Сега и јас малце да се навратам зашто заборавив кои ги читав Сестри- Даниела Стил Го сакам Холивуд -Линдзи Келк Перфектна Хемија Книгава е дефинитивно една од најинтересните кои сум ги читала до сега......Ме расплака на крајот ..... И во тек сум на читењето на книгата ,, Го сакам Париз'' - Од Линдзи Келк До сега само 3 ле-ле....морам летово да читам повеќе...што повеќе толку поарно за мене
Завршена е и книгата бр. 8 „Последниот воз за Истанбул“ - Ајше Кулин Spoiler Раскажува за Втората Светска војна и прогонството на Евреите. Се испреплетуваат неколку приказни, состојбата и напорите на Турција да остане надвор од војната. Генерално ми се допадна, иако некоја посебна возбуда не осетив, освен на крајот. Следна на ред: 9. „Прирачник за анти антиалкохоличари“ - Игор Џамбазов
10. Патот за љубовта се извинувам не го паметам авторот бидејќи книгава ја прочитава средината на март но немав многу време да се најавам на фемина.мк и да пишам. 11. Мост преку вечноста Ми се допадна книгава, навистина. Доста е психолошка и мислам дека со самиот лик имам некакви заеднички, допирни точки. И он си е повлечен и се прашува-"Дали еден ден ќе ја најдам својата сродна душа?". Но не се врти се околу љубовта, туку има и за судбината, за среќата, за животот, дека секогаш постои магија. 12. 100празни страници- Сирил Масарото WOWOWOWOWOWOOW! Ми се допадна многу, станува збор за еден младич чиј што дедо умира и како единствено нешто што добива од својот богат дедо е неговиот нотес. 13. Дебитантка“ - Даниела Стил лесно книжуле за читање, но стилот на авторкава не е за потценување. Ја читав книгава за да се опуштам од тстовите кои секој ден ги има се повеќе и повеќе. Инаку се работи за жена кој што е во својот втор брак, доста среќна, со четири деца меѓу кои и две ќерки. Епа тие се поканети на бал на кој кога таа била млада бил многу актуелен и она присуствувала. Но нејзиниот втор споруг е строго против тоа исто како и една од ќерките. А она, другата ќерка и првиот сопруг настојуваат девојките да одат. Ви го препорачувам ако сакате да се опуштите! 14. Девојката со портокали http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=61 15. Рингишпил- http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=59 Уште една книга која ја прочитав. Да, најверојатно сум поназад бидејќи книгава беше хит пред неколку месеци, но сега конечно ја најдов. Многу емоции, многу љубовни приказни. Ви ја препорачувам и Ви оставив линк за да може некој да прочита за книгава ако се заинтересира бидејќи јас немам толкава способност да напишам олку прекрасни зборови како на линкот, а и по коментарите би забележале дека книгата е емотивна и воедно прекрасна.
16. Veronika Decides to Die Paulo Coelho. По огромно барење на книгава, ја најдов и ја прочитав и тоа на англиски. Книгава не можам да кажам дека ме промени, бидејќи во мала мера би излажала. Но книгава дефинитивно ме натера да се запрашам дали сакам да се променам, дали сум задоволна вака, кои се моите очекувања. Се работи за млада девојка по името Вероника која има неуспешен обид за самоубиство и е сместена во сантаориум. И кажуваат дека има уште недела живот и она почнува да се запрашува зошто се обидела да се самоубие, свири на пиано за некој баш како што сакала и некако почнува да чувствува презир што се обидела да се самоубие и добива желба да живее!
Aприл 18.The fault in our stars-John Green Spoiler Што да кажам...Ме потресе, ме здрма, ме расплака...Неверојатна.Приказна за борбата на тинејџерите со ракот, скоцкана во книга која што ќе ве натера да не ја оставите.Одлично. 19.Ти не си тој што го посакувам-Александра Потер Spoiler Ех, просечна, дури би рекла и подпросечна.Ја читав со сила, не ми беше посебно занимлива. 20.Недоразбирање-Албер Ками Spoiler Не ми се допадна, мислам си читам повремено трагедии ама, што знам не беше my cup of tea. 21.An abundance of Katherines-John Green Spoiler Некако најмалку ми се допадна од досега прочитаните книги на Џон Грин.Иако да, пак онаа доза на -неможамдајаоставамкнигава-ја има, ама имаше делови каде што зевав, можеби таков ми беше периодот.Во секој случај Џон Грин сеуште го држи првото место на омилени автори. Ja почнав и Before i fall-Lauren Oliver ама сеуште ја читам.
Завршена е и книгата бр.9 „Прирачник за анти антиалкохоличари“ - Игор Џамбазов Spoiler Мислам дека веќе е спомената. Пишувана е во прво лице еднина, каде Џамбазов раскажува за долгогодишниот негов порок - алкохолот. Ја отвара душата за сите проблеми, згоди, незгоди, падови, подеми. Нецензурирана, пишувана на еден специфичен и интересен приод. Се чувствував како мене лично да ми раскажува. Следна на ред: бр.10 „Вештица“ - Венко Андоновски
Прочитани книги во Април 27.Мала сопруга - Мир Јам 28.Молитва на мојата мајка - Нафиса Хаџи 29.Тресење - Меги Стифватер 30.Инстинктот на смртта - Џед Рубенфелд 31.Нешто слично на љубов - Џули Џејмс 32.Тајната на Оџаците - Агата Кристи
Maj 22.Кога ќе заигра срцето-Џејн Мур Spoiler Лимонатка, ми требаше за стресниот период.Инаку ништо посебно, како за на плажа книга.Имаше моменти каде што зевав, ама признавам имаше некоја доза на 'научив нешто од книгава'. 23.Before i fall-Lauren Oliver Spoiler Првите 20-тина страни на книгата ме разочараа тотално, си реков каква глупава и проста книга читам,ама се лажев.Дејството започнува споро и изгледа тотално глупаво, мислите дека се работи за уште една книга од низата за популарни тинејџерки, ама не е така, книгата се развива во нешто што ќе ве потикне да ја барате смислата на животот, нешто што ќе ви покаже дека животецов е вреден, и вреди да се живее секоја минутка во него онака како што вие сакате.Приказна која што ме трогна навистина, приказна која што покажува дека смртта ги менува луѓето, во вистинска смисла.И крајот кога го завршив бев помалку разочарана, ама со тек на време сфатив дека подобар крај не можеше да има.Нешто повеќе од книга само за тинејџери, ме научи да го ценам животов.И морам да дадам голем плус за преубавите мисли. 24.Pefect you-Elizabeth Scott Spoiler Е оваа беше подпросечна за мој вкус.Толку проста книга, можам да седнам и да напишам нешто што би било подобро од ова.Мислам да, ок имаше некои паметни работи во книгава, ама ми беше за џабе потрошено време, зошто се случуваат милион нешта, и одеднаш книгата заврши.
Maj: 10.Играта на ангелот-Карлос Руиз Зафон 11.Сенка на ветрот-Карлос Руиз Зафон 12.Септемвриски светлини-Карлос Руиз Зафон Овај месец му го посветив на Зафон,сите книги што ги прочитав се негови.Морам да напоменам дека се прекрасни,секоја со своја приказна која до крај те остава до неизвесност.А за авторот немам зборови.Извонредни дела. Но мислам доволно ми беше за овај месец на ваков тип на книги следниов се префрлам на нешто друго.Сега ќе имам повеќе слободно време и повеќе ќе читам.
Одамна не сум чкртнала во темава... Ја напишав само првата книга во Јануари. Од тогаш еве го списочето: 2. „Писмото на госпоѓа Вилма“-Јелена Бачиќ Алимпиќ 3. „Заточеник на небото“-Карлос Руиз Зафон 4. „Двојничка“-Тес Геритсен 5. „Клуб на чокохоличарки“-Керол Метјуз 6. „Чиатчот“-Бернхард Шлинк 7. „Норвешка шума“-Харуки Мураками 8. „Иповедта на една акушерка“-Дајан Чемберлен 9. „Рингишпил“-Јелена Бачиќ Алимпиќ 10. „Во името на предците“-Тес Геритсен 11. „Прибежиште“-Николас Спаркс 12. „Како вода за чоколада“-Лаура Ескивел 13. „Заборавете дека сте имале ќерка“-Сандра Грегори 14. „Продадена“-Патриша МекКормик 15. „Жената на патникот низ времето“-Одри Нифенегер (сеуште ја читам)
МАЈ- 33.Дигитална тврдина 34.Точка на измама 35.Ангели и демони 36.Изгубениот симбол 37.Кодот на Да Винчи Spoiler П.С. Си бев поставила рок до 15 МАЈ да му ги прочитам сите книги..и успеав..
18. Тhe notebook- Sparks Планирам летово да прочитам што е можно повеќе, бидејќи имам слободно време(конечно), па можеби се надевам и порано да го завршам предизвиков!
До сега ги имам прочитано овие 1.Сестри - Даниела Стил 2.Го сакам Холивуд - Линдзи Келк 3.Перфектна Хемија 4.Палиндром со две Н Моментално ја читам Јади Моли се Уживај
20.Еднаш во животот- Кети Кели 21. Месечевиот камен -Вилки Колинс 22. Сведокот на обвинението-Агата Кристи
Јуни 25.Луна-Роберт Напрта Spoiler Вообичаено не сакам приказни за вампири, и немав желба за книгава, и некако чудна ми беше.Се работи за луѓе со надприродни моќи, дејствието се одвива на Балканов, и некако не знам просечна ми беше.Почетокот не ми беше интересен, а после тоа малку станува поинтересна, крајот е сосем неочекуван, ја завршив книгата и бев во прашалници.Сепак мислам дека намерно е оставен, да покаже дека ќе има продолжение.Во секој случај повеќе препорачливо за љубителите на надприродно, вампири, врколаци, вештерки и испреплетена љубов.И да премногу непотребни страници. 26.The Lightning Thief (Percy Jackson and the Olympians, #1) - Rick Riordan Spoiler Огромен обожавател на филмот, за жал тогаш кога излезе не бев во можност првин да ја прочитам книгата, но нема врска, мене сепак ми беше доволно возбудлива.И секако уште еднаш се докажа дека книгата секогаш ќе биде подобра од филмот, барем за мене.Приказна за грчките богови испреплетена на мошне интересен и хумористичен начин со реалниот свет.Ми се допаѓа што авторот има интересна доза на хумор и сарказам, и како го испреплетува тоа со сите легенди, митови и приказни за грчките богови и херои.За сите љубители на митологија, кои што сакате досега невидена приказна, препорачувам. 27.The Sea of Monsters (Percy Jackson and the Olympians, #2) - Rick Riordan Spoiler Вториот дел од серијалот за Перси Џексон.Многу се радував што барем овој филм уште не е излезен, па ќе имам можност првин да ја прочитам книгата.Со оглед на тоа што имав одредени очекувања, морам да признаам дека целосно ми беа исполнети.Одлична книга, која ги продолжува авантурите на младиот Перси Џексон, полубог и син на Појседон. 28.The Titan's Curse (Percy Jackson and the Olympians, #3) - Rick Riordan Spoiler И повторно нов дел од серијалот, доволно добар, со истата доза на хумор, ми се допадна. 29.Тhe fairy-tale detectives-Michael Buckley Spoiler Мех, многу детска книгичка, искрено не очекував дека е за деца, читав доста критики и рецензии и звучеше содржината примамливо.Приказна за браќата Грим,нивните потомства и сите ликови од бајките.