Исрекно секогаш се убедував да седнам и да ги запишувам барем насловите на книгите кои ги читам, но никогаш тоа не го направив. Сега да ме прашате што книги имам прочитано не знам да набројам се додека некој не ме праша конкретно за некоја книга. Сега имам мотив плус за да водам некаква евиденција.
Веќе почнав да правам список кои книги ќе ги прочитам наредната година. Девет лектири за во школо, таа што си ја земав од Саемот и ми остануваат уште 25. Сега ќе барам на сакамкниги.ком некои со поинтересна содржина.
И кога на крај “победничката“ би добила “награда“ - по една книга од секоја “натпреварувачка“ би имала убав спомен од еден форум каде има прекрасни девојки со убави идеи. ...покрај секако , неоспорното богатсто здобиено од секоја една приказна скриена во книгите
^ Не се согласувам со идејата. Овој предизвик е лично за нас, а не да се натпреваруваме која најбрзо ќе прочита. И, кој би дал лични податоци на толку корисници кои ќе се одлучат да читаат?
Девојки, сепак не треба предизвикот да се претвори во некаква трка или натпревар, не е целта да се создаде квантитативен пристап кон книгите за сметка на квалитативниот, туку целта е да си поставиме целна рамка или репер или таргет која ќе се обидеме да ја постигнеме и да се зголеми мотивацијата за прочитани дела. Во никој случај не сакам да биде гледан предизвикот како шанса за компетитивност и компарирање со другите читачи и занемарување на уживањето во самите книги и нивно сувопарно претворање само во чекирани бројки на списокот. Јас имам во план да ги вметнам Ана Карењина(ќе ја препрочитувам) и Војна и мир на мојот овогодишен список и нема да го бројам секој том како различна книга (нема да замерам ако некој се реши на ваква опција), така да на крајот од годината може и нема да ја достигнам бројката, ама мојот или нечиј поамбициозен избор нема да го мерам со тоа дали некој чита дела од cca 150 страни. Ако веќе некој има потреба да размислува за предизвикот низ призма на натпревар, нека е тоа со самите себе, ама во смисол да се подобри организираноста на времето за читање и негово оптимизирање за квалитетно уживање во избраните дела, .
Еве и јас го прифаќам предлогот ептен тесно ќе ми биде со оглед на тоа што сум љубител на големи книги моментално почнатата е 300 страни а и се надевам одобрена е странската литература нема каде да најдам македонски
Bring it on ! Супер идеја, само уште да се реализира ко што треба и да нема нефер играње од страна на некоја феминка
Ваков предизвик си постави летово, 10 книги за месец ипол. За жал стигнав до 9 али прекрасно дружење беше тоа Предизвикот е на задоволство прифатен, идејата е ужасно примамлива. Секако не е работата само во квантитетот на книгите или страниците како што некој претходно напиша туку и квалитетно поминатото време, задоволството и тренингот на "the little grey cells" Тргнати се настрана за читање Последната искра - Даниел Левин, Мистерии од Кнут Хамсун и The count of monte Cristo - Alexandre Dumas. Секако после испитниот fucking месец.... People, stay tuned... :geek:
Предизвиков супер, само уште да успеам и да го реализирам,а мислам дека ке се потрудам вистнски. Го прифакам со задоволство
challenge accepted што би рекол барни макар што незнам како како ќе прочитам 35 со работа факултет и свадба што ме очекува али ај нели затоа се вика предизвик . супер идеја се надевам дека нема да да читаме само шкарт работи има и мн мали а квалитетни дела па феминки внимателно избирајте
Браво за идејата , јас го прифаќам предизвикот . Се надевам дека ќе ја надминеме бројката , колку повеќе толку подобро .
Прво едно големо браво за идеата Теодора . И пред да ја видам темата си реков оваа година морам да прочитам повеќе книги, па и со слободното време располагам дури и за давање . Си земав 4 книги ама не ги почнувам сега. Почнувам од 1ви и со тоа значи дека и јас го прифаќам предизвикот. Оваа година не се жалам за бројката, но се жалам за изборот. За жал она што го барав не располагаше во библиотека. И за крај и јас едвај чекам да почне, но и да заврши годината. Да се соберат бројките на крај .
Кој прв го крши ледот м, м? Почнувам со Проклета авлија - Иво Андриќ. Коментар откако ќе ја прочитам.