@MG3 , еве едно мало истражување што направив од Реклама5, од првите 10 страници. 1. Неувезени, регистрирани, од прв газда, ниска километража: Тојота Аурис 1.3 бензин - За мене ова е прв фаворит од сите наведени. Би ја погледнал уште утре. Единствено цената му е малку (пре)соленка, и затоа ја нема сеуште продадено. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4230703 Митцубиши Колт 1.1 бензин - Не ми се допаѓа моторот. Многу е слаб за оваа каросерија и мислам дека е со 3 цилиндри. Голем потрошувач. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4681120 Мазда 2 1.3 бензин - плин. Прв газда, неувезена. Мојот трет фаворит на темава, но цената му е соленка. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4678234 Голф 6 1.2 TSI бензин - не е најдобриот мотор, поготово за Голф, ама за мене оваа е втор фаворит. Дефинитивно би ја проверил. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4664517 2. Увезени (најверојатно), но регистрирани (не се од плац, а плац е последно место од каде се купува) Toyota Yaris 1.0 бензин - не ми се допаѓа овој мотор. Јак е колку косилица за трева, а троши многу. Исто е 3 цилиндри. Но овака изгледа океј. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4674106 Ford Focus 1.0 Ecoboost бензин - исто не ми се допаѓа моторот, но овој е со турбо, а личи доста сочуван. Дефинитивно би го проверил. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4537464 Мазда 2 1.5 Sport бензин - дефинитивно најдобриот мотор за овој модел. Ќе оставам @quattro да се изјасни http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4667228 Citroen C3 1.3 дизел - ниска километража, одлична опрема. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4425336 3. Увезени, не регистрирани Polo 1.2 TDI дизел - Пишал дека е од прв газда од Холандија (имам слушнато дека таму биле колите највеќе сочувани). Би го проверил, иако не ми се допаѓа моторот што е со 3 цилиндри. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4676273 Ford Fiesta 1.5 TDCI дизел - Одличен мотор, одличен модел, личи многу сочувана. Ништо друго нема наведено. Треба да се јави и провери. http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4673533
За 5000 тешко да најдеш кола со малку поминати км. Буквално една кола таква има на 10000. Таа цена се возила од 2010, значи доста извозени. Освен ако е од прв газда, што е вистинска реткост.
Мануал мењач со двомасен замаец 500 евра за промена. Ламели кај автоматик 200 евра. Проблемот е што јапонските немат добри автомацки мењачи. Од автомацки мењач нема подобро само што си сака одржување. Врти сучи иста цена иди и да возиш автоматик и мануален мењач.
Чим станува збор за градско возило, каде 99% од вожњата е тргни-застани, не размислувај за дизел. Дизел Партикуларниот Филтер (ДПФ) за спречување на издувни гасови и NOx ќе те убие од проблеми. На тргни-застани не се активира регенерацијата на дпф филтер и затоа најчесто се запушуваат, за регенерација потребно е поконстантна отворена вожња за да има високо врзигување на нафта и притисок и да се активира регенерацијата. Можеби град ќе троши помалце, ама мисли на проблемите. Да е обичен дизел (од Голф 2ка ) нема гајле, ама модерниве софистицирани дизел агрегати се комплицирани заради пред се исполнување на еколошките норми а потоа се правени да бидат ефикасни и затоа имаат и покоплицирана механика која со себе си носи и поскапо одржување и поправки. Фокусирај се на бензинец исклучиво, евентуално со плин ако тие ради потрошњата. Тука на прв план ти се азијските производители, Тојота, Хонда, Мазда, Сузуки, Нисан (без Рено мотор), Митсубиши, од Корејска програма Хјундаи и КИА. Ти кажав погоре. Атмосферски ОТТО мотор на јапан или кореја, не умира, надживува и човечки живот. Едноставно одржување, масло и филтер маслен тие околу 2000-2500ден, на 20.000км менуваш и филтер воздушен и поленов, ако сакаш и на 10.000, максиум 50-60 евра, толку. Едноставен мотор е атмосферецот, нема турбо, нема дпф (новите генерации на турбо бензински мотори особено на европските брендови има ОПФ - Отто Партикулар Филтер), се тие просто, едино ако треба да смениш свеќоици, кабли, бобини на 60-70.000км и водна пумпа и клинест каиш, ребраст нема оти 90% се со ланци, а ланец на Азиец е камен додека на БМВ и еуропа мислеш од најлон се праени. Ова спаѓа во редовекн сервис - голем. И тоа тие макс 200 евра, толку за бензинецот. Кочници башка приказна. Ако веќе сакаш европска кола исто бензинец, тогаш Опел Корса втор план, Астрата бензин е исто супер. Од Фолксваген ТСИ - првите генерации не се погодени, ланците се проблематични башка блокот од моторите итн. Дури од 2013 со Голф 7 се дотерани малце. Едино може 1.4 ТСИ 122 на Голф 6 ама да е одржуван, или пак 1.4 16V 80коња обичниот атмосферец кој е најпаметен избор за квалитет, слаб ама немаш главоболки. Го има и во Поло, и Голф 5 и Голф 6, или 1.6 атмо исто. Ауди А3 1.6 атмосферец е добар. Од дизел ако веќе сакаш, 1.9 ТДИ прв избор, 2.0 ТДУ да ама има посебни кодни ознаки за да го погодиш вистинскиот оти имаат главоболки - не ти треба толку јак мотор тебе и онака си почетник а и низ град ќе возиш. Ford Fiesta атмо бензинец исто може. Автоматик на градско возило - исто аут, отфрлај. Можеби е уба работа за тргни застани ама со себе си носи и други трошоци, тоа тие се роботицизирано, роботозирана механика. Без разлика дали е мењач на ZF или Aisin. Не ми се свиѓа ни кај еден производител. Автоматик да ама на електрично возило, една брзина само. На мотор со внатрешно согорување не. И, на бензинец имаш обичен сет на куплунг а кај дизел е варијабилен. Воглавно тоа е тоа, за градско возило, гледај бензинец евентуално со плин. Toyota: Aygo, Yaris или Auris ако ти треба поголемо; Suzuki: Swift, Igniss; Honda: Jazz; Mitsubishi: Colt; Mazda: 2/3, Nissan: Micra; Hyundai: Getz, I10, I20, I30; KIA: Rio, Ceed; Opel: Corsa, Astra; VW: Polo, Golf. Едина разлика меѓу ЕУ и Азија е достапноста на делови. Ама сега веќе има се, ако нема на лагер по порачка а и башка олеснато е бидејќи јапонскиве и корејскиве коли се произведени тука во Европа на наше тло, исто како и другиве. Мејд ин ЕУ Од увоз ако најдеш здрав примерок е многу подобро. Прво тоа возило е одржувано и сервисирано по тамошен стандард, друг е квалитетот и на масло и делој. Второ возено е по многу подобра инфраструктура. Од Македонија не, масло од Косово и Арачиново иде во нашиве коли и патиштава се уби боже. На Маздата кај мене увезена од Швајцарија се уште си ги носи фабричните делови и се уште се во одлична кондиција, ама Швајцарија немаш таман си избегнал дупка, налетала шахта, ако не шахта на кратер. Од Македонија едино предност може да е само тоа што еден газда бил, и зависи кој @Billy Idol 1.5 на 2ката, ја носи каросеријава и шасијава како да е би-турбо, од 2000 вртежи веќе почнуваат да се случуваат чуда Ставив воздушен филтер JapanParts - италијански, и до 2500 нагоре во лер милина е како го прима воздухот. Ама јас не ја вртам, Мазда е автомобил со душа, така и се понаша, како да е човек, така е и создадена, тоа е нивна филозофија. Jinba Ittai philosophy - јавачот и коњот во потполен склад и поврзаност еден за друг, колата и возачот исто, енергија која допира до срце. Тоа е Маздин начин, јавачот да се грижи за својот коњ.
Замаец - најголема ноќна мора на секој мануелец. Ама пак до таа цена нема шанси да најдеш мал автомобил со автоматик, а и ако најдеш, тешко да биде во добра состојба. Да кажеше буџет од 15к евра, да, ама овака, не. Нели 1.2 ТСИ беше подобриот, а 1.4 ТСИ тој што не е погоден на Голф 5, и 6? Или грешка сум? Зависи кој како ја чувал. Во странство ги сервисираат на време, ставаат квалитетни делови, ама пак и минат многу километража. Овде може да најдеш стара кола од 15 год, од прв газда што има под 100к поминати, од странство, скоро па невозможно. Втора работа со увезените е тоа што немаш никаква доверба во плацовите кои се најголеми преваранти. А овие тука нашиве, па ги купуваат од Турци и Арапи со плацови по ЕУ, кои повторно лажат. Ја носат овде колата со каросериски забелешки, со забелешки на моторот, па ги поправаат, чистат, хемиско, полирање, затоа светат. Да не почнам за тие увезените од Бугарија... Така само од човек да ти ја донесе лично како што направив јас. ДПФ и ЕГР, најголеми ноќни мори за дизелашите... Ама кај нас поголем проблем имаш со тоа да не ти го украдат, отколку да ти се запуши. Шала на страна, и јас препорачувам повеќе бензинец. И од листата горе што ги ставив сите се скоро бензин. Инаку за Мазда 2 Спорт, таа горе што ја ставив е баш добра... па и солидна е цената. Што би одбрале вие од листата? Јас бев за Аурисот, ама денес гледам дека од 2022 бил огласот. Одамна е продаден.
VAG EA111 - TSI 1.2 не чини, и 1.4 не чини, ако го смениш ланецот ќе тера, општо ТСИ немаат некој квалитет. Ако веќе бираш меѓу ВАГ тогаш 1.4 ТСИ 122коња или пак за помирна глава 1.4 16V 80кс атмо. ЕА211 ТСИ од 2011 веќе се поправени тие главоболки а во Голф 7 наместо ланец има ребраст. И далеку подобар од претходната генерација, тука може и 1.2 ТСИ 105кс нее лош. Од увоз е многу подобро според мене, ама да си ја донесиш сам, или да ти ја донеси некој, пример оваа ја сакам сам си бираш и носиш. Прават поголема километража тие точно, ама стандардот на одржувањето таму е различен од тука, особено маслата не се како од Арачиново. А увоз од плац се знае, овие нашиве овде ги носат ефтините од таму, овде ќе шминкаат ќе маскираат, ама се најдува и убав примерок ама поретко. А иначе од МК од прв газда еве со малку км, ѓабе тие кога по овие нашиве патишта се ќе се распадни и од камен да е, на бензинскиве различен квалитет на гориво, некни од Лукоил земав 95ка во пластично шише, бензинов бел, чист, проѕирен, на една друга бензинска жолт и ко заматен. ДПФ и ЕГР се уби боже за дизел мотор, особено вожња низ град. Катализаториве му се полесни за кражба А ЕГР имаат и бензинците ама не страдаат толку како на дизеливе. И јас би одел пак на бензин а и според сите анкети скоро сите би избрале бензин наместо дизел за разлика од пред 15год каде бројките беа сосема различни. Тојота Јарис дефинитивно за низ град или Сфивт, Маздава искусена мие Аурис за поголеми потреби. А од дизел, ВАГ 1.9 ТДИ или 2.0 ТДИ 110/140кс CR Common Rail или 1.6 ТДИ 105кс CR, ама пак, дизелов мие во втор план. Наредна кола ќе видиме, Голф 6ка дизел ако земам, или бензинец строго Јапан, а поверојатно ќе биде второво пак хехе, jdm Иначе дизел мотор може и без варијабилен замаец со обичен. Ама капитализаам, за да ти ги земат парите на овај или друг начин хаха. Инжињериве упорно ти велат демек варијабилниот повеќе е ефикасен, ја складира кинетичката енергија, потрошња, емисии, бла бла, измислица за пари после 150.000км, оти со обичен замаец ако стави фабрикава како ќе ти земи, милион ќе поминеш, пример Голф Двица
За 3700 евра добра кола за почетник па и напреден шофер. Дизели 1.3cdti 90кс 1.7cdti 82кс 1.7cdti 101кс 1.7cdti 110кс 1.7cdti 125кс 1.9 cdti 101кс 1.9 cdti 120кс 1.9 cdti 150 кс Бензин 1.4 90кс 1.6 105 кс 1.6 116 кс 1.8 125 кс 1.8 140 кс Другите бензинци се спорт верзија над 200кс 2.0 опц. Одлични мотори доста брза кола,стабилна,економичн апосебно 1.7 101кс исузу мотор корејски кој се вградува и во хонда џез. Нема проблеми со мењач,нема проблеми со корозија како кај волксваген групацијата,лесно се наоѓаат делови,евтина за одржување,негреат налето,одлична опрема. За почетник шофер предобра кола.
Ако мора да биде аутоматик земи си Мерцедес дизел. 200cdi или 220cdi C класа 2004/5 ти ги препорачувам тие мотори бидејќи не се големи потрошувачи и добро покажани. Ќе најдеш до 5000е и таман другите пари за сервис или изненадување некое. А и Б класа не ги ни гледај. Не е битно колку поминале важно е да е добар примерок, обавезно на мајстор што работи само Мерцедес пред купување. Соленко малку за одржување ама возиш многу убава кола што стварно долго ќе те служи. Ако не е аутоматик тогаш веќе имаш одговори од другите членови. Јас си сакам мануелци и тоа Јапонски бензинци што одлично ќе ти стојат за твоиве километражи но твое е да си одлучиш. Ако се одлучам за аутоматик некогаш тоа ќе биде Мерцедес. Некако се доста добро покажани. Мое мислење..
@quattro Ако може мислење, тојота јарис 1.0 бензин , сакам да купам на старо, 2009 произ. Дали да биде со ставен плин, или без. ? Фала
Слободно земај, подобар и подоверлив автомобил од Тојота нема. Ефтино одржување и сервисирање, европско производство (во Франција е произведен). Плин и нема потреба на вакво мало моторче, 3 цилиндри е и нее некоја голема потрошувачката. Ако веќе земаш со плин, гледај да е исправен, редовно сервисиран и да е направен да не ги гори вентилите. Ама на вакво мало моторче нема потреба од плин.
opel omega 2.5 td b voyage 96 kw 130 hp automatik mise rasipa komlet menjacot dali nekoj mozi da mikazit kade da najdam drug menjac ama mitrebit menjac so dva cartera