Завршена е и книгата бр.10 „Вештица“ - Венко Андоновски Spoiler Ја читав волку долго поради испитите и поради тоа што бев на одмор, па конечно деновиве најдов време и ја дочитав. Интересна приказна, испреплетеност на минатото и сегашноста. Ми се допадна, иако сепак мислам дека сеуште не сум дорасната за вакви психолошки книги. Следна на ред бр.11 „Пустински цвет“ - Варис Дирие
Оваа година: 1. James Joyce - A Portrait of the Artist as a Young Man 2. Карлос Руиз Зафон - Марина 3. Харуки Мураками - Спутник Љубов 4. Антоан де Сент Егзипери - Малиот Принц (по втор пат) 5. Ханиф Курејши - Нешто да ти кажам (во тек) 6. Гилберт Кит Честертон - Човекот кој беше Четврток (во тек)
Завршена е книгата бр.11 - „Пустинскиот цвет“ - Варис Дирие Spoiler Базирана на вистинскиот живот на писателката. Раскажува како од дете кое потекнува од номадско племе во Сомалија стигнува да биде позната манекенка во Њујорк и амбасадорка за човековите права во Обединетите Нации. Книгата е и филмувана, и следен чекор ми е да го изгледам и филмот. Посебно што ме потресе во книгата е начинот на кој е опишано обрежувањето на девојчината во тие номадски племиња кој најчесто се применува во некои африкански земји, чин на кој била изложена и самата авторка. Таа и ден денес говори и се бори против овој злочин кој се прави врз младите девојки. Следна: книга бр.12 „Мојот личен ФБИ агент“ - Џули Џејмс
1.Клеопатра-Џејкоб Абот 2.Дон Кихот-Мигуел де Сервантес 3.Султановиот харем-Колин Фалконер 4.Декамерон-Џовани Бокачо 5.Гуливеровите патувања-Џонатан Свифт(во тек) 5.Кандид-Волтер(во тек) во план се и Последната песна од Николас Спаркс,Дванаесетте римски цезари од Гај Светониј Транквил и Смртта на Иван Илич од Лав Николаевич Толстој :geek:
Завршена е книгата бр.12 „Мојот личен ФБИ агент“ - Џули Џејмс Spoiler Забавна книга, чик литература, лесна за читање и опуштање, на моменти ми идеше гласно да се насмеам. Камерон Линд е асистент јавен обвинител и вечерта кога во нејзината куќа се поправа подот таа се одлучува да преноќи баш во оној хотел во кој се случува убиство, и тоа во собата веднаш до нејзината. За да биде се потешко,како главен агент од ФБИ е назначен Џек Палас, истиот оној Џек Палас кој пред 3 години пред медиумите изјави дека Камерон си ја носи главата пикната во задникот. Ниту пак Џек е воодушевен од тоа што мора да работи со неа, бидејќи заради таа изјава беше суспендиран цели 3 години, а сега откако се врати мора таа да биде онаа која ќе треба да ја штити како сведок. Следна на ред: Книга бр.13 „Нешто што останува“ - Патриша Корнвел
Уште малку и предизвикот ќе биде извршен 1.Подарок - Даниела Стил 2.Опасна желба - Аманда Квик 3.Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ 4.Чевлите на другата жена - Адел Паркс 5.Game over - Адел Паркс 6.Лажна свршеница - Аманда квик 7.Љубовница - Аманда Квик 8.Перфектна хемија - Симон Елкелс 9.Судбоносна одлука - Даниела Стил 10.Збогум мои петнаесет години - Клод Кампањ 11.Принцезата под рефлектори - Мег Кебот 12.Одлука - Николас Спаркс 13.Статистичка веројатност за љубов на прв поглед - Џенифер И. Смит 14.Сестри - Даниела Стил 15.Дрско црвен кармин - Јагода Михајловска 16.Роза за балерината - Лурлин МекДениел 17.Првиот последен бакнеж - Али Харис 18.Последниот харем - Петер Пранге 19.Луна - Роберт Напрта 20.Дали ме чекаш - Гијом Мисо 21.Страв од летање - Ерика Јонг 22.Дувачот на стакло од Мурано - Марина Фиорато 23.Тајниот јазик на цвеќињата - Ванеса Дифенбо 24.Белиот тигар - Аравинд Адига 25.Спутник љубов - Хааруки Мураками 26.Мапата и просторот - Мишел Уелбек 27.Замок на Пиринеите - Јустејн Гордер 28.Вистинско семејство - Тони Парсонс 29.Јамајка Ин - Дафне Ди Морие 30.Слатки мали лажливки I - Сара Шепард 31.Дневникот на Бриџит Џонс - Хелен Филдинг
Јас ќе си почнам со мојата домашна библиотека,ама само моја....Почнав со детски книгички,тинејџерски скроз....Еве ги сите мои книги купени со џепарлак.... 1.Чарли и фабриката за чоколади 2.Дружината Меси-Лис Харисон 3.Дружината Алиса-Лис Харисон 4.Дружината Дилан-Лис Харисон 5.Пролетни дождови-Горјан Петревски 6.Клучот на алхемичарот-Кристина Брамбиља 7.Озборувачка-Сесили фон Зигсер 8.Последното предавање-Ренди Пош 9.Училиште за славни 10.Купохоличарката во странство-Софи Кинсела 11.Купохоличарката се мажи-Софи Кинсела 12.Купохоличарката и нејзината сестра-Софи Кинсела 13.Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ 14.Писмото на госпоѓа Вилма-Јелена Бачиќ Алимпиќ 15.Десеттиот случај-Џозеф Телер 16.Исчезната без трага-Шеви Стивенс 17.Ловци на глави-Ју Несбе 18.Загубената ќерка-Дајен Чемберлен 19.Мажи,пари и чоколада-Мена ван Праг 20.Никогаш посреќна-Мена ван Праг 21.Љубогром-Велко Неделковски 22.не се сеќавам на насловот некоја од Горјан Петревски за љубов беше,тинејџерска. 23.Јади,моли се,уживај-Елизабет Гилберт 24.Принцезата на часови за принцеза 25.Принцезата на забава 26.Роза за балерината 27.Љубовта за Ана-Иле Милевски 28.Едно лето во Италија-Луси Гордон 29.Италијанска авантура 30.Тајниот јазик на цвеќињата-Ванеса Дифенбо ииии има уште некои ама не ми текнува на ниедна во моментов...иии на авторите не се сеќавам па не ги напишав погоре...
Јули 30.Марина-Зафон Spoiler Како љубител на Зафон, конечно ги прочитав сите негови книги.Марина ме бендиса ептен, морам да признаам една од поомилените, и каде што за прв пат не ги предвидов настаните.Зафон, пишувај повеќе 31.Beach Blondes:June Dreams, July's Promise, August Magic-Katherine Applegate Spoiler Long live онлајн шопинг!Книгичкава 720 страни, за 3 дена ја голтнав на одмор, права лимонатка, ама па неможев да ја оставам.И признавам типична тинејџерска книга, ама па ме бендиса и ме релаксираше. Spoiler 32.Love on the lifts-Rachel Hawthorne Spoiler И оваа ме бендиса, иако и оваа беше типична тинејџерска приказна, ми годеше, дали дека бев на одмор уживав во лимонаткиве.Во секој случај ништо посебно,ама пополнува време на плажа 33.Creepover:Truth or Dare- P.J. Night Spoiler Кога ја нарачав книгава не очекував толку детска приказна.Во секој случај просечна книга, како приказна ми беше. own: 34.Can you keep a secret-Sophie Kinsella Spoiler Леле книгава ме изнасмеа на моменти, ептен онака за опуштање.Занимлива приказна, за една девојка со многу, многу тајни.Во однос на комплиментите ќе застанам на: само ме насмеа.Просечна Spoiler
Завршена е и книгата бр.13 „Нешто што останува“ - Патриша Корнвел Spoiler Морам да кажам дека на почеток ама баш ич не ми беше интересна, после 100 страни почна да станува возбудлива, ама книгава и не е нешто за да го задржи долго вниманието или да остане во сеќавање. Содржина: Во американското градче Ричмонд веќе неколку години по ред за време на ловот во шумите се наоѓаат убиени млади парови кои биле пријавувани како исчезнати неколку месеци претходно. Форензичарката Кеј Скарпета во ниту еден од случаите не успеала да ја открие вистинската причина за смртта поради тоа што телата биле пронаоѓани во фаза на распаѓање, ниту пак да пронајде некој физички доказ кој би ги одвел до убиецот. Но, последниот исчезнат пар е посебен: девојката е всушност ќерка на „Кралицата на дрогата“ (активистка која се бори против дрогата и сериозен кандидат за потпредседател на САД). Сето медиумско внимание за овој случај ќе го натера тимот да разгледува разни можности и да ја заостри истрагата. Тогаш се јавуваат вистинските проблеми: можноста ФБИ и ЦИА да се директно вмешани во убиствата. Книга бр.14 „Нешто слично на љубов“ - Џули Џејмс Spoiler Се плашам дека нема да успеам да го исполнам предизвикот
14. „Нешто слично на љубов“ - Џули Џејмс Spoiler Хумористична, чик книгичка која не се испушта од раце, во стилот на авторкава. Во ништо не заостанува зад останатите нејзини книги. Продолжение е на „Мојот личен ФБИ агент“ но можат да се читаат и одвоено бидејќи се различни приказни, иако ликовите се повторуваат. Се надевам дека наскоро ќе ги преведат и останатите книги од серијалот „ФБИ“. На ред бр.15 „Ловец на змејови“ - Халед Хосеини
Август: 35.Кога срцето зборува-Марија Луис Фишер Spoiler Вообичаено знам повеќето и се романтични драми, ама оваа имаше и трилер елементи, ми се бендиса, иако е некако што знам лесна за читање, и претпоставувам дека брзо ќе ја заборавам.Ништо што ќе ве заинтригира. 36.Мобилен-Стивен Кинг Spoiler Сестра ми како љубител на Стивен Кинг, ме убедуваше да ја прочитам,и нормално не викам не, за содржина не сакав да видам пред да ја прочитам за што се работи, па имав само очекувања дека ќе биде хорор.И ме дрмна, ме потресе, ме згрози на многу начини, ме наежи, и добив се освен типичен хорор, многу многу влијае на психата,и затоа допира многу повеќе од секој обичен хорор.Приказна за зомби која што не е типична, и како љубовта кон детето може да ве натера да се борите без разлика на околностите.И да на моменти сега кога ќе ме заѕвони телефонот психава ми се пореметува.И Стивен Кинг е бог! 37.Врати ми се-Гијом Мисо Spoiler Уште една од типичните Гијом Мисо книгички, морам да признаам уживав и во оваа, и не можев да ја оставам, приказна за повторна шанса. 38.I've got your number-Sophie Kinsella Spoiler Уште една од лесните книгички на Софи Кинсела, ама оваа некако посебно ми се бендиса,некако приказната ми зарасна за срце, не сакав да ја завршам книгава. 39.Lost for words-Alice Kuipers Spoiler Една од многуте јанг адулт книги што ги имам на листа за читање, имаше занимлива приказна, ама некако не ја доживеав премногу емотивно, а јас сум емотивна личност и приказната имаше можности за внесување на повеќе емоции. 40.The sleepaway girls-Jen Calonita Spoiler Интересна ми се виде, иако некако се чуствував како да сум надрасната за ваква книга, не беше баш јанг адулт, туку повеќе само тинејџерска. 41.The boyfriend list-E. Lockhart Spoiler И оваа беше лесна лимонатка, уживав на плажа со нив, ми требаа такви за опуштање, иако реално ништо посебно не беше, ама пополнува време. 42.Тhe summer i turned pretty-Jenny Han Spoiler Oбична лимонатка, за едно лето каде што се се менува. 43.Тhe break up bible-Melissa Kantor Spoiler Приказна за девојче кое првпат се обидува да го преболи раскинувањето на првата врска, ништо посебно. 44.Lucky-Rachel Vail Spoiler Многу детска книга, не очекував дека ќе биде толку смотана да речеме, ама чим почнувам книга морам да ја довршам и...
На неубав начин е среден предизвикот. 35 книги. lol Има разлика од книга до книга. Книга е и „50 нијанси сиво/бели/црвено/какоидабеше“, книга е и Американски богови од Нил Гејмен, па некако не се исти, оти втората е книга, а првата е глупости.
17.Мажи пари и чоколада-Мена Ван Праг 18.Нему едноставно не си му важна-(авторите ги заборавив како се викаја) 19.Во потрага по ласица-Џејмс Патерсон
Книга бр.15 „Ловец на змејови“ - Халед Хосеини Spoiler Раскажана е во прво лице еднина. Зборува за животот на еден авганистанец кој младоста ја живее во Кабул, но војната, политичките случувања, револуцијата и немирите го носат во Америка. Приказна за пријателството на две момчиња од Авганистан и сторија за една (за нас) далечна култура. Ако авторов во „1000 неверојатни сонца“ ни раскажува за секојдневието на жените од Авганистан, оваа книга може слободно да се нарече „книга за мажите во Авганистан“. Сега: Бр.16 „Кралска афера“ - Нора Робертс Spoiler некако изумира темава
Бр.16 „Кралска афера“ - Нора Робертс Spoiler Едно утро Габриела (Бри) Бисет се буди во болничка соба, но не се сеќава на ништо и на никој од својот 25 годишен живот. Покрај неа е нејзиниот татко - принцот Арманд од Кордина кој и објаснува дека заради статусот „принцеза“ таа била киднапирана за откуп. Тој го повикува синот на својот најдобар пријател од Америка - Рив Макги за да ја заштити. Рив како поранешен полицаец и приватен детектив може да се справи со секаква опасност и предизвик, но не може да се справи со мирисот и оганот во очите на Бри, како ни со страста што за првпат ја чувствува кон некоја жена, иако знае дека мора да остане објективен за да може да и помогне. Следна на ред: бр.17 „Ветерница на боговите“ - Сидни Шелдон