6. Шагринска Кожа од Оноре де Балзак Чуден стил има Балзак, за некои дури и нерезбирлив а можеби и не сакаат да почнат да го читаат но според мене човеков навистина знае да напиши едно прекрасно дело. Во овој роман тема е животот на Рафаел пред да ја земе шагринската кожа и отткако ќе ја земе!
Јануари 1.Спонзорџики-Маша Ребиќ Spoiler Не знам што ме натера да ја читам,глупава книга, иако е реална, ама не би се осмелила некад да читам книга од овој тип.Инаку навидум тинејџерска е книгава, ама далеку од тоа. 2.Јулија-Ен Фортие Spoiler Ја влечев и ја влечев премногу, почетокот ми беше премногу спор а крајот па пребрз, ама сепак мило ми е што ја прочитав.Приказна која оди подлабоко во корените на Ромео и Јулија. 3.Zelah Green-Vanessa Curtis Spoiler Сторија за девојче во тинејџерските години кое се соочило со тешки моменти, а бегството го бара во претерана хигиена,но всушност боледува од OCD.Занимлива кратка приказна, има и втор дел па планирам да го прочитам. 4.Ангелски Повик-Гијом Мисо Spoiler Мислам дека за Гијом Мисо нема што да се коментира, романтичност испреплетена со многу мистериозност, таман за мој вкус, приказна која што ќе ве натера да не ја оставите книгата.
Стаклено звоно ја почнав, ама на 30 страна некаде ја оставив за подоцна, пред неа прочитав уште 3. 3начи 7.Што би правел јас без тебе - Гијом Mисо 8.3атоа што те љубам - Гијом Mисо 9.A потоа - Гијом Mисо Одиме понатака, да довршам со книгите на Mисо, потоа се префрлам на другите.
И јас го прифаќам предизвикот. 1.Озборувачка-Сесили фон Зигисер 2.Знаеш дека ме сакаш-Сесили фон Зигисер 3.Перфектна хемија-Симон Елкелс
3.Марина-К.Р.Зафон Spoiler Дејството се случува во Барселона во 1979 година. Оскар Драј ги минува попладнињата шетајќи се низ улиците на Барселона во близина на интернатот во кој оди на училиште. Во едно од тие попладниња влегува во куќата на Марина од каде во момент на паника зема еден саат. Сакајќи да го врати саатот се запознава со Марина. Се запознаваат и заедно се впуштаат во авантура за откривање на загатката скриена во минатото на овој град за таинствениот Михаил Колвеник, кој несакајќи да ја прифати смртта тргнал на поход против неа за да го поправи непоравливото. Со текот на времето, цената ја плаќаат сите негови пријатели и оние луѓе чии животи се вкрстуваат со неговиот.
1.Хари Потер и пламениот пехар. 2.Хари Потер и редот на фениксот. 3.Хари Потер и полукрвниот принц. 4.Хари Потер и реликвиите на смртта. 5.Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ. 6.Перфектна Хемија-Симон Елкелс
3. Девојчето од шестата месечина. Многу детска, но лесна книга, полна но изненадувања и искрено и не е толку глупава како што ја замислував
Here I am. Содржината и мислите од книгите се во споилер. 1. „Никогаш не оставај ме“ – Казуо Ишигуро Spoiler Приказна за Кети, Рут и Томи - другари кои растат во интернатот Хејлшам, каде ги учат дека не се како останатите луѓе. Децата кои што живеат таму се клонови, и се направени за да ги донираат виталните органи кога ќе пораснат. После 18тата година се префрлаат во Куќарките, Рут и Томи се во врска, а Кети е сама, па решава да стане негувателка. После неколку години ги наоѓа Рут и Томи во различни болници, па тука почнуваат да се откриваат некои тајни од нивното мрачно минато. Книгава ме разочара, ненормално многу, во споредба со филмот. Во книгата имаше многу повеќе моменти, детално раскажани.. ама ја немаше таа поврзаност помеѓу ликовите. Исто така, стилот (или пак преводот) беше многу лош. Со книгава сфатив многу работи што ми беа нејасни во филмот, ама сепак повеќе ми се допадна филмот. own: 2. „Гласовите на времето“ – Џејмс Балард Spoiler Роберт Пауерс е научник, кој по смртта на неговиот колега Витби, почнува да ја проучува мандалата што тој ја цртал во песокот на базенот и чудните мутирани животни кои ги одгледувал. Бил организиран човек, но веќе стар, спиел сè помалку и го исчекувал својот крај. Ми се допадна, љубител сум на sci-fi приказни. На почетокот не можев да сфатам многу работи ама ми се разјасна сè на крајот. 3. „Девојката што паѓа“ – Дино Буцати Прекраснотија. Кратки раскази, ама многу добри, секоја со убава поука. :up: 4. „Дувачот на стакло од Мурано“ – Марина Фиорато Spoiler Се работи за Леонора, девојка од Англија која по разводот со Стивен (кој ја оставил за друга), оди во Венеција да дознае многу нешта за нејзиното минато. За нејзиниот татко, Бруно кој никогаш не го запознала, а и за нејзиниот дамнешен предок - Корано, кој бил дувач на стакло. На почетокот ништо не разбирав, зашто книгава почна со една од последните глави, ама постепено, како што се развиваа двете приказни напоредно - почнав да сфаќам. Имаше прекрасни описи на Венеција и беше претставена умешноста на дувањето на стакло, за кое што искрено, сега прв пат слушнав. Препорачувам. 5. „Последна опомена“ – Дебора Могах Spoiler Натали, која работи во Њу Лајн, компанија за телекомуникации е сиромашна, обична девојка која живее со љубовникот. Откако тој ќе ја остави, таа скројува еден злобен план кој ќе ги опустоши животите на секој што ќе дојде во допир со него.. Многу ми беше досадна, едвај чекав да ја завршам но тоа се смена кога дојде заплетот. Многу добро смислена и опишана приказна, заплет до заплет. Не очекував дека така ќе заврши, ама ете.. Натали се вразумила на крајот. 6. „Градинарот“ – Рабиндранат Тагоре Љубов и добрина, испреплетени низ многу стихови. Очекував повеќе, којзнае зошто.. ама не беше лоша. Имаше мнооогу убави мисли. Spoiler 7. „Времеплов“ – Х. Џ. Велс Омиленото книџуле од седмо. Сега ја разбрав многу подобро од минатиот пат. 8. „Тартиф“ – Молиер Прва лектира годинава, која воопшто не ми се допадна. Можеби не можам да ги согледам литературните вредности на драмава, ама ништо убаво, нити комедично не најдов. Освен поуката дека не треба да сме лицемери и дека сè се открива, порано или подоцна. Spoiler
8. Убиство на теренот за голф- од кого ако не од Агата Кристи! Женава не е свесна колку супер пишува, една таква сила има значи БРАВО! Топло ви ја препорачувам на сите, посебнона обожавателите на Кристи!
прочитани книги за 02.2013 11.Злобната вдовица - Аманда Квик 12.Брод од илјада соништа - Лија Флеминг 13.Куќа на невозможните љубови - Кристина Лопез Барио 14.За љубовта кон синот - Џин Сасон 15.Ти преземи оттука - Памела Рибон 16.Годината минува, денот никогаш - Жарко Лаушевиќ 17.Али и Нино - Курбан Саид 18.Во постела со демонот - Ерика Јонг 19.Во постела со демонот - Ерика Јонг 20.Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
1.Го сакам Њу Јорк - Линдзи Келк 2.Џени има страшно лоша недела - Линдзи Келк 3.The Vampire Diaries The Awakening - L.J.Smith
9. Игра на ангелот- Зафон Ремек дело! Уживав читајќи ја книгава, ја зедов пред една недела од библиотека и пред два дена ја завршив! Едноставно тоа е Зафон- не те остава рамнодушен, не можиш да ја оставиш книгата, уживаш во долгите монолози, размислувања, се восхитуваш на убавините кои се прикажани и толку многу слики си создаваш што мислиш дека и ти си таму во центар на случувањата!