Ја прочитав првата. „Сонувај малку“ - Сузан Елизабет Филипс Spoiler Очајната млада мајка Рејчел Стоун повторно се враќа во градот Салвејшен по 3 години, но овојпат со својот 5 годишен син, иако знае дека сите таму ја мразат заради нејзиното минато. Таму се среќава со намуртениот и секогаш нервозен Гејб Бонер, кој има заборавено на нежноста и убавината на животот. Интересна приказна за пасење мозок, забавна, но и тажна на моменти. Препорачувам! Следна бр.2 „Исповедта на една акушерка“ - Дајен Чемберлен
Јас минатата година стигнав до бројка од 54 прочитани книги од предвидени 55. Последната "Уличниот адвокат" од Џон Гришам не ја прочитав поради големиот број обврски последниот месец. Ајде оваа година ќе си продолжам со истото темпо па се надевам дека и ќе успеам да ја надминам бројката од 54. Прва на списокот "Уличниот адвокат"- Џон Гришам
И бр.2 е завршена „Исповедта на една акушерка“ - Дајен Чемберлен Spoiler Позната акушерка Ноел ненадејно се самоубива. Нејзините 2 најдобри пријателки, Тара и Емерсон никако не можат да сфатат како нивната весела пријателка можела тоа да го направи. Затоа решаваат да истражат малку подлабоко во нејзиното минато, не знаејќи дека притоа ќе се соочат со тајни и сплетки какви не ни замислувале некогаш. Сега на ред бр.3 „Понекогаш доаѓа среќа“ - Винка Саздова
Завршена е бр.3 „Понекогаш доаѓа среќа“ - Винка Саздова Spoiler Интересна книгичка, полна со прекрасни цитати. Раскажува за младата сликарка Гора која се заљубува во Давид - разведен маж со мал син - Матеј. Во целата приказна се испреплетуваат и необичните сестрински односи на Гора и Ведра. Целиот роман не е поделен ниту на глави, ниту на ништо. Има 1-2 страници раскажување, па 3 празни редови после кои се продолжува нова приказна. Авторката цело време се префрла од една на друга приказна (Давид-Ведра-Матеј итн.), и паралелно ги раскажува и сегажноста и минатото. На ред бр.4 „Опасна желба“ - Аманда Квик
И јас го прифаќам предизвикот! Прва книга годинава - Manuscript found in Accra од Paulo Coelho Пред некој ден почнав да ја читам, интересна е. Откако ќе ја дочитам, ќе напишам кратко за неа.
Бр. 4 „Опасна желба“ - Аманда Квик Spoiler Дефинитивно ги обожавам нејзините книги. Лесни за читање, возбудливи, за пасење мозок - одлични. Секој оној кој читал некоја нејзина книга знае за што зборувам. Препознатлив стил и тематика, како и сите останати нејзини книги. По смртта на нејзиниот татко, Леди Клер мора да се омажи доколку сака да го заштити својот остров Копнеж кој сите свои приходи ги добива со продажба на парфеми и миризливи креми од цвеќињата и билките кои растат. За маж го добива силниот, голем и мускулест витез Сер Герет, познат и како Пеколниот Гонител од Викмир - син на баронот под чија надлежност се наоѓа нејзиниот остров. Тој е спротивност на сите нејзини очекувања и надежи. Но, дали опасностите на островот и нивните спротивни желби, надежи, идеали и начини на живот ќе бидат доволни да се појави љубов и страст? На ред е бр.5 „Сосед од пеколот“ - Р.Л.Метјусон
2.„Кога Ниче плачеше“ од Ирвин Јалом -поразлично од она што вообичаено читам,но не беше лоша. 3."The fault in our stars" од John Green-книгава ми се искачи на врвот на омилени приказни.Си ја преплакав скоро целата..
Месецов ми е слободен, настината сум и цело време си шмрцам, па им навалив на книгиве Завршена е бр.5 „Сосед од пеколот“ - Р.Л.Метјусон Spoiler Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот Џејсон Бредфорд ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа (професорка во приватно средно училиште каде што работи и тој) и не може да ја продаде својата куќа, па така нема друг избор освен да му објави соседска војна ... Но, и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против било која жена. Забавна, смешна и неодоливо секси приказна ... Следна на ред бр.6 „Ти не знаеш да сакаш“ - Сузан Елизабет Филипс
Иако немам навика да прекинувам со читање на една книга, за да и се посветам на некоја друга, покрај многуте коментари (делумно овде на форумов) дека книгата The Fault in our stars ги расплакала читателите и предизвикала лавина на емоции, морав да ја прочитам веднаш. Не дека плачев во текот на целата книга, имав еден момент на слабост кога пуштив некоја солза, но книгата дефинитивно предизвикува бура на емоции, дефинитивно те поттикнува да размислиш како го користиш тој живот кој што ти е на располагање, да се преиспиташ себе си и своите цели. Зошто секогаш ни треба некоја фатална болест за да научиме да ги цениме убавите моменти, да го цениме секој ден, шансите кои што животот ни ги пружа, а ние лекомислено затвараме очи? Наредна книга, мислам дека треба да ја довршам започнатата од Paulo Coelho, па потоа ќе видам за која книга се зборува низ форумов најмногу, таа ќе ја читам. Мора да биде интересна!
Ја завршив и бр.6 „Ти не знаеш да сакаш“ - Сузан Елизабет Филипс Spoiler Договорен брак во 21 век? Токму тоа им се случува на богатата и разгалена Дејзи и младиот работник во циркус - русинот Александер Марков. Нејзиниот татко го бара овој брак со цел да ја научи Дејзи за тешкотиите во реалниот живот, а Александер му го должи својот живот, па не може да го одбие. Следна на ред бр.7 „Двојничка“ - Тес Геритсен
Го прифаќам предизвикот бр.1 Игрите на гладните- Сузан Колинс бр.2 Раѓањето на огнот - Сузан Колинс моментално ја читам книгата бр.3 Мокингџеј - Сузан Колинс
Го прифаќам предизвикот 1. J.R.R. Tolkien - The Hobbit 2. Гистав Флобер - Госпоѓа Бовари 3. George R.R. Martin - A Game of Thrones Се читаме и понатака
Прочитанни 1. Девојката со зелни очи-Мир Јам 2.Црни овци 3.Малиот принц-конечно малку ја разбрав Сега барам 4та книга
Оваа година: 1. James Joyce - A Portrait of the Artist as a Young Man 2. Карлос Руиз Зафон - Марина 3. Харуки Мураками - Спутник Љубов 4. Антоан де Сент Егзипери - Малиот Принц (по втор пат) 5. Ханиф Курејши - Нешто да ти кажам 6. Гилберт Кит Честертон - Човекот кој беше Четврток 7. Сава Ахилеј - Го видов благодатниот оган 8. Дона Вулфолк Крос - Папата Јована 9. F. Scott Fitzgerald - The great Gatsby 10. Edward Albee - The zoo story (драма) 11. William Shakespeare - Richard III 12. William Shakespeare - As you like it 13. Herman Melville - Bartleby, the scrivener (short story) Tолку за 2013... Се надевам дека оваа 2014 мнооогу повеќе ќе прочитам 1. William Shakespeare - Hamlet 2. Пол Oстер - Бруклински Будалаштини (во тек)
1.Let it Snow-John Green, Maureen Johnson & Lauren Myracle Spoiler Како голем фан на Џон Грин морав да ја прочитам и оваа книга,и таман ми се погоди за периодот.Три приказни од три различни автори, кои се испреплетуваат и ја прикажуваат магијата на Божиќ на различен начин.Од триве автори, само од Џон Грин имам читано, и највеќе ми се истакна неговата приказна, ама убаво се надополнува и со другите. 2.Suite Dreams-Rachel Hawthorne Spoiler Сакав нешто малку да ме релаксира, а да биде поврзано со Божиќ, и налетав на книгава.Прво книгава е напишана на мошне лесен начин, и страниците си летаат, нема некоја тежина, ама сепак си имаше интересна приказна, но во секој случај не е нешто посебно, но имаше убави мисли. 3.Lovestruck Summer-Melissa C. Walker Spoiler Книгава ја читав ептен долг период и ептен ја влечев.Kнига поврзана со стереотипите и ,,совршени луѓе''.Не ме се бендиса кој знае колку, ја читав ради реда, колку да ја довршам. 4.Таа-Хагард Х. Рајдер Spoiler Интересна книга исполнета со мистерии, антика, вечен живот и тајната за вечна младост и убавина. 5.A Match Made in High School-Kristin Walker Spoiler Уште една од книгите за релаксирање.Оваа имаше интересна тематика, едно средно школо воведува курс каде се спојуваат двајца млади ученици по случаен избор.Нивната задача е да бидат во брак, да заработуваат пари и да се сносат со сите одговорности и последици.Смешна беше книгава, го споија неспоивото, и иако беше предвидлива, таман беше за релаксирање. 6.My Sister's Keeper-Jodi Picoult Spoiler Прво книгава има доста контроверзна содржина, излезен е и филм во 2009 година, и беше поприлично озборуван и гледан, ама за среќа сеуште го немам изгледано.Ја започнав книгава со никакви очекувања, бидејќи ништо немам читано од авторкава и завршив со солзи на лицето и зачуденост.Книгава ја обработува темата за едно Американско семејство, кој имаат две деца но едно од децата се разболува од рак, а другото дете не е компатабилен донор за да може да го спаси, па генетички создаваат трето дете наменето за конкретните цели.Со ова не открив ништо, самава книга е толку невообичаена, навистина ми остави голем впечаток,само што ја завршив и не можам сеуште да се соземам, крајот ме остави подзината.Кој ја нема читано, препорачувам.
Малце покасно али започнувам и јас со предизвиков,минатиот не го исполнив али ќе се потрудам ако не ништо повеќе да го зголемам бројот од изминатата година. за почеток: 1.The time traveler's wife-Audrey Niffenegger
Минатата година не правев листа на книги кои сум ги прочитала, но и не читав многу, па не е важно. Годинава ги имам прочитано: 1. Продадена - Патриша МекКормик 2. Гол мајмун - Дезмонд Морис 3. Мала школа за добрина - Маргот Силк Форест И моментално ја читам The Fellowship of the Ring - J. R. R. Tolkien. Ги имам и другите два дела од трилогијата, па ќе ја дополнам листава кога ќе ги прочитам.