Па нели целта на темава е да се стигне до определената бројка, тоа е и предизвикот, а пишувањето на критиките е подобро да се прави во темите за тоа, инаку ќе биде и ваму и таму. Ќе се испреплетат темите така.
Јас знам дека кармата е кучка и ми враќа поради караницата во Модни критики, ама Виножитке, те молам не ни го скратувај задоволството
Реинбоу овде уште од почетокот се договоривме дека ќе пишуваме и впечатоци, во воведниот пост е назначено, уште пред да се воведе правилото за рецензии во Последна прочитана книга. Ако јас на пример решам овде да го напишам впечатокот тоа е затоа што така сум решила, не сум офтопик и би се навредила ако ми биде преместен пост, затоа што оваа тема е соодветна за впечатоци од книгите за да видиме на крајот од годината што и како сме читале, да си ги видиме впечатоците и да направиме едно резиме, а ако само се набројува се губи целата смисла. Другата тема воопшто не стои празна. Ако некој сака да најде рецензија за некоја книга на форумов сигурно нема да ја пребарува Последна прочитана книга од почеток до крај, туку ќе си напише горе во Пребарај го форумот и рецензијата секако ќе ја најде без разлика во која тема е напишана. Да не ја расипуваме убавава тема, немаше никаква потреба за ваква дискусија затоа што сите убаво си се согласуваме и се водиме по правилата.
Ја завршив и „Исповед од хаемот“ Spoiler Книга базирана на вистинска приказна за една девојка од Белград која 4 години ги поминува заробена во еден харем во Дубаи. Книгава ме воодушеви. Не е на пишана на некој висок стил, но е многу добра. Случувањата ќе направат за нејзиниот живот да се смени од корен! Но како што отишла во Дубаи, исто така и се враќа назад во Белград... И ја прочитав „Бели ноќи“ од Достоевски Spoiler Прикасна за двајца осамени... Тој е момче кое иако 8 години е во Петроград не познава никого, сам е. Тој ги познава луѓето на некој свој начин и ги проучува. Една вечер покрај брегот налетува на една девојка која плаче...Исплашена бега од него а потоа повторно се сретнуваат... Двајцата си го разкажуваат својата животна приказна... Настењка му разкажува за еден подстанар кој живеел кај неа и нејзината баба и кој и ветил дека ќе се врати за една година и ќе ја поведе со себе. Вечерта кога ја пронашол плачела по него, бидејќи не дошол... После неколку неуспешни писма пратени кај едни нејзини пријатели таа се откажува. Една ноќ, која можеби беше негова шанса кај Натењка, се појавува подстанарот и Настењка заминува...
Теодора, не е касно за да се пријавам, така? Ако не е, еве официјално се пријавувам. 1. „Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа. Spoiler Прекрасен роман со потресна приказна. Се работи за една девојка Марија, која е сместена во душевна болница. Во приказнава се појавува нејзината средношколска другарка Елена, која и помага при оздравувањето и наоѓањето на причината поради која Марија завршила тука. Постепено Елена открива дека разводот со нејзиниот маж Хелвиг (Германец) и одземањето на нејзиниот син се главна причина поради кои таа завршила во болницата. Феноменален роман, кај кој единствено не ми се допадна што не беше поопширно објаснета втората посета на Карл. Но тоа ми е голем пропуст, бидејќи главната хероина во приказната - Марија беше толку длабински објасната .. беа доловени сите нејзини мисли и чувства. Да не ви откривам повеќе за книгава, треба да седнете и да ја прочитате. Јас ја прочитав за 2 дена иако можев и поскоро .. но сакав да потрае. Ќе ве понесе приказнава, верувам. Им ја препорачувам на сите.
Јас ги пишав моите впечатоци за книгите во „Последна прочитана книга и кратка критика“ дали тоа е ОК или треба критиките за моите 2 прочитани книги и овде да ги внесам???
Предизвиков супер, ќе се потрудам да го исполнам Инаку почнав од недела, 15.01.2012 со книгата Раскажи ми ги соништата од Сидни Шелдон и денес ја завршив. Ја препорачувам, посебно за љубителите на трилер мистериите. Книгата е лесна за читање, привлекува внимание и кога ќе ја почнеш нема да можеш да ја оставиш. Крајот е непредвидлив и интересен. Продолжувам со Азбучни убиства од Агата Кристи.
1. Прва книга за предизвикот ми беше - Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие. Ништо посебно, но убаво. Описите се добро уловени, како да се наоѓаш таму, иако се малце тромави. Топло ја препорачувам, книга која релаксира, а се чита за ден-два. 2. Ана Каренина (1) До 200+ стигнав. Засега ми е преубава. Се чита бавно, поради тоа што има многу страници и ситни букви, но ќе ја прочитам (викендов сакам да ја завршам сигурно), па ќе ја почнам Ана Каренина(2). Инаку, немам коментар сега засега освен - прекрасно. Впечатоци ќе средувам кога ќе го прочитам и вториот дел.
Ја завршив пред два дена и втората книга за оваа година. Сега неколку дена учење, па пак ќе си продолжам. 2. „Уличниот адвокат“ - Џон Гришам Откриена е содржината. Ако не сакате да знаете не отворајте. Spoiler Приказна за пресвртите во животот на еден адвокат чиј приоритет беа парите. Мајк работи во огромна адвокатска фирма со 800 адвокати во Вашингтон по 12 часа дневно, неговиот брак пропаѓа поради амбициите. Еден ден во неговата фирма влегува еден бездомник со лажен пиштол и зема неколку адвокати и партнери како заложници. Мајк е еден од нив. После тоа неговите сфаќања ќе се променат. Веста ќе одекни по медиумите и изјава дава адвокатот на бездомникот. Мајк одлучува да оди кај него и по разговорот со него дознава зошто бездомникот реагирал така. Со Мордекај Грин (адвокатот на бездомниците) почнува да контактира се почесто и да му помага во подготовката на јадењето за бездомниците во прифатилиштата, каде што ја запознава младата мајка на 4 деца Лонте Бартон, која ќе биди следната жртва и заедно со нејзините деца ќе замрзни на улица. Тогаш Мајк одлучува да стани еден од нив-уличен адвокат. Кога ќе му го соопшти тоа на неговата сопруга таа бара развод на бракот кој и онака беше разнишан. Мајк се разведува, дава отказ и пред да замини од фирмата кради еден предмет во кој се работи за случајот на бездомниците кои биле избркани од нивните станови во еден магацин за кои плаќале кирија, но без документација. Тие биле безправно вселени и избркани без предупредување, како резултат на тоа умираат Лонте и нејзините деца. Мајк почнува да го гони полицијата и неговите бивши колеги. Тој навлегува во неговата работа за речиси без пари. Неговиот живот тотално се менува. Прочитајте ја ако не сте ја прочитале досега, нема да зажалите.
Не ми се верува дека дури сега ја гледам темава *facepalm*. Годинава ми тргна ептен расчитано, сега за сега ова е списокот: 1. Кејти Хикмен - Портата од кафезот 2. Тони Парсонс - Луѓе и момчиња 3. Џин Сасон - Принцезата Султана И моментално ја читам Папата Јована од Дона Вулфолк Крос, ја почнав вчера и вечерва планирам да ја завршам, навлечена сум
1.Госпоѓа Бовари-Гистав Флобер Spoiler Господинот Шарл Борави ни е прикажан уште од школското доба како послушно и приглупо момче, родено да се покорува. Станал лекар, го женат за вдовица многу постара од него, и не му ни паѓа на ум дури н ида забележи дека не е среќен. Една ноќ го викаат на некој имот да намести скршена нога кај еден човек кој има една ќерка, Ема. Бовари почнува често да доаѓа на тој имот, дури и пречесто за посета на пациент.Првата госпоѓа Бовари умира, а госпоѓицата Ема станува втората и единствена г-ѓа Бовари. Мажот ѝ по цел ден се занимава со пациенти, а кога ќе се врати дома, наоѓа радост: тој е вљубен во својата жена. Но, таа која сонувала за нешто подобро, сфаќа дека не е среќна.Таа жена на почеток е само романтична и не е расипана. Таа само не научила како да се бори со досадата. Ема не свртува од правецот за еден ден, но секој ден му се приближува на неверството додека конечно да залута и да настрада во него. Во тоа можеби најмногу ѝ помага балот кај соседот маркиз, кој ги кани и двајцата, но само заради убавината на Ема. Во моментот кога се враќаат од балот, меѓу Ема и Шарл има провалија од неразбирање.Шарл нема никакви амбиции, и жена му не се гордее со него. Шарл решава да се преселат, мислејќи дека е така подобро. Се селат на друг крај од земјата. Таму се запознаваат со некои од најважните личности на местото. Меѓу другите, писарот Леон Дипи, кој се задлабочува во разговор со Ема. Но, Леон заминува на студии во Париз, и меѓу нив ништо не се случува.Еден убав господин од соседството, ловец на жени, за време на еден локален саем во местото, на Ема ѝ ги шепоти на уво сите оние реченици кои му носеле успех кај жените. Ема која го одбила Леон, овој пат уште првиот ден му се подала на новодојденецот. А кога еднаш го направила тој чекор, Ема брзо оди понатаму. Таа толку многу се вљубува во Родолф, што не може ниту еден ден без него. Го преколнува да ја однесе во некоја куќичка среде шума или покрај море каде ќе живеат заедно. Тука е прикажана и потресната слика:докторот Бовари една ноќ седи крај колевката на својата ќерка и замислува каква среќа ли го очекува ова дете, а крај него жена му која се преправа дека спие, будна сонува како е другиот ден грабната, и заминува на романтични патувања.Ема е една од оние жени кои кога сакаат не потклекнуваат пред ништо. Но, Родолф ја сака неа само како авантура, како убава сосетка, но не и да ја грабне. Кога тој ќе ја напушти, Ема ги продолжува своите вонбрачни излети со Леон. Лошиот крај на госпоѓа Бовари и нејзината смрт се изнесени во детали, а крајот кој набрзо после тоа доаѓа за мажот ѝ, е жален, кој дури и кога ќе ги пронајде писмата од Родолф и Леонсè ѝ простува и сè уште ја сака, и така умира од болка по неа.
До сега прочитав две, 1. Страданијата на младиот вертер - Гете 2. Авантурите на Гордон Пим - Едгар Алан По Сега наредна ми е Светот за Тито '79 од Мире Арсениевски, ама не знам дали ќе ја бројам, бидејќи книгата е стварно многу мала ама многу сакам да ја прочитам.
Ја прочитав и 3тата „Стапица за глувци“ од Агата Кристи, тоа е всушност драма во 2чина, која прво беше пасивна, дури и од прв пат погодив кој ке биде убиен, но потоа се случи пресврт и убиецот беше тој во кој ни најмалку не се сомневаав. Иако бев скептична кога видов дека е драма (не ни проверив во библиотеката), сепак сум пријатно изненадена. Препорачувам!!! И утре одвај чекам да отидам во библиотека по уште книги! Предлози за некои добри трилери!?
Ги прочитав „Крив правец“ 1 и 2. Spoiler Книгиве можеби немаат некоја уметничка вредност, пишувани се како јас да сум си режирала настани во главава и потоа сум запишувала, но и тоа како дава слика за мизеријата на човековиот живот и постапки. Колку и да не знаеш што се‘ се случува низ нашава ни државичка, убаво ќе ти се одмаглат очичките и ќе се запрашаш: Зарем и тоа? Во реалниот живот? Не само по филмовите? И потоа следува ужаснување.. Барем јас така ова го доживеав. Следна на списокот - веќе започнатата „Мостот на Дрина“ од Андриќ
И јас се приклучувам кон предизвиков, досега прочитав 2 книги 1. Среќен е тој што умее да сака -Херман Хесе 2. Вљубени девојки- Џеклин Вилсон
Го прифаќам предизвиков...До сега имам прочитано 2 книги : „Да се сака повторно“ - Даниела Стил и „Исповедта на една акушерка“ - Дајен Чемберлен. За вторава вчера отворив тема, многу ми се допадна Ви ја препорачувам на листата