За помладите киа сеед хсеед е супер тојота е убаво ама пензионерско е седанот хечбекот може да пројде
Седанот е тука негде со цената за 1.5 3 цилиндри атмосферецот. Хечбекот се нуди само 1.8 хибрид и цена негде 27 000 еур. 1.2 115 турбакот го укинаа. Киа е негде 22-23к еур. На сајтот имаа ценовник и сега го укинале, за цена мора да се јавиш. Глупости
Нее, си имаат ценовник. 24 илјади е мануална, 25 и нешто автоматик. Инаку фала ти многу на споделеното мислење, сите истото ми го кажуваат а и мене вака ми се свиѓа колата. Секако ако се купува ќе закажеме и тест вожња.
Сега гледам дека хечбекот е само хибрид. И тоа за touring sport го направиле 29к. Машала. Не се нормални со цените колку ги качуваат преку ноќ. Да, 1.5 е 3 цилиндарски, ама сите што земаа се фалат за ефикасноста и економичноста на моторот. Од тоа јас што гледав, Хјундаи и Киа се сепак позади со квалитет спрема Тојота. Ама па и нудат подобра цена.
Добро јас не можам да го најдам или? Знам имаа ценовник одма до брошуртата, сега нема. Цени пишува само горе на банерот на некои модели за реклама. Сајтов чуден а не беше вака хаха. Иначе колата е супер, петка. Дизајнерски е тип топ а и општо колата е супер. Погледнете и Мазда3, тука е негде со цената со Сеед. Е сеа дизајнот некој муе убав некој не, задницата малку делува ко нинџа желка на 3ката Пред 2-3год го укинаа 1.2 турбакот, сеа само хибрид или тој 1.5. А цениве се исто ко да купуваш оклопно возило. 1.5 добар е иако е 3 цилиндри, има технологија да постигни ефикасност како за 4 цилиндричен мотор. Плус атмосферец = нема смрт иако е 3 цилиндраш. Иначе да, Тојота е пред Киа по доверливост, зошто корејците учеа од јапонците, многу мотори порано Киа и Хјундаи користеа на Мицубиши и Мазда Ама генерално добри се, супер се, докажани брендови. Да купувам јас, прво би одел на Киа или Хјундаи него на некој Европски бренд. Азија форевер, од таму доаѓа мудроста Сеа кинезите како влагаат јако ау.. Некни Geely имаше кај нас Мк во Александар Палас промоција.
Ја гледавме и мазда 3 hatchback малку е поскапа, 27 илјади е така што најверојатно ќе одиме со опцијава Киа мислам дека е доста квалитетно возило плус ако се купи од салон секако ќе биде топ и ќе се вози во наредни 15-20 год. Иначе за ценовникот треба да пишеш специфично пр. Kia Ceed 2024 ценовник, јас така го ископав хахахаха
Молааам!? 27.000 еврааа??? Ау.. абе овие сите стварно забегале... страшно. Лани беше 21.900еур Мазда3 со 2.0 122кс. Киа беше 19.500 така нешто. Ааа, затоа.. Јас на сајт барам нема, а имаше да го симнеш.
Мазда немаат воопшто никаква понуда ниту брошура како киа, и ги барав да ми пратат понуди па ќе видиме сеа.. Ова е од другар шо ми кажа, поскапено е сѐ скоро
Европските и јас ги избегнувам во широк круг, поготово француските. Ништо не нудат во однос на Киа/Хјундаи, а цена плафон. Јас имав можност да го возам Тусонот и не ме фати око. Океј е се, не викам не. Гаџети, софтвер, и тие работи се топ. Но квалитетот на изработката е позади Тојота, Мазда, Хонда. Е сега јапонскиве се со едно 5-10к поскапи, па си ја оправдува цената. Го гледав Geely Atlas Pro. Тоа возило е класа над за парите кои се продава. Топ. Исто и Chery Tiggo 8 Pro, и Haval h6. Да се намали царина за овие возила кај нас ќе бидат најпродавани. Овака, сеуште ценовно не можат да испливаат над Киа/Хјундаи и јапонските кои држат имиџ. Иако, можеби се по квалитетни од корејските. Возев Volvo XC40, они се сега купени од Geely. Atlas Pro е донекаде како Volvo, само без брендот, и секако далеку пониска цена. Ја би одел најверојатно со ХС60 ако најдам добар модел, и секако да зголемам малку буџет периодов.
Имаат и ценовник и брошура ама тешко се стига. Мислам преку конфигурации на возило да одбериш ова она се стига до него, така некако беше. Баш ќе проверам. Ако е 27.000еур стварно значи забегале. Последно ко проверував беше 21.900еур. Киа Сееџ 19.500 или 19.800 така нешто беше а сега 24.000еур. Киа Спортаж беше 24.000еур прњ Со вакво забегување на цените во авто индустријава, би возел само кинеска кола. Врв се. За 21.900 Донг Фенг 580 се зема. Chery FX мие вау, да иам пари уште утре го зеам. 31к е.
Колешке исто така би ти го препорачал Шкода камик сеа е време на кросовери по келав е за опрема од корејци и јапанци за тие пари ама сепак земи у обзир за 1.5 тси
Chery FX не треба да надмине 25/6к кај нас за да биде конкурентен. Пример за таа цена ако некој сака урбан СУВ, сите ќе одат на Тусон/Спортаж или пак Мазда CX30 како помал. За слична цена имаш и Subaru Crosstrek со 2.0 boxer мотор и AWD што е топ топ за парите. Прав теренец што секаде може да те извлече. Не е кич, ама тоа што го нуди, никој од конкуренцијата не го нуди.
Не треба, ама мора малце арамилук знаеш, како ќе живеат газдите хаха.. Тусон и Спортаж да, може да се спореди со FX во однос на опрема и дизајн, ама CX-30 не.. Иако Мазда ја носам во душава, ама не.. Извини Мазда FX тука мие фаворит, во живо кога го видов, реков ова е ова за мене Никој друг, ни Мазда шо ја носам во душата толку не ме привлече како FX. Внатре, вселенски брод. Од надвор дизајнот, исто, како летечка чинија. Субару не, не сум по боксер мотори. А и многу бразилци се вмешани во Субару .
Па добро, се зависи за што сакаш да го користиш. Муабетот ми беше дека овакви SUV како Chery FX, Tucson, Sportage ти се коли само со повишен clearance. Немаат ни F од Off-road. Од друга страна за слична, малку повисока цена имаш сериозни off-road-ери како Subaru Crosstrek, Forrester. Овој Chery FX нема ниту hill descending control. Пример Geely Atlas Pro има и AWD. И овие работи се за некого битни, за друг не. Ама тоа е тоа што поскапо плаќаш, а добиваш скроз друга димензија на возило што можеш да го возиш низ град, до Грција, а и Маврово и Шапка.
Ја мислев ауди ке речеш иначе мазга како мзга сам да ја расипеш ако се угоде хеџбек 3 2015 да не имаш Никад не сум сакал големи коли а субару ич
Не бе браат, не знаат двете за мајстор ниту за поп хаха. Иначе не се SkyActiv. Едната MZR MaZda Responsive технологија на мотор, другата е од постарите, Mazda F engine. Ова вторава е Бог и Батина, безсмртно суштество. Ауди? А не фала.. Неќам да возам кола со инсталација произведена во северна, оти кој стигна се вработи во овие фабрикиве за кабли. Па да ме пишува после во весник и порталиве "На млад возач му експлодира колата, марка Ауди".