1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Иако во претходиниот пост напишав дека започнав да ја читам книгата Крешендо, вториот дел од Молчи, молчи, сепак не е 3-та прочитана книга од предизвикот.

    3. Што би правел јас без тебе - Гијом Мисо
    Фантазија, драма, малку комедија, малку трагедија. Четири различни жанрови споени во едно. Прекрасна книга која ќе ве остави без здив, која ќе неможете да престанете да ја читате. Книгата е сочинета со интересни детали од светот на уметноста. Една жена и двајца мажи - еден успешен крадец и еден професионален полицаец. Обајцата сакаат жена, но секој на свој начин. А таа, таа треба да бира. Многу пати ме насмеа, многу пати ме расплака.

    " Во потполн хаос, тој жали што ја сретна љубовта затоа што не знае повеќе како да продолжи да живее. Секој ден, тој се убедува дека утре ќе биде подобро, дека времето лечи се, но утредента уште повеќе тоне "
     
  2. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Јануари:
    1. „Последниот чај“ - Винка Саздова
    Имав превисоки очекувања за книгава, па веројатно тоа беше причина плус за моето разочарување. Лесно се чита, но мене лично ми е ептен монотона книга. Нема никакво дејство, освен внатрешните конфликти на главниот лик. Читам коментари за книгава и сите ја возвеличуваат. Можеби е до мене, и до моите години, па не го разбирам целосно стилот на пишување на Саздова. За некоја година сигурно повторно ќе се навратам на романов. Дотогаш- не го препорачувам!

    2. „Пошта“ - Чарлс Буковски
    Буковски ни го раскажува својот живот преку ликот на Хенри Кинаски. Всушност овој роман е еден од многуте автобиографски романи на писателот. Меланхолично дело, кое зборува за живот исполнет со многу жени и претерани количини на алкохол.
    Маестрален роман на Буковски. Преку сарказмот кој преовладува низ сите страниц, тој ни ја слика реалноста на ова време.

    3. „Љубовта не е за мене“ - Федерика Боско
    Иако во принцип сум хејтер на чик- литературата, книгава некако ми се допадна. Првично ја зедов поради насловот (Патетично е, знам!), и воопшто не се покаав за одлуката. Брзо се чита, одлична е за опуштање.

    Фебруари:
    4. „Отворени карти“ - Агата Кристи
    Кристи уште еднаш ми докажа дека е кралица на мистеријата. Чудно е како брилијантниот Поаро преку анализирање на играта, белешките и резултатите на натпреварувачите, точно ќе процени кој е правиот убиец на Шиатана.

    5. „Чиста анархија“ - Вуди Ален
    Ниеден дел од книгава не ме воодушени посебно, па не е ни чудно што не паметам ни една еднинствена реченица од неа. Расказите се интересни, добри се за „губење“ на време. Само тоа.

    6. „Убиство во Ориент Експрес“ - Агата Кристи
    Еден од најпознатите романи на Агата. Таман помислив дека ја надитрив Кристи и го открив убиецот при средина на книгата, таа повторно ми докажа дека она најочигледното не е секогаш и најточната опција.

    7. „Марина“ - Карлос Руиз Зафон
    Мислам дека колку пати и да ја прочитам, никогаш нема да ми се здосади. Сеуште на врвот на мојата листа на омилени книги. Мислењето од минатите години, сеуште го немам сменето. За сите љубители на мистерии- Must read!

    8. „Единаесет минути“ - Пауло Коељо
    Страшно добра книга! Коељо како писател ми е нешто веќе видено, сите негови книги личат една на друга, но му се восхитувам како успеал да ја напише оваа книга. Чудно е како еден маж, успеал толку длабоко да допре до срцето и мислите на една жена. Досега, оваа ми е најдобра од него. :up:
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    5. Улавите години - Бранко Ќопиќ :D
     
  4. purelove

    purelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Слабо со читањето! Само што се одлучив дека ништо нема да ме спречи, епа некои нешта тврдоглаво и упорно ме тргаат од мојата цел. :$
    Ја прочитав Супер Сезона од Јозеф Шкворецки, Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд, и сега на ред е Мадам Тисо од Мишел Моран сеуште сум на почетокот од книгава, но кога се работи за Франција секако дека многу ќе ми се допадне :P Ајде ќе видиме :)
    Поздрав девојки :*
     
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Конечно ја завршив мојата книга бр. 5. „Ноќниот воз за Лисабон“ - Паскал Мерсие
    Психолошка книга за која јас очигледно сеуште не сум спремна. Ја читав скоро 1 месец :tmi: Мислам дека со моите 21 година не ја разбрав најдобро. Тематиката е пред пронаоѓање на самиот себеси. Главниот лик Грегориус Раимунд се обидува да дознае нешто повеќе за португалскиот лекар Амадеу д Прадо кој е мртов веќе 30 години откако ќе најде едно негово дело. Патува во Португалија каде стапува во контакт со некои блиски луѓе на Прадо преку кои дознава нешто повеќе за неговиот живот, работи кои ќе го сменат и неговото секојдневие.
    Следна на ред: 6. „Никогаш посреќна“ - Мена ван Праг
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Ја завршив и мојата книга бр.6 „Никогаш посреќна“ - Мена ван Праг
    Главниот лик во книгава е поранешна девојка со вишок килограми, несреќно заљубена, без никаква самодоверба. Денес таа живее во Америка, со својот дечко, со нормална килажа и со книга која почнува за станува вистински хит низ светот. Во таа брканица околу објавувањето и промоцијата на книгата, не приметува дека длабоко навлегува на дрогата наречена „слава“. Се губи себеси, а и човекот во кој е вљубена и кој е нејзината најголема поддршка.
    Мало книжуле е (едвај 120 страници), брзо се чита и мислам дека е доста поучно. Неопходно е да се прочита од страна на сите обожавателки на чик-литература.
    Еве еден извадок од книгата кој мене многу ми се допадна:
    „Вистинска љубов е кога сакаш некого повеќе отколку што посакуваш тој да те сака тебе. Затоа и му ја зборуваш вистината. Му го кажуваш она кое можеби не сака да го слушне. Му кажуваш нешто поради кое можеби и ќе те мрази. Но, го правиш тоа за да се обидеш да го спасиш од самиот себеси, да не се загуби засекогаш.“
    Следна на ред:
    бр.7 „Гол човек“ - Игор Џамбазов
     
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Февруари

    5.Paper Towns-John Green
    Извонредна книга од исто толку извонреден автор, ама колку ме разочара крајот тоа е тотално неописливо.А за дејството и главната приказна, многу ми се допадна,иако ми беше чудна на моменти,сепак стана една од моите најомилени книги.
    И oмилениот цитат:
    6.Looking for Alaska-John Green
    Мислам дека Џон Грин сака да ме убие, книгава ме дрмна неописливо многу.Немам зборови како да ја опишам.Ме потикна да мислам за многу работи, плачев и се смеев со книгава.Башка доста занимливо е тоа што Џон Грин ги пишува книгите преку главен машки лик, па согледуваме од една друга страна.Ама пак ме разочара со крајот.Зошто, едноставно една книга не може да му има среќен крај?Ама далеку од тоа дека книгава беше лоша.
    И еден цитат кој доста е познат, а сепак е толку добар:
    7.Чичко Горио-Балзак
    Реалистично дело за во школо, реално вреди да се прочита ваков класик.Башка пораката што ја носи е многу добра.
    8.Повикувајќи го Ромео-Александра Потер
    Искрено си сакам лесни лимонатки во период кога имам премногу за учење и тешки дела за читање, па ова требаше да ме релаксира.Ама на моменти ми беше напорно, дури и досадно.Реално некако авторкава имаше натрупано повеќе текст само за повеќе страници.Ама ете барем крајот ми беше по ќеиф.
    9.Злосторство и казна-Достоевски
    Е со делово, се измачив.Многу ми беше тешко, депресивно, ич не ми беше за периодот, ама успеав да го прочитам цело.Бев шокирана од целата теорија за обични и необични луѓе, па и од целата содржина воглавно.
    10.Божиќна мистерија-Јустејн Гордер
    Одамна ми беше на листа за читање, па налетав на неа дури овој период.Кога читав различни критики и коментари не очекував вакво дело, не дека беше лошо, ама беше под моите очекувања.Во главно лесна книга со фантастични елементи.
    11.Ревизор-Гогољ
    Реалистична драма-комедија, која не ми се допадна многу.Ја читав само поради тоа што ми беше лектира.
    12.Како да го избегнеш Божиќ-Џон Гришам
    Е ваква книга ми беше потребна изминатиов период, лесна и ептен комична.Си се посмеав и си се релаксирав.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    8.Јулија - Ен Фортие
    [​IMG]
     
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Завршена е и книга бр.7 „Гол човек“ - Игор Џамбазов
    Нецензурирана. :) Тоа е првото нешто што ми текнува за книгава.
    Не сакам кога книгата не е пишувана на „културен и литературен македонски јазик“, но без сите тие пцовки и жаргони мислам дека книгава не би била тоа што е.
    Како што мислам дека е веќе познато, во книгата Џамбазов раскажува, на еден хумуристичен начин, за неговите проблеми со алкохолот и коцкањето. Книгата е пишувана во прво лице еднина и баш како насловот, Игор се отвара целосно за неговите проблеми, мисли, чувства во тие негови периоди каде што се губи самиот себеси заради пороците.
    Следна на ред:
    8. „Последниот воз за Истанбул“ - Ајше Кулин
     
  10. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    Трејси Шевалије - Паднати ангели
     
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Јас можеби сум малку поназад од вас но јас ги купувам книгите затоа :lol: Оти инаку ги заборавам :D

    Инаку ја прочитав книгата бр.2 Го сакам Холивуд следна за читање Го сакам Париз од истата авторка Линдзи Келк
    Во книгата Го сакам Париз најмногу од се ми се допаѓаат последните страници ,,ВОДИЧ ЗА ВО ПАРИЗ,, :inlove: Сите локали , хотели и шопинг центри знам што како и каде се наоѓаат :devil: , сега уште една карта ми треба за во Париз 8)
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Прочитани книги во Март
    20.Техники на заведување – Андреа Де Карло
    21.Школа на убавината од Кабул - Дебора Родригез
    22.Илјада неверојатни сонца - Халед Хосеини
    23.За љубовта и другите демони - Габриел Гарсија Маркез
    24.Moсква на солзите не им верува - Валентн Черних
    25.Враќање од Африка - Корин Хофман
    26.Светот на Софија - Јустејн Гордер
     
  13. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Еве решив конечно да се обидам и јас, откако сега конечно ја разгледав темава од почеток до крај... па да си кажам: Март прочитав:

    1.Снеговите на Киментина Евин-Горјан Петревски
    (многу ми се допада и искрено бев пријатно изненадена од леснотијата на книгата)
    :)

    2.Повик на дивината-Џек Лондон
    ( Ја имав читано како лектира, но како што се читаат лектирите воопшто не се внесов во неа, но сега кога ја читав, сватив колку всушност е таа неверојатна и оригинална)
    8)

    3. Хамлет-Вилијам Шекспир
    (само што ја завршив, искрено ја читав два пати, обидувајки се да откријам што всушност сака и прави и мисли Хамлет, а и зошто така прави, мисли и сака, инаку прекрасно дело)
    :lol:
     
  14. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    4..Снеговите на Киментина Евин-Горјан Петревски.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    дај те молам пиши нешто повеке за книгава
    се мислам дали да ја купам а вака интересно ми делува
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Maрт

    13.Слободна како ветер-Мари Луиз Фишер
    Многу лимонатка роман, на моменти ми беше страшно глупав.Не ме бендиса многу, иако носи солидна порака.
    14.Смртта на Иван Илич-Толстој
    Искрено очекував досадна книгичка, ама колку е моќна книгава и каква порака упатува тоа е нешто неверојатно.Ја препорачувам, многу инспиративна.
    15.Пирамида-Том Мартин
    Како љубител на египтологија и историја ептен имав желба да ја прочитам книгава и очекував многу, можеби баш поради тоа малку ме разочара.Ама далеку од тоа дека е лоша, интересна возбудлива книгичка за сите љубители на трилери и на мистериозноста!
    16.Посакувам да си тука-Франсеск Миралјес
    Кога фатив да ја читам, не очекував многу.Брзо ми летаа страниците и полека навлегов во доста интересна приказна, со непредвидливи нешта.Во главно ми се допадна.
    17.Вистински верник-Николас Спаркс
    Me заинтересира кратката содржина за мало градче каде што се појавуваат духови на гробиштата, па како љубител на паранормалноста решив да ја прочитам.Добив поинаква приказна од она што очекував, и Николас Спаркс повторно си ја раскажа онаа негова типична љубовна приказна.Не беше лоша, ама не беше ни најдобра, на моменти дури и досадна.Во главно просечна.Aма признавам имаше многу убави мисли.
     
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Март
    6.Јулија- Ен Фортие
    7.Крик во ноќта-Мери.Х.Кларк

    Ако продолжам со ова темпо никогаш нема да стасам да го исполнам предизвикот.Но налето ветувам повеќе ќе читам,сега имам за учење :)
     
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    10. Патот за љубовта
    се извинувам не го паметам авторот бидејќи книгава ја прочитава средината на март но немав многу време да се најавам на фемина.мк и да пишам.
    11. Мост преку вечноста
    Ми се допадна книгава, навистина. Доста е психолошка и мислам дека со самиот лик имам некакви заеднички, допирни точки. И он си е повлечен и се прашува-"Дали еден ден ќе ја најдам својата сродна душа?". Но не се врти се околу љубовта, туку има и за судбината, за среќата, за животот, дека секогаш постои магија.
    12. 100празни страници- Сирил Масарото
    WOWOWOWOWOWOOW! Ми се допадна многу, станува збор за еден младич чиј што дедо умира и како единствено нешто што добива од својот богат дедо е неговиот нотес.
     
  19. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    13. Дебитантка“ - Даниела Стил
    лесно книжуле за читање, но стилот на авторкава не е за потценување. Ја читав книгава за да се опуштам од тстовите кои секој ден ги има се повеќе и повеќе. Инаку се работи за жена кој што е во својот втор брак, доста среќна, со четири деца меѓу кои и две ќерки. Епа тие се поканети на бал на кој кога таа била млада бил многу актуелен и она присуствувала. Но нејзиниот втор споруг е строго против тоа исто како и една од ќерките. А она, другата ќерка и првиот сопруг настојуваат девојките да одат.
    Ви го препорачувам ако сакате да се опуштите!
     
  20. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски