секој може да ѝ позавиди. Но нејзиниот совршен живот кратко потрајува откако го киднапираат и го убиваат нејзиниот маж. Во истиот миг, целиот нејзин живот се претвара во страдање, страв, закани, многу бессони ноќи. Нејзиниот живот, станува нејзин најголем кошмар.
    Постојано придружувана од телохранителите и стражарите, таа целосно се посветува на работата и грижата за нејзиниот син единец. Подготвена е да го продолжи својот живот, сè додека, еден ден, не добие лажен телефонски повик за киднапирање на нејзиниот син. Така по наговарањата на нејзиниот пријател и соработник Бернандо, таа решава дека е крајно време да го напушти Рим, барем додека стивне правта што се крена со убиството на нејзиниот маж.
    Така, решава со својот син, да замине во Њујорк, кај една своја стара пријателка и да продолжи со својот живот, криејќи се од очите на љубопитните новинари...
    16.Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ
    Ова е вистинска приказна за една девојка од Белград која поради игра на судбината и желбата за подобар и полуксузен живот додека во Србија коси виорот на војната таа се наоѓа затворена во еден харем во Дубаи.
    Тука започнуваат сите нејзини доживувања кои од корен ќе го променат нејзиниот дотогашен начин на живеење...
    Ова е многу тажна и истовремено поучна приказна... Од неа можат сите да научат нешто, сите девојки, сите родители, сите...
    17.Историчарка - Елизабет Костова
    Првата приказна не носи назад во триесеттите години на минатиот век и преокупацијата на еден професор со една книга на која е изрезбарен змеј... Професорот тргнува во потрага по Дракула... И исчезнува. Во втората приказна студентот и неговата пријателка тргнуваат во потрага по професорот.
    Третата приказна не сели напред во случувањата, дваесет години подоцна, кога книгата доаѓа во рацете на младата девојка. Нејзиниот татко исчезнува, оставајќи и ја следнава порака: "Отидов да ја најдам мајка ти". Мајка за која младата девојка знае дека е мртва веќе дваесет години.
    Елизабет Костова не води на патувања од најугледните светски училишта, па се до речиси целосна прошетка низ Балканот, откривајќи ни го нашето најголемо богатсво - балканскиот фолклор. Легендите, верувањата, обичаите...
    18.Сенка на ветрот - Карлос Руис Сафон
    Признавам дека после средината на книгата во неа има доста нереални ситуации и описи ама тоа не ја расипува убавината на оваа книга. Иако има околу 350 - 450 страни таа Ве поведува, некако како само да пловите низ страниците.
    19.Јас, кралицата од Саба - Мишел Кан
    Таа нѝ раскажува како Валкида, доаѓајќи да склопи сојуз со најмудриот и најмоќниот крал на земјата, го запознава за неа Единствениот Господ - Соломон.
    Покрај Соломон таа прераснува во мудра кралица и моќна владетелка.
    Многу години подоцна... симнатиот крал од престолот на Израел го оживува ликот на гордата црна кралица, чиј карактер и убавина му го поматуваат умот, но сепак успева да ја поведе кон патот на мудроста.
    20.Мостот за Терабитија - Кетрин Питерсон
    Ова е приказна за две деца кои со помош на својата имагинација создаваат маѓична шумска земја. Во маалото на петтоодделенецот Џес Аронс, се преселува ново девојче Лесли Бурк кое е голем авантурист.
    Тие за краток период стануваат најдобри пријатели и наоѓаат место кое ќе биде само за нив двајца, место каде што ќе можат да побегнат од стварноста и тешкотиите. Тие секој ден по училиштето одат во шумата блиску до нивните куќи.
    Тоа е древна шума со маѓични суштества, место каде што имаат и пријатели, но секако и непријатели. Здружувајќи ги своите сили тие стануваат кралеви на новата земја наречена „Терабитија“. Со помош на терабитијанските војници, тие се борат против џиновскиот трол, месојадците и сите други непријатели кои сакаат да им наштетат. За нивната земја да може да се види, потребен е отворен ум поради што не секој може секој да ја види. Исто така, тие мора да преминат река со помош на јаже за да стигнат на териториите на Терабитија.
    Но еден ден Џес во утрината ќе отиде со својата наставничка во музејот. Во меѓувреме се случува трагедија... Неговата најдобра пријателка Лесли умира давејќи се во реката која води до Терабитија. Џес не може да се помири со тоа. Тој истрчува во шумата барајќи утеха. Тој сè уште има надеж дека во шумата ќе ја најде Лесли, но тоа не се случува. Бидејќи Терабитија останува без кралицата, на нејзино место доаѓа помалата сестра на Џес, Меј Бел. Меј Бел заедно со Џес оди во Терабитија каде што отпрвин не може да види ништо, но потоа ги гледа сите оние маѓични суштества, а на нејзината и на главата на Џес стојат круните направени од Терабитијанците.
    21.Првиот ден - Марк Леви
    Таа е прекрасна, млада девојка, а тој е успешен астрофизичар. Заедно доживуваат незаборавно патување, кое ќе ги смени нивните животи засекогаш.
    Таа сонува да биде првата која ќе пронајде остатоци од првиот човек, но нешто ѝ се испречува на патот. Како несреќата да ѝ е најдобриот пријател, таа е принудена да замине. Во Париз се враќа со необичен камен кој ѝ служи како амајлија. Но каменот не е толку обичен, како што таа мисли. Тоа го докажува и неочекуваната средба...
    22.Војна и мир - Лав Н. Толстој
    доцна сакајќи да го опише јунакот од неговата младост се нарваќа на годината 1812. Но мислејќи дека нема да биде праведно, како неговите претходници, да пишува само за триумфите на неговиот народ, се враќа на годината 1805 прикажувајќи го „нашиот срам и неуспех“ како и тој самиот кажува. Така првиот дел од романот е објавен под насловот „Година 1805“ во руски весник.
    23.Бели ноќи - Фјодор М. Достоевски
    рекрасниот, мистичен Санкт Петербург е толку далеку на север, што има кратки периоди во кои воопшто не се стемнува навечер; овие ноќи населението ги смета за магични и романтични, и таквото расположение е пренесено во прозата на Достоевски на само нему својствен начин.
    Безимениот протагонист е премногу чувствителен, осамен човек кој се наоѓа во состојба на немир што не може да се окарактеризира со “пролетна треска”, бидејќи го следи преку целата година - тој е мечтател кој не може да се сети за што сонувал...
    Едноставната средба со Настјенка ќе го промени, ќе го мотивира да ја соголи својата душа, и ќе го спаси од него самиот.
    Сè започнува во една прекрасна ноќ, таква ноќ која може да се случи „само кога си млад“. Четири ноќи тие се среќаваат на истото место и раскажуваат за себе, за својот живот – четири ноќи на реалност помеѓу деновите поминати во мечтаење. Дали ќе се заљубат еден во друг? Дали ќе живееат среќно во тој град на осамени срца?
    24.Евгенија Гранде - Оноре де Балзак
    Евгенија Гранде е уште едно ремек - дело на францускиот реалист Оноре де Балзак кој зборува за љубовта, алчноста, семејните врски како и перфидноста со која се одликуваат личностите во овој роман.
    Феликс Гранде е борат трговец од францускиот град Сомир, кој се збогатил брагодарејќи на неговото инвестирање во претходно добро проверените бизниси. Така тој станува почитувана личност, кој го ужива престижот да биде почесен граѓанин меѓу малодушните луѓе во малиот град.
    Тој се жени за ќерката на богатиот стопан де ла Бертелиер со која ја имаат ќерка Евгенија...
    Но, иако г-динот Гранде поседува енормно богатство, неговиот најголем негативитет е алчноста за пари кои цел живот ги штеди и се лишува себеси од луксузот, а воедно го изложува своето семејство на беден живот. И покрај имотот и парите, тие живеат прагматично, бедно, сиромашно, несреќно. Беда - среде тоа богатство. Како резултат на таа негова скржавост, се појавуваат низа личности кои сакат да го симнат од пиедесталот и себеси да се прогласат како апсолутни господари на неговите пари. Еден од тие е и неговит роден брат кој живее во Париз и кој го праќа својот син кај неговиoт чичко... Работите се заплеткуваат, па настанува верига нејасни ситуации .
    Овој роман е прекрасен пример за тоа како не треба да живееме и дава поука дека сите деструктивни работи треба да ги држиме подалеку од нашиот тек на живеење. И на крај да речеме дека животот не се одвива според епската формула во литературата, ами тој тече според сопствената судбинска формула.
    25.Сопругата на италијанскиот богаташ - Хелен Брукс
    Мејзи е обична девојка со неколку килограми повеќе, со една пропадната свршувачка зад себе, бидејќи нејзиниот свршеник ја напушта за девојка која личи на “стап”, а за ситуацијата да биде уште полоша таа работи како ветеринарна сестра во неговата ординација и после таа немила случка останува и без работа. Сосема случајно додека оди на кафе со своите две другарки го запознава Блејн Морозини - чичкото на нејзината пријателка Џеки.
    Блејн Морозини е најпривлечниот, најубавиот, најнеодоливиот и најбогатиот маж кој Мејзи некогаш го запознала.
    А тука секако е и неговата неодолива насмевка. Уште од првиот миг кога ќе ја запознае Мејзи тој чувствува привлечност кон неа. Откако ќе дознае што ѝ се случило Блејн ѝ дава необична понуда на Мејзи- да тргне со него во Италија и да се грижи за животните на неговата мајка.
    26.Смртно вљубена - Федерика Боско
    Авторот нѝ го опишува животот на Моника и секојдневните случки кои ѝ се случуваат, како на работното место така и во нејзиниот дом. Еден ден кога најмалку очекува таа го запознава Едгар, кој е издавач, а Моника пишува книга, но сè уште ја нема издадено и му ја раскажува содржината. Едгар открива талент во неа и ја тера да ја доврши за да ја издаде. Помеѓу нив се раѓа нешто повеќе од обично пријателство и тие се заљубуваат еден во друг, а што ќе се случи понатаму помеѓу нив ќе ве оставам сами да откриете доколку се решите да го прочитате ова дело.
    27.Одмазда на средновечната жена - Елизабет Бјухен
    За тоа е заслужен Нејтан кој сака да се ослободи од тој мирен и предвидлив живот, за ни помалку ни повеќе, помлада жена и тоа колешка и добра пријателка на Роуз. Па тоа боли дури и да не си средовечна жена како Роуз, во секој случај доста низок удар.
    Како и тоа да не е доволно па Роуз мора да ја загуби работата, да го загуби миленичето, мајка ѝ се разболува... итн. итн. Сето тоа ја води Роуз до работ, до крајот од каде што не се може повеќе!
    Депресијата е на прагот заедно со алкохолот и слабата исхрана, но дали тоа е она што Роуз го сака за себе. Дали пред многу години, кога можела да избира, го избрала патот кој ја води до тоа што и се случува сега?!...
    28.Последниот воз за Истамбул-Ајше Кулин
    Неверојатно возбудлива љубовна приказна сместена во еден доста нестабилен временски период, во кој веќе две години Турција се наоѓа на крстопат помеѓу Британија, од едната страна, која инсистирала на тоа Турција да биде нејзин сојузник против Германија, а од другата страна е самата Германија и нејзиниот поход против евреите. Тоа како да не е доволно па од сосем трета страна се појавува и Русија, како закана за некои делови од Турција: Босфор и Дарданелите.
    Втората Светска Војна е на прагот!
    Турскиот Претседател Инону е преплашен бидејќи не го знае наредниот чекор на Хитлер.
    Во тоа време се развива и продолжува љубовта помеѓу една турчинка и евреин. Во време кога евреите биле обележани од страна на Хитлер носејќи жолто.И тоа токму ќерката на Фазил Решат - Паша, Селва.
    Што сè луѓето нема да направат за љубовта?
    Селва го напушта семејството, сестра си, Сабиха, и заедно со Рафаел заминуваат во Франција. Поточно бега од семејството бидејќи тоа, а најногу таткото, не го прифаќа Рафо. Фазил - Паша се откажува од неа затоа што таа се осмелила да се вљуби и да се омажи за некој што не е мислиман. Ниту безуспешниот обид за самоубиство на таткото, ниту упорноста на сестрата да ја премислат не помага, и Селва сепак заминува.
    Сабиха не може да се помири со тоа што таа допринела околу целата таа ситуација. Љубомората кон поубавата и повисоката сестра не ѝ давала мир, па за Маџит, нејзиниот свршеник и висок функционер во турската влада, да не се загледа во Селва таа ја свртува сестра си кон Рафо. Постојано има грижа на совест затоа што смета дека таа е виновникот кој ги создал маките на своето семејство само за да ги оствари сопствените цели. Тоа ја менува сосем, и таа од жената која уживала да се дружи со пријателите се претвора во жена која веќе ништо не ја интересира.
    И преголемото отсуство на Маџит не ѝ помага многу. Постојано е сама со своите мисли, па дури и ќеркичката си ја запоставува.
    Германците почнуваат да продираат насекаде и француската влада ги жртвува евреите за да може да се справи со Хитлер. Наскоро ни преселбата во Марсеј нема да им помогне на Селва и Рафо... невозможно е евреите да им побегнаат на германците... тие живеат во страв дека порано или подоцна некој ќе дознае!
    Неверојатна историска драма која Ајше Кулин вешто ја испреплела со една голема љубов, љубовта на ќерката, која не може да му прости на татка си затоа што ги потценувал луѓето од друга вероисповед, љубовта на таткото, кој пак не може да и прости на ќерката поради тоа што таа застанала против него - главата на семејството, но тука е и љубовта кон саканиот која е најсилна од сè, па дури и од војната која се заканува на нивната слобода!
    29.Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие
    Трејси Шевалие е мајстор на речовити детали, на оживеани слики... Со помош на таквите детали Шевалие го води читателот во светот на сликите, во атмосферата на ремек - делата што ги истражува: трогателна, таинствена, а на мигови речиси неподносливо силна.
    Понекогаш атмосферата е толку жива што читателот речиси може да ја почувствува, да ја намириса околу себе. Ова е вистински бисер...
    30.Знаеш ли да чуваш тајна? - Софи Кинсела
    Лесен, разбирлив стил кој ќе те натера да помислиш дека разговараш со ликовите од книгата. Те тера да се смееш на цел глас додека читаш сам во соба. Ја фаќаш книгата и не можеш да се одвоиш од неа, ни за јадење, ни за пиење, ни за одење во wc. Како да гледаш некоја романтична комедија што трае и трае.
    Не знаеш дали повеќе го сакаш главниот лик или писателката или пак тие две личности можеби се една...
    Главниот женски лик во оваа книга е толку уникатен, толку весел, толку позитивен што едноставно нема да можете да речете дека не сте ја засакале после ови 300 - 400 страници.
    Таа во напад на паника, мислејќи дека ќе се сруши авионот, на тотален странец кој седи до неа му ги кажува своите „најмрачни тајни“. Не, тоа не се страшни големи тајни поради кои некој може да ве мрази или да одите во затвор. Тоа се мали, смешни тајни кои немаат никакво значење за никого освен за неа. Откако ситуацијата со авионот завршува во најдобар ред, таа е засрамена, но од друга страна се теши дека сепак не е толку страшно бидејќи човекот кој седеше до неа нема никогаш повеќе да го види.
    Сè додека неколку недели подоцна таа не го запознае својот нов шеф... кој сега случајно знае дека таа истура кафе во цвеќето на нејзината колешка која не може да ја поднесе, дека го лаже своето момче за бројот на својата облека, т.е вели дека носи неколку броја помала долна облека, дека има соништа кои некогаш ја вклучуваат нејзината најдобра пријателка на малку невообичаен начин . . .
    31.Мојот господин совршен - Александра Потер
    Емили е уште една безнадежна романтичарка, уште една во милионската група на жени која е вљубена во господинот Дарси. Овој лик премногу ми се допадна! Па луѓе, таа е толку блиска до нас, лесно е да ја сакате. Емили и голем заљубеник во книгите. Таа работи во книжарница, нејзината омилена придружба во кревет е книгата и постојат книги кои ги обожава и ги чита по неколку десетици пати...
    Но, Емили нема среќа во љубовта. Се чини дека таа никако не може да го пронајде својот господин Совршен, својот господин Дарси. Токму поради тоа што нема свој господин Совршен со кого ќе ја помине новата година, а не сака да оди на луди журки низ Мексико со своите пријателки, таа заминува во земјата на Џејн Остин.
    Тука нема мажи од соништата. Автобусот е полн со стари жени, пензионерки кои речиси ќе ја натераат да се покае што решава да тргне на ова патување...
    Но што ќе се случи кога Емили ќе го запознае вистинскиот господин Дарси?!
    Ви препорачувам да ја земете оваа книга и да дозволите да ве наполни со позитивна енергија. Меѓу другото, таа ќе ве научи дека вашиот господин Совршен можеби и нема да биде онаков каков што сте замислувале дека ќе биде - НО ТОЈ СЕПАК ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА КРАЈОТ!
    32.Знаеш дека ме сакаш - Сесили фон Зигисер
    Добредојдовте во Горниот Ист Сајт во Њујорк, местото каде што живееме јас и моите пријатели. Тука одиме на училиште, си играме и спиеме, а понекогаш и заедно. Влезете во скандалозниот свет на Озборувачката, тоа е свет населен со градската, најневеројатната толпа луѓе; светот на љубомората, предавството и безобзирните слики насликани на автобусите.
    Дојде време да ги пополниме пријавите за факултет...
    Не станува збор да не аплицираме во Ајви лигата; и ако не влезeме во овие факултети ќе биде ужасно срамно... Ама, јас знам неколку девојчиња кои нема да дозволат притисокот да ги уништи. И покрај сè, никој не сака да се запише на факултет како девица.
    Знаете дека ме сакате, Озборувачка.
    Исто така да напоменам, има и ТВ екранизација од страна на американска телевизија, и мислам дека нема тинејџер кој не слушнал за серијата, затоа што за брзо време во Македонија стана неверојатен хити иако уште не се појавила на нашите телевизии, интернетот го стори своето. Иако можеби ќе ве предомислам, но мое мислење е дека екранизацијата е подобра направена, секако кога ќе се видат убавините на Менхетен на екран.
    33.Го сакам Париз – Линдзи Келк
    Како нарачано, Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle што за Анџела претставува одлична шанса да се одложи разговорот за заедничкиот живот и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.
    Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. Да не имавте некој вибратор внатре, нешто беше сомнително во него?
    И како тоа да не е доволно, нејзината надредена од списанието Belle е вистинска КУЧКА која успева да ѝ упати и до десет навреди во минута. И како тоа да не е доволно, некој сака да ја саботира нејзината важна задача на десетици начини. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria's Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. Руса коса, долги нозе, размачкан креон, главен вокал и гитарист во секси женски бенд, француски акцент, стан со поглед на Сена... дури и на Анџела ѝ доаѓа да ѝ се фрли во скут на Солен. Но Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.
    Ова навистина не е фер. Сè што сакаше Енџи беше да носи беретка, да го држи за рака Алекс додека тој носи црна ролка во француски стил, да се шетаат заљубено покрај Сена, да ја храни со сирење... и секако, да тркне до Шанел. Зарем мораше повторно сè да тргне наопаку?
    Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?
    34.Љубов со можност за бродолом - Торе Де Роке
    Таа е девојка со фобии и стравови. И ова е нејзината вистинска животна приказна. Во нормални услови, човек не би можел да ја види сред океан, сред нездрава бура, во брод со дупка и вкупна екипа од двајца кои се борат да го задржат бродот на површината од водата. Но тоа е она што може да го направи новата врска, тоа е она што може да го направи љубовта.
    Љубовта може од обичен човек да направи лудак...
    Љубов со можност за бродолом (или точниот наслов Љубов со можност за давење) е приказна за Торе која една вечер запознава згоден маж во бар, човек кој успева да ја убеди таа да го напушти својот софистициран живот во Сан Франциско, да се соочи со својот страв од длабока вода и да му се придружи на пат околу светот по вода кој трае точно една цела година.
    Оваа книга е половина љубовна приказна, половина патнички мемоар. Не е многу голема, има околу 350 страници, но доколку седнете да ја читате ќе ви одземе многу време затоа што оваа книга се чита пред компјутер за да можете директно да отворате страни на интернет и да гледате фотографии од местата кои се спомнуваат во книгата. Барем јас така ја читав.
    Да бидам искрена, самата приказна не е ништо особено, освен фактот што станува збор за вистинска приказна и не можам да речам дека ќе ја препорачувам секаде, нема дури ниту да ја преведуваме затоа што навистина не е обична книга белетристика која би можела да воодушеви многу луѓе. Но доколку сакате да патувате, доколку сакате авантури, природни убавини и уникатни места, оваа книга е дефинитивно за вас и тоа за читање на начинот кој ви го предложив.
    Торе и Иван (кој претпоставувам дека сега е нејзин сопруг) одат од еден остров на друг и секаде остануваат по неколку дена. Сите убавини на местата се опишани во книгата, а и секое место е наведено по точното име, така што и вие ќе имате чувство како да пловите околу светот со нив. Јас, особено како голем љубител на острови, уживав додека паралелно со книгата ги разгледував и фотографиите од местата - тоа ми беше целосно искуство како треба да се доживее оваа книга. Во книгата исто така има смешни моменти, како што и може да се очекува од пар кој ја поминува целата година на море, па оваа книга може да се смета и за романтична комедија.
    35.Го сакам Њујорк - Линдзи Келк
    И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли... А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
    Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!
    Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врискате на цел глас! ИЛИ... едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов - ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?!
    И тоа едноставно се случува... Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега! Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака... Но кој може да ја обвини?!
    Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам...“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!
    Прочитав безброј критики за оваа книга пред да ја одберам и сите упатуваат кон исто. Оваа книга мора да им се допадне на сите љубители на Сексот и градот. Оваа книга мора да ја обожаваат сите што ја обожаваат Кинсела.
    :*
    Доколку некој сака нешто подетелно за некоја книга нека ми пише ЛП

    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... 5&Itemid=6
     
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    45. Го сакам Париз- Линдзи Келк
    Книгата ја продолжував в библиотека неколку пати оти немав време да ја прочитам, тогаш бевме турбо со дела за обработка на училиште, а се разбира училиштето е на прво место. Од овие книги од Келк, Го сакам... ја имам прочитано и Го сакам Холивуд и искрено таа поинтересна ми беше. Некако ми се слични ваквите ама добро таква е чик литературата. Дефинитивно книга за релаксација.

    46. Клетници- Виктор Иго
    На некој начин сме "принудени" да ги читаме делата за на училиште, ама многу бев среќна кога сфатив за колку добра книга станува збор. Како мала ја имав прочитано само делот Козета и Гаврош, па ми се враќаа сликите од порано, иако мислев дека во оваа поголемата верзија ќе пишува повеќе и за Гаврош. Баш си се "спријателив" со книгата, бидејќи пообемна е и подолго време ја читав, па ми беше жал сега дека ја дочитав. А, крајот ме зачуди. Прикажано е колку добрите луѓе може да бидат пожртвувани и да се приврзат за едно сушстество кое сепак не е нивно крвно сродство и да го нарекуваат нивна ќерка. Веројатно повеќето од овде ја имаат прочитано, но ако ја немате, топло ја препорачувам, преубава книга! :up:
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    И како што ветив ке дадам критика за сите книги...
    1.Анастасија(анаста) Владимир Мегре
    Таа е прва книга од серијалот Ѕвонливите кедри и кај мене внесе еден посебен силен впечаток и друг свет различен од нашиот..Анастасија е девојка со различни размислувања и оцечувања од нашите...
    2.Кои сме ние Владимир мегре
    И оваа е слична книга како анастасија
    3.Молчи,молчи-Бека Фицпатрик
    Прекрсна книга на која заплакав и која кај мене остави еден поинаков впечаток...
    4.Ана Каренина Лав.Н.Толстој
    Таа е несреќна собрука ан пуски финкционер која е многу несреќна и која ен се плаши да се втурне во забранета љубов и да ја погледне реалноста во очи...
    5.Сама Горјан Петревски
    Книга во стилот на петревски кои на мене лично ми е стил од втор ред
    6.Улавите години Б.С
    Во некои делови досадна но во енкои и интересна
    7.Големи и мали Бранко Копиќ
    Доста интересна книга...
    8.Го сакам Лондон - Линдзи Келк
    Книгите од писателкава ми се врв и интересни и онака лесни за разбирање
    9.Ќерките на Рим - Кејт Квин
    Оваа ми е омилена книга од причина што ги сакам историските книги од ваков тип...
    10.Султановиот харем - Колин Фалконер
    Кога ја читав се мислев дали е точно но со секоја станица се уверував дека е точна и дека има сепак некои работи онакви какви што не се
    11.Мадам Тисо - Мишел Моран
    Книга од периодот 1788 г.кога популарноста на мариа антонета се намалува и сепак е добра книга
    12.Мадона на бадемите - Марина Фиорато
    Љубовна книга во која се зборува за две љубовни приказни кои се одвивааа паралелно..Која вреди да се прочита
    Роза за балерината – Лурлин МекДениел
    значи малку поинаква книга која е пишува во форма ан писма и чет разговори која ми остави посебен впечаток
    14.Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
    интересна книга за која можам да кажам дека е од секојдневиото што ке се случи кога од љубовта зависии кариерата
    15.Да се сака повторно - Даниела Стил
    Што кога една жена има се што ке посака маж од соништата,слава,убава кука,богатство и впрочен тоа е тоа што ми остави впечаток во книгава
    16.Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ
    Самио наслов кажува многу убава и интересна книга според мене
    17.Историчарка - Елизабет Костова
    Приказна која ме однсе во 30 год.од минатиот век...
    18.Сенка на ветрот - Карлос Руис Сафон
    Книга во која има доста нереални настани...
    19.Јас, кралицата од Саба - Мишел Кан
    Ма мене ми беше малку досадна ...но на некои страници и интересна книга
    20.Мостот за Терабитија - Кетрин Питерсон
    Пред се ме воодушевие книгата и децата кои ја направила оваа книга да биде магична книга..и тоа што се зборува за две деца
    21.Првиот ден - Марк Леви
    Тааа е девојка со соништа и желби и која е во потрга по остатоци од првиот човек и наога камен кој не е така необичен..доста интересна книга....која треба внимателно да се чита за да се разбере
    22.Војна и мир - Лав Н. Толстој
    Како и сите книги од писателов така и оваа ми е преубава ...
    23.Бели ноќи - Фјодор М. Достоевски
    Ноките кога во Петербург е далеку на север и има време кога не се стемнува е овие себели и се толку убаво и на еден начин романтично опишани што ме оставија без зборови..
    24.Евгенија Гранде - Оноре де Балзак
    Приказна за љубовта,алчноста,семејните врски, ја прават оваа приказна посебна
    25.Сопругата на италијанскиот богаташ - Хелен Брукс
    Преубава книга која заслужува да биде прочитана и која остава посебен впечаток
    26.Смртно вљубена - Федерика Боско
    Во книгава има доста секојдневни ситуациии..кои всушност ја прават посебна..
    27.Одмазда на средновечната жена - Елизабет Бјухен
    Книгава ја прави убава само еден лик..според мене а другите се онака...
    28.Последниот воз за Истамбул-Ајше Кулин
    Љубовна приказнакоја се случува во време кога сите се во паника и во времето на втората светска војна.. љубов кој не сите ја заслужуваат
    29.Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие
    Е овааа книга е нешто посебно според мене..многу книги сум прочитала но како оваа енма..
    30.Знаеш ли да чуваш тајна? - Софи Кинсела
    Книга со лесен и разбирлив стил кој лесно се разбира..и онака баш како за мои години
    31.Мојот господин совршен - Александра Потер
    Убава книга кај која пред се ме привлече насловот..
    32.Знаеш дека ме сакаш - Сесили фон Зигисер
    Книга од серијата озборувачки и која онака е преубава за читање
    33.Го сакам Париз – Линдзи Келк
    ТИе добиваат понуда за работа во Париз..и се што ке се случи тами всушност е многу добра книга како и сте од писателкава..
    34.Љубов со можност за бродолом - Торе Де Роке
    Книгава ми е врв и е прекрасна...
    35.Го сакам Њујорк - Линдзи Келк
    добра книга од писателкава како сите други
    Имало господ да завршам...вчера ми кажаа дека јас не сум ги прочитала тие книги еве затоа денес напишав помалку за сите :bow:
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    36.Ана и францускиот бакнеж - Стефани Перкинс
    Ана Олифант е главен лик....нејзиниот татко одлучува и милски дека таа треба да се образува и ја испрака во париз...тааа не сака да оди но нема друг избор...таа вејке има дечко,другарка,рабора,фамилија,....
    таа атаму го запознава Сент Клејр ..но дознава и дека нејзината другарка има чуства кон него....Преубава книга која можам да кажам една од поубавите од овој жарн..
     
  7. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Маж за од понеделник до петок - Алис Питерсон
    Што се прави кога имате 34 години и кога свршеникот ќе ве откачи две недели пред свадбата? Додека нејзините пријателки се мажат, додека тие се селат во мирните предградија за да раѓаат деца и да живеат во помирна околина, Гили Браун останува сама во Лондон со нејзиното куче Раскин како единствено друштво.
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    37.Девојката која ја бркаше месечината - Сара Адисон Ален
    Се зборува за две изгубени девојки кои наојгаат свое место под месечината.Емили Бенедикт доаѓа во Мулаби Северна Каролина со надеш дека ке ја рашреши мистеријата за смрта на мајка и.Кога таа ке пристигне во домот на мајка и и кога ке го види нејзиниот дедо ек свати дека мистерии ен се решааваат туку дека таму тие се дел од животот.Преубава книга која ме натера да размислам за некои работи акко на пример колку убав живот имаме и колку нашата мајка е вредна во него и каков би бил тој без неа.
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    38.Сирена - Триција Рејбрн
    Преубава книга...која можам да кажам дека е една од поубавите што ги имам прочитано...Ванеса е девојка која е малку поразлична од нас..Таа сака да го помине стравот што го има за океанот..и пријателството со Сајмон да прерасне во нешто друго..Но кога џастин скока од карта поради некој семејна расправија..и следниот ден океанот го исгрла енјзиното мртво тело да брегот...а додека пк ванеса е сигурна дека тоа не е несреќен случај туку нешто друго..таа дознава дека сестра и триела големи тајни..но наското градот го зафакааѕ несреќи..во кои мртви мажи се исгрлаат на брегот со несмеани лица...ванеса и сајмон сваќаат и дознаваат дека несреќите се поврзани со џастин и кејлеб ..мисла која ме водеше додека ја читав книгата е како ке заврши и дали ке се дознае се...
    :)
     
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    29. „Московска сага“- А.Д. Милер
    30. „Го сакам Париз“ - Линдзи Келк
    31. „Едно лето во Италија“- Луди Гордон
    32. „Пустински цвет“-Варис Дирие
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Изгубив волја да пишувам што читам затоа што некако се замислив за предизвикот- како може исто да се бројат “Шолја чај“ и “Браќата Карамазови“ да речеме?
     
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Еве што напиша Теодора кога ја отвори темата...
    Дoзволен е секаков вид на литература, освен книги и скрипти наменети за студии и друга литература поврзана со образовната, работната или професионална дејност, бидејќи предизвикот ќе го опфаќа само она што го читаме исклучиво за забава и сатисфакција, лична надоградба и сл.
     
    На Smilly, ljubam и L-enna им се допаѓа ова.
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    За срамота...Сепрември само две, а октомври ниедна...
    Немав време, за жал... :(

    29. Фјодор М. Достоевски - Злосторство и казна
    Препрочитував.
    Да живеев во негово време би се заљубила во човеков. Неговите опишувања за Санкт Петербург, ми го оживеа до тој степен како да 10 години од животов сум ги поминала таму т.е. не грешам. Како цел живот да ми поминал таму.
    Само два-три збора за Раскољников.
    Во денешно време никаде нема да се најде човек како него. Во него има спојување на добрина, човечност и не гледање друг излез... И често се прашав дали би постапила како него доколку не би гледала друг излез и за жал мислам дека сеуште не го знам одговорот...
    И би го прочитала уште 10 пати.

    30. Оноре Де Балзак - Чичко Горио
    Исто така препрочитував.
    И овај пат подобро го разбрав од предходниот. Можеби затоа што предходниот пат го читав поради квантитет а не поради квалитет.
    Роман на карактери. Секој со своја приказна, живот, цел и копнеење по нешто.
    Ежен по успех, госпоѓа Вокер по престиж, Анастасија и Делфина по пари а Горио по љубовта од своите ќерки. Која за жал никогаш не ја добива.
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Октомври

    41.Страданијата на младиот Вертер-Гете
    Многу депресивно дело.Ептен онака романтичарски конструирано.Невозможна љубов, осудување од општеството.Навидум тешко за сваќање.Ќе го препрочитам после неколку години, верувам поинаку ќе го разберам.

    42.Малечката Фадета-Жорж Санд
    Лектира која всушност ми беше мошне интересна и која уживав да ја читам.Занимлива приказна, ми го задржа вниманието.

    43.Ѕвездена прашина-Неил Гејмен
    Ја влечев и ја влечев, најверојатно прибидејќи пред брзо време го гледав филмот па ми беше позната содржината.Ама солидна е книгава, а и филмот е очигледно еден од оние кои што се стварно огледало на книгата.Само реално книгава ја доживеав далеку подобро, фантазијата ми проработе па слободно си ги замислував многуте случки.

    44.Јади, моли се, уживај-Елизабет Гилберт
    Многу чуден човек сум, прво гледам филм, па после ја читам книгата.Ми се допаднаа и двете, книгата далеку повеќе.Додека беше во Индија во ашрамот, на моменти се губев во книгава.Не знам, најверојатно не сум доволно созреана за да го сватам тој дел, ама се потрудив доволно.Во главно посакав да патувам, да уживам и јас како неа, иако не толку спиртуелно.

    45.Септемвриски светлини-Зафон
    Ја завршив првата триологија.Ова е сметам единственото дело од триологијата кое ме држеше неизвесна скоро до самиот крај.Ми се допадна целата вклопена приказна, посебно со тоа што беше со играчки, некако тоа ми е реално потешко да го замислам како страшно.Ама Зафон си го направил своето и колку толку беше навистина морничава приказна.
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    39.Посреќна од кога било - Мена ван Праг
    убава книга.... испирирана од мажи,пари и чоколада.. во неа се зборува за девојка која заборава на вредностите на животот...но е лудо вљубена...
     
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Епа да си поставм предизвик за новата година т.е 2013
    да прочитам 35 книги,важам за голем љубител на книги па ке читам
    со задоволство I love books :)
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кога ќе заигра срцето - Џејн Мур
    Книга која ме потсети на летото..и на спомените од летото...што кога сме во потрга по вистинска врска...
     
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Честитки и секоја му чест на оние кои го остварија предизвикот. Јас тешко дека ќе стигнам до целта... :( Ама сепак не се откажувам ќе видам до кај ќе стигнам.
     
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    47. Крајот на една љубовна приказна - Греам Грин
    Искрено, се разочарав од книгата. Имав поголеми очекувања, некоја срцепарателна љубовна приказна испреплетена со љубовни тајни и неверства. Ама не, некако ми беше еднолична, на моменти и досадна за читање. И мајка ми ја почна ама и неа не и била нешто нај нај. Се зборува за тајната љубов меѓу Сара и Бендрикс. Бендрикс е писател кој истовремено е и пријател со мажот на Сара- Хенри. Љубовна тајна, љубов во која истовремено владее омразата, љубомората но и љубовта- како најсилната која ја одржува во живот оваа врска. Мене не ми се допадна нешто нај нај книгата, можеби затоа што имав поголеми очекувања од неа.
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    41.Тајната на медалјонот - Марија Луис Фишер
    Преубава книга...премногу возбудлива и спонтана книга,сликовито опишана и поучна .... која не ме остави рамнодушна..