1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Еве вака, прочитана:

    1. Мемоарите на една гејша - Артур Голден

    На ред е:

    2. Москва на солзите не им верува - Валентин Черних
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Ја завршив книгата бр. 2 од предизвикот - Азбучни убиства од Агата Кристи
    Уште еден маестрален роман на ненадминливата кралица на криминалистичките романи, британката Агата Кристи.
    Приказна за познатиот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да открие сериски убиец, кој испраќајќи му писма на Поаро му го најавува секое следно убиство.
    Убиецот пред секое следно убиство му испраќа писмо на Херкул Поаро, кажувајќи му каде и кога секое убиство ќе биде извршено. Но, Поаро и полицијата секогаш пристигнуваат доцна. Убиецот покрај секоја следна жртва остава и Еј-Би-Си железнички водич до телото ова всушност е и единствената работа што ги поврзува убиствата. Поаро истражувајќи открива уште еден важен детал... сите убиства се извршени по азбучен ред, почнувајќи од госпоѓа Ашер од местото Андовер, потоа Бети Бернард од Бексли ...
    Како и во секоја друга книга на Агата Кристи, така и во оваа неизвесноста ќе ве држи до самиот крај.
    Ја препорачувам, нема да згрешите во изборот и ќе уживате во оваа замрсена мистерија, чиј крај по кој знае кој пат нема да можете да го замислите.

    Денес продолжувам со книга бр. 3 - Отворени карти - Агата Кристи
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.741
    Пол:
    Женски
    2.Шангај Бејби-Веј Хуј
    Коко е келнерка во едно шангајско кафуле.Таму го среќава младичот Тјантан кој необјасниво ја привлекува.Се вљубува во него и подоцна дознава дека е импотентен и наркоман.Таа ја напушта работата,оди да живее кај него и почнува да пишува роман.Подоцна,со стек на околностите,го запознава Марк,оженет Германец што работи во Шангај.Нивната телесна привлечност прераснува во страст.
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Добар ден. Јас...хм...овај...само да ве поздравм, и да кажам дека уште немам почнато но не се откажувам :!:
     
    На sesilija, marama, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Обврски пусти и многу густи.

    Си ја прочитав Хајди, онака за душа една од моите апсолутно омилени книги. Ако на некој случајно му клизнала низ раце, да се поврати да ја прочита.

    Втората, цел куп скрипти и прирачници. По среда надокнадувам ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    3.Глувци и луѓе - Џон Стајнбек

    Кога ја видов таа слабичка книга пред себе гадно се разочарав зашто очекував добри 700 и кусур страни како мојата омилена од него, а и општо, Источно од рајот. И така решив дека веќе на никој не давам да ми заврши работа! Стајнбек е цар и не за џабе е нобеловец. Овој краток роман исто така успеа да ме погоди и да ме натера да размислувам и да се нервирам за тажната судбина која го снашла човекот. И си размислуваш дали веруваш во судбина или човекот е крив за својот апсурден живот?

    Во оваа романче се раскажува за тешкиот живот без никаква цел на работниците во Америка кои животот и поминува работејќи на некој ранч. Работеш на едно место, ја оставаш душата од зори до мрак за мала пара. А таа пара не е доволна ниту за да започнеш живот, а да не зборуваме за да изградиш свој дом, но и не те остава гладен и сиромашен. И така по цел месец работа, сите пари ги трошиш во некое барче за алхохол и жени.

    Џорџ и Лени се работници од таков калибар чија желба за своја куќичка ги одржува во живот. Па прават проценки, кроат планови, се радуваат, се надеваат за да си купат нов, свој живот. Принудени се тажната судбина да ја носат на грб и се тотално немоќни да се ослободат од оковите.

    4.На запад ништо ново -Ремарк

    Не сум голем љубител на воената тематика, но сум фасцинирана од начинот на раскажување :bow:
    Паул ни раскажува за неговиот живот во Првата светска војна како војник, книгата е автобиографска. Со некои делови многу се соживеав и добивав желба да и помогнам таму на сите изгубени момчиња. Да им ја однесам сета храна и да и ги видам изнамачените лица кои одненадеж ќе бидат преплавени со топлина и радост.

    Вистината е дека тие и не знаат зошто се борат, зошто некој би сакал да има војни, зошто некој не го прекине тој пекол, зошто некој не се смилува и не ги испрати во нивниот дом, да бидат заедно со семејството? Но кога на војникот ќе му дадеш неколку слободни денови, тој не знае што да направи со нив, тој е тотално изгубен и повлечен од светот. Повеќе не е способен да дари љубов на неговите најблиски иако внатре липа за нив и е жеден за нивната љубов колку и тие за неговата. Дури и поудобно се чувствува кога се бори за живот на фронт отколку во својот мек кревет каде го поминал детството.

    Тоа треба да се прочита!

    5.Проклетата авлија- Иво Андриќ

    Иако решив дека нема да пишувам за лектири бидејќи така предизвикот не би бил предизвик, јас сепак ќе ја рачунам и оваа книга бидејќи многу ми се допадна. И многу ми е криво што само површно ја разгледовме на часот, само како пример за роман-хроника.

    Овде имаме приказна за фра-Петар и неговата осаменост во Проклетата авајлија, име дадено на затворот Депозито. Барајќи некој разумен за разговор, прашувајќи се за причината која го донела овде, копнеејќи по својот стар живот тој тонеше во тешки услови и се „камшикуваше“ себеси. Имаме приказна за Караѓоз, главен на затворот, според кого секој е виновен. Приказна за младото момче Ќамил кој се наоѓал меѓу христијанската и муслиманската вера и неговата опседнатост со истотискиот лик Џем-Султан поради нивната сличност. Бил осуден зашто се насладувал со книгите и науката.

    Дали во мизерни и неправедни услови човекот може да го зачува своето достоинство и своето ЈАС?

     
    На Mayyya, kate21, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    91.235
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум оф-топик, но многу ми се допаѓа темава, затоа што давате и критика на книгите. Одлично е што ги пишувате книгите така што пред неа пишувате всушност и која по ред е.
    Сакав да се пријавам, но мислам дека не е во ред, затоа што јас за на факултет читам можеби и повеќе од 100 книги. Само последниве 2 дена прочитав 4.

    Продолжете вака девојки :)
     
  8. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    1.Најголемата вистинска тајна на светот- Ниче Димовски
    2.Мемоарите на една гејша- Артур Голден
    3.Исповедта на една акушерка- Дајен Чемберлен
    4.Венецијанското предавство- Стив Бери
     
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Досега прочитав само една - „Роза за балерината“ од Лурлин МекДениел
    Следна на листа ми е „Последната песна“ од Николас Спаркс :)
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    3- Ја завршувам “Вештица“ од Венко Андоновски.

    Ако некој знае навистина да ги спои зборовите да звучат моќно, кажувајки страст, љубов, болка, постоење, тоа е тој.. Книгава е поука, книгава е детаљ, Живот и Жена..

    Единствено не ми се допаѓа, делот кога се обраќа кон читателот, не знам оти.. е премногу модернистички, ама ми губеше од шмекот кога доаѓаше неговото обраќање, како да ми го прекинуваше дејството.. не знам..

    Многу ми се допаѓа дизајнот на невидливте букви..во глобала еден од нашите најдобри романи. :bow:

    -Секое патување е по малку и умирање. Низ врата почнува секое патување, а смртта, како и љубовта е врата. Два пламени разделени, еден зад прагот, еден далеку од прагот, ако биле слаби, ветрот ќе ги згасне. Ако биле силни, само ќе ги распламти уште повеќе.
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Оф топик...Љубам, обраќањето на авторот кон читателот е една од карактеристиките на постмодернизмот. Вештица е полна со мета-искази кои ни ја доловуваат уште повеќе постомодерната книжевност на начин со кој би требало да го видеме механизмот со кој писателот ја гради прозата. Затоа се вели дека во овој правец, авторот е мртов зашто тој е заменет со читателот. Еден писател, не се сеќавам кој, пак рекол дека авторот не е мртов туку тој се мултиплицирал :)

    Вчера почнав со Браќата Карамазови на Достоевски...10ка! Впечатоци во наредна прилика :lol:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    3.Загубената ќерка-Дајен Чемберлен.
    Книгата ме остави без зборови.За два дена ја проичитав,идев од школо и одма со неа се дружев.Книга што верувам дека на сите би ви се допаднала.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    3. Раскажи ми ги соништата - Синди Шелдон
    Во еден здив ја прочитав, цело попладна од раце не ја испуштив. Прекрасна книга баш како што јас сакам. :)

    Продолжувам со 4та, Патот на љубовта - Антони де Мело
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Овој месец ги прочитав:

    1. "Цар Едип"

    2. "Антигона"

    3. "Скржавец"

    Ова се школски изданија, ама не се лектири, туку дела за читање, така да прописно ги запишувам во прочитаните. :D

    Со "Светот на Софија" сум некаде до 200 стр, но за жал немам ич време, ќе треба да ја оставам за кога ќе немам дела за читање. ;(
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    3. Момче - Ф.М. Достоевски

    Ова е најмалку познат голем роман на Достоевски, но со ништо не е подолу од останатите негови грандиозни дела. Тоа е истиот Достоевски со кој се насмевнувам и се растажувам истовремено со секоја наредна реченица... мислам дека никој не го може тоа како него. Неговиот остроумен хумор е ненадминат, многу суптилен и ненападен и умеел да го вметне на најнеочекувани места.

    Главниот лик кој раскажува во прво лице е Аркадиј Андреевич Долгоруки, законски син на Макар Иванович Долгоруки, слуга кај вистинскиот татко на Аркадиј - Андреја Петрович Версилов. Како син на богат човек, бил испраќан на чување кај непознати луѓе, па потоа во гимназија во Москва, и за време на целото детство и младост тој ги видел своите родители можеби еднаш. Како резултат на тоа е сосема повлечен младич, без желба да се меша во различни друштва, постојано осамен со својата „идеја“. Тој сака да стане самостоен по завршувањето на гимназијата, го сака тоа ослободување и осамување, повлекување во корупката за целосно ослободување - затоа што не сака да зависи од никого, сака да покаже дека сам себе си е доволен и не му треба таткото кој го отфрлил, но кого сепак го сака.

    Версилов е еден од најинтересните ликови што сум ги сретнала. Низ целиот роман се двоумев за вистинската природа на неговата личност, прво го мразев, па го сакав и го разбирав, потоа повторно не го разбирав, за конечно да сфатам дека самиот тој е буквално растргнат во себе - помеѓу она што навистина е, и идеалниот човек што сака да биде.

    Она што несомнено е восхитувачко кај Достоевски, покрај неговата психологија на ликовите, е неговото пророштво и способност да создаде дела кои се вечно актуелни без разлика во кој век се читаат.
    „Момче“ е роман на идеите. Токму тоа што му недостига на денешниот човек, и уште еднаш ќе кажам дека Достоевски бил неверојатен предвидувач.
    Денешниот човек е заробен во еден механизам од кој не се труди да најде излез, почитува веќе готово сервирани идеи (воглавно политички или материјалистички, ако воопшто почитува и такви), потпаѓа под моќта на пропагандата и сосема ја губи својата индивидуалност. Денешниот човек нема своја лична идеја која ја води насоката на неговиот живот. Во „Момче“ идеите се претставени како нешто свето.

    Покрај Версилов, уште еден интересен лик е Макар Иванович, кој само епизодно се појавува во романот но остава длабока трага и дава свој печат на целото дејство.

    За крај еве уште неколку извадоци од романот:
    Версилов за портретот на Соња:
    Нешто за идејата на Долгоруки:

    Она што најмногу го почитувам кај Достоевски е тоа што тој не дава личен коментар околу тоа кои идеи во романот се правилни или неправилни според него. Тој само изложува факт по факт и остава на читателот да го донесе конечниот суд, како и во сите негови романи.

    Препорачувам со највисоки почести. :bow:
     
    На eliesaab, Buttterfly, Bright и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не е крај на месецот, но доволно за Јануари. :)
    Бев умно девојче. :angel:

    [​IMG]
    1. Соба за разговор (Chat Room) – Бобан Богатиновски
    Ова е едно кратко романче од 100 странички кое се чита во еден здив од македонски автор.
    Ана и Драган, познат под псевдонимот Вештина на молчење се запознаваат на интернет и започнуваат разговор.
    Уште на почетокот станува збор за една нетипична конверзација, изобилува со филозофирање, метафора, алегорија, двајцата на некој начин се осаменици, во потрага по нешто повеќе од светот, животот, љубовта...
    Интересен приказ на структурата на две различни личности, поттикнува на размислување во смисла – дали интернетот стана новата Ванила за средби или Фреш од нашето време, дали е полесно да се соголиш преку буквите на тастатурата, отколку на средба која ќе се одвива лице во лице, дали интернет пријателствата се само илузија, се учи ли нешто од нив, се добива ли, или само се пополнува време, се полнат со крпчиња сите оние дупки од душата кои си зјаат празни и неисполнети?...
    Мене ми се допадна, сосем ок е, авторот има интересен и жив стил, изобилува со фини мисли... една ми остана во сеќавање – Човек без непријатели нема карактер.
    [​IMG]
    2. Кралскиот читател – Алан Бенет
    Најголем проблем со оваа книга ми беше дефинитивно преводот, започнувајќи од самиот наслов. The uncommon reader – кралскиот читател?
    Зарем не е посоодветен зборот Необичниот или Невообичаениот читател?
    Стилот е лесен и разбирлив, но сметам дека за преводот се нафатил некој лаик за англиски (и македонски јазик), бидејќи некои реченици немаа воопшто смисла според збороредот.
    Приказната сепак е топла и многу интересна.
    Британската кралица Елизабета II случајно ќе дојде во допир со книгите од една подвижна библиотека и ќе ја открие нејзината читачка страст.
    Наеднаш, сите други обврски стануваат занемарливи, во споредба со буквите кои ги голта без здив.
    Нејзината читачка страст ќе наиде на негодување кај служителите, велејќи дека читањето е всушност еден себичен процес, преку кој човекот се оттуѓува од дробецот на општеството, а ако има толку важна улога како нејзината, тогаш е просто незамисливо и недозволиво.
    Не знам дали приказнава е според вистински настан или обична фикција на авторот, меѓутоа доловува многу интересни поенти и поттикнува на размислување.
    Преку книгите кралицата ќе се пронајде себеси. Или уште подобро – ќе се ресоздаде, ќе се измисли повторно... ќе почне да се самоанализира, да се менува, да сочуствува...
    Лесно , сепак не предобро книгиче, минус ужасниот превод на одредени делови. Баш би сакала да го видам оригиналот.

    [​IMG]
    3. Пиреј – Петре М. Андреевски
    Не можев да се сетам дали сум ја читала Пиреј на времето кога било потребно.
    Изгледа сум ја скокнала, доволно сум се истрауматизирала од Тврдоглави.

    Пиреј е уметност.
    Запрепастена и фасцинирана сум од романот, и по којзнае кој пат убедена дека Петре М. Андреевски е најквалитетен македонски писател.
    Приказната раскажана од двата главни наративни ликови – Јон и Велика, навлегува длабоко во човекот, војната, преживувањето, живуркањето, бидејќи тоа што го преживуваат и двајцата не се нарекува живот.
    Пустошот и ужасот на војната, траумите на самотијата и соочување со загубата на петте дечиња, болката на една мајка, нејзината пожртвуваност, посветеност, политичката ситуација, мајсторски отсликана со јазикот на Андреевски, кој е жив, колоритен и изобилува со многу архаизми, што ја прави приказната уште пооригинална.
    Додека ја читате имате чувство дека Јон и Велика раскажуваат пред вас, како да сте во тоа време, на тоа место.
    Сочувствувате со нив, со сите подеми и падови, нивната болка и трагедија.
    Некои сцени се буквално болни, приказната ве тера да се соживеете, да се расплачете, да почувствувате.
    Немам доволно убави зборови, кој ја нема прочитано Пиреј, е еден сиромашен човек.
    Преку останатите ликови Андреевски ја отсликува македонската народна мудрост (Лазор Ночески), паганските верувања и обичаи, како баење, магии, лекување со разни лекови (Маса Ќулумоска).
    Суштината е дека нашиот народ е навистина пиреј.
    Никаква трагедија, болка, разочарување, препреки нема да му застанат на патот повторно да се издигне и да заживее.
    [​IMG]
    4. Враќање дома – Даниела Стил

    Првите 30 странички не навестуваат ништо посебно.
    Остатокот од другите 333 само го потврдуваат првичниот лош впечаток.
    Новелата започнува дури и подпросечно, клишеизирано, како извадок од некоја лоша љубовна сапуница.
    Од развојот на настаните главната хероина делува дезориентирано, поводливо, дури и смешно.
    Преводот е исклучително лош – “пробавме од таканаречениот сладолед карпест пат”, “ганѕавме по патот” итн..., а всушност подоцна увидов дека се работи за истата издавачка куќа како и на претходната - Кралскиот читател.
    Издавачката куќа Панили треба да се забрани со закон, дефинитивно.
    Дијалозите се вкочанети и глупави. Просто нереални.
    Главниот лик е недопадлив, не можете да сочувствувате со неа, затоа што е буквално лабилна, површна, недозреана, нереална, права тикварка.
    Типично хистерична, љубоморна и непоправливо залудно вљубена романтичарка.
    Воопшто не ми се допадна, стилот е сиромашен, приказната е благо ретардирана и воопшто не ја препорачувам. Не доловува апсолутно никаква емоција, за имагинација е прелоша, за реалност е преклише.
    Барем чик литературата не се преправа да биде нешто што не е – таква си е, тематиката е таа, и тоа е тоа.
    Оваа новела се труди да продаде нешто сериозно и со смисла, а е побесмислено од сите чик-лит книги коишто сум ги прочитала.
    [​IMG]
    5. Пурпурен хибискус – Чимаманда Адичи

    Не знам зошто толку долго ја одбегнував оваа прекрасна книга.
    Главниот наратор на приказната Камбили живее во богатство и раскош со нејзиниот брат Јаја и родителите. Нејзиниот татко е строг и побожен, семејството е обвиткано со неговите принципи и правила. Секое нивно мало отстапување и непочитување на истите, кои сака да се следат до совршенство, строго се казнува од негова страна.
    Во куќата владее пригушено стравопочитување.
    Тоа се менува кога децата одат на гости кај нивната слободоумна тетка, во нејзината сиромашна куќа, и за првпат во својот живот го сфаќаат значењето на зборот слобода, зборувањето без страв, смеењето на глас, занемарување на строгиот распоред утврден од страна на нивниот татко.
    Книгата е топла, жива и мирисна.
    Создава ефект на целосно внесување во настаните; можете да ги вкусите јадењата, мирисот на палминото масло, да ги почувствувате трепетот и стравот на Јаја и Камбили, болката на нивната мајка.
    Пурпурниот хибискус е симбол на слободна волја, одраз на нешто ново, силно и бестрашно.
    Сепак, оној кој е доведен до совршенство во анализата е таткото на Јаја и Камбили, Јуџин.
    Неговата фанатична побожност и посветеност, суровоста кон најблиските и неговата света строгост, и од друга страна – неговото дарежливо срце за болните и сиромашните.
    Тој е вистински констраст и енигма од сите ликови во Пурпурен хибискус.
    Ова е толку добра книга, што се чита буквално во една вечер. Барем го имаше тој ефект врз мене.
    Ве остава со блажена насмевка, со некое фино и полетно чувство на олеснување и заклучокот дека материјалното не е секогаш предуслов за среќа, задоволство и исполнетост во животот.
    [​IMG]
    6. Ова е твојот живот – Џон О’Фарел

    Тринаесетгодишниот Џими напишал десетица писма адресирани до самиот себе, во кои се предупредува себеси како да не се изгуби во вртлогот на сопствената слава и успех.
    Всушност, многубројните планови и желби за слава ќе потонат во вода, кога триесет и кусур годишниот Џими ќе сфати дека не остварил ништо од замисленото.
    Дека е само обичен наставник по англиски јазик за странци во малото приморско гратче Сифорд.
    Но по игра на случајност, на сосем неочекуван и смешен начин Џими ќе влета во светот на познатите и ќе ја вкуси славата, моќта и парите.
    Дали тие можат да ја пополнат празнината во животот на еден обичен човек?

    Ова е една топла книга, напишана на лесен и разбирлив стил.
    Провејува хумор, а на неколку моменти буквално ќе заплачете од смеа.
    Сепак, крајот го краси делото, и во неколку фино спакувани пасуси ја резимира целата поента и суштина.
    Ми се допадна, ја препорачувам за релаксација и одмор.
     

    Прикачени фајлови:

    • januari.jpg
      januari.jpg
      Големина на фајлот:
      42,9 KB
      Прегледи:
      433
    На aNy-to, Strumfeta93, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Добар ден и од мене!
    Ондека меѓу првите пишав дека го прифаќам предизвикот и дека прошлата веќе 2011 година читав баааајаги голем број на книги, арно ама тогаш бев 4та средно, оптеретена од све и свашта и уживав како средношколка. Арно ама од 1ви јануари д осега јас глава не кренав од права, економии, чуда и врагови!


    За мене предизвиков ќе почне од февруари!
    Браво за Тренди и останатите кои си го сфатија предизвиков многу сериозно, и сте растуриле со одлични дела овде! Браво! :bow:

    Бруцошки маки.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Браво бе дечиња, а јас само скромни две прочитав за јануари. :wasntme:
    Ама имав испитна сесија, така да оправдано. Енивеј, еве ги моите.

    Првата книга, John Grisham - The Chamber.

    Не знам колку сте го читале и колку го сакате типов, ама да ви кажам дека прво, го почитувам затоа што е реален. Книгите не му се со хепили-евр-афтер, ами баш онака како што би испаднало и во вистинскиот живот. За книгава имам да кажам дека малку ја влечев да ја прочитам, последните 150 страници беа интересни и ги прочитав за два дена, што секако, не ги оправдува останатите 500 кои ги читав од јануари па наваму. :D Драма како драма, сакал да го држи читателот во неизвесност со приказната, се трудел човекот. Што знам, не сум баш нешто импресионирана и не верувам дека пак некогаш би ја препрочитала.

    За тие што ги интересира, се работи за Кју Клукс Кланот, смртната казна, како и разнишаните семејни, морални вредности, самопожртвуваноста на човекот и така. Ме натера да се подзамислам на моменти, ме напна малкуцка околу прашањата колку некој е виновен за некои работи, колку е праведно сето тоа и искрено, после книгава веднаш фатив друга ,,лимонатка,, да читам. :lol:

    Сесилија Ахерн - На крајот на виножитото

    Просто сум заборавила да читам книги на македонски и првата реакција после 15 страници ми беше - КОЈ ГО ПРЕВЕДУВАЛ ЧУДОВО И ЗОШТО ГО ОСАКАТИЛ? :devil: Втората реакција беше дека додека јас не си ги преведам некој ден книгите, тешко дека во блиска иднина ќе земам да читам книга на македонски. Едноставно, без зборови сум од неумешноста и од непрофесионалноста, буквално можам да ги ,,реверсирам,, зборовите назад на англиски без некој посебен труд.

    ,,Исфрли ја нерворзната енергија,, - Ар ју факинг кидинг ми? :emo:
    ,,Вода под мостот,, - Се тече се се менува, жено, не е вода под мостот на македонски. :fubar:
    ,,Се качува на ѕидот од возбуда,, - Дали е потребен коментар? :hai:

    Да не се нервирам, да си продолжам понатаму. Љубовна приказна, и цела книга се одвива преку меилови и писма меѓу двајца најдобри другари, Рози и Алекс. Ме нервира малку начинот на кој се толку предвидливи работите, како и незрелоста на главните ликови, ме потсетува на некое женче од Љубовни проблеми на фемина, ние сите и викаме остави го, не е за тебе, а таа упорно НЕ и НЕ. :rofl: Како и да е, од вчера до денес ја прочитав цела, брзо оди читањето и нема некоја филозофија. Само едно книгиче за опуштање после Коморана од Гришам.

    п.с. Утре пак ќе одам во Матица! ^_^
    п.п.с. И само англиски книги ќе си купам, овие нашиве, јок... После зошто имало толку неписмени, е зошто де.
     
    На Trendafilka и Simonna7 им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Завршив и со книгата број 3 од предизвикот - Отворени карти од Агата Кристи 8)
    Уште едно врвно дело на Агата Кристи кое ќе ве воодушеви и ќе ве остави во потрага по уште вакви романи... Поаро е поканет на вечера кај господинот Шаитана кој му ветува дека таа вечер Поаро ќе ја види неговата ексклузивна колекција на убијци. На вечерата се присутни еден доктор, писателка, млада госпоѓица, полковник, како и еден полицаец. По вечерата докторот, писателката, полковникот и госпоѓицата играат партија бриџ...Вечерта е речиси совршена сѐ до моментот кога го пронаоѓаат мртов господинот Шаитана. Истражувајќи ја мистеријата Поаро открива дека секој од тие личности имала мотив да го убие Шаитана. Мистерија и убиство се кријат во нивните мината. Поаро на уникатен начин успева да ја реши мистеријата - проучувајќи го нивниот начин на играње бриџ...

    Од утре ја почнувам книгата бр.4 - Тешка измама од Френк Талис
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Еве вака, прочитани:

    1. Мемоарите на една гејша - Артур Голден

    2. Москва на солзите не им верува - Валентин Черних


    На ред е:

    3. Tеодора (последната римска царица) - Стела Дафи