Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. D.Anonim

    D.Anonim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Луѓе што живеат во куќа, го паркирале својот стар автомобил пред зграда, и таму седи со години и скапува. Зафаќа место за станарите во зградата.
    Каде можам да пријавам?
     
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    I da prijavis nisto nema da se promeni. Toj parking fakticki e koj ke najdi mesto ke parkira,fakticki nema gazda so eden zbor kazano. Pretezno se prijavuva vo policia ama ke ti recat samo barajtego gazdata naprajte spogodba mejgu sebe.
     
  3. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    502
    Сакам да купам кола од салон, дали е добра идеа и предлог за марка
     
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Најдобра идеа е нова кола од салон.
    Зависи до која сума бараш.
     
  5. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    502
    До 10.000 еуро
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    До 10.000 евра од постоечкиве водечки брендови тешко дека ќе купиш нова кола од салон. Од 15.000 евра нагоре сега почнуваат речиси сите брендови, итоа најосновните модели со најниско ниво на опрема. До пред некоја година можеше да се земе Toyota Aygo за 10к, Киа Рио, Цитроен Ц1 или Ц3 плус некое евро, Фиат 500 итн.. Сега Фиат 500 ти стартува од 15.000 евра, овие горе споменативе од 16.00 евра, Рено Клио 17-18к, слично е и со Корса, Пежо 208, а Поло и Ибица и поскапи се, над 20к. Новите возила се поскапени за 80%, недостигот на компоненти, чипови, руско-украинскиот конфликт, ковид, ригорозните правила на ЕУ за евро стандардот и чување на природата допринесоја за одложување на произвидството, а со тоа и зголемување на цените до плафон. Па заради ова секаде во европа и светот побарувачката на половни возила се зголеми, но и на половните им скокна цената.

    Едино од кинеските брендови кои се достапни кај нас да видеш некоја понуда ако ти издвојат до 10к. Dongfeng 500 SUV почнува од 16.000 евра во Abc Brother, ако веќе бираш од горенаведените, поарно овај SUV него ли Fiat 500 конзерва, или другиве кои и се поскапи.
     
    На eliesaab, Momichka и kelly.r им се допаѓа ова.
  7. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    502
    Ти благодарам за одговорот
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Мицубиши спејс стар 10,480 евра мов 2023 1.2мотор со можност за вградување плин. Ги има на лагер во мк.
    Нешто половно возило 2020 исто купено во мк а оставено и земено ново има кај јосифов 9000 евра. Одлични се.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    26.960
    Ме интересира, гледам највише се продаваат опел и пежо половни. Кои се подобри, во однос мотор, гориво итн?
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Опел исклучиво се докажа со атмосферските бензински агрегати, никој не се пожалил од посериозни проблеми. и 1.7 дизел јапонскиот од Исузу мотор. Другите дизели се од Фиат, не се лоши ама далеку се, тој 1.9 јтд или ЦДТИ кај Опел добар е. Ако правиш малце км и претежно градска вожња, терај со бензин, нее комплициран моторот како кај дизелите, нема специфични скапи делови и одржување, немаш дпф.

    Пежо дизел се едни од најекономични, особено тој 1.4 и безсмртниот 1.6 ХДИ 90коња. Прениска потрошња вадат. За одржување исто како и секој дизел, покомплицирана механика и поскапо одржување.

    И за едното и за другото, со редовно одржување и сервисирање, нема да имаш проблем сериозни проблеми, а важно е и како била одржувана претходно.

    Иначе кај нас најпродавани се возилата од Фолксваген Концернот т.е групација, па останатите германски брендови и Опел.
     
    Последна измена: 1 ноември 2023
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Опел.
     
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас имам Опел Корса Ц, душата и е извадена, ене ја гајле нема. Мм ја товари со алати, материјали кога оди да работи, по какви улици е возена, откината е, јас секој ден на работа со неа, да видиш кај све ја возиме ќе се чудиш. Како коза е. Мака нема. Еднаш бензинска пумпа и сменив, тоа беше околу 3000 нова итоа од поасалните. Стабилизатори напред нешто и редовен сервис, филтри, уље.
    Ја имам веќе скоро 10 години. 2003 е. Кога би ја продала, пак би купила Корса, од поновите некое. За Пежо, на времето све што гледав кога ја купив Корсата, брат ми е љубител на Француски марки, ме пукна да гледаме, ај за атер негов, ама све беше или скапано одоздола или клима расипана или незнам некои други работи, не ни памтам веќе. Корса и Поло произведени од кај 2000 до 2010 ти се едни од најквалитетните. Годиниве ти ги кажувам, по претпоставка дека бараш нешто поефтино.
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    26.960
    Може да ми пише ЛП некој што купувал кола скоро. Не мора од салон, може и половна.
     
  14. DijanaElVi

    DijanaElVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ми треба совет, што е подобро рачна или електрична кочница? Сакаме да си купиме Пежо 2008, но тој модел оди со електрична кочница, а имаме читано дека рачната е посигурна од електричната.Поздрав.
     
  15. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Рачна кочница е посигурна и поедноставна.
     
    На simoncelicius, DijanaElVi и quattro им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Рачна.
    Ако во случај на празнење на акумулаторот или заглавување на моторчето на паркинг кочницата, ќе си замине колата сама :D
    Иако е тренд на новиве возила да излегуваат со електрична. Колку помодерни, толку повеќе уназадени.
     
    На simoncelicius и DijanaElVi им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Гледам дека добра акција имаат Hyundai Tuscon моментално.

    [​IMG]

    Немам многу информации за нив, ама од тоа што имам читано и гледано моментално се бренд со најголем напредок, и најдобар избор квалитет/цена.

    @quattro @AAKG , вие сигурно знаете повеќе, па едвај чекам ваше мислење за овој модел, и дали вреди да се размислува за купување на нов автомобил во 2024?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Нова кола 15 години мирно возеш без никакви проблеми. Тускон е одчично возило само не е за низ планини да го запниш. Од страна на мотор незнам ништо пошто се тотално нова генерација еуро 6 а постариот модел со еуро 5 се покажа одлично. Оваја цена е засега,рачунај ќе ја кренат цената над 28,000. Мое мислење е да си го земеш. Одлична понуда и одлична опрема. Јас да имам пари одма би зел нова кола. 5годни имаш гаранија иначе.
     
    На eliesaab и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Оди резервирај го, ограничени се количините, не се мисли.

    За 26.000 евра денеска кола од SUV сегмент нема, плус со 150 коњски сили, 1.6 мотор линиски со 4 клипови, не знам што да биди повеќе за овај тип на каросерија во денешно време со оглед дека се повеќе и повеќе ги има оние косилицине од 1.0 и 3 клипа а развива 150 коњски сили. Плус доаѓа со металик боја - нагласено е дека не се доплаќа како кај другиве. Основново ниво на пакет опрема Style е далеку добро, скоро сите безбедносни системи ги имаш, башка други додатоци ова ова, за ова конкуренцијата ќе ти го наплати дупло.

    1.6 T-GDI е навистина одличен мотор, истиот мотор е од претходната генерација кој се покажа добро во експлотација, само што во 2019 му направија мал апдејт околу вентилите т.е дојде со систем за континуирано променливо времетраење на вентилите (CVVD) и му ја сменија ознаката во Smartstream.
    Базиран е на N3 платформа, на неа лежи и КИА Спортаж.

    Хјундаи се спрема да направи фејслифт т.е да го освежи естетски Тусон во 2025 и затоа е пуштена акцијава сега за да се продадат што повеќе примероци пред фејслифтот а и
    изгледа им се на лагер овие. 2000 евра нее малце попуст, плус 4 клипен 150 коњски мотор, и ваков тип на возило ни кај кинеската конкуренција нема да земеш, со оглед на тоа што Chery Tigo 7 Pro е 33.000 евра, е сега Dongfeng за слична сума од Хјундаи можеш да земеш. Ама терај со Тусонов. Вреди да се размислува за нова кола да се купи затоа што ем цената на половните скокна за три дупло а уште ќе скока а и плус електрификацијава на нови возила како што се најавуваше не им оди баш по планот на производителиве, така да вреди да се купи нова кола со мотор на фосилни горива.

    7 години гаранција имаш (5+2 продолжена). Мада што колата е нова, ти во наредниве 15 години нема да имаш проблем никаков.

    И ај, па да си честиш, одврзи го ќесето :cash::D
     
    Последна измена: 18 февруари 2024
    На eliesaab, Billy Idol и AAKG им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    @AAKG @quattro , фала ви многу. Од она јас што читав, гледав дека имаат ситни некои проблеми со електроника, и моторот како ќе се покаже не знам. Имаше коментари на интернет демек над 150к ќе појавува дефекти. Иако, секоја кола после таа км треба да се менува веќе се, од лагери, до каиши, ако е дизел замаец, водни пумпи итн. итн.

    Ја не познавам никој што има. Знам еден што има Киа Спортаж, ама е постарата генерација и баш ќе стапам во контакт да го прашам како му се погоди. Тогаш беа околу 20к кога ја зема.

    Денес апсолутно ништо немаш за таа цена.

    Мислам, имаш солидни возила како А5, Х2 или Артеон, ама за тие пари ќе треба да ја земеш со 150к поминати, и некако не ми се даваат толку пари за толкава километража. А, и кај нас нема баш избор, пошто постарите возила им ги набија ептен цените. Па, знам ако ве прашам дали да одам на А5 2.0 или Ц-класа 5 години стари, увезени, или Тусонов, знам дека ќе ми речете да бегам што е можно подалеку од увезените.

    А се што е купено тука, со мала километража и што не е старо, го продаваат поскапо од ново. Како на пример претходнава верзија на Тусон ја продаваат поскапо од нов да го земиш. Лудо. :D

    http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4593368

    Иначе знам дека ќе следува фејслифт, ама не знам дали ќе биде огромна промена. Овака не ми се свиѓа претерано предниот дел, и страничните Z линии. Ми немаат никаков вкус, елеганција. Како AI да го дизајнирал, а не човек.

    И за крај, што мислите за Volvo XC40?
    На старо може да се малку поскапи, ама ако се најде добар примерок... Ама тоа е прашањето што тешко се наоѓа.

    Да имам толку пари и да не морам да носам рационална одлука би купил одма Панамера, од првите генерации, 2011/2. Или уште по нерационална, 20 години стар Cayman :D