1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за Фемина читачите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 26 декември 2011.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Завршив со Вештица, почнувам со -
    4. "Шолја чај" - Ејми Ефрон.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Уеуу.. многу ми се допаѓа предизвикот!Го прифаќам!Минатата година прочитав 20 книги и мислев оваа година да пробам со повеќе, ова ќе ми биде само + мотивација!
    Инаку до сега имам прочитано две:
    1.Лекции за љубовната болка - Кети Кели
    2.Кражба - Питер Кари
    и сега само што ја почнав Брида - Пауло Коелјо!Прекрасна книга и знам дека ќе ја прочитам за ден-два! :D
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јануари

    1. Ана Карењина - Л.Н.Толстој

    Ана Карењина е многу повеќе од роман само за брачното неверство, ова е воедно и роман за доживувањето на љубовта и односот кон бракот и неговите обврски, пријателството и интригите во високото друштво, родителската улога, државната професионална положба и онаа на аристократијата во руралната средина, ставот кон религијата и атеизмот, низ призмата на многу различни ликови со свои карактерни особености. Ова е многу моќен, но напати и мрачен роман, кој не‘ соочува со суровата стварност на оние делови од човечката природа, кон кои не само што не сме благонаклони, туку сме и дефанзивни, затоа дефинитивно не е избор на дело кое се чита поради релаксација и одмарање на мозочни вијуги, токму напротив.

    Главната хероина Ана ќе се скрши, растргната внатрешно од јачината на љубовта кон својот љубовник Вронски и својот син Серјожа, бидејќи нејзината позиција е токму таква што едната љубов мора да ја плати со губењето на другата. Нејзиниот сопруг Алексеј Карењин, ќе мора да излезе од удобниот кожурец на својот живот, заграден со чиста рационалност и испран од емоции, дури со презир кон чувствителните луѓе. Неговиот престиж ќе биде извалкан со срамот, ќе мора да се соочи со себеси барем за миг, пред да побара ново засолниште овојпат во религијата. Ова е совршен пример и приказ на пар кој е на целосно дијаметрално спротивна емоционална фреквенција.

    Облонски, братот на Ана е од оние ликови кои будат голема амбиваленција од една страна, омилен во друштво, природно неизнасилено весел хедонист, а од друга страна, ужасен во улога на грижлив и посветен сопруг. Најприземјен и најпозитивен од сите, се издигнува ликот на неговиот другар Љовин, големопоседник со искрена љубов кон својата работа и желба за воведување на реформи, кои би донеле и поголема продуктивност, но и поголема благосостојба за сите класи и човек со големо срце и душа и посветеност во вистинско светло на сопругата и семејството. Се бори со своите сомнежи во поглед на религијата, по која посега во миговите на најголемите кризи, иако е атеист по убедување, единствена замерка кон него ми е тоа што потклекнува во дискусиите со други интелектуалци и не ги брани до крај своите ставови, кои се здраворазумски и секогаш праведни. Од женските ликови ваква позитива зрачи од ликот на несебичната Варењка, лик на кој не му е дадено веројатно доволно место, или тоа и било целта, да ја пронајдеш и утврдиш нејзината големина, која е толку поинтензивна токму поради тоа што е толку неисфорсирано вградена, а сеприсутна.

    Оваа книга води кон длабоки преиспитувања на себеси, на своите постапки и погледи на светот, иако толку нешта во меѓувреме се измениле од објективните општествени прилики, од кога ја напишал овој руски гениј, но и уште толку нешта останале исти - субјективните човекови одлики и природа. И напоменувам пак, ова не е книга која смирува, туку често силно вознемирува, која го бара и наоѓа својот одраз во мислите и разумот на читателот.

    2. Понижени и навредени - Ф.М. Достоевски

    Ова е една исклучителна книга која топло ја препорачувам, низ нејзините страници ќе се смеете до солзи со непромисленоста на Аљоша, ќе се згадите над препреденоста на неговиот манипулативен татко, ќе се чудите на гордоста на понижените и навредени Наташа, нејзиниот татко и малата Нели, кои не дозволуваат да бидат духовно скршени и покрај суровите удари под појас, кои им ги нанел без никаков пардон животот и ќе плачете неутешно во неколку наврати, книга која ќе ве потресе силно, но единствено што нема да успее е - да ве остави рамнодушни. Епската сцена на синхронизираноста на смртта на старецот и Азорка, неговиот верен пес, е веројатно една од оние кои трајно остануваат во меморијата.

    Книга која го приковува вниманието и те тера да губиш стрпливост во поглед на тоа во која насока ќе тргне дејствието. Генијот на Достоевски е што секогаш успева дури и негативците да ги доближи, на начин на кој успеваш да ја согледаш нивната мотивација, дури и да продреш во нивниот ментален склоп на начин да го разбереш, а притоа те остава сам да ги влечеш своите судови и да го контролираш текот на мислите и да губиш контрола врз поројот на чувства, тој ти дава буквално се‘ на тацна практично, но ти бираш како тоа ќе го конзумираш, зависно од твојата личност и убедувања.

    3. Росхалде - Х.Хесе

    Името на книгата го носи името на замокот, во сопственост на сликарот Јохан Верагут и сопругата Адела и нивниот 7 годишен син Пјер. Сликарот е многу успешен професионално и славен, опсесивно и посветено работи на нови слики. Меѓутоа тој и неговата сопруга се емотивно крајно отуѓени, веќе со години, дури и физички се одвоени, таа самува во замокот, а тој во просториите на ателјето, кое е градба, надвор од замокот, единствена алка помеѓу нив е нивниот син, кој е единствениот кој се движи слободно низ територијалните и други граници, кои родителите ги издигнале меѓу себе.

    Оваа состојба на длабока несреќа меѓу Јохан и Адела е од иста природа, како онаа на Ана и Алексеј Карењин, станува збор за целосна емоционална и карактерна некомпатибилност. Доаѓањето на другарот од детство на Јохан, Ото и семејната трагедија, ќе го нарушат ова тивко страдање и духовно трулење на сопружниците.

    Книгата не е лоша во никој случај, ама мене не ми беше на нивото на Хесе, на кое сум се навикнала и кое го очекував, од едноставна причина што стилски недостигаат оние негови мисли, кои во други негови дела ме терале да ги препрочитувам повеќекратно и да се восхитувам на неговата стилска магичност.

    4. Сеќавање на моите тажни к*рви - Г.Г.Маркез

    Забавна книга, од мал формат, препорачлива за релаксација и опуштено читање. Во секој случај не може да се мери со маестралните дела од истиот автор, меѓутоа е еден од најдуховитите прикази на љубовта во литературата.

    Станува збор за остарен новинар, кој на својот 90-ти роденден, сака да ја мине ноќта со девица. Инаку новинарот, кој во своето љубовно резиме, има над 500-тини жени и на секоја од нив и‘ плаќал за сексуалните услуги, никогаш дотогаш не ја вкусил љубовта. Тој на необичен и платонско-идеализиран начин се вљубува во малата четиринаесетгодишна шивачка на копчиња.

    Книга за духовната наспроти телесна возраст, за потребата од љубов и нејзиното појавување во најнепредвидлив облик и време, за осаменоста и односот кон смртта, сето тоа низ забавниот и вивидно жив стилски опис на Маркез, четиво за целодневна интересна исполнетост.
     
    На mamma-mia, Lilit, Stam и 12 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Ќе морам да се самоцитирам за да се надополнам

    ''Кутија во облик на срце'' всушност заврши онака како што не очекував,доста страшна и језива книга.
    Трета прочитана книга ми е ,,Сид''-Пјер Корнеј.Всушност не знам дали се брои бидејќи ми беше дело за во школо.
    И последната прочитана книга за јануари и воедно четврта ,,Која е таа девојка?''-Александра Потер.Лесна за читање, чик литература, добра порака.

    Сега ја почнувам ,,Киднапиран''-Роберт Л. Стивенсон.
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    3. Будењето на Офелија - Проф. д-р Мери Пајфер
    Епа вака. Книгата е за животот на тинејџерите и адолесцентите.
    Во книгава многу реално се опишува тинејџерскиот живот, мислам дека секој тинејџер би се нашол во некоја од случкиве на Мери.
    На еден лесен и разбирлив начин се опишува сето она кое им се случува на младите - депресии, загубено јас итн.
    Книгата е добра и за родители кои треба да се справат со нивните тинејџери.
    Мене ми се допаѓа, иако уште не сум ја прочитала цела. :)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    2.[​IMG]

    3. [​IMG]

    Инаку јануари и фебруари секогаш најмалку книги читам поради испитите немам толку време за слободна литература :)
     
  7. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    ух, каснам :tmi:
    после третата „зависна од мода“ ги прочитав
    4.Која е таа девојка?
    -Александра Потер
    5.На прв поглед
    -Николас Спаркс
    6.Малинче
    -Лаура Ескивел
    и сега ја почнав
    7. 13 Проблеми
    -Агата Кристи :)
     
  8. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    4. Алхемичарот - Пауло Коељјо (сакав да ја земам 11 минути но бидејки ја немаше ја земав Алхемичарот)

    Не ми се допадна, ми беше како една голема филозофија како да се водиме во животот ако животот ни беше совршен како тој на мамчакот, но бидејки нашиот живот не е совршен сигурно нема да има среќен крај ако се откажеме од сето тоа што го имаме и тргнеме да го бараме невозможното. Јас очекував нешто многу повеќе судејки по критиките, дури читав и коментари од типот оваа книга ми го промени животот, мене не ми го промени ниту живот, ниту размислувањето само ми го пополни малку слободното време што го имав.

    5. Љубавница - Аманда Квик
    Судејки по прочитани 50страни, добра книга, кога ке ја прочитам ке коментирам повеќе.
     
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јануари...

    1. Галебот Џонатан Ливингстон-Ричард Бах
    Кратка книга, нема ни 100 страни. Се изненадив зошто е толку мала, очекував повеќе, ама во тие 100- страници, има многу напишано. Прикажано е колку многу треба да се бориш за она што ти го сакаш, а не за она што другите го бараат од тебе и со голема упорност се‘ се постигнува. Џонатан е галеб кој се одделува од своите роднини за да го оствари својот сон, и од ден во ден да учи да лета се подобро и подобро. Неговото јато води здодевен живот во кој само гледаат да се прехранат и воопшто не ги оправдуваат постапките на Џонатан... Мислам дека е лектира за осмо, ми се допадна!

    2. Сенки - Тим Баулер
    Исто интересна книга околу 200-300 страни. Убава приказна за дете чиј татко е опседнат со сквошот и со тоа неговиот син да стане првак, како него. По секоја неуспешен меч на кој што е поразен, добива ќотек од неговиот татко, кој мисли дека со ќотекот ќе го стимулира да се труди повеќе. Но тоа има спротивен ефект. Џејми се повеќе го замразува сквошот и неможејќи да го поднесе сето тоа, одлучува да побегне од дома, заедно со бремена девојка која го направила истото. Тој се обидува да и помогне, и заедно одат во друг град каде што таа се породува, и тој одлучува да се врати, дознава дека неговата мајка е мртва.

    3. Драги Џон - Николас Спаркс.
    И оваа ми се погоди интересна, но ме разочара на некои делови. Николас Спаркс секогаш пишува вакви романи, и претпоставував дека ќе се случи нешто такво, но сепак продолжив да ја читам. Средношколец, во лошо друштво и за кој нема светла иднина, туку само едни исти, досадни дневни ритуали, војската ќе го направи сосем друга личност, за која што не ни помислувал дека некогаш ќе биде. Се заљубува во Савона, но и по толку убави мигови, нивната љубов нема да успее и ќе останат само добри пријатели.

    4. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
    Монотониот живот е причина за која Вероника решава да умре. После толку време, конечно собира храброст да се предозира. Се буди во ментална институција и, животот сака да и даде уште една шанса, каде што ќе може да ги искуси сите работи кои досега не ги направила, и да открие многу други нешта за само една недела. Постепено сфаќа дека направила грешка поради тоа што се одлучила на таков чекор, сега се бори за уште неколку мига живот, во кој ќе може да ужива...

    5. Бојан - Глигор Поповски
    Лектира ми беше, па така морав да ја прочитам. Во почетокот ми беше досадна, ама како повеќе читав, се задлабочив и ми стануваше се‘ поинтересна и поинтересна. Бојан е сеуште недоволно созреан, но мора сам да остане на планината, во куќата на дедо му, во сред зима, каде што треба да се грижи за добитокот и домот. Со страв кој вешто го прекрива се соочува со секакви проблеми, но тоа го прави похрабар. Книгата има и втор дел, каде се раскажуваат случки во лето, кога запозава нов другар, кој што е градско дете, но полека, покрај Бојан почнува да ја обожава планината. Тогаш и Бојан ќе се вљуби за прв пат. Убава е и релаксирачка книга.

    6. Времеплов - Х. Џ. Велс
    И оваа ми беше лектира. :lol: Не ми остави голем впечаток, несакам многу вакви авантуристички книги. Времепловецот го испробува својот нов изум, времепловот, патува низ времето и оди во иднината. Ми се допадна како е прикажана иднината од агол на авторот. Со мали мили суштества кои се соочуваат со други, подземни чудовишта. И тој се бори со нив, кога ќе се обидат да му го земат времепловот, и тој да остане заглавен во иднината.

    Читаме се на крајот на Февруари. :lol:
     
    На WhiteAngel, starbucks и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ја завршив и последната книга од трилогијата на Дејвид Морел.
    2. Лига на ноќта и маглата - Дејвид Морел

    Слична како и другите две од трилогијата,само што сега сите ликови т.е. главните јунаци од претхондните две книги Сол, Ерика, Дру и Арлин се среќаваат и заедно ги бараат оние кои им ги уништиле животите.
     
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Немој да мислите дека сум ве заборавила :D ... Но ете немав време да пишам така поопширно и реков на крај на месецов...
    (отсега па натака така и ќе биде)

    4. За кого бијат камбаните - Ернест Хемигвеј
    Ме привлече од самиот почеток т.е. поточно ова:
    Ниеден човек не е Остров, сосема сам за себе;
    секој човек е дел од Континентот, дел од Земјата;
    Ако морето однесе Грутка земја, Европа е полесна, како да однесла некој Рид, Посед на пријателите или твој сопствен;
    Смртта на секој човек ме намалува мене, бидејќи јас сум опфатен од Човештвото.
    И затоа не прашувај за кого бијат камбаните - тие бијат за тебе!

    Досега не сум имала прилика да ја прочитам. Во школо не ја читавме... Па не ми паднала во раце порано, за жал... Сега сум среќна што ја прочитав, навистина ми се допадна премногу...
    па еве :)

    Шпанија е местото каде се одвива дејствието во оваа книга, во времето на Граѓанската војна.
    Англичанецот и професор Роберт Џордан е дојден тука со една цел - Да го дигне мостот во воздух.
    За остварување на својата мисија, тој ќе се приклучи на една герилска група која живее високо во планините.
    Таму ќе ја пронајде Марија... Марија е девојка која луѓето од оваја група за зеле при еден напад на воз. Лошото е тоа што тој зе заљубува во неа уште при првиот поглед... Но тука не застанува, тој со сите свои мисли и чуства е насочен исклучиво кон неа. Заборава на својата цел, заборава на војната, заборава на се. Негова сегашна цел е тој да живее заедно со неа, во која гледа иднина, надеж за подобро утре.


    5. Тартиф - Жан Батист Молиер
    Онака случајно ја најдов на рафтот за книги на брачедами... Ја читав и во втора година, ама тогаш не обраќав толку пажња на книгите што ги читав за нашколо. Поважни и поинтересни ми беа оние кои ги читав ради сопствено задоволство...
    Сега и обратив повеќе пажња, но сепак ништо посебно... Сватив дека повторно се фаќам каде што читам отсутно...

    Драма т.е. комедија со елементи на фарса...
    Се засновува на конфликтите на едно богато семејство поради свештеникот Тартиф...
    Тој е лицемер и лажго, и ништо повеќе од тоа. Тој е токму тоа, но е и доволно вешт да се скрие зад наметката на свештеник и доволно добро знае да ги пронајде слабостите кај луѓето. Бркањето од страна на неговиот татко му излега добро поради неговото прифаќање од страна на црквата...
    Во неговиот лик не видов ништо друго...


    6. Портретот на госпоѓата Шарбук - Џефри Форд
    (ја читав на српски)
    Доста несекојдневен роман, добар начин на искажување на ликовите... Ми се допадна премногу...
    Дури и во еден момент се фатив како јас лично ја цртав оваа госпоѓа.

    Дествието започнува во Њујорк, 1893 година. Пјамбо (валда вака би бил и на мкд) кој е познат сликар и портретист, прифаќа нова работа... Која е доста тешка...
    Негова задача е тој да наслика портрет на жена која не ја гледа... Жена која стои зад параван и зборува, но за својата животна приказна... Но не и за својот физички изглед.
    Госпоѓата Шарбук е израсната во снежна пустелија... Таму каде што снегулките се нон стоп пристуни... Образована врз база на науката за симболите... Зборувајќи за својот живот таа многу му помага на Пјамбо за да ја оствари неговата цел.

    Ја препорачувам! :D
     
    На JuLleE, crazylady, Magnolija и 5 други им се допаѓа ова.
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.740
    Пол:
    Женски
    5.Сенката на ветрот-Карлос Руиз Зафон
    Две приказни сплотени во една, за дете (подоцна момче) кое случајно ја наоѓа истоимената книга од Хулијан Караш и ја прочитува во еден здив. Опседнат од приказната тој е во потрага по другите негови книги. Набрзо дознава дека некој има намера да го уништи сето она што овој писател го има создадено. Порад тоа, Даниел (момчето) е вопотрага по самиот писател каде дознава дека неговиот живот е сличен на писателот. Љубовна драма, полна со интриги, спплетки, животот во Барселона помеѓу, за време и по втората светска војна.
    Од тоа што го прочитав до сега(а до пола сум)можам да кажам дека книгава е прекрасна!
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    4.Мемоарите на една гејша-Артур Голден
    Секој коментар би бил сувишен..Скоро сите ја знаете книгата па нема што да се коментира....
     
  14. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    2.Мајката на Перл
    3. Авантурите на Артур Гордон Пим- По
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    2.Мандолината на капетан Корели-Луј Де Берние
    Навидум лесна, но сепак бара концентрација. Настаните се одвиваат во Кефалонија, за време на Втората светска војна. Љубов, прво платонска, подоцна вистинска, а во позадина масакри и крв. Берние не ја опишал само љубовта меѓу маж и жена, туку општо меѓу луѓето како битија кое и денес ги спознаваме. Татковска, љубовничка, па и развратна хомосексуална.
    Мене не ме воодушеви нешто премногу, ја читав едвај чекајќи да го стигнам крајот, напати и морав да се навраќам на одередна страница, за подобро да сфатам. Или можда и периодот ми беше таков, имав и доста за учење, па слободната литература ја читав без внесување.
    И доста сум забавена. Утре веќе одам до библиотека да се опремам и да ја доведам листава на веќе прочитани книги во ред :) Воа не бива, кога се нема време :D
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Ќе заборавам ако ги пишувам на крај на месец. Меморија на голден фиш, Боже чувај ја Дузи. :fubar:

    Книга број 3, Еднаш во животот - Кети Кели

    Истовремено и интересно, но и веќе видено книгиче. Некако целата приказна ми беше недефинирана и дефинитивно морала да се потруди да ги доработи сите ликови. Подобро ќе било да се концентрирала само на ликот на Стар Блустоун, неголи и другите, но нејсе. Ми се допаднаа некои перцепции кои ги има авторката, се препознав во повеќе работи. :D Ми беше интересен делот кога вели дека некогаш роднините не ставаат во кутии како мали, на пример, ти си тивката, ти си бучната итн... И остануваме во тие кутии цел живот без разлика колку сме се смениле. :D Стандардни правописни грешки, ефтино/евтино, претци/предци, мислам, да ти се дигне косата од тоа. Се трудев да ги игнорирам, ама не можев, ме нервираа. |( Во план сум да ги поправам со моливче или со црно пенкало, ако се тие неписмени, јас не сум. :D

    Приказната е за повеќе жени истовремено, модерна драма. Нема некој посебен заплет, само дел од животот на 5-6 жени.

    4. Мадам Тисо - Мишел Морис

    За сите љубители како мене на историски романчиња, каде истовремено се вплеткани повеќе настани и повеќе личности. Се зборува за познатата Мадам Тисо, нејзините восочни фигури, како и тоа што се се случува во Франција за време на Револуцијата. Книгава ја почнав денес и планирам да ја завршам во наредниов час-два, :D мене ми е ептен интересна за читање. И за чудо, преводот е добар, и нема правописни грешки, така да, јас сум импресионирана. :wasntme: Оваа книга дефинитивно би ја препрочитала пак, и дап, препорачувам за читање! :!:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    Голем љубител сум на литература,и едноставно мора да се прифати предизвикот.
    Во 2012 ја дочитав Храна на љубовта-Ентони Капела ама ми беше почната во Декември..
    Пишавав мислење за книгата во Последна книга што сте ја прочитале и кратка критика.
    Прекрасна книга :bow:

    Е сега,моето првенче,само што ја дочитав.
    1.Вештицата од Портобело-Пауло Коејло
    Коејло или го сакаш или не, или му се восхитуваш или пишува за пари,трето нема.Јас го почитувам,прекрасни мисли,прекрасни цитати.
    Oмилен цитат од вештицата:
    '-Дали некогаш некој те учел да љубиш?
    Сепак,како секое човечко суштество,ти знаеш да го правиш тоа! Како научи? Не научи:веруваш!Веруваш,затоа,љубиш!
    '

    и уште еден:
    ' Тоa е тестаментот на Атена,или Шерин,или Света Софија:љубовта е! Без дефиниции!
    Љуби, и не прашувај премногу! Само љуби! '


    Содржината
    Атена,богата и успешна жена од Бејртут.Посвоена од Либанка,по потекло Циганка.
    Елегантна и дама.
    Поради војната која што избувнува во нејзината земја,заедно со семејството се преселувa во Лондон.
    Атена,има се во животот,се што обичен смртник би можел да посака.Но Атена или Шерин,не е обична жена.Жена со природна дарба.Никогаш не се задоволува со тоа животот и го подарил,знае,сака и умее да има повеќе.
    На факултетот го запознава нејзиниот бивши маж и татко на нејзиното дете.Дожививајќи да биде мајка, Атена започнува потрага по биолошката мајка со мисли зошто таа жена ја напуштила,зошто не дозволила да биде радоста во нејзиниот живот.Атена заминува на пат во Романија,но чекорите ја доведуваат до Еда,жена со карактер на Атена,која ја бара авантурата за тоа што е жива!
    Запознавањето со Еда може да значи само една работа-тоа што Атена ќе го дознае на ова патување,засекогаш ќе го измени нејзиниот живот и животот на тие околу неа.
    Му благодарам на Коејло,со книгата јас созреав. :bow:
    I Highly recommended!

    Љубовта,едноставно,е!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    1.Го сакам Холивуд-Линдзи Келк
    Работата на Анџела Кларк овој пат ја води во Холивуд.Таа треба да го интервјуира познатиот актер Џејмс Џејкобс кој изразил желба да биде интервјуиран од Анџела.Таа оди во Холивуд со најдобрата пријателка Џени.Со многу смешни случки ќе ве носи низ Холивуд.Книгата е совршенство.Книга по мој вкус.Забавна и смешна,продолжение на Го сакам Њу Јорк.Дефинитивно едвај чекам да ја завршам и да видам како ќе завршиДефинитивно треба да ја прочитате! :) :inlove:
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    3. „Крвна врска“ - Сидни Шелдон
    Приказна за семејството Рофи и раководителите на фирмата Рофи и Синовите. Како пра-пра дедото ја основал компанијата, започнал само со една кобила и една епрувета, се развила во 60 фирми низ целиот свет. Гигантската компанија за лекови сега ја води Сем Рофи кој е убиен, но сите мислат дека е несреќен случај се додека неговата ќерка која го наследи неговото претседателско место во корпорацијата не добива еден извештај каде што се опишани сите „несреќни“ случаеви кои и се случиле на компанијата. Некој сака да ги уништи, но кој? На крајот од извештајот Сем напишал „Да се најде и уништи копилето“, од извештајот нема копии. Ветрот ќе ги дувни листовите и Елизабет не знае кој го направил извештајот, кој е тој кој знаел за сето ова освен татко и. Во извештајот исто така пишува дека тоа е некој од највискоите кругови на одборот. Во одборот се само сопрузите на братучедките на Елизабет Рофи, нејзиниот братучед Алек и десната рака на нејзиниот татко Рис Вилијамс, единствениот кој не е во крвна врска со останатите. Самуел Рофи нивниот пра-пра дедо рекол компанијата секогаш да ја води семејството и да не пуштаат во нивниот кокошарник да влезат непријателски лисици. Така и било се до Сем Рофи, но откако тој загина, членовите на семејството бараат од Елизабет да им дозволи да ги продадат акциите. Елизабет е на работ да го дозволи тоа, но и се случува несреќа од која ќе се извлечи жива и ќе сфати дека некој сака и неа да ја убие, некој од нејзиното семејство, но кој?
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Challenge accepted!! ^_^
    И, нормално, како и за се' друго во животот, јас повторно „дебело“ доцнам.....(facepalm) :swear: Се надевам ќе стигнам до бројката 35. Ако ми дозволат обврските. И ќе читам она што јас сакам, без било каков притисок за достигнување на бројката. До колку стигнам, до толку. :)

    Пријатно читање, феминки :hai: