Ги гледав и нив, ама се многу повисоки со цени. Спортажот е од 33 000 нагоре. А Kodiaq е околу 40 000. Karoq е околу 30к, повторно, поскап, но нуди далеку помалку од Тусонот, плус, помал е. Ги гледав и Honda CRV, Mazda CX40, Peugeot 408, Ssanyong Korando. И од кинезите гледав Cherry Tiggo, Haval H6, и уште некој беше. И MG, ама ми рекоа подалеку од нив. Воглавно скоро сите се над 30к, освен Tucson, Korando. И горе-долу тој е изборот.
Не знаев дека Спортажот ја стигнал таа цена. Искуство имам со Шкода кодијак и Камик. Кодијакот е прекрасно нешто за долг пат и товарање, Камикот и за градска и за отворен, само е доста помал. Зависи што ти треба, ако бараш поголемо за помала цена тогаш веројатно Хјундаи е права ствар.
Прво, лагери, каиши, ламели, турбо, дизни, дпф, замајци и другите компоненти - се потрошни делови. И не се менуваат на 150.000км иако се фабрички, многу е. На 60-70.000 (голем сервис) и нова да ја купиш, ќе мора да ги смениш. А комплексиве делови од 200 до 250.000км и нормално е, не знам што очекуваш, тоа е исто како да појдиш 25-30 пати и повеќе до Исланд и да се вратиш, си се изнавозил а да не смениш ништо, не оди таа работа така. Ти колку км правиш годишно? Максиум 10.000-13 еве. А до 150-250.000км? Ќе поминат 12-13 години. Значи во 13 години мирна глава ќе ти биде. Проблеми со моторот нема да имаш. 1.6 Т-ГДИ се покажа добро во експлотација, итоа со прва интеракција, немаше промени и воведување на заменски мотори. Го претставија еднаш со претходната генерација и еве го се уште во пазар. Значи моторот си ја брка работата, за разлика од други производители каде вовеле повеќе интеракции на моторите, пример ФауВе излегоја со 1.2 и 1.4, четири години беше во производство па ајде пак нови, 1.0 и 1.5 тси. И ред други прозиводители вака имаа, и ПСА мислам беше. Башка за таа цена, денеска нема да најдеш кола со 4 клипа и 150кс, за 23.000 евра ќе земеш Јарис Крос со 3 клипа. Другите со 4 клипа се над 30.000 евра. Електрониката - знак на прашање. Ама првите 7 години нема да имаш проблем, плус толку тие гаранција. За 26к евра кој производител ќе ти даде 7 год гаранција? Никој. Океј, кинезите и Тојота даваат. А5 и Ц класа и Тусон се сосема различна класа и сегмент. А5 е купе-седан, Ц класа бизнис-семеен автомобил, а Тусон е СУВ - спортско корисно возило. А5 и Ц класа се луксузни премиум возила, а Тусон сериско буџетско возило. За таа пара ќе земеш 5 години стар А5 или Ц класа, ама знаеш ли колку км се врват на запад за 5 години? По 300-400.000км, а тука ќе ти ги продаат со 150к. Еве и да е тука купена. Ја купува фирма Ц класа, има потреба да патува од Скопје до Битола секој ден напред и назад. Башка и други пропатни возења. За 5 години колку километри ќе направи? Сигурно нема да биде со 100-150.000км. Може да биде само ако пример, велам пример, јас или ти еве купуваме нова Ц класа или еве Тусон, и за 5 години колку км ќе направиме? Ич. Ако зачекаш таква океј, ама тешка работа. А од друга страна за таа цена Хјундаи можеби нее луксузен, но затоа го купуваш нов, од салон. Честа ја имаш ти првите 1000-1500км од разработувањето на моторот да ги направиш ти. Башка мириса на ново. А иначе дизајнерски претходниот Тусон и мене ми се допаѓа повеќе. Новиов Тусон е повеќе насочен кон технолошкиот напредок, затоа и така ти изгледа како АI да го дизајнирал. Дизајнерскиот јазик е што го применаа е различен од тој претходниот. А и од Хјундаи-КИА кажаа дека во иднина ќе дизајнираат футуристички автомобили. Волво е океј кола, ама е прескапа. Сите се над 30.000 евра. Тусон од тој сегмент на СУВ е со најприфатлива цена и опрема. И CX-30, мислам дека беше 28.000еу. Кинезите се тата-мата небо и земја за сите. Затоа и се плашат сите од нив, оти ќе ги засенат, и почнати се тоа, се повеќе продираат на секаде и затоа западов и традиционалниве производители што ги знаеме бараат алтернативи да се заштитат па дури политички. Еве Фиат и ПСА во Алијанса заедно, ФауВе и Форд, Хонда и ЏенералМоторс ГМ, Тојота ги зеде под себе и Мазда и Сузуки. И политички прават се преку разни рестрикции. Ама ѓабе. Форд ќе ја затвори фабриката во Германија во Сарлуис каде се произведува Фокус и ќе го укинат од ЕУ пазар и ќе испуштат 3500 работници, замисли 3500 луѓе ги оставаш на цедило. А дојде време кинезите да отвараат фабрики во ЕУ, а до пред 10 години ЕУ отвараше во Кина да им ја користи работната сила, ама времињата се сменаа. BYD веќе започна да ја гради фабриката во Унгарија (баш на брзата железничка линија што ќе биде: Солун-Белград-Будимпешта-Виена. И башка од Атина-Солун и низ Бугарија и Македонија ќе има. Цела кинеска роба т.е делови и компоненти ќе оди по таа линија Атина-Виена. И еве кинезите во Пиринеја го прошируваат и пристаништето) , и од таму ќе ги добиваме електричните BYD. Да имам пари, одма земам Chery FX или Tigo 7 Pro. А за 22.00еу земам и Dongfeng Glory 580. Вселенски брод се брод возилава. Особено Chery FX за млади ко мене е топ. Ауф, уште кога го лансираа се заљубив. Уште кога ги видов во живо сите овие, ги испитав и квалитет и се, квалитет на каросерија, завршна обработка, спија човече, ни да зуцне ни ништо. Врати отварање/затварање како да се работи за кола од 150.000еу. Тешка и масивна конструкција. Chery моторите се нивни, а Донгфенг од Мицибуши. MG-Saic е супер количе. Моторите се од GeneralMotors GM, а сите знаеме дека Опел го бива само бензинец (до пред да го купат ПСА). Исто и Шевролет само бензинец. FX Tigo 7 Pro DFSK Glory 580 - 22.000eu турбо бензинец од Mitsubishi Ова се од Ист Гејт изложените. Баш треба да закажам и тест возење на сите кинези.
Па добро 150.000 км веќе е сериозно користење. За просечен возач тоа се 10-15 години возење, шо е ок за секое ново возило. Мада со редовно одржување може да се одложат проблемите. Е сеа... Волво е Волво
За потрошните делови пишав во смисла на купување половно, пример А5, Ц Класа, Артеон. Да, тешко е да најдеш и со толку поминати, ама ако имаш човек и знаеш што кола ти увезува можеш да најдеш до 150 000. Сепак зборуваме за до 5 години старо возило. Плус, денес имаш CarVertical да провериш колку километри има поминато, сервиси, оштети итн. итн. Значи пак на некој начин си покриен со тоа. Е, сега откога ќе го земиш, во наредните година до две ќе треба да правиш голем сервис пошто никој не го прават, а го направиле да речиме на 70 000. Па на 200к ќе почнат да откажуваат ЕГР, ДПФ, замаец. Што се скапи, посебно на германскиве. Е сега, да, луксузни возила се. И затоа реков дека знам, дека не би ми препорачале. Јас би земал повеќе купе или лимузина, ако веќе бираме. Пример А5 е страшно убава кола. Артеонот... Не може да се споредат овие нови СУВ со нив. Зборам чисто лигички како ќе ми се исплати што да одлучам. И тука ме влече повеќе новото. Е сега зошто ми е страв од ново е поради луѓе што земаа нови коли во последниве 5 години и живци искинаа со ситни дефекти, посебно на електроника. Најчесто европски коли, ПСА групација. Секако, покриени се со гаранција ама до толку им прекипуваше што сакаа скроз да ја вратат и сменат. Е сеа ние не сме САД и кај нас нема lemon правила. Тоа ми е првиот проблем. Од друга страна познавам луѓе што земаа Сузуки Витара, С-Крос, Балено, Митцубиши АЅХ. И Спортаж секако, ама за нив не знам многу. Овие што земаа јапонско, ама апсолутно никаков проблем немаа. Посебно Витарата се покажа како одлично возило, а тогаш беше на акција по 17-18к. Зборам за пред 5-10 години. Вториот за километражата што спомнавте со @Ajronmen . Реално ако моторот јавува дефекти после 150к, тоа е проблем, и тоа голем проблем. Да, јас во суштина, во просек ќе минам 10-15к годишно и може да се каже дека ќе бидам раат во следните 10 години. Ама работава е што кола е инвестиција, а и секако не се работи за мали пари. Премалку е само 10/15 години ако си раат. Пошто еве сега што ја имам, знаеш дека исто сум прв газда и колата има веќе 18 години. Освен мали ситници, сум немал никаков голем дефект за да променам. Значи дпф, замаец, егр вентил немам променето, и нема никаков проблем, а збориме за дизел. Во суштина бензинците знам дека минат помалку км, и тоа ме интересира како се покажуваат. Треба да прашам другар што вози Хјундаи Елантра службена како е покажана. Тогаш исто беа на акција, на времето и доста ги искупија. Друга работа за кинеските возила е, што да, се во страшен пораст и брендови како Haval, BYD и слични рушат рекорди со продажба. Chery се одамна присутни на пазарот, ги имаше кај нас и претходно. Реално, солидни возила се покажаа, иако имаше проблем со наоѓање на делови, мајстори што знаат да ги сервисираат... Значи, нивното тек ќе доаѓа во Македонија. Од друга страна што е лошо е големите маржи на овие возила во Македонија. Како што реков, го гледав и јас Tigo 7 pro, и се зачудив кога видов колкава му е цената. Со таа цена не се конкурентни и не знам зошто да го изберам него пред еве Тусонот или Корандото, или пак Шкода/Сеат/Купра. Втора работа што гледам е дека овој 1.6 Т-ГДИ мотор го имаат и кинезиве. Дали е тоа добро или лошо, не знам, не ми е познат моторот. Да, не ми се свиѓаат тие 1.0 или 1.2 ТСИ. Ама еве во Karoq и Kodiaq го имаат вградено 1.5 ТСИ и се покажа како топ мотор. Проблемот е што цените станаа астрономски преку ноќ. И ако можеше порано за оваа цена да земиш еден добар Honda CRV, или Мазда, проверен и докажан бренд, каде што знаеш дека во наредни 30 години нема да те издаде, па дури и да го продадеш после 10/15/20 години, дека следниот власник ќе го вози уште толку. Е проблемот е што истите ги направија 40к, што е премногу. Сакав да кажам и дека различно е кога немаш пари за да купиш, и кога имаш. Кога немаш можеш да фантазираш и да бираш што ти се допаѓа. Е кога треба да ги платиш, и знаеш колку вредат тие пари, тогаш гледаш да направиш најдобар можен избор и гледаш повеќе на ризиците. Како што реков, да можам да бирам ќе земам Порше Кајман 25 години стар. Или пак Нисан 350z. Ама во случајов кога тоа ќе ми биде единствена кола што ќе се користи секојдневно, не можам да си дозволам таков луксуз да земам спортско. А имаше пред скоро Тојота GT86 за одлична цена. И со денови имав внатрешна борба за дали да се јавам, додека не видов дека ја продадоа Изгледа ќе треба да закажам тест - вожња во повеќе салони и да видам во живо како се. Па, може и ќе дадат некоја подобра понуда од таа официјалната. Знам доста што извлекле некој попуст од 1000/2000 евра, па и повеќе за возило кое е веќе на лагер, и е во бенифит на салонот да го продаде. Тусонот изгледа овака како одличен избор за парите и дефинитивно Хјундаи ќе го посетам прво, посебно што е на промоција и нема уште долго да трае. Ќе ги разгледам и кинезите. Ама ако морам да бирам, корејско > кинеско во овој момент, освен ако е ептен голема разликата во цена, или возилото ако нуди далеку повеќе за парите.
Нее точно дека минат помалку. Старата Мазда што ја имам, 1.8 бензинец, уште малце 470.000км, пола милион заокружено. Исто ко половина свет да си го завртил. Имаше сторија и со Шкода Октавиа 1.6 МПИ, Тојота Корола бензин, 900.000км и 1 милион и 200.000км поминати. Редовно одржувани. За тешки возила дизелот е измислен, таква е конструкцијата, ама се случи револуција ради потрошувачката и почнаа да ги монтираат и во колите. Иначе до 60те сите беа бензинци. Т-ГДИ нее ист како во Хјундаи и кај кинезите. Нема допирна точка. Хјундаи - Т-ГДИ тоа е нивни мотор и конструкција. Исто и Chery, нивни мотор е, тие си го создадоја, само ознаката е иста ради начинот на вбризгување. Е ДФСК користи од Mitsubishi a MG-Saic од General Motors GM. Моментално од целиов муабет, Тусонот е најприфатлив и секој би идел на него ако размислуваме рационално. Другите сите се над 30к, а да не зборуваме за Шкода со 1.5 ТСИ. Јас не би идел на половно старо 5години макар и мазена да е и не знам што, кога со тие пари ќе земам нова кола. И не, ти нема да поминеш 150.000км со Тусонот или само 15години. Можеби ќе биде фазла, може 500.000км ќе помине, кој знае, ама таа средина се зема од аспект на задржување на колата кај тебе не од аспект на квалитет. Зошто тој што купува нова кола не ја чува фазла од 7-8години, е кај нас повеќе ги чуват, еве ти пример. Ти си знаеш, нас не праша, ние ти кажавме , што ти прај мерак тоа, парите твои се Знам дека те влечи тоа А5-ката, признај хахах, да нее Тусонов во игра како нова кола, без размислување ќе го земеш Аудиот па и да е поскап дури, или Ц класата и тие што ги спомна. А Порше Морше Нисан тоа за низ град не ти треба. За тргни застани од семафор до семафор и гужви, батали, плус не функционални возила, хечбек повеќе ќе ми збрка работа од овие.
@quattro 150000 km za 12-13 години?Омг…Имам сеат атека,купена пред 3 години, веќе има поминато 80000 км
Ама ја возиш, правиш 27-28.000км годишно така? Затоа и реков. На запад за 5 години ги прават по 700-800.000км, денот по 400-500км возат. Ама ние велиме за 10-15.000км годишно, просечен македонец па и балканец толку прави. Кога ќе пресметаш 10.000км во годината, 15 години по 10к тоа тие 150.000км. Има разлика. Некој во 3-5 години ќе направи 600.000км, ко ти 80.000км за 3години а некој за 15години едвај 150.000. Колата е слуга. Како ја возиш, така и ти слугува. И потреба, некој има потреба во денот да прај 400км, некој 5-10км. Ама на запад сите се голема км, оти возат долги релации особено на работа кога одат.
Да не ја продаваш случајно Атеката ? Некој искуство со Тојота Корола Седан сега се на акција 22 000 еур, или да продава некој со малку километри ?
Тојота е синоним за доверлив и квалитетен бренд. Секоја препорака. А Корола е најпродавана кола во светот од исток до запад.
Ме знаеш. Ама види, ако најдам добро сочувано А5 или Ц-Класа, би размислил доста добро. А за другово, тоа се dream cars. И ќе мора да се склучи договор со идната жена да се прави размена, Тусонот за Кајманот. Слободно нека ги зема деца со џипот. Ја ќе бидам кул деди со двосед. Ќе дојде и кај мене денот кога ќе ме удри 30у crisis како Маркес. Ретко која кола изгледа полошо во редизајн верзијата од Тусонот. Ја упропастиле. Иначе бела боја добро му стои. Колку повеќе го гледам, толку по привлечен ми станува. На почеток не можев да го смислам грилот напред. Многу е ова. 30 000 скоро годишно. По 100км на ден просек правите. Меѓуградска вожња е ова. Во право е Кватро. Обичен човек не мине оволку. Пр. Јас лани направив 8700. Оваа година имам веќе 2600, ама се патуваше повеќе.
Знак прашање е кога срцето ќе го победи разумот хехе. Срцето влечи на А5-ката а разумот на Тусонот И на крај знам дека ќе испадни срцето победник, секош е така за се хаха. Па шо линија од страна има ова Аудиов, ауф.. Од предниот дел па се до задниот како како одиш така е заоблена се спушта надолу, типичен лав, пределот лавовски голем а позади фит, па па брату.. Бизнисмен прав ќе бидиш. Колку окциња од далеку ќе ти фрлаат ахм.. Ама од друга страна па со Тусонов со нова кола, кога ќе те прашаат абе која година е, ти гордо одговараш, па.. 2024 втор месец Башка возиш кола на стероиди, повишена над сите, од висока седечка позиција, и да сака некој да те види од хечбек или седан нема да може, висок ќе бидеш, типичен американски граѓанин на државата Невада или Тексас Само што тие шибаат дупло помоќни SUV's На мирисот на ново внатре во кабината колку воздишки ќе паѓаат ахм.. Ти како ИТ љубител, ќе ја имаш честа да ја одлепиш фолијата од екраните и инфотејмент забавните системи хехе. Баш ме интересира на што ќе завршиш Стварно ако прават толку во Македонијава, секоја им чест. Јас во лето највеќе километража правам и од цела година заокружено ми се збира на 14-15.000км и помалце.
@Billy Idol се сврте накај тенковитe ли? Шо така? Сепак џип си е џип и ново си е ново. Не знам зашо грд ти бил дизајнот напред, баш моќно делува. Сеа не може елегантен да е ко на пример на Бмв нели и никад нема да биде, ама и овој јако изгледа да бидеме реални. Нели ова е тоа супериорно чувство? И коа сме кај висината, висока хауба е прва ствар за многу нешта. Кватро бе кој фанатик за коли си, свака част. Дефинитивно си за да работиш со нив, пример дилер или нешто така. Ги спомна и тие кинезите у Ист Гејт шо беа изложени. Пред некој месец коа бев баш пажња ми привлекоа тие белите, буквално сум се ѕверела. Прејаки. Којзнае дали уште таму се, не идам ич у тој мол, преретко.
Паа, не баш. Како што веќе пишувавме и Кватро одлично ме прочита, повеќе ме влече седан со купе линија. Работата е што нови скоро па и да нема за тој буџет. Се што се продава е џип. Па, тоа и го правевме со Кватро муабетот погоре за земање на старо од странство. Работата е што многу тешко може да се најде во одлична состојба со мала километража 5+ години стара. Ги листам огласите веќе некое време и не можам да најдам добар примерок. Тоа е и дилемата, дали се исплаќа нов Хјундаи на пример, или старо Ауди, Мерцедес. Од кое ќе боли глава повеќе.
Имаме Хјундаи Туксон 2017 купена нова, над 100.000км веќе возена. До сега не појавила некој голем дефект.
Башка што е супериорно чувство туку е и тренд на секаде во светот и автоиндустријава да се форсираат коли на големи тркала, и висока седечка позиција. Од Америка ни се пресели и тука во Европа тој тренд. Тие таму шибаат сите пикапи, џипови, страшилишта се особено тие пикапите. Јас моментално сум на постар седан и понов хечбек, ама наредна кола сигурно ќе биде СУВ, или пак ќе останам на хечбек ама сакам да пробам и од висока седечка позиција, не битно кој бренд иако преферирам да е јапонско. Па до тогаш може ќе дојдат кинескиве за ептен посолидна цена како што се најавува ("за џабе" ) па и ново да е од салон Иначе, тоа тие љубов и страст и хоби пред се Тоа ме исполнува најмногу затоа и така За дилер гола вода е тоа ех.. Него сакам баш да порбаотам во автоиндустрија, во фабрика, ко dream job мие, иако е тешко, плус учам факс, ама ете желба имам не знам хаха, итоа во секој сектор да пробам, од Press shop, Body shop, Engine and transsmision Assembly, Assembly Line и Final Check Целиот процес на производство на кола ме интересира, некош за тепање време на yt ќе гледам пример, Hyundai Tucson production, интересно мие Штета што немаме во оваа нашава никаква држава ни еден погон за коли. Кинезите се небо и земја, затоа им се плашат сите, имаат многу брендови, само произведуваат и измислуваат новитети, ко мравки се. Јас останам фрапиран прв пат кога ги видов и седнав, реакцијата беше "WoW" омг што е овааа аууф боже господе.. Да можев ќе останев да спијав во нив Ни 1% не се од она што беа пред 10 години, кој напредок го направиле, кој квалитет она е чудо.. Да имам кеш одма без размислување одам и го земам Chery FX или Tigo 7 Pro а може и од DFSK Fencon F5. Владикана Петар таков вози, DongFeng Fencon F5, ама тој владика е пустиот.. Иначе да, уште се во Ист Гејт, Chery Tigo 7 & 8 Pro и FX. И Dongfeng е тука кога одиме долу кај Тинекс пред скалите е, прво беше Glory 580 изложен, сега е електричниот Fencon. Ајде ајдее, од 100 километри се познаваш дека те влечи А5-та или Ц класата, ама највеќе А5-ва Ништо, да почниме да бараме некое асолно А5-че, белким ќе испадни нешто
Чувството е ептен различно, да, сега никогаш не би седнала во седан за на пат ама за низ Скопје или друг поголем град дефинитивно секогаш ќе изберам помало количе Е може дека јас сум жена, па ми е поедноставно, маж ми го пика џипот секаде, што знам.