Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Тој што преминал од хечбек и седан на СУВ никогаш нема да се врати на тие две.Тие две нудат ниска седечка позиција, како да си тркач во картинг и формула, а СУВ е веќе нешто друго, имаш целосна прегледност на предницата. Америне сите возат пикапи и џипови исклучиво.

    Нема врска тоа што си жена, туку искуството е во прашање, способноста да управуваш и владееш со возилото во секоја ситуација. Искуството не познава пол. Некни се враќав од тренинг пешки и баш едно девојче беше со Nissan Qashqai, паркираше паралелно меѓу две возила и без проблем и супер се паркира, а има многу мажи што не можат ни со хечбек, Јарис или Поло да им дадеш ќе утнат. Плус сега новиве возила имаат и асистенции, парк асист, паркинг сензори и камера, 360 степени камери, дупло е олеснато е се. Јас имам хечбек и седан, хечбекот потежок мие за возење иако е покус, а тука се со должина со лимузината, таа е 4.300 а ова 3.900 мислам и што знам, ко помалце видливост имам, ко да сум затворен во мал простор за разлика од седанот. А за паркирање неам проблем, и тоа и тоа сегде ги пикам. Сите велат дека хечбек им е полесно дека е покус, ама еве кај мене обратно, сите сме различни:D
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Одлично. Овакво мислење ми требаше, посебно од некој што ја има веќе. Истиот мотор го имате? 1.6 бензинскиот агрегат?
    Како е покажан мењачот, ако е со мануелен. И дали сте имале проблеми со електрониката?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Караванот на татко ми ми беше прва кола, без проблем ја паркирав. Мојата прва кола беше голф 5ка, не се навикнав никогаш на неа, за паркирање па посебно. Кодијакот без проблем го паркирам, влагам во тесен двор во рикверц, помагаат камерите, сензорите ама пак не е толку лесно на скопски паркинг да влезеш кај сакаш, посебно зашто не паркираат сите како што треба.
     
    На H.VAGA и quattro им се допаѓа ова.
  4. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Машки
    туксонот не е џип.
     
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Добро. Фактички е Crossover ама поентата на @Mrs. right беше таа. Santa Fe е "џип класа".
     
    На Mrs. right, quattro и Skyler им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Е не е Асан, Хасан е ај. Правилно е спортско корисно возило, кросовер, теренско возило, ама тоа се странски термини и за оние кои се бават со автомобилизам за прецизирање на моделите точно по редослед на каросериската изведба.
    Убо си кажа @Mrs. right, народски познато кај нас е џип. Факт е дека нема допирна точка денешниве кросовери со некогашните теренски возила (ако мислиш на Лада, LandRover, LandCruiser), не се ни близу. Но терминот Џип кај нас е земен од брендот Jeep кој произведувал и произведува теренски возила како Wrangler итн. кој биле наменети за тешко достапни патишта, воени возила за американската војска, и ден денеска возилата со таква каросериска изведба на прв видик кога ќе ги видиме не асоцира на некогашните Јееp возила и затоа изговараме Џип, и тој е странски термин но ние вроден во македонскиот јазик за означување на теренски возила, без разлика дали Тусон или Тигуан, Карок или друга повишена кола на стероиди ќе се искачи на врвот на Шарпланина. И ти сигурно нема да речиш за Тусон "еј види го спортско корисноно возило" или "градскион голем/мал кросовер" "кросоверов од Ц, Д, Е сегмент", туку ќе речиш Џип. Не филозофирајте.

    И кога сме кај изговорите, нее Туксон туку Тусон, по градот.
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
    На Mrs. right и Skyler им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.282
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    2.0. Аутоматик е. Со електроника ако се важи тоа, десната врата (јас кај што седам :D ), не се отвара на прво повлекување година дена, 2,3 пати треба да се повлече кваката за да се отвори (на отклучена). Ваљда тоа од многу "добро" затворање на вратата :?: Друго мислам нема.
     
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Другиот мотор е тоа. Ова е акција за 1.6 со мануелен менувач.
    Секаде читав и барав на интернет и не можам да најдам никакви податоци затоа што се работи за нови модели.
    Освен, тоа што најдов од странски медиуми, кои, не знам колку се веродостојни за издржливоста на моторот, и електрониката, друго не можев да најдам.
    Ама ако со минување 100 000 единствен проблем е тоа со вратата, што и не знам што би можело да е проблемот, нешто со заклучувањето вајда, супер е.

    Јас имам примери на луѓе што купиле Цитроен, Рено, Пежо... Каде што буквално на пат ги оставала колата поради проблеми со електроника или ситни кварови на мотор. И тоа два случаи беа надвор од државава, па требаше да ги шлепаат назад. Им излезе на крај ѓавол и пол, иако дефектот им беше покриен од гаранцијата. На страна нервозите.
    Се погодија сите француски коли во мојот случај, што не значи дека се сите лоши, само јас имам слушано негативни искуства со нив.

    За Хјундаи имам слушнато само за еден случај, за пукање на блок на мотор на i20, и тоа на 120 000км. Ама се работи за постаро возило, постар случај, плус, излезе дека не било одржувано како што треба и поради тоа се случил дефектот.

    Фала ти многу за коментарот. Ќе идам дефинитивно во салон. Ќе земам со мене и човек кој повеќе се разбира пошто ја сум лимитиран со знаење за механика, па ќе видам како ќе ми легне во живо. :D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Јас сум со Тојота веќе 5г е стара, над 150 000км има поминато, топ е.
    Паралелно возам и прилично ниска од мерцедес. Освен што сеуште им ги мешам копчињата/електрониката, не приметувам некаква разлика која би ми влијаела на квалитетот на возење.

    Ако размислам, на Тојотата би и дала предност пред германскиве.
     
    На Billy Idol и quattro им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Арно што пиша ме потсети да те прашам :) Ти собираше 3 седишта за децата позади? Како функционираш сега со 4 деца? Јас како што гледам тешко трето седиште да собере и се мислиме што да правиме.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Јас возам Тојота ЛандКрусер
    FDA2D5E4-6B03-4C65-AB4F-C6277785D4B6.jpeg E81A4DF9-B763-416A-AC73-7AA27877196F.jpeg
    Прилично е широка, компактна, собира три седишта едно до друго.
    Во багажникот електронски се дигаат уште две седишта по потреба, па е соодветна и за 7 патници. Големите седат со детско седиште за под газот само, па без проблем може на тие седишта.
    По некоја година ќе треба да се префрлиме на комбе, ама не ми се дава другата кола сеуште, да и се порадувам. Оваа дефинитивно ќе ја возиме до крај, презадоволни сме.
     
    На Billy Idol, Skyler и quattro им се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Вауу! Каков ѕвер! Ни под разно да не сте ја смениле. Бравоо за изборов, бравоо !!! :bow::muscle: Овие се возат и на сахара во пустина, на блискиот исток, америне и тие лудуваат зс вакви.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Одлична е стварно. Моите две седишта се широки, може еден бустер ќе собере меѓу нив ама не знам колку ќе биде безбеден.
    Прашавме за доградба на две седишта, не може во нашата. Изгледа ќе правиме по нарачка :drunk:

    Колку кошта ѕверот на Дани кај нас знае некој?
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Јас ја зедов 50 000, со поминати 50 000км, на старо. Уште ја држи иста цена, може и качена е.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Тојота го престави новиот LandCruser 2024 ама кај нас се уште нее стигнат и ќе кошта уште повеќе од моменталниов. Се уште се нуди четвртата генерација редизајн од 2018 со 2.8 дизелски мотор и 204 коњски сили со 6 степен автоматски менувач во две нивоа опрема. И според Тојота Македонија салонот, нов LandCruiser со Executive опрема кошта 76.000 евра а со Special Edition кошта 88.000 евра. И е најскапо патничко возило од сите други модели на Тојота.
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.690
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    @quattro подзинав дури те читав за колите бројки модели човечее :whew: :rofl:
    Ништо не разбрав.

    Ама. Дали ќе може да ми кажеш кои марки на коли да ги разгледуваме како подобри?
    Сакаме да купиме кола, би била половна (јас сакам нова, ама нема :mm: )
    Дали ќе се покачуваат цените на половните, па да брзаме сега да се тепаме да одбираме или да чекаме...?

    Мене ми се свиѓаат оние повисочките коли ама не премногу како ламји што се, туку онака стилски, да делува моќно, да е комотна а сепак компактна.

    Од Шкодите ми се свиѓаа некои модели, од Опел, Клио...
    И бојата ми е важна, мора да ми е убава за око нели? Нејќам бела или црна, сакам бои што се неодредени, што се преливаат.
    Ај момци, помагајте. :D
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol
    Види го и Renault Kadjar,слична цена ти е.
    Многу е поубав од Хјундаи Туксон.
    Лепотан.:inlove:
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Машки
    Секоја нова кола е добра. Се додека не и помини експлотацијата. А тоа значи до 200-250.000км или од 12-13 години нагоре старост.

    А секоја половна кола е мачка во вреќа. Како ќе ти се погоди така, зависи од среќата. Тука е важно да е редовно одржувана и сервисирана, да е со оригинал километри, ама тоа тешка работа оти сите се со вратена. Тоа значи, ако германецот горе направил 700.000км, се изнавозил, душата и ја извал во тој временски период додека била нова, не поправил ништо, и кога нашиве ќе отидат горе да увезат тука, ќе ти ја донеси таа што и е изваена душата, ќе и ја вратат километражата ако поминала пола милион сега тебе ќе ти ја продај со 180.000км, ќе ја нашминка ова она и ти ќе си ја купиш мислејќи дека си купила добра кола хехе. Е тек после следува интересното, тоа е њутнов закон, правило е. За тој што се изнавозил пред тебе, сега ти за да продолжиш да возиш, ќе мора и да си ја изнапрајш, ќе почнат да откажуваат прво некои ситници, па после средни ситници па после големи работи, сите овие нешта се потрошен материјал ама знае да биде и скап хехе. И така ти ќе поправаш, ќе поправаш, и на крајот ќе се умориш, и кога ќе ја изнапрајш ќе ја продајш напраена и тој наредниот пак ќе се изнавози а после него ако има нареден ќе го снајде истото како и тебе, мене, друг, трет, Петко, Трајко, Петакана итн.. и така во круг.

    А иначе да, ќе поскапат уште повеќе, зошто царината е поскапена а и половните возила секаде низ европа дека побарувачката е поголема ради кризата што е во автоиндустријата за нови возила.

    А која кола кој бренд, тоа сие ваше, зависи која ви се свиѓа и за која намена ви треба. Ти кажав, битно да е одржувана, да нее зафрлена па да треба вие да поправате после се. Ако ме прашаш мене, јас преферирам поедноставни, по некомплицирани, со бензински мотор без турбо и такви глупости, и тоа највеќе го има кај азијските коли до 2015, не битно јапонски или корејски, после и тие свртеја ко другиве. И според анкетите и истражувањата, а и од лично искуство, јапонските и корејските се најдоверливи брендови, исклучиво ако се бензин. И уште една работа, не се затрчувајте на звучни брендови, имиња, луксуз, моќни итн, пошто највеќе тие се опфатени со ова погоре напишаното а притоа држат цена а стара кола. Не мора да е Ауди, Мерцедес, пример кошта 7000 евра а е стар 15-20години и отепан од возење. А на пример за таа цена имаш Киа, Тојота, Хјујдаи, Нисан или од европскиве Пежо, Рено, Сеат, понови во година и не толку отепани од возење, ко цела европа да ја свртеле.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Машки
    Да, знам за Каџарот. Преубав дизајн, линии убави заоблени и елегантни. Преубав e.
    Но, како што реков од блиски луѓе, а не се работеше за една кола, туку за Каптур и 2 Меганa кои имаа огромни проблеми со електроника. До степен каде што колата цело време им беше на сервис.
    Еднаш им се случи во Албанија, одеа на одмор. Им се појави само проблем, светна ламбичето, откажaл некој сензор, колата сама ги насочи да паркираат, и не им даваше да продолжат да возат.
    Од тука шлеп служба чекаа од Македонија, па на сервис... Ужас.
    Мислам дека преку 10 пати ја носеа на сервис за електрониката. На крај решија да ја продадат.
    Слично искуство, иако далеку подобро и со С4. Дефекти со електроника, сензори...
    Со Пежо 3008 исто лошо искуство, ама добро, купен е на старо, иако релативно нов, 2017.

    Сега не знам дали овие така се погодија лошо па за да имам такво негативно искуство за новите француски возила, не знам. Ама кој и да сум прашал ми викал да бегам подалеку.
     
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Татко ми со цитроен, маж ми со рено искуство, мислам дека у живот нема да им текне француско да земат.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.