Уште пред неколку дена во темата „Моментално читам“ ја пишав книгата Внимавај што посакуваш од Александра Потер но не успеав да ја почнам па затоа од денес ја почнувам! Ветувам!
Мм предизвик,а бе боза е ова за мене се зафркавам, од толку обврски што веднаш ги имам и ќе ги имам нареднава година, и сама не можам да си ветам, ама дека ќе се обидам тоа сигурно Ми се допаѓа ова, и ве бодрам сите кои го поштовате убавиот пишан збор. Јас синоќа(покорисно си ја уживав репризата со топло лепче и црно вино) ја почнав „Полиња со диви нарциси“ од Винка Саздова, стигнав до половина, и искрено, помалце од очекувањата ми е Премногу опишување небитни ствари и тупење в место зошто вака, зошто онака, што би било кад би било. Али како за прва ќе помине, и ќе знам што да НЕ читам понатака Ајде феминки, се читаме со убави критики
Многу добра идеја. Се приклучувам и јас, иако не читам ради-реда, колку да ги избројам колку се, туку читам за себе и тоа што мене ми се допаѓа. И започнувам со Ангели и демони - Ден Браун.
Планирам денес да почнам со „Уличен адвокат“. Ако седнам сериозно да читам без зафрканции ќе ја завршам за 2-3 саати. Ќе бидите известени во секој случај.
Јас почнав вчера пред спиење, прочитав некаде околу 20 страни. Не сакам да брзам со читање, сакам да уживам, причина за тоа е и што читам на глас, се внесувам во улогите и ги креирам во умот самите ситуации. Сигма протокол-Роберт Ладлам Spoiler Сигма протокол е приказна за таинствена организација зачната уште од времето на втората светска војна чија цел била да ја спречи превласта на комунизмот. Со текот на времето, меѓутоа, таа цел се менува: револуционерниот медицински третман кој овозможува долговечност, им дава можност на водачите на Сигма да почнат да подготвуваат планови за целосна превласт на светот. Пеколно напнат и непредвидлив, Сигма протокол претставува круна на врната умешност на Ладлам за создавање трилер кој ќе ви го одземе здивот. Книгава веќе некое време ми стоеше на полиците дома, непрочитана, па редно беше да ми падне во раце.
Конечно се просветлив! Сретнував по темите фемина предизвик - ова, фемина предизвик - она, и си викам што е финтава со овој предизвик? Ја немав видено темава, ама ете конечно се' ми е јасно. Прекрасна идеа, ја поздравувам! :up: А, предизвикот - го прифаќам. Не сум сигурна колку време ќе имам за читање, ама ќе се обидам. 35 книги на годишно ниво не е нешто што не може да се постигне. Порано кога имав повеќе време за читање сигурно сум читала и повеќе од 35 книги годишно. Сега малку се имам оддалечено од книгите, што од повеќе обврски, што од губење навика за читање, ама предизиков се надевам дека ќе ме врати на правиот пат. Ќе почнам деновиве некоја нова книга, па ќе пишам извештај.
Прифаќам, ќе се обидам. Премногу ми се допаѓа идејата. За месецов имам 3 одбрано, ама поради тоа што сме на распуст можеби и повеќе од 3 ќе бидат. Почнувам со ,,Галебот Џонатан Ливингстон‘‘. Обавезно ќе пишам коментар, ама на крајот од месецот и за сите прочитани. П.С. Библијата ми ја прифаќате?
Денеска спороведов една одлука која ми се врткаше одамна низ мислите- пак да се запишам во библиотеката. Чекав да ми донесат книги, ама некако не сакам да зависам од нечија добра волја па денес влегов внатре и наидов на вистинско богатство. Морав да го сликам да го видите изданието, на српско-хрватски од 1966та година, замислете , зјапав низ полиците додека го најдов, за потоа да видам дека поминале 40 минути откако сум влегла да ѕиркам низ книгите. Но прво да ја дочитам книгата што ја почнав денес а ја најдов на работа- Трактати за сонцељубивите од Гане Тодоровски, автор кој ме освојува со неговиот прекрасен стил, толку убави фрази, а толку блиски до обичниот читател. Не е роман, туку збирка есеи и записи за нашите најголеми македонски творци и нивните животи, истории и доживувања додека пробивале пат со нивните дела за македонскиот јазик и литература. Значи, да резимирам, го прифаќам предизвикот
Го прифаќам предизвикот. Не велам дека ќе го завршам, но ми треба мотив да почнам да читам. Да прочитам и половина од ова што треба, супер ќе биде. Имам толку обврски што неможам да помислам на книга во слободно време. Започнувам со нејзиното величество - "Светот на Софија" од Јустејн Гордер Има некаде околу 500 страници. Кога ќе ја прочитам ќе ве известам и накратко ќе и удрам една анализа. Ајде, на читање! :geek:
Предизвикот е прифатен. Пред Новогодишните празници ја почнав Вештица - Венко Андоновски, ама прочитав само неколку страници, сега ја читам релаксирано, се надевам се важи.