Здраво на сите, Потребна ми е помош, особено од оние кои се разбираат во коли. Еден другар сака да си купи количе у стил Opel Tigra, ама не е сигурен дали ја сака таа, оти има само две седишта. Му се свига тоа што е кабриолет и спортска, ама верувал дека 4/5 седишта би била идеална и покорисна. Ме замоли да ставам на странава за да дознае некои такви слични модели (ниски, спортски, кабриолет коли со 4/5 седишта), па еве пишувам во негово име. Дали имате некоја идеја?
Opel tigra е комотна, не е многу мала внатре..нека бара на интернет најубаво ќе си разгледа..едино што ми текнува во моментот спортско а комотно alfa romeo gt..или па mazda miata поскапичка..
Honda civic 2018 новата. 5 седишта, спортска, бензинец 185 коња, навигација предобра е колата спие.Спортски модел, кошта околу 25-26k €.
Само Опел не јас би се потпрел повеќе на VW, Audi, Mercedes, само не наведе до колку пари пошто спомна Опел Тигра сигурно ке купува половно не ново возило јас би одел со овие 3 марки на возила.Ги има во повеќе варијанти како седан, хеџбег, караван, купе, и итн кој пружаат доста добра комоција и вожња, возила кој се имаат покажано како доста издржливи, лесни и евтини за одржување.Во случај на некој посериозен дефект има доста места и луѓе кој се бават со растурање на истите возила каде што ке може да се набават половни делови по прифатлива цена со среќа во потрагата.
Не кажа цена горе доле затоа ја пишав колава хахаја плус вреди за секоја пара предобра е за разлика од претходните модели на Хонда.Башка широка е позади мерачки
Како сопственик на Хонда можам да кажам дека се покажа како доста издржлива кола.. На новите Civic цената им е од 21.000 до 30.000 Но дури и Honda 5dr не ми е доволно спортска. Нашминкана е убаво за спортски изглед, но толкаво колиште никогаш не би го возела како "спортско" .. Повеќе би рекла фамилијарна кола за тие што сакаат полу-спортски изглед.. Тоа за онаа хонда што ја збориш во границите до 25.000 евра.. Е сега, онаа другата, спортската... Civic type R е 48.000 евра.. И тука веќе друг муабет може да свртиме
Не знам прашањево колку ќе ми се вклопи со темава, ама ај. . . Знае некој каде можам да купам навлака за кола, за да ја покривам од сонцево почна топлиот период.
Хондата секогаш била издржлив автомбил и мене лично посче Ауди кое секогаш ми е на прво место Хондата е одма посче него.Убава вожња, акомодитен, опрема ова она.Не се за потценување Јапанците.
Ова другар ти што сака да го купи е за да се направи фраер, не дека колава е практична. Било која кола од овој тип, особено кола со две седишта е океј да купиш ако веќе имаш кола со 5 врати. Кога купуваш кола не е само да кажеш ја сакам тоа и тоа, пример ја сакам ауди R8, ама тоа ако си праиме муабет.
Не го напаѓам, кажувам мислење. Инаку кажи цена, кажи што конкретно сака и можеби ке имам поинакво мислење.
Опел корса, бензин (покасно стави си плин). Нема каиши ланец има, предна влеча, троши минимално посебно на плин, најдостапни делови.