Немам време јас за 35! Само со читање на воз и гага читање на одмори со 3-4, дали ќе стигнам и до 15! Ама алал да ви е на сите што имате време и што го прифативте предизвикот, ај јас ќе ве бодрам!
Не знам дали е прашано некаде, ама од каде ќе се знае дека некој навистина ја прочитал книгата, а не лаже (т.е ја `прочитал` на гугл во кратка верзија?, а тука раскажууууваааа)?????
Грл, никој не ја чита книгата за друг, секој си ја чита за себе- ако лаже тој губи, не ние. А се познава кој чита, а кој не
Јас не знам колку ќе успеам да прочитам, налет, не верувам 35, читам само пред спиење. Ама ќе си поставам за предизвик секој месец да читам барем по една книга на англиски. Билдам вокабулар. Започнувам со John Grisham - The Chamber
Почнав и јас со читање на Ана Карењина уште на 01.01 прочитав симболични 5 страни за да ми тргне со читање годината , ја одбрав токму оваа книга за прва поради мала симболика поврзана со фактот што ја прочитав првпат на 16 години и ја препрочитувам сега повторно после 16 години. Ме радува фактот што толку ликови вредни за почит ми избледеле прилично од сеќавањето и сега повторно оживуваат пред мене . Ок, да не должам повеќе февруари ќе се јавам со мојот прв рапорт . Пријатно читање на сите .
Ја прочитав Клетници од Виктор Иго -едноставно неможев да ја пуштам од раце ден и ноќ со неа станував со неа си легнував, многу ми се допадна.. Да направам одмор и почнувам со Вишновата градина од Чехов по препорака на Реина !
ајде и јас ќе се обидам да прочитам...сигурно ги можам зашто бајаги имам школски книги така да..ама ќе видиме не сакам да се форсирам колку прочирам, прочитам секој книга само еден плус за мене ...и ајде да почнам со денес завршената книга 1.Љубовта на мојот живот -Фишер
Ја прочитав Внимавај што посакуваш, прекрасна романтична комедија, ви ја препорачувам на сите што ја немате прочитано! а сега почнав со 2. Драги Џон-Николас Спаркс
Challenge accepted! И јас се пријавувам! Ова ќе ми биде како една мотивација да продолжам да читам! Хахах Моментално ја читам Калуѓерот што го продаде своето ферари-Р.Шарма... Почнува да ми станува досадна, ама ќе ја прочитам до крај
Ја прочитав Проклета авлија и не ми се допадна. Сигурно има некоја длабока порака што не ја разбирам, а и одбивам да ја разберам. На моменти се фатив дека отсутно читам. Сакам книгите да ги читам со задоволство, оваа дефинитивно не е една од тие . Деновиве а и ништо чудно уште денес да почнам со друга книга. Ќе пишам.
Завршив вчера со City - Алесандро Барико. Spoiler Книгава одамна ме привлекувала и секогаш кога ќе ја забележев со поглед си велев - мора да е добра, треба да ја прочитам. Претчувството не ме излажа воопшто. Како магнет ме привлече уште од првата реченица, не можев да ја испуштам од раце, читав и буквално бев среќна што имам добра книга во раце. Во City се испреплетени неколку приказни измеѓу кои се губи границата и сите стануваат една, измешана реалност и фантазија, јаве и сон, желба и реалност. Тешко би било да се одговори на прашањето „за што се работи?“. Една од централните личности е Гулд - дете гениј, така одлучиле оние кои мерат. Животот му е предодреден да добие Нобелова награда, сите што го познаваат кога ќе го погледнат гледаат човек што ќе добие Нобелова, но никој не гледа дете. Како што се вели на крајот од неговата боксерска приказна - "Многу е грдо кога не можеш да најдеш дете". Од една страна го имаме ова дете кое воопшто не е дете, а од друга страна е Шаци Шел (никаква врска со нафташот), која во себе ја задржала онаа нишка на детска невиност и изненадување од малите нешта, иако е возрасна. Шаци упорно се обидува да го најде детето во Гулд, да му даде малку смеа и моменти надвор од неговата предодреденост. Низ оваа реална приказна на Гулд и Шаци се испреплетени приказните за замислените другари на Гулд - Дизел и Пумеранг, Гулдовата приказна за боксот преку која ја кажува својата приказна и борбата со својот талент или проклетство, и вестернот на Шаци. Вестернот на Шаци е многу возбудлив, тече бавно од почетокот, како тежок пустински застоен воздух, за потоа како класично музичко дело со постојано крешендо, да се развие и да кулминира на крајот. Всушност секоја "посебна" приказна во City, но и романот како целост ја има таа карактеристика на постепено движење на возбудата и нејзино распрснување на крајот во прав и пепел. Најинтересни делови од романот ми беа предавањата на омилениот професор на Гулд, Мондријан Килрој. Има една студија за Моне и неговите Водни лилии, овие страници долго ќе ми останат во сеќавање. Прекрасно гледање и сфаќање на сликата, студија со ум и срце. И деловите од студиите за чистата и нерасипана идеја исто така ми оставија впечаток. Во деловите каде Гулд ја раскажува приказната за боксот, во тие навидум неповрзани реченици непогрешливо е доловен текот на таа природна мисла, на идејата. Има уште многу што да се каже за книгава, посебно за ликовите, но веќе многу напишав и не би сакала да откријам делови од романот. Остроумниот и интелигентен хумор на Барико ме натера да тргнам во потрага и на останатите негови дела преведени на македонски.На моменти гласно се смеев, иако всушност беше тажно. Ова е се’ на се’ многу тажна и трогателна книга напишана со хумор и леснотија. Лесно се чита, но впечатоците се тешки и длабоки. Останале во мене како некоја неодредена идеја која ако уште се обидувам да ја искажам, ќе ја расипам (оној што го читал или ќе го чита City, ќе сфати на што мислам).
Ги завршив Писмата на Чехов... Ми се допадна збирката. Одтука научив за Чехов многу повеќе од било која друга пишана биографија за него. Неговиот стил е многу добар... втора книга: Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ
Еве и јас ќе се приклучам. Незнам дали ќе успеам заради времето ама се надевам дека ќе успеам. Сега ги читам Господарот на прстените, а после тоа ќе ја почнам Кодот на ДаВинчи
Ај ставете ми и мене едно плусче, го прифаќам предизвикот, иако не ветувам/верувам дека би прочитала све по списак, ама еве, ветувам дека ќе се обидам. Почнувам од утре.
Па ајде и јас се приклучувам. 1. Редот на каменот - Дејвид Морел. Ова е втора книга од трилогијата на Дејвид Морел за шпиунажа. Искрено не ми остави некој силен впечаток. Ја зедов бидејки многу ми се допадна првиот дел од трилогијата, па мислев оваа ке биде продолжение ама не е. Сосем друга приказна со иста тема и мотив како и во првата книга само што се сменети ликовите и местата. Се работи за оперативецот Дру кој се обидува да открие кој стои зад масовното убиство во манастирот Вермонт, каде тој поминува повеќе од 6години, користејќи го како скривалиште од законот. На крајот доаѓа до неверојатно откритие за т.н. ред на каменот, коешто е всушност разузнавчка служба на Католичката црква и која постоела уште во времето на Крстоносните војни. Сега почнав да ја читам Лигата на ноќта и маглата, третата книга од трилогијата.
Се придружувам и јас.До сега од 01.01.2012 прочитав две веќе и ја почнувам третата Следна е Руска зима од Дафни Каловеј.
И јас се приклучувам. Секој ден сум со книга в рака,си запишувам која книга во кој месец сум ја прочитала и таму изнесувам впечатоци за истите.Одлична тема! Прва книга месецов-Најголемата вистинска тајна на светот -Ниче Димовски. Преубава,лесна,можам да кажам дека ми влијае на расположение и на начинот на размислување.Книга која вреди со мерак да се прочита и повторно да се отвори.