1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    52.Девојки под притисок.
    Во овааа второ продолжение на Вљубени девојки, Ели,Магда и Нејти драстичко го менуваат изгледот,но ништо неее како што тие планирале.
    53.Девојки излезени до доцна.
    Ова е третото продолжение на книгата ...Колку доцна може да останат надвор тие...но тогаш се случува најневеројатното и најмагичното....Ели излезена со најдобрите нејзини другарки запознава момче...за неа...момчето се вика Расел...и тој е заинтересиран за Ели а не за Магда и нејтин...но ели мора да еее дома до девет часот..и нејзиниот татко мисли дека доцното шетање не е безбедно...
    54.Расплакани девојки
    Ова е четвртор и последно продолжение од вњубени девојки...Вејќе романсата на Ели и расел е на стаклени нозе...Магда го губи нејзиното милниче за кое никој не знае дека тааа имала хрчак...а на нејтин и е преку глава од држењето предавања од страната на Ели и Магда за опастостите од запознавањето на средби од интернет т.е. познаци од интерент ...и таа мисли дека нејзиниот виртуелен дечко е чудесен...Што кога е исплакано море од солзи...и истрошени сите марамчиња....
     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Ноември

    46.Еквинокс-Мајкл Вајт
    Книгава си ја купив уште од саем и си ја чував за посебни прилики.Па така и дојде времето коа веќе немав што да читам па си ја прибрав.Искрено уште кога гледав рецензии за неа, очекував барем малку повеќе.Интересна ептен,мистична, испреплетени приказни,напната,неочекувана но пак, ми фалеше нешто.Ама оди во топ три трилери што ги имам читано.
    47.Прибежиште-Николас Спаркс
    Ја почнав неколку пати годинава и ја откажував, ама се решив дека сега мора да ја дочитам, и ја дочитав.На почеток досадна, бавна, иако по малку мистериозна.Ама понатаму станува позанимлива, и се задлабочуваш во книгата и едноставно не можеш да ја оставиш, приказната не е баш типична Николас Спаркс, ама пак она околината, и позадината на местата на случување му е слична.Мило ми е што ја дочитав.

    Ја почнав во ноември и Сенка на ветрот-Зафон,ама од пусто школо немам време.Ветувам до крај на годинава ќе ја прочитам :D
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    52. Најубавите љубовни писма на великаните- приредила Урсула Дојл
    Ми се допадна. Спој од љубовните писма адресирани до љубените на најголемите великани. Дени Дидро, Моцарт, полковникот Нелсон, Наполеон Бонапарта, Бетовен, Балзак, Дарвин, Иго, Шуман, Оскар Вајлд, Пјер Кири, Марк Твен и многу други познати имиња. Мене лично најинтересно ми беше писмото на Пјер Кири адресирано до Марија Кири. Најпрво пишува кратка биографија за животот, а потоа и љубовните писма.

    53. Евгениј Онегин- Пушкин
    Повторно книга за обработка за училиште. Не ми се допаѓаат книги пишувани во стих, некако ми се здосадуваат :worried:hock: Се зборува за Евгениј Онегин кој на некој начин се споредува со Чајлд Харолд, има пари и е хазардер, но нема баш многу среќа во љубовта...
     
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ноември

    52. Чудна случка во ноќта - Марк Хадон
    Ми се допадна книгата бидејќи имаше поразлична содржина. Авторот всушност раскажуваше во лицето на главниот јунак. Тој беше аутистичен и си ги искажуваше сите свои мисли, стравови, неговата различност од другите.

    53. И се‘ заради фараонот - Јацек Дубоа
    Се зборуваше за Стас кој има осум години. Неговиот татко археолог пронашол многу ретки фигури кои се украдени. Стас и брат му сакаат да му помогнат да татко им.
    Не ме особено воодушеви.

    54. Куќата на чаирот

    55. Дениција - Петре М. Андреевски
    ,,Кога ја љубев Дениција‘‘ ме заинтересира да ја прочитам целата стихозбирка. Имам кажано дека не сакам да читам поезија, но оваа стихозбирка досега е единствениот исклучок. Прекрасни песни, со многу изразни средства. Се восхитував на неговото дело. Неможам да одвојам која ми се допаѓаше повеќе. Би сакала некој ден и јас да бидам на местото на Дениција. :angel:

    Веќе не читам тинејџерски книги бидејќи ги прочитав скоро сите од тој рафт во библиотеката. Сега се префрлувам на посериозни. :lol: Плус ја прочитав и Чорбатџи Теодос, ама не ја вбројувам.
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    55.Перфектна хемија - Симон Елкелс
    ај пошто се брзам еве на инетрент една страба што има напишано повеќе за книгата....http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=70
    :) :) :)
    Исто така овааа ми е последна прочитана книга за овааа година....

    Честитки на сите што го исполниле предизвикот.. :* :* :hug: :hug:
    [​IMG]
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    21. Мокингџеј - Сузан Колинс
    22. Ексклузивна приказна од Ферн (на презимето не ми текнива :tmi: )
    23. врати ми се - Гијом Мисо
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    31. Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен
    Ноел, Тара и Емерсон се три најдобри пријателки.
    Со смртта на Ноел тие дознаваат тајни кои може и не требало да излезат на виделина.
    Пресврт на настаните, сите ликови се вмешани но најзасегнати се секако Тара и Емерсон.
    Лесна, интересна и непредвидлива. Веднаш се чита, препорачувам!

    32. Недоразбирање - Алберт Ками
    Драма.
    Марта и мајка и живеат живот на каков ретко кој би се нафатил.
    Алчноста и желбата за повеќе ги доведуваат до степен да извршат злостор кој многу ќе ги чини.
    Ми се допадна стилот и играта со зборови.
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Леле луѓе скрос изумив за темава.

    34. Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон
    Хорор стори, одлично спакувана, доволна за да ми прострујатморници додека ја читав. Можеби првата книга која вака добро ме потресла. Одлична беше.

    35. Ангелот Џони - Даниела Стил

    Слатко спакувана приказна во мал број страници, како детето кое рано ги напуштило своите најблиски во сообраќајна несреќа, се појавува како дух и ги решава проблемите на своите најблиски, а за него знае само неговата мајка која нормално на почетокот мислеше дека блада и дека е само дело на нејзината потсвест, но кога сето ова ќе се повторува секој ден, ќе сфати дека Господ и го пратил нејзиниот ангел.

    36. Конкубината од Шангај - Хонг Јинг

    Источната култура не ми била секогаш занимлива, и ова скромниов израз конкубина за девојка која се продава. Ама ми задржа внимание. Почетокот го сецкав, после тоа дојдоа поинтересни делови, како мафијата во Шангај функционира, клановите и заверите кои ги прават едни против други, а во средината жена која доаѓа од село, а ќе влезе во нивниот круг и ќе заведе 3ца мажи.

    Може уште 4 да прочитам до крајот на декември, ќе видам како стојам со време. :)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Веќе еднаш пишав, сега повторно. Дали има кандидатки овој предизвик да продолжи и во 2013? Многу ми е криво што се зачленив доцна на форумов и незнаев за темава, но и многу би сакала да се приклучам ... А нели викаат нова година=нови почетоци ;) Би сакала да знам дали имам некој што ќе ме придржува :*
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    јас ќе те придржувам... :)
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Годишно можам да прочитам и 100 книги.
    Ама досега не сум запишала кои книги сум ги прочитала,ама штом постои оваа тема (што е супер) тука ке пишувам секој месец кои и колку книги сум прочитала. :)
    Добра тема. :up:
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Декември

    56. Пурпурен хибискус - Чимаманда Н. Адичи
    Прекрасна книга. Камбили е девојка која живее богат живот со нејзиниот поголем брат Јаја. Нејзиниот татко е свештеник кој не прифаќа грешки и кој строго ги почитува божјите правила. Свиреп човек кој што има и малку добра страна да им помага на сиромашните. Ним се‘ тоа им изгледа толку нормално бидејќи не знаат за слобода, без распоредот на татко им. За тоа дознаваат кога одат на неколку дена кај нивната тетка која е спротивна на брат и.
    Книгата се чита брзо и во еден здив.

    57. Пустински цвет - Варис Дирие
    Книгата ме остави без зборови, ме наежи и потресе. Не‘ потсетува на тоа колку може да биде тежок животот, без вода и во пустина. Варис живее во Сомалија со нејзиното голем семејство. Секојдневно работи, а на 5 години ја обрежуваат. Веќе на 10 години татко и одлучува да ја даде за 70 годишен старец, да ја омажи за возврат на неколку камили. Варис не го сака тоа и одлучува да бега. По пустините оди кај нејзините тетки во градот. Еднаш и се пружи шанса да оди во Лондон да работи кај нејзин роднина. кој станува амбасадор, како помошничка. Неписмена таа оди. Таму се обидува да се описмени и да се снајде. По многу лутања и препреки, таа остана силна и денес чекори на модните писти.

    58. Шума - Харлан Кобен
    Додека читав се чувствував како да гледам некој филм во кој истражуваат убиство. Пол е јавен обвинител и се обидува да го разјасни случајот од пред 20 години кога на летен камп, сестра му со уште тројца други кампери заминуваат во шумата и никогаш не се враќаат. Со голема неизвесност и нестрпливост се вртат страниците.

    59. Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едвардс
    Очекував малку повеќе од оваа книга. Една зимска ноќ Дејвид, искусен доктор, сам ја пораѓа сопругата и дознава дека носи близнаци, брат и сестра. Но, девојчето има Даунов синдром. Дејвид се одлучува да ја даде Фиби во рацете на медицинската сестра, Каролина и да ја однесе во институција за згрижување. Се одлучува на тој чекор бидејќи смета дека нејзиниот живот ќе биде краток и несака жена му да ја претрпи истата болка како неговата мајка за сестра му. Паралелно и хронолошки се раскажуваат животите на братот Пол и сестрата Фиби. Пол уште од мал е успешен гитарист и негова најголема желба е да стане вториот Сеговија. Фиби е вљубена во кошарката и сака да пее. Таа расте со потешкотии во развојот. Дејвид цел живот го поминува со страшната тајна, дека неговата ќерка не е мртва.

    Јас го исполнив предизвикот. Требаше 36 книги, но јас прочитав повеќе. Некои од нив не припаѓаа на предивикот како лектири итн. Ќе продолжам да читам и во новата година, но незнам дали ќе продолжам да ги пишувам овде. Со среќа на сите кои почнуваат со предизвикот од утре и имајте убави мигови читајќи :P
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Новиот предизвик со колку книги да прочитаме ќе биди за оваа година?
     
  14. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Јас велам да го оставиме како што е: 35 книги во годината. Сите правила да се исти само што предизвикот почнува од почеток.
    Се разбира, ако се согласуваат модераторите и креаторот на темава :)
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Декември
    48.That summer-Sarah Dessen
    Искрено очекував повеќе од книгава, но со оглед на тоа дека и бил првиот издаден роман, прилично добра е.Инаку ја читав на англиски, па далеку подобро ја доживеав.
    49.Никогаш посреќна-Мена Ван праг
    Досадно, развлечено дејствие, ваков тип на книги не би читала пак.
    50.Џени има страшно лоша недела-Линдзи Келк
    Напнат ми беше периодов,па книгава доста ме расположи и ме релаксираше.Искрено посакав да прочитам повеќе од овие чик лимонатки на писателкава, прилично ме насмеа.
    51.Сенка на ветрот-Зафон
    Ја влечев и ја влечев.Дали поради тоа што прво го читав третиот дел, па се вратив на првиот, и некој работи веќе ми беа познати што знам.Инаку секако книгата е одлична, но повеќе ми се допадна третиот дел.
    И морам да вметнам цитат, затоа што има предобри мисли книгава.
    52.Игрите на гладните-Сузан Колинс
    И како јагодка на шлагот, ја завршувам листава, со мојата омилена книга за 2012.Не ја оставив,предобра, и едноставно немам зборови како да ја испофалам :rofl: И дефинитивно сакам да ги прочитам и другите два дела.И топло ја препорачувам.

    И еве ја целосната листа за 2012

    1.4 Блондинки' -Кендас Бушнел
    2.Кутија во облик на срце -Џо Хил.
    3.Сид-Пјер Корнеј
    4.Која е таа девојка?-Александра Потер
    5.Киднапиран-Роберт Л. Стивенсон.
    6.Тартиф-Молиер
    7.The picture of Dorian Gray-Oscar Wilde
    8.Мелем за вљубените-Барбара де Анџелис.
    9.Дали често доаѓате овде-Александра Потер
    10.Код куче је најгоре-Ephraim Kishon
    11.Meet me in Istanbul-Richard Chisholm
    12.The gift-Cecelia Ahern
    13.Последната песна-Николас Спаркс
    14.Драги Џон-Николас Спаркс
    15.Надарени:Далеку од очи, далеку од срце-Мерилин Кеј
    16.Надарени:Тука сум, но не ме гледаш-Мерилин Кеј
    17.Затоа што те љубам-Гијом Мисо
    18.Препушти се-Сара Десен
    19.Колиба-Вилијaм Пол Јанг
    20.Pretty Little Liars-Сара Шепард(1 дел)
    21.Некој како тебе-Сара Десен
    22.Подмолна убавина-Ребека Џејмс
    23.Чокохоличарка на диета-Керол Метјуз
    24.3 метри на небото-Федерико Моча
    25.А потоа-Гијом Мисо
    26.Смртно вљубена-Федерика Боско
    27.Ангелот Чувар-Пауло Коелјо
    28.Дали ме чекаш?-Гијом Мисо
    29.P.S. I love you-Сесилија Ахерн
    30.Принцот на маглата-Карлос Руиз Зафон
    31.Шепнувачот-Донато Каризи
    32.Те Посакувам-Федерико Моча
    33.Опасно блиску-Линвуд Баркли
    34.The perks of being a wallflower-Stephen Chbosky
    35.Сопругата на италјанскиот богаташ-Хелен Брукс
    36.Италијанска авантура-Кетрин Џорџ
    37.Месечевиот камен-Вилки Колинс
    38.Полноќна Палата-К.Р. Зафон
    39.Заточеник на небото-К.Р. Зафон
    40.Клетници-Виктор Иго
    41.Страданијата на младиот Вертер-Гете
    42.Малечката Фадета-Жорж Санд
    43.Ѕвездена прашина-Неил Гејмен
    44.Јади, моли се, уживај-Елизабет Гилберт
    45.Септемвриски светлини-Зафон
    46.Еквинокс-Мајкл Вајт
    47.Прибежиште-Николас Спаркс
    48.That summer-Sarah Dessen
    49.Никогаш посреќна-Мена Ван праг
    50.Џени има страшно лоша недела-Линдзи Келк
    51.Сенка на ветрот-Зафон
    52.Игрите на гладните-Сузан Колинс

    Предизвикот е завршен, а и не читав за бројка, туку од лична сатисфакција.Ќе го продолжам и догодина предизвиков, голем плус е што некаде ги запишувам книгите што сум ги прочитала, бидејќи немам таков обичај.Најчитан автор ми е Зафон со вкупно 5 книги, а како три најинтересни книги од овие што ги прочитав би ги издвоила : Игрите на гладните,Заточеник на небото и Шепнувачот.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Дали може вејќе да се стартува со новиот предизвик....
     
    На SnowWhite91 и kristii им се допаѓа ова.
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Pa mislam deka mozeme da pocneme. Jas sega ja pocnuvam "Poslednata pesna" od Nikolas Sparks, vpecatoci otkako ke ja zavrsam. P.S. se izvinuvam za latinicava, od mobilen sum uklucena.
     
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Годинава и јас го прифаќам вашиот предизвик и од денеска почнувам со
    Ѕвонарот на богородичната црква во париз-В.Иго :*
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Го прифаќам и јас предизвикот,и ветувам дека оваа година сигруно ќе го исполнам,бидејќи изминатава не успеав.
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Го прифаќам и ја спредизвикот...