Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Мислења за VW Polo 1.4 tdi 2012 год
     
  2. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.355
    Ако продаваш со среќа, ако купуваш најдобро поведи си со себе механичар да го разгледа возилото, особено дали има поизразени маани и дали се менувани резервни делови за нужен сервис. За да не завршиш да даваш приближно, исто или повеќе за поправки отколку за возилото.
     
    На bubabuba му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Релативно добар автомобил во таа конкуренција, произведен е во Шпанија. Меѓутоа тој 1.4 турбо дизел со 3 цилиндри и нее баш многу сјаен би рекол да се избегнува. Би ти рекол да се ориентираш на 1.6 TDI, исклучиво од дизел само овај мотор. И обавезно да се провери сервисна книшка дали се редовни правени сервисите (мал и голем), дали е оригинална километражата. Обавезно со себе да носиш стручно лице кое се разбира или пак на проверка кај мајстор во овластен/не овластен сервис. Клучни главни проблеми на кои треба да обратиш внимание а замената и поправките често коштаат скапо бидејќи се потрошен материјал и по одредено време или километража треба да се заменат, обавезно да се провери во каква состојба е: варијабилниот замаец и општо цел сет, дизните и системот за вбризгување (common rail заедно со пумпата за гориво), турбината, ДПФ и ЕГР вентилот па и катализаторот. Исто така дали пријавува грешка на контролна табла т.е шалт таблата (жолти или црвени ламбички), во каква состојба е лимаријата, и подвозјето.
     
    Последна измена: 2 ноември 2022
    На bubabuba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Многу спор
    многу бучен
    сиеменс дизни,доста лоши и не се поправат.
    Имаш 2 верзии сонтој мотор. Со фиксен замаец и со варијабилен.
    Мала потрошња
    лесен за одржување.
    За тие пари подобра опциа ти е корса Д 1.3 95кс. Подобар мотор амин. Ден денес се произведува а 1.4тди веќе е исфрлен од продажба.
     
    На Billy Idol и bubabuba им се допаѓа ова.
  5. GTC30

    GTC30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Машки
    Опел астра ГТЦ 1.9 топ кола
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.375
    Допаѓања:
    171.447
    Audi A6 S-line TDI 3,0 QUATTRO 242 ks
    :l::l::l::l::l::l:
    Мојот ѕвер
     
    На Hortenzija, cresa-jagoda, quattro и 3 други им се допаѓа ова.
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    најдобар мотор. Го возам на вектра ц, презадоволен.
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.895
    Здравоо

    сакам да купам мала кола автоматик, каде да гледам понуди?
     
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    www.reklama5.mk
    pazar3.mk
    vozi.mk
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    3.146
    Пол:
    Женски
    А предлог за таква кола? И јас сум заинтересирана исто
     
  11. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Предлог за автомобил до кај 5000 евра? :)
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Audi a3
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Fiar punto evo 1.3Mjet
    Opel corsa D 1.3 Facelift
    Seat ibiza 1.9 2008-9
    А најдобро и најпокажано возило засега Opel astra H GTC 1.7CDTI 101кс.
    Аudi а3 1.9TDI се исто така добри
    Golf 5 1.9TDI многу преценета канта која многу корозирва.
    Pezo 306 доста се покажани возила
    Hyndai i30 i20 многу солидна кола.
    Kia ceed Во последно време доста пофалби занеа и така средно количе не е многу големо а е лична кола.
    И ние бараме кола до така сума и можам да кажам дека во мк се што се носи се е катастрофа. Одете со човек што се разбира и обавезно да им побарате да ви дадат средена документација и превод на документите и да има хомоглација пошто по плацевите на колите неправат хомоглација во последно со новите стегнати закони за тие што увезуват и кога ќе одите да ја регистрирате нема да можи да се регистрира ако нема хомоглација. 100евра кошта хомоглација и таја си ја плаќа тој што продава.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Најквалитетно рангирани брендови се азијските производители т.е јапонските и корејските, особено Јапонските со бензински мотор.

    До 5000 евра прво треба да знаеш каков автомобил бараш, за која намена, кои можности, кој сегмент.
    Дали тоа ќе биде автомобил од сериски сегмент или од премиум-луксузниот сегмент. Дали тоа ќе биде градски автомобил, автомобил од средна класа (хечбек), лимузина т.е седан или спортско корисно возило СУВ т.е џип. На каков погон да е, бензин, дизел, плин, хибрид/електричен итн. И најважно, можностите за одржување и регистрација на истиот, зошто кола од премиум-луксузниот сегмент не кошта исто како и сериските брендови. И секако, кој бренд ако се има вкус и желба.

    Бидејќи немаш наведено за што конлретно, ќе ти наведам само брендови а за модели ќе си одбереш ти.
    За да немаш сериозни проблеми - квалификувани како најквалитетни возила - јапонските брендови:
    -
    Toyota - најпродаван автомобил во светот, припаѓа во масовното сериско производство. Most Reliable Car. 90% од светот вози Тојота.
    - Honda - квалификуван како бренд со спортски црти - припаѓа исто на сериското масовно производство
    - Mazda - сериско производство, класа и добивка измеѓу Тојота и Хонда, има спортски, премиум карактер по малку
    - Suzuki, Nissan, Mitsubishi - брендови не толку застапени но со супер квалитет.
    - Lexus - луксузна девизија на Тојота, врвен луксузен бренд, скап за одржување, екстремно високо квалитетен, најквалитетен бренд во светот
    Забелешка: Единствен проблем на јапонците е достапноста на делови и компоненти и нивната цена измеѓу ефтино/скапо. Меѓутоа денеска се повеќе застапени и по порачка се стигнува и има доста и на лагер.

    Втора категорија со слични добивки на квалитет - корејските производители - со бензински и дизел агрегат:
    - Hyundai - сериски масовно производство, добар и доста квалитетен, се добива доста висока опрема за доста помалце пари
    - KIA - истиот автомобил како Хјундаи ама со разлилен идентитет.
    Забелешка: Достапност на делови - исто како јапонците. Но овие и јапонците денеска се произведуваат и имаат фабрики во Европа, така да и деловите се достапни повеќе за разлика од пред 30години ако нема лагер тогаш по порачка.

    Трето класифицирани - Германските брендови
    -
    Volkswagen Групација, тука мислам на Volkswagen, Audi - луксузниот бренд на оваа групација, Skoda - брендот наменет за источниот пазар и земјите од развој но денеска го достигна и највисокото ниво речиси на ист ранк со самиот Фолксваген, Seat - брендот наменет за младата популација според политиките на групацијата.
    - Opel - сериски бренд, дел од американскиот конзорциум "Џенерал Моторс ГМ" од 30-те до 2021, сега под власништво на Пежо - Стелантис.
    - Mercedes-Benz - луксузен премиум бренд
    - BMW - луксузен премиум бренд.
    Забелешка: Кај германските коли кои се и најзачестени кај нас, половни како половни се и доста потрошени од возење, дизелите се едни од подобрите мотори. Си бараат редовно одржување, доста скапи за одржување и за 5.000 евра ќе земеш стара кола 20години која е изнавозена и дизелите како што се комплицирани, имаат доста скапи делови, пример варијабилен замаец или цел сет куплунг кој кошта и 700-800 евра, па се запушил дпф, па ова, па она.. Пример за ова тие Ауди А3 од 2005-2006 или Голф 5 кој држат и висока цена и за 5000 евра само можеш од таа година да земеш. Предност е тоа само што имаат достапни делови во секое време.

    Италијански, Француски и други европјани - океј се, Пежо имаат добри 1.6 ХДИ дизели, пример Пежо 308, 208, ама дизелот е комплициран и скап..

    Заклучок: Јапонците и Корејците прават т.е дел од нив се произведени во Европа - прават најиздржливи возила, особено бензинци атмосферци кои немаат смрт, само редовни сервиси. Едина замерка е само кога ќе треба да се менува нешто - достапност на делови ама нее страшно. Тојота се произведува во Европа така да олеснато е.
    Германските и другиве европејци - имаат добри дизел мотори а немаат добри бензински и затоа ги избегнуваат. Дизелите се поскапи за одржување, повеќе комплицирани, а и германците се доста скапи и за купување и одржување а и изнавозени превозени маста изваена само за проблеми и поправка. Германска кола само нова од салон ко што прават на запад, се изнавозуваат и ги фрлаат па ајде пак нова.
     
    Последна измена: 1 мај 2023
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    На AAKG и TheFiend им се допаѓа ова.
  16. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Каков автомобил бараш?
    Мал градски?
    Фамилијарно возило?
    Кои се твоите очекувања од него?
    Дали ќе биде таа една кола дома?
    Дали имаш деца?
    Дали ќе ти биде прва кола?
    Дали се тие 5000е сите пари што ги имаш за кола?

    Секогаш планирај од 500 до 1500е за сервис, гуми, регистрација кога купуваш половно возило освен ако ја купуваш од некој близок што знаеш дека редовно ја одржавал.

    Секогаш има изненадувања а посебно со стари дизел возила.

    Не викам дека дизелот е лош напротив многу се издржливи но треба да се најде добар примерок.

    Значи ако имаш 5000е тотал мој совет до 3500 или 4000е макс да бараш кола.

    Дај малку инфо и ќе ти направиме некој потесен круг на возила и што да бараш.
     
    На Polyincognito и MG3 им се допаѓа ова.
  17. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    @Dudo Може да биде и помало, не мора да е фамилијарно возило. Прва кола ќе ми биде да.
    Нема да ја возам секој ден, два пати неделно би ја возела од прилика. Не мора да биде максимум 5.000 ама да речеме од 3.000 до кај 7.000 ако баш ми се свиѓа. И дефинитивно автоматик сакам да земам. :)
     
    На Dudo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Послушај го братот @quattro и земи само јапoнско. За коли е експерт. Проверено, докажано. Од лично искуство зборам. :D

    И никако автоматик. :)
     
    На quattro и MG3 им се допаѓа ова.
  19. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Зошто не автоматик?
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Затоа што мали гратски автомобили се многу ретки со автоматик за таа цена. Обично 90% од таквите автомобили се со мануелен менувач.

    Автоматскиот менувач е повеќе подложен на чести и скапи дефекти, посебно зачестуваат со тоа колку е колата постара и колку има повеќе км поминато. А за таа цена, реткост е да се најде кола со помалку од 100 000 км.

    Автоматскиот менувач е исто така неефикасен, троши повеќе гориво.

    Секогаш е најдобро да се купи сочувано возило, со малку поминати километри, по можност не увезено, со историјат на сервиси, од еден или двајца газди.

    Кај нас пазарот е преплавен од коли. Но, да најдеш добро сочуван модел е стварно тешко. Знаат некогаш да поминат месеци додека го најдеш тоа што го бараш. А шансите да тоа биде автоматик е скоро невозможно.

    Мои предлози:

    1. Било каков модел со ниска км, сервисна историја, неувезен.

    2. Јапонски возила од типот на Тојота Аурис, Тојота Јарис, Мазда 2, Сузуки Свифт, Мазда 3, Митцубиши Колт (редизајнот).

    3. Германски возила како Голф и Поло, Фиеста можеби.

    Кога веќе ќе ја филтрираш вака листата, ќе ти биде полесно да најдеш добра кола, а и ќе видиш дека скоро нема ниту еден автоматик.
     
    На quattro и MG3 им се допаѓа ова.