48. Невидливиот човек- Херберт Џорџ Велс Spoiler Книгата воопшто не ми беше планирана за читање, ама ја имав дома и си реков ај да ја прочитам и така не беше многу обемна. Мистична книга, преплетена со фантастика. но и наука. Главниот лик, патува во едно малечко место каде престојува во крчма. Чуден човек, научник кој постојано е завиткан со облека, има завои на главата, а кога зборува држи салфетка пред устата. Озборувања од локалните жители дека кога го каснало куче му течело црна крв. Несреќа, изгореници... невидливост? Како е тоа можно? Никој не може да го разбере, па се обраќа на докторот Кемп кој се надева дека ќе го разбере. Ја раскажува својата приказна за невидливоста... Фантастика или наука? Тајна претставена преку законите на физиката, хемијата, науката... Интересна книга :up:
42.Едноставно љубов - Кетрин Андерсон Spoiler Книгата ги исполни моите очекувања.Во книгата се зборува за богат сопственик на рударска компанија.Тој во својот живот направил и видел се.Но мислата дали е среќен секогаш се замислува.Одејки по салоните,коцкајќи се,забавувајки со со секакви жени.Тој во длабочината на своето срце чуствува шелба која и тој не зане што е...Се до моментот кога во неговиот живот ке се појави шена која е искрена и чиста.Касандра засекогаш ке му го промени живот...а додека тој си ветува дека ек ја има по секоја цена...од книгата извадив една поука која гласи Најскапоцените работи на светот се бесценети!
Октомври 48. 220 линии - Малгожата Гутовска-Адамчиќ Spoiler Не беше многу лоша. Ми остави убав впечаток иако во почетокот ми беше малку досадна. Тинејџер кој оди во ново училиште, без пријатели. Вљубен е во музиката и во скејбордот, но скејбордот ќе му донесе несреќа. Се одлучува секој ден да го заобиколува градот и да ,,открива‘‘ по некоја нова автобуска линија. 49. Смртоносна криенка - Мишел Гримо Spoiler Исто беше интересна за опуштање книга. Не ми остави некој голем впечаток. 50. Животот е чекорење по жица - Жан Ноел Блан 51. Ти незнаеш да сакаш - Сузан Елизабет Филипс Spoiler Убава книга. Татко и на Дејзи и договорува брак со Александер. Тие почнуваат да живеат заедно иако се имаат видено само еднаш пред тоа. Тој работи во циркуз и бара од неа и таа да работи. Тој никако несака да имаат дете. Во почетокот не се сложуваат но потоа работите ќе се сменат. По некое време таа останува бремена и му ја соопштува таа вест, но Александер бурно реагира и затоа таа си заминува. Потоа тој се кае за тоа што го направил и ја бара. Во меѓувреме се дознава дека бракот бил договорен бидејќи Александер бил наследник на богата фамилија и затоа татко и на Дејзи направил се‘ за таа да се омажи со него и да роди дете.
49. Папокот на светот- Венко Андоновски Spoiler Имам слушано позитивни критки за авторов, а ниту една книга немав прочитано од него. Книгата е поделена на два дела. Првиот дел е раскажување за Кирил Филозоф кој заедно со 12те други калуѓери го наоѓаат преписот од Цар Соломон во Аја Софија. Приказната за пајакот кој ја плете својата мрежа и има крст на грбот... Вториот дел е всушност дневникот на Јан Лудвик кој има 17 години и е лудо вљубен во Луција. Каде се наоѓа папокот на светот, центарот на светот? Самиот Јан верува во реинкарнација, а што на крајот ќе се случи? Одлична книга, сега дури се уверив зошто сите го фалат овој писател. Одлично е напишана, препорачувам! :up:
44.Господарот на пустината - Диана Палмер 45.Калеш Анѓа - Стале Попов Spoiler Книга која ја прочитав за 3 часа маса е оклу 130 стр... 46.ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА – ГЕОРГИ РАДУЛОВ
47.Мелем за вљубените - Барбара Де Анџелис Книга за сите тие кои некогаш биле вљубени,кои сега се вљубени и кои се надеваат дека ќе се вљубат.. 48.Градината со магични билки - Сара Адисон Ален Книга која вреди да се прочита,и која е поинаква од другите...
Леле што убава тема, баш ви завидувам на сите, се надевам дека и на почетокот на 2013 ќе се отвори една ваква тема да можам и јас да учествувам
Добра тема, се надевам дека ќе продолжи и во 2013.Јас сум страствен читач и би сакала да разменувам повеќе искуства
Секако дека ќе продолжи.....сите читачи би го сакале ова.... 49.Нешто од Тифани - Мелиса Хил Spoiler Преубава романтична приказна се чуствувам како да сум седнала и да сум изгледала некој романтичен филм....
23-Среќниот ден е утре-Јулија Латинина 24-Љубов во ранетата земја-Џин Сасон Spoiler Оваа не ми е почната но ветувам дека ќе ја прочитам,оти подолго време немат да бидам присутна на форумов па затоа сега ја пишувам Највероватно ова ќе бидат последно прочитани книги од мене,многу ми е жал што нема да го исполнам предизвикот.Али се надевам за следната година и ќе се потрудам да го исполнам наредниот предизвик. Честитки до тие што го исполнија и што ќе го исполнат предизвикот
50. Лолита- Владимир Набоков Spoiler Интересна книга, многу поразлична од другите книги, која ќе ми остани во сеќавање. Самата книга, корицата ме потсеќаше на книгата Парфем. Книгата е исполнета со перверзија, но перверзија прекажана со индиректно значење. Главниот лик во романот е всушност во врска со една жена која има приближно години колку него. Но, всушност тој вистински е заљубен во Лолита- 10 годишната ќерка на неговата девојка! Мајката на Лолита умира во сообраќајна несреќа, а главниот лик останува да живее како старател на Лолита, која се` повеќе и повеќе расти, но и се зголемува неговата љубов кон неа...
Ги прочитав и “Надежна сопруга“, “Алиби“, “Ќерката на чуварот на спомените“, “Браќата Карамазови“, “Индиго Бомбај“ и не ми текнува уште кои други беа, не сум пишала пост со рецензија уште од август.
33. „Игрите на гладните“-Сузан Колинс 34. „Раѓањето на огнот“-Сузан Колинс 35. „Мокингџеј“-Сузан Колинс Сга почнав нова книга, па ако стигнам да ја дочитам до крајот на месецот ќе пишам повторно.
51.Вљубени девојки - Џеклин Вилсон Spoiler Книгава е за вљубувањето на тинејџерите во современово време...станува збор за три најдобри другарки кои се девето одд и кои се различни и посебни секоја на свој начин...доста е поучна книгава за сите кои се на мои години...и планирам да ги прочитам и продолженијата... до крајот на неделата...ако имам време...
14. "Осаменоста на простите броеви" - Паоло Џордано. 15. "Lord of the Flies" - Вилјам Голдинг 16. “Ганди “ - Душан Симич - пак ја читав оваа еднаш ја почнав и не ја дочитав. Инаку Сеси гледам велиш за “Шолја Чај“- да ги имаш времето што го имаат некои еве ко пример јас, ќе бидеш пресреќен што си нашол време и за такво книгиче, убаво си кажа Нejтири за каков вид на литература станува збор. Јас сум пресреќна и што стигнав до број 16 воопшто, и не читам за да покжам овде леле гледај, туку поради себе, отсекогаш ме смирувало тоа. Инаку девојки секоја чест на сите што сте во темава, ви завидувам и ви се поклонувам. Почитувам многу луѓе што читаат.
51. Малечката Фадета- Жорж Санд Spoiler Уште една лектира, која ја обработуваме на училиште, но можам да кажам дека сум многу изненадена од книгава, преубава е. Се зборува за двајца близнаци Ландри и Силвен кој ќе бидат неазделни, но кога ќе се роди малечката сестра треба еден од нив двајцата да оди да работи во другото село. Бидејќи Ландри е посилен, тој ќе замине, а тука и почнува љубомората на Силвен. Ландри ќе стани посилен и многу почитуван. Силвен ќе се обиде да замине од дома, но Ландри ќе го пронајди, со помош на малечката Фадета која никој во селото не ја почитува и не ја смета за убава бидејќи се облекува како машко. Но, Ландри сфаќа дека Фадета е добро девојче и се заљубува во неа...