Ја завршив Драги Џон. Spoiler Колку само сум плачела кога умре таткото на Џон! На почетокот премногу ми изгледаше како Последната песна, но кога продолжив да ја читав сватив дека всушност е многу поразлична... Прекрасна книга, и според мене многу подобра од филмот а сега, почнав со книга број 3. Зависна од мода-Ребека Кемпбел
Ја прочитав „Дениција“. Морам да кажам, дека иако не сум љубител на поезија, ова дело многу ми се допадна. Си створив моја замисла за тоа како изгледа Дениција. Петре М. Андреевски доста опширно ги искажува неговите чувства кон неа. Употребил нежни, топли зборови кои допреа до мене. Чинам, можев да ја почувствувам неговата болка кога ја загуби. Втора книга која ја прочитав е „Загубената ќерка“ од Дајен Чемберлен. Пријатно сум изненадена, признавам. Додека читав, не ги ни осетив часовите кои поминаа. Со сласт ги вртев страниците за да откријам нешто плус. Ја сфатив поврзаноста на ликовите уште на почетокот, и не избегав од колосек. Просто ги чекав настаните да се случат, како што јас замислував. Книга полна со заплети и расплети. Ги сакам ваквите книги, во кои сфаќаш дека една одлука ти го менува животот од корен. Се вади добра поука од нив. Одлично дело. Топло препорачувам. Еве, што се раскажува: Во 1977 година, бремената Расел исчезнува. Дваесет години подоцна се пронајдени нејзините посмртни останки и Тимоти Глисон е обвинет за убиство. Сепак, нема никаква трага од нејзиното неродено дете. СиСи Вилкис знае како умрела Расел - затоа што била таму. Исто така, знае што се случило со исчезнатото бебе, затоа што пред две децении направила застрашувачки избор и решила да го одгледа бебето сама. Сега Тимоти Глисон се соочува со смртна казна, ама СиСи треба да направи уште еден избор. Да ја каже вистината и да го уништо семејството. Или пак, да дозволи да умре невин човек, за да го заштити животот полн со лаги. Третата книга која ја читам моментално е „Библиотека мртвих“ од Глен Купер. Полека, полека - книгата почна да ме освојува. Ќе видиме како ќе излезе на крај.
Мојот список веќе бележи една Нема да ги пишувам овде, кога ќе прочитам една таа ми е тема на муабет цела недела па премногу очигледна сум. Несомнено повеќето ќе ми се чик литература , лесни ми се и интересни колку и глупо да звучи. Но ветувам дека оваа година ќе се потрудам да го сменам правецот кон нешто по озбилно
Читам колку што можам повеќе, следна на список, што ми беше во пакетче е “Мемоарите на една гејша’’ зашто уште ја немам прочитано. А последна што ја прочитав пред недела дена - “Последниот воз за Истанбул’’ - не можев да ја испуштам од раце и ја препорачувам!
Темава прв пат ја гледам како така? Многу интересна тема, јас за 6 месеци имам прочитано 31 книга точно, си ги запишувам во една тетратка прочитаните книги. Го прифаќам предизвикот и ќе го надминам Сега направив пауза 1 месец оти требаше да учам ама почнувам пак утре после испитот со полна пареа, си имам книга земено Дваесеттата сопруга-Инду Сундаресан бацки
Вчера ја завршив Руска зима од Дафне Калотеј. Ми се допадна романот, лесна приказна која те води напред-назад низ времето и постојано создава и пополнува празнини. Интересен приказ на животот на уметниците - балерината Нина Ревскаја, нејзиниот сопруг поет, еден славен (а потоа неславен) музичар, стари уметнички предмети, уште многу балерини и танц. Бољшој и балерини не може никогаш да ми бидат здодевни, па така книгава ме маѓепса со тој свет на посветеност и љубов кон танцот, но и реалноста и политичките влијанија врз уметноста. Најмил дел од книгата ми е посветата на која постојано се враќав и ја читав повторно. Многу драг подарок ми е кој ќе остане на полицата за некогаш повторно да прочитам и да се потсетам.
2.Вода за слонови Не беше баш некој предизвик, во смисла на тешка книга што тера на размислување ама сепак се најде во моите раце, па задоволна сум од приказната. Ме изнервира лошиот македонски превод (како и кај повеќето книги), употребата на србизми, толку ли немаме наши зборови Лесни книги за почеток, и онака имам доста за учење
Заборавив овде да бележам hock: Прва книга која што ја прочитав оваа година беше Кујна - Лили Прајор. Ќе се самоцититам, бидејќи во другата тема пишав коментар за книгата: Втора книга која што ја прочитав беше Смртта на Иван Илич. Мислам дека на повеќето ви е читана затоа што се работи за школска книга, но јас да си кажам коментар. Според мене тој премногу очекуваше од животот и премногу сакаше. Сакаше секогаш да биде среќен, да биде богат, и да биде опкружен во високо друштво. Тоа ти е како имам но сакам уште. На крај него ништо не му беше. Немаше здравствен проблем. Проблемот беше во неговата глава. Во неговата психа. Тој мораше да се промени од кога падна од скарите. Јас мислам дека и тоа беше знакот за почеток на неговата промена, но тој не обрати внимание. Затоа и така заврши. И трета книга која што скоро ја почнав е Стаклено ѕвоно - Силвија Плат. Очекувам многу од книгата. Читав позитивни коментари за неа, се надевам дека ќе биде и толку добра.
1 -"Ти несакаш поезија" од Бистра Кумбароска ја прочитав оваа гидина, лесна убава книгичка. 2- "Галебот Џонатан Лингвинстон" - Ричард Бах секоја година ја читам кога паѓам и оваа. Психолошка, лесна, почулива.. 3- Ја завршувам сега "Петтото дете" од Дорис Лесинг, роман каде опишува како се руши една хармонија и замисла на фамилијата од кога се раѓа Бен. Од кога Хариет и Дејвид одат против сите размисувања на фамилијата да не прават големо семејство, но тие си ги следат желбите. Од кога се раѓа Бен се е поинаку.
Ми се допаѓа предизвиков многу, па challenge accepted. Прва книга што ја прочитав е ''4 Блондинки'' -Кендас Бушнел.Ја добив на поклон, некако не ме привлекуваше, но решив да и дадам шанса.Нажалост, иако од позната писателка, книгата е разочарувачка.Се работи за 4 блондинки, секоја со своја приказна и свој проблем.Чик литература, а и го знаете стилот на Кендас Бушнел. Втора книга, која моментално ја читам е ''Кутија во облик на срце'' -Џо Хил.Прв пат читам од овој автор, но ми се допаѓа, иако некако полека ги голтам страниците.Невообичаен роман со добра хорор приказна.Се работи за музичар, кој е невообичаен и голем љубител на паранормалното.Сосем случајно купува дух, но набргу работите се менуваат и ништо веќе не е случајно. Некаде до пола сум, повеќе ќе искоментирам откако ќе ја завршам
Сега за сега ја прочитав само ‘‘На крајот на виножитото‘‘ овој месец повеќе сум посветена на испитната сесија али наредните месеци ќе надокнадам
1.1984- Џорџ Орвел Идејата за ваква тоталитарна држава и човек оставен сам на себе, со цензура на неговите мисли, дела и задоволства е преставена на неверојатен начин, толку близок и оригинален што создава страв од целата идеја. Џорџ Орвел и неговото ново општество, ако може така да се нарече, новиот јазик и новите идеали, кои на некој начин постојат и денес, скриени и тешко дофатливи за нас, го преставија како човек далеку пред своето време. На почетокот, додека ја читав книгата го имав истото чувство додека ја читав Процец на Кафка. Жалење поради немоќта на ликот и неспособноста да се одглави од тоа ќораво место на живеење, самотијата и незнањето за тоа што се случува околу него. Таа пирамидална филозофија не наведува да размислиме дали луѓето од најниската класа треба да ги сметаме за среќни или најоштетени. Секако судбината не е во нивни раце и не е можна алокација на луѓето меѓу класи. Во книгата која О` Брајан му ја даде на Винстон забележав големо труење со истите идеали. Ме натера да мислам дека најчесто успеваат оние сличните на Џулија. Оние кои изгледаат како навидум да ги прифатиле сите правила на Партијата, се стопиле во колективноста, работејќи навидум верно за Големиот Брат, а длабоко во неа лежи блуд и желба за... па можеби не вистина, но сигурно не и лага. Омилен цитат: (ќе извинете, ја читав на српско-хрватски) 2. Понижени и навредени - Достоевски Spoiler Прво, Ливинг фала ти, да не беше ти можеби никогаш немаше да ја прочитам и да откријам такво богатство од книга. И да, личам на Наташа. Само што јас би ја отежнувала целата ситуација Сепак мојотата личност е Наташа + Нели Пред да почнам да го читам третиот дел, направив огромна грешка и го прочитав крајот, не способна да ја убијам љубопитноста. Но на некој начин и подобро беше, зашто тоа ми даде време да се помирам со смртта на Нели. Таа ми остави впечаток. Додека ја фаќаа моменти на хистерија ме нервираа сите околу неа зашто никој не беше способен да ја разбере доволно. Сите само знаеја дека е огорчена и толку. И да не ја гледаа како само нешто интересно и чудно, би можеле да и помогнат. Книгата ми отвори очи за некои работи и можам да кажам дека од слабакот Аљоша, ми дојде преку глава. А знам дека ако би била на местото на Наташа би реагирала исто. Зашто знам дека таа само барала некој да сака и да заштити и на некој начин да легне во нејзина закрила. И Катја не ја сакам ич. Најмногу ми беше жал за старецот и неговата љубов кон Наташа, иако на моменти ме нервираше неговата гордост. Го разбирам и кнезот, ако е зол. Кога му се исповедаше на Вања, можев да ја разберам причината поради неговата злоба и блуд. Романот си остана доследен на насловот. Кршењето на тие срца, понижувањата, како и газењето на нивното достоинство и донесе некаква сила. Интерсно е што може душата нежна како крилце од пеперутка во момент на неизмерна тага и во момент кога најмногу е потрбено, да се претвори во метал. Омилен цитат:
„Уличен адвокат“ ми е до повеќе од пола прочитана. Ја почнав вчера и ја прочтав „Крив правец“ од Дитас. Долго време ја барав, но не можев да ја најдам. Ја најдов случајно и веднаш ја прочитав. Многу ми се допадна, не знам зошто толку многу луѓе плукаа по оваа книга. Значи за 2012... 1. „Крив правец“-Дитас
^ И јас оваа ја почнав, но вториот дел, позајмена, онака од интернет испечатена. И таман почнав, гледам фалат страници. Сега ќе ја оставам дури не ја комплетирам.. Во меѓувреме - Мостот на Дрина. Се надевам на добра содржина. Инаку, одличен предизвик. Таман како за мене што си сум мрзливка и што едно време заостанав со интензивното читање.
Јас само би ве замолила темава да не ја користите за давање на критики и рецензии, си има посебни теми за тоа кои во случајов стојат празни. Тука може да си водите ред до каде сте со броевите, меѓутоа критиките да си ги пишувате во соодветните теми.
А зошто? Па и правило е да се пишуваат впечатоци и критики. И не е интересно само така да се пребројуваме. Под 1, под 2, под 3 и што? Ништооооо... И баш сега проверив, не е мртва темата. Таму сигурно повеќе критики се дават отколку тука, без грижа.
Јас на големо си спремам текст за прочитаните книги за овој месец. Со мини рецензија и впечатоци за книгите. Замолувам да се дозволи да го правиме истото на темава, набројувањето го оставам само во Последна прочитана книга. Тука сепак сметам дека се посериозни читачи, посветени, за разлика од другата тема која ми е поповршна и постои само набројување и нафрлање за прочитаното, а тоа дефинитивно не ми е интересно. Ќе оставам рецензии тука и очекувам и другите да го сторат истото, и замолувам да не се бришат. Ова е една од подобрите теми.