Оваа година ке го почнам предизвикот со 1.Затвореник на небото-Зафон Spoiler Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на Фермин го мотивира Семпре да отиде и да купи сѐ што е потребно за да се долови божиќниот дух. Тоа студено декемвриско утро во 1957 година во книжарницата влегува купувач со злокобен и таинствен изглед, ја купува скапата книга на Гроф Монте Кристо и замолува за достава на истата, а во неа остава необична порака за Фермин Ромеро Де Торес. Даниел е видно вознемирен од појавата на мистериозниот човек, а уште повеќе кога ќе прочита и открие дека тоа е поврзано со неговиот најдобар пријател. Тој почнува да го следи непознатиот и да истражува што ги поврзува овие двајца луѓе. Во таа негова истрага дознава за еден мрачен период од минатото на Фермин и за поврзаноста на Фермин со Давид Мартин - необичен писател, чија животна судбина за негово големо изненадување е поврзана со него, иако ниту тој самиот не е свесен за тоа. Откривајќи ги деталите Даниел ќе дојде до застрашувачко сознание поврзано со неговото семејство. Тоа сознание ќе го вознемири и засекогаш ќе го промени и од него ќе создаде нова личност.
Според правилата напишани на првите страници од темава ЛЕКТИРИ И ДЕЛА ЗА ВО ШКОЛО НЕ СЕ ВАЖАТ. Целта на темава е да се види што и колку читаме за наша душа, она што ние сакаме, а не нешто на што (грубо кажано) сме „принудени“.
Жена во црвено Две приказни споени во едно, минатото и сегашноста. Големата љубов помеѓу внуците на поранешните љубовници. Интересна приказна за една жена која ќе биде сведок на убиството на нејзиниот син. Таа завршува во затвор поради обид за убиство на убиецот на нејзиниот син. Но по 9 години се ќе се измени, Овен(убиецот на нејзиниот син ) станува градоначалник на нејзиното родно место. Тука е и нјезинот син Џереми кој ќе биде лажно обвинет за силување. Не ме бива за објаснување Лесна, интересна книга, на моменти малку досадна. Доколку немате друг избор слободно прочитајте ја. Инаку не ја препорачувам, дефинитвно не е мој тип на книга.
Со најдобар почеток, ја започнувам оваа авантура на читање. Ветувам дружба, континуира. Инаку, нешто за мене. Книгите не ги бирам според содржината, туку според насловот. Ако ми се допаѓа насловот, ќе ја читам книгата, па макар и содржината да не ми се допаѓа толку. Оваа година, веројатно дека позрела, поистанчен ми е вкусот за книги. Омилен жанр : драма. Неомилен жанр : Научна фантастика. 1. Гијом Мисо - Затоа што те љубам. Многу ми е криво што летово ја имав книгава дома, но не ја прочитав. Но посебен впечаток ми остави насловот, едноставно, постојано ми беше во мисливе. Прекрасен роман, одлична приказна, невообичаена. Крајот не го очекував дефинитивно, ме изненади и уште повеќе воодушеви. Некои делови ги препишав, некои ги сликав, да ги имам со мене. Инаку, книгата, по некои работи ме потсети на филмот Inception. Ми се допаѓаше што главите беа мали, па неморав да се губам, а и што беше се средено, без грешки, со доза на умереност и уредност. " Кога љубиме, стануваме ранливи. Кога се плашиш дека ќе го изгубиш оној кој го љубиш, тогаш стануваш ранлив. "
вој месец ја прочитав и третата книга-Александар Македонски ( за лектира ми беше) Spoiler Сакам да прашам лектирите се бројат или само слободните?
^ Само слободните. Иначе јас моментално ја почнувам, книгата број 4. Мажи, пари и чоколада - Мена Ван Праг
Почнувам со предизвикот. Јануари: 1.Белата Кралица-Филипа Грегори 2.Брида-Пауло Коелјо 3.Девојката со бисерна обетка-Трејси Шевалие
2.Мајсторот и Маргарита-Михаил Булгаков Spoiler Москва станува небезбеден град кога во него ќе се појават професорот Воланд и неговиот помошник. Овие сомнителни луѓе го отежнуваат животот на актерите, државните службеници и останатите кои се дел од режимот. “Мајсторот и Маргарита” е составен од три приказни меѓусебно поврзани на многу необичен начин, читателот е просто вовлечен во еден чуден сон од кој се буди дури на крајот. Заслугата на Булгаков е во тоа што тој успева да ја раскаже неговата комплексна приказна – или подобро: приказни – на таков начин што читателот нема да се изгуби и дури ќе ја разбере пораката и алузијата. Читателот станува сведок на најневеројатни нешта: отсекување на глави, црна магија, одвлекување и грабнување, фалсификување на банкноти, самозадоволни луѓе кои се буквално разголени, Маргарита која лета над Москва во форма на вештерка, во потрага по нејзината очајна љубов – Мајсторот... во книгава нема недостаток од фантазија.
Книги прочитани во овој месец Јануари... 1.Моите пријатели, моите љубови - Марк Леви Spoiler Книгава ми бешее многу романтична и мила.Се зборува за двајца самохрани татковчи кои од Парис се селат со Лондон.Дејството на романот се движи меѓу: книжарата во која работи Матијас,француското кафуле на ивона,цвеќарата на софи,архитектонското студио на Антоан и животот во модерниот романтичен Западен Лондон. 2.Џени има страшно лоша недела - Линдзи Келк Spoiler По поминатото лето како стилист во Лос Анџелес,таа се враќа се Њујорк.Нема луѓе кои бараат цимерка,нема добри работни места и што е најлошото нема згодни слободни момци.Џени е ебз пари,цимерка, и енма друг избор освен да ги повика пријателките и да скрои добра план... 3.Едно лето во Италија - Луси Гордон Spoiler Преубава книга која опушта едноставно.холи е обвинета за соучество во кражба на слика,но воедно заведена од Бруно.Кој е добро познат на италијанската полиција како криминалец...Но тоја ска да ја вовлече во криминал и таа му помага да нацрта слика да е слична ан сликата која Бруно сака да украде и да ја вовлече и неа во тоа.Се наоѓа во воз бегајќе од полицијата и влегува во купето на судијата Фалучи.Девојчето ќе се приврзе за неа затоа што ќе слушне дека таа е Англичанкаи дека зборува англиски исто како нејзината мртва мајка.Холи ќе с енајде во вилата на Матео во Рим и таму ќе ја дознае вистината за Бруно.По некое време Бруно ќе дојде по неа сп цел да дознае каде е скриена сликата. 4.Последниот таласон - Гордана Стојковска Spoiler Марија заминува од македонија во лондон.Но таму ја дочекува трагедија, немаштија, предвреме остарени и тажни лица е она што ја дочекува. 5.Грешник - Дејвид Х. Лоренс Spoiler Реална приказна.во книгара се зборува за неверства особено неверста на луѓе кои се во брак од врски на млади девојки со мажи стари колку нивните татковци и сл.Се зборува за дилемите на една млада музичарка вљубена во постар оженен виолинист и некогава немоќ да го напушти семејството и да тргне во живото кој од секогаш го посакувал. 6.Војна и Сеќавање - Херман Воук Spoiler Приказната ги вклучува историските случувања во Мидвеј, Јалта, Гуадалканал, и Ел Alamein, како и Сојузничката инвазија во Нормандија и на Филипините.Дејството се движи околу втората светска војна Виктор (боксер) Хенри учествува во разни битки додека е разделен од неговата сопруга постариот син на Виктор - Ворен е пилот во морнарицата, а помладиот син на Виктор Бајрон е офицер во подморница, тој исто така, учествува во борбите.Ворен е убиен во битка на Midway, жената на Бајрон, Натали е заробена на територија на Оската со нејзиниот чичко славниот авторот Aaron Jastrow и уште еден фокус на нивната приказна како Евреи заробени во Европа.Кога избираат тие да останат наместо да избегат .... и кага амриканската влада и нарот пополека откриваат(дизнаваат) за холокаустот .. 7.Скандал во Чешка - Артур Конан Дојл Spoiler зрирка од приказни на детективот Холмс.Тој испева да ги победи сите криминалци,да ги расветли сите мистерии..но што ако го победи една жена...Тој кон таа жена ќе има поинакви чувства слични на љубов..ваквите чувства за него се туѓи и стидени...Но Холмс докажува дека во него има место за љубов.. 8.Прстенот на принцезата Султана - Џин Сасон Spoiler Како и сите други така и оваа продолжение се отсликува суровата реалност ан жените во Саудиска арабија..во оваа книга ќе се случи пресврта затоа што мажите доминираат и енсреќните животи ан жените со кои тие владеат.Султаната сака да им помогне на жените од целиот свет. 9.Размислувај како шампион - Доналд Трамп Spoiler Трамп е динамичен, амбициозен, решителен.Книгата претставува збир на негови лични искуства и мислења кои го донеле до врвот. 10.За убивање треба време - Џакомо Џаматео Spoiler Пронајден е мртов човек...застрелан во главата,во градите и сите коски му се искршени..на местото на убиството е пронајден мртов стаорец...уште еден човек е пронајде убиен на истиот начин...Детективот Френки Донован работи на случајот....Нешто во врска во убиството му е многу познато...Го води во годините кога бил дете.. кога три деца Ники, Френки и Тони, беа најдобри другари... Кога пријателството и честа беа поважни од се... Сега Тони работи за мафијата, а Ники штотуку излезе од затвор. Прекарот на Ники од детството е „Стаорецот“.кога на мстото на злосторството ќе се најде ДНК од френки ..тој сваќа дека ска да му се одмазди за нешто ама незнае за што френки живее сам..и друштво му прават две деца од соседството за кои нивните родители не се грижат... но тој се грижи за нив како негови сопствени лица...Ова е приказна за пријателството,деца,честа и семејството.Приказна за неправда и одмазда...Не води низ суровите убиства,а не навраќа на детството на 3 деца.Книгава ме остави без зборови... www.sakamknigi.mk/
Во јануари не прочитав ниту една книга .Немав воља за читање.Дури при крајот на месецот почнав да читам роман и сега ке го завршам.Се надевам дека овој месец ке имам воља читање.Јас сакам книги и да читам ама досега не ми се случило ни месец да помине а барем 2 да не сум прочитала.Ке надоместам сега во февруари.
За 1 месец успеа 10 книги да прочиташ? Браво! Моите 3 книги за овој месец веќе ги пишав. Заглавив на четврттата: „Гревот на нејзината мајка“. Не е дека е голем романот, туку преводот ... Абе погрд превод ако постои на планетава ни Земја, јас ќе се убијам. По 3 реченици губиш секаква волја. Али ај, се надевам наскоро ќе биде и тоа.
2. Молчи, молчи - Бека Фицпатрик Па, не е нешто што обожавам да го читам, но убаво и интересно. Паднат ангел, нефили, слични надприродни работи е нешто што не го љубам, зашто сликата што ја создава во мојата глава е многу нереална, па потоа имам многу фикс идеи. Сликата во мојата глава за Печ беше многу добра, одвај чекав да прочитам нешто ново за него. А описите со бакнежите, уф, ми ги разбудија страстите. Сега ја почнав вториот дел, а слушнав дека има и 3. Одвај чекам да ги земам.
Прочитани книги за Јануари: 1.Последниот чај - Винка Саздова 2.Антихирст - Фридрих Ниче 3.Уметноста на љубовта - Ерих Фром 4.Ангелски повик - Гијом Мисо 5.Таблета против стравот - Андреј Курпатов 6.Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил (мислам дека беше ова успешен месец кога беа во прашање прочитани книги, ако продолжам со ова темпо ќе го исполнам успешно предизвикот) 7ма книга што ми е на ред е Стакленото звоно од Силвија Плат.
3.Писмото на госпоѓа Вилма- Јелена Бачич Алимпиќ Ја започнав четвртата од Александра Потер ,, Внимавај што посакуваш “
Конечно ја завршив и мојата книга бр.4 „Гревот на нејзината мајка“- Мир Јам Spoiler Не сакам да коментирам за содржината затоа што сметам дека веќе е кажано и видено. Сакам да коментирам за преводот (кој го имам веќе споменато). Погрд превод-АМИН! Немаше никакви интерпункциски знаци, немаше наводници кај дијалозите, на моменти се прашував: „Што, по ѓаволите, сакал авторот да каже со оваа реченица? “ или пак „Зар ова е преведувано со Google translate? “ Луѓе, зар книгиве пред да ги издадат не поминуваат во рацете на некој лектор? И зар нели тој треба да ја среди и естетски книгата? (простете ако грешам) Сега на ред е: 5. „Ноќниот воз за Лисабон“ - Паскал Мерсие