Не го исполнив предизвикот. Започнав енергично, дури френетично - завршив неславно. Има периоди кои ми се погодени за читање, а има некои кога не сакам книга да кренам, самата помисла на читање некое дело ме нервира. Со годините човек збрлавува. Прочитав 13 цели книги и една половина од Љубовен живот на Зеруја Шалев, која е премногу сложена и тешка книга за варење и не за сечиј вкус. Одзема навистина време, напор и енергија при читањето, затоа и нетипично ми оди толку бавно. Додавам рецензија за последните прочитани 2. Се надевам на поплодна читачка година. Spoiler 12. Полиња со диви нарциси – Винка Саздова Треба почесто да се читаат книги од домашни автори, тоа сум го рекла стопати. Има нешто свечено во тој чин, кога читаш книга од својот, мене лично ме исполнува со некаква гордост и достоинство (знам дека звучи блесаво). Дали оваа книга ме исполни со гордост поради своето постоење? Неколку месеци упорно ги избегнував и двете книги на Винка, а сега ќе кажам и зошто: помило ми е да прочитам книшка од некој кој се помачил за издавање на истата, од петни жили да видат страниците бел свет, отколку некој/а кој го има луксузот наречен – своја сопствена издавачка куќа. Пробав некако да ги тргнам настрана овие почетни предрасуди и конечно ја отворив Полиња со диви нарциси. Слушнав и прочитав многу пофалби, но немаше место за толку во мојата рецензија. Не дека романот е лош, едноставно не е толку добар. Приказната имам чувство дека е позајмена од неколку други книги. За мене е сублимат од сите оние кои трагаат по себеси и вистината, како дел на Коелјо, како една на Пенелопи Лајвли во лајтмотивот, налик на Изгубената роза од еден турски автор. Едноставно, немаше ништо ново во оваа книга. Но, тоа и не ми беше најголемиот проблем. Нарацијата тече спокојно, но сепак интригантно и пофалби за тој дел. Те тера да читаш понатаму, започнувајќи уште од првата страница. Но нејзиниот стил ме разочарува. Има толку многу клише реченици и изрази, што дури и да поседува некаков сопствен стил Винка, од пречесто употребуваните вакви фрази, не може да дојде до израз и да исплива нејзиниот сопствен печат и замисла. Некаде низ форумов прочитав – како да земала прирачник за тоа како се пишува бестселер и седнала да пишува. Е токму така се чувствував и јас, не можело поубаво да се објасни. Некако е насила пишувано, само со цел да му се допадне на читателот. Со причина светот се поклонува пред Карлос Руиз Зафон, освен неверојатната способност да создаде нова, свежа и инвентивна приказна, има неверојатна моќ за сплет на зборовите. Тие се нови, непрочитани, невидени, нечуени и освојуваат поради својата оригиналност. Тука ја нема. Во секој случај ја препорачувам, да речеме дека Винка се обидува да направи чекор повеќе од други македонски автори и да се вклопи во некој модернизам кој владее во светот, ама за мене – се’ уште не е доволно подготвена и созреана. Во врска со сижето, главните ликови Сара и Војдан кои се свршеници веќе 3 години и за кои сите сметаат дека имаат врска од соништата, се разидуваат поради неверство. Сара го започнува патот кон себеспознавањето, додека и двајцата се во трнливо искушение повторно да ги проживеат и истовремено да научат од своите грешки во минатото. На своето патување, или подобро кажано бегство, Сара ќе запознае мистериозна старица која ќе го смени нејзиниот живот... 13. Врати ми се – Гијом Мисо Мисо е француски автор, најпознат по своето дело – Затоа што те љубам. Мене на времето оваа книгичка ми остави убав, фин впечаток и искрено ми се допадна. Врати ми се обработува една интересна приказна. Итан е млад човек, полн со надеж и амбиција за еден подобар, полуксузен живот, иако едвај преживува на маргините, како претставник на сиромашната класа. Еден ден решава да пресече – неочекувано, без збор ја напушта својата свршеница и најдобриот пријател и гладен за усхе, решава да стане некој и нешто, да се збогати, да добие сè што некогаш посакувам. 15 години подоцна, неговиот живот добива сосем неочекуван тек, кога мистериозен убиец ќе му го одземе истиот. Но веднаш по неговата смрт, Итан се буди и сфаќа – дека добива нова шанса. Повторно го преживува последниот ден од неговиот живот. Дали е доволен да се соочи со своите стравови и грешки од минатото? На моменти имаше клише елементи, иако во целост ова е една топла и емотивна приказна. Лесно може да се поврзете со ликовите, убаво и детално се разработени. Стилот на Мисо е просечен, иако има многу топлина во неговото пишување. Некои детали според мене му се непотребни, и одвишок – не го разубавуваат делото, ниту му значат на читачот, напротив, го грдат. Преводот инаку е УЖАСЕН. Која и да е госпоѓицата која го преведувала романот (името ќе го пронајдете веднаш на почетокот), покрај очигледните лексички, граматички и правописни грешки, нема апсолутно поим за превод од англиски јазик, не се снашла убаво, па така ќе прочитате Куќа за чамци – за The Boat House, и ред други будалаштини кои ќе ве извадат од такт. Не знам искрено кој им дава на вакви луѓе да преведуваат. Општиот впечаток за книгата би бил можеби и подобар, ако преводот не ја осакатил сосем. Инаку, книгичево е супер за во автобус. Не бара екстра размислување и напор, па е лесно и релаксирачко за целата таа гужваница.
Годинава што измина не го исполнив предизвикот, ама на некој начин мислам дека ми е оправдано или барем така си се тешам заради обврските што ги имав, околу матура, подготовки, па после за запишување на факултет иако и тие не се доволна причина која би ме спречила во читањето зошто ако се сака за се' може да се најде време, ако добро се оргазнизира човек. Годинава ќе се потрудам да го исполнам предизвикот или барем да се обидам да го исполнам, зошто сакам да читам, а колку ќе успеам да прочитам ќе видиме. :geek: Ќе си направам стратегија кога да читам, во некое најпогодно време, а прочитаните книги ќе си ги запишувам настрана.
Го исполнив предизвикот со веќе 38 прочитани книги. Тоа е - што е, имав обврски, и дури и кога имав се лажев со читање книги , од септември натака ме фати летаргичен период во кој не знаев кај се наоѓам, и сума сумарум, моите прочитани книги за 2012та година се: Spoiler 1. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон 2. Една љубов на Сван - Марсел Пруст 3. Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе 4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи 5. Смрт во облаците - Агата Кристи 6. Ангелски пубис - Мануел Пуиг 7. Џоконда - Лусил Тарнер 8. Куќата на злото - Агата Кристи 9. Азбучните убиства - Агата Кристи 10. Мајката на Перл - Морин Ли 11. Кобен час - Габриел Гарсија Маркез 12. Славни во смртта - Нора Робертс 13. Празникот на розата - Инду Сундаресан 14. Белиот чад - Оливера Николова 15. Паднати ангели - Нора Робертс 16. Три жени - Марџ Пирси 17. Препушти се - Сара Десен 18. За пица и пиво - Џон Гришам 19. 13 проблеми - Aгата Kристи 20. Mелем за вљубените - Барбара де Aнџелис 21. Царицата на Давид - Индија Еџхил 22. Breaking the routine can have consequences - Taylor Lowe 23. Best laid plans - Linda Louise Rigsbee 24. 3лоба - Даниела Cтил 25. Mосковскиот вектор - Pоберт Ладлам 26. Remember me - Sophie Kinsella 27. Дневниците на една дадилка - Eма Mеклафлин и Hикола Kраус 28. Жени и љубовници - Џејн Eлизабет Bарли 29. Letting you go was the hardest thing - Sheena Badana 30. Пеколни планови - Сидни Шелдон 31. Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева 32. Lights, camera, kiss me 33. Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон 34. Ангелот Џони - Даниела Стил 35. Конкубината од Шангај - Хонг Јинг 35. Уличниот адвокат - Џон Гришам 36. Злочин из љубави - Маркиз де Сад 37. Сестри - Даниела Стил 38. Прстен - Даниела Стил
Јас си почнав како што треба, но бидејќи подолг временски период не бев дома, си запишував на лист кои книги сум ги читала. Го загубив, а бев прочитала уште еден куп други книги. Така да, тотално изумив што и како прочитав по ред. Се изнервирав многу и не почнав повторно да водам ред. Заклучок, не знам дали го исполнив предизвикот. Почнуваме одново. Овој пат без грешки.
3 книги месечно е малку нели? Еве јас ке читам 10 кнги месечно,ни помалку ни повеке мислам дека се доволно.Што мислите вие? И да јас денес почнав нова книга за читање и секој месец ке пишувам.
Многу се ....некои луѓе имаат многу обврски треба да е за сите прифатливо..... ...сите не сме толку слободно ама кој сака не мора секој месец да читаш по 3 книги можеш и повеќе...
Досега прочитани и критики за последните прочитани книги: Spoiler 1. „Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа 2. „Оркански височини“ од Емили Бронте 3. „Александар Македонски“ од Жан Расин 4. „Пеколни планови“ од Сидни Шелдон 5. „Океан море“ од Александро Барико 6. „Кројцерова соната“ од Лав Николаевич Толстој 7. „Русокоси со став“ од Плам Сајкс 8. „Тристан и Изолда“ од Жозеф Бедие 9. „Колибата на чичо Том“ од Хариета Бичер Стоу 10. „Меше на годината“ од Иван Шопов 11. „Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески 12. „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески 13. „Ти не сакаш поезија“ од Бистра Кумбароска 14. „Декамерон“ од Џовани Бокачо 15. „Читачот“ од Бернхард Шлинк 16. „Демијан“ од Херман Хесе 17. „Вител“ од Кетрин Коултер 18. „Бели ноќи“ од Фјодор Михајлович Достоевски 19. „Долг пат до дното“ од Ник Хорнби 20. „Нека крвави“ од Јан Ранкин 21. „Б. “ од Дејан Велкоски 22. „Ликвид“ од Марија Грубор 23. „Спомени за идентитет“ од Владимир Гаровски 24. „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери 25. „Хамлет“ – Вилијам Шекспир Комотно можам да ја вметнам во најдобрите драми кои ги имам прочитано. Прво го пролонгирав читањето зашто мислев дека ќе е досадно, но кога ми дојде јајцето на задникот за писмената, за 4-5 сати ја прочитав и не зажалив. Многу ми се допаднаа монолозите на Хамлет, а и некои од советите кои Полониј и‘ ги давал на Офелија. Криво ми е што немам нешто друго од Шекспир прочитано, ама за сè има време. :geek: 26. „Дон Кихот“ – Мигел Де Сервантес Го прочитав скратеното издание од околу 200 страни, и тоа од втор пат. Ама чудо е, колку ми е досадна книгава. Ниту една реченица нема што ме привлекува, ништо. Ја читав зашто морав, и тоа со полузамижани очи. Да ме прашате сега, ништо не се сеќавам. Освен тоа дека беше досадна.. 27. „Спутник љубов“ – Харуки Мураками Па искрено, сеуште средувам импресии. Не сум доволно компетентна да зборувам за Мураками, зашто оваа е втора книга која му ја прочитав после „Јужно од границата, западно од сонцето“. Можеби не ни ги разбрав како треба, којзнае, ама по читањето на двете книги останував со милион прашалници во глава. И во глава само: ‘WTF just happened?’ Без разлика.. прекрасна книга е. Несекојдневна приказна со преубав начин на пишување. Многу чуден карактер ми беше Сумире.. не знам баш како да објаснам. Имаше мнооогу убави реченици, не можев да стигнам да добележам страници. Ниту пак можам да најдам некоја која ми е посебна за да ја ставам тука. Сите си имаат свое значење. И сега имам 2 и нешто страни во Ворд испишани со мисли од книгава. 28. „Ангелот Џони“ – Даниела Стил Приказна за еден прекрасен дечко Џони, матурант, кој загинува во сообраќајна несреќа. Зад себе го остава нефункционалното семејство, својата девојка која е скршена од болка и многу натажени познаници и другари. Но, се враќа како ангел на земјата, а само мајка му и брат му можат да го видат и да зборуваат со него. Така и‘ помага на мајка си да ја преброди загубата, на татка си да престане да пие, на братчето да прозборува и на девојката, да се помири со фактот дека него го нема. Супер книга, емотивна и лесна, и покрај тој фантастичниот елемент – враќањето на Џони како ангел. На почетокот заплакав поради неговата смрт, а на крај се слизнаа неколку солзи радосници. Сè на сè – убава книга. Воедно и прва од Даниела, па сигурно ќе прочитам уште нешто од неа. 29. „Are you afraid of the dark?“ – Sidney Sheldon Ми беше страв да ја почнам зашто беше првата книга која ја читам на англиски јазик, ама сепак ја почнав и до утредента не ја пуштив од рака. Интересен трилер, можеби со бавни дејствија некаде и разбирлив за мене. Содржината сега ми е магловита, не се сеќавам точно како беше, но беше испреплетена, многу. Напати останував со отворена уста од неверување. 30. „Дениција“ – Петре М. Андреевски По можеби 5ти пат годинава. Знаете и самите дека секој збор е излишен. 30/35 книги. Не го исполнав предизвикот, но задоволна сум. Од скоро нечитање слободни книги, на 30 (заедно со школските) за мене не е малку. Честитки на сите кои го исполнивте. П.С: Почнав две книги, но прочитав само малку од нив, ме фати мрзата вака предновогодишно. Нема да биде проблем да се бројат во оние од предизвикот за 2013та, така?
Декември само две книги... 36. „Пустинска зора“-Варис Дирие 37. „Сопругата на италијанскиот богаташ“ не се сеќавам на името на авторката. Предизвикот за претходната година го исполнив, па да видиме што ќе биди оваа година. Добро ја почнав годината, веќе имам една книга на списочето. 1. „Се што премолчивме“-Марк Леви
Ооо, супер. Редовно читам книги. Не знаев за предизвиков, но почнувам. Прва на списокот ми e "Клетници".
Си почнав јас со овогодинешниот предизвик! 1. Оркански Височини- Емили Бронте Прекрасната љубовна приказна меѓу Хитклиф и Кетрин, а потоа помеѓу нивните деца... сите доживувања раскажани од прекрасната придружничка на Кетрин- Нели!
Првата книга завршена 1. „Последната песна“ - Николас Спаркс Spoiler Мислам дека веќе сите ја знаете или книгата или филмот. Во кратки црти: Рони Милер, 17 годишна девојка доаѓа (не по своја) волја во Северна Каролина за да го помине летото со својот татко со кого не комуницира веќе 3 години. Иако мисли дека тоа е некаква нејзина казна, сепак летото ќе и донесе многу насмевки, љубов, пријателство, но и тажни мигови и вистини за својот живот за кои не ни сонувала Следна на списокот: 2. „Само најсекси маж што постои“ - Џули Џејмс
Challenge accepted! Книга бр.1 The Little Prince од Antoine de Saint-Exupéry. strike III Го пишувам насловот на англиски оти на англиски ќе ја читам.
И јас се придружувам . 1. „Полиња со диви нарциси“ - Винка Саздова Ја почнав пред Нова Година, прочитав некоја страна и ја оставив. Пред некој ден продолжив со читање, ми остана уште малку, па ќе ја сметам за прва книга од предизвиков.
Завршив со првата книга Мажи пари и чоколадо - Мена Ван Праг Искрено не ми се допадна многу . Маја која обожава да јаде чоколадо, има сопствен кафич каде ги прави сопствените специјалитети т.е нејзините и на мајка е Лили (но Лили умира па кафичот останува во нејзните раце). Ќе запознае една жена по име Роуз која ќе и помогне многу во животот. Маја сонува да стана писателка и после долги напори ќе успее во тоа. Втора книга Жена во црвено- Ејлин Гоуџ
Ми се допага предизвиков.3 книги месечно не се многу.Секој месец ке пишувам и се надевам дека ке го исполнам предизвиков.