Препорака за нова кола до 16000 евра? И во кои салони продаваат поволни автомобили, кои се возени неколку години и замаенети со нови ?
Ова беше и мојата првична сума за гледање кола од салон ама искрено не најдов ништо. Сѐ е многу поскапено, а тоа што ќе го купиш докај 16 илјади не вреди. Ако најдеш нешто сподели
Сите возила се поскапени и половните и новите. До 16.000еур речиси и да нема, има ама со почетна опрема и слаб мотор. Едино само кинески Донг Фенг ДФСК 500 кросоверот од AbcBrother салонот 16.990еур што нуди малце повеќе од другите за таа цена. DFSK 500 16.990еур - https://dfsk.mk/product/dfsk-500/ Toyota Aygo X - 16.000 https://www.toyota.com.mk/model/aygo-x/ Toyota Yaris - 18.000еур https://www.toyota.com.mk/model/yaris/ Suzuki Igniss - 17.000еур https://suzukiauto.mk/ignis/ Suzuki Swift - 16.990еур https://suzukiauto.mk/swift/ И Рено Клио (Мицубиши Стар) и Пежо 208 се од 19-21.000еур. И Дачиа почнува од 18к еур. Половни од салон да видиш во Das Welt Auto во Порше МК или во Тојота. За 16.00еур ако бараш премиум луксузен бренд како Ауди, Мерцедес, БМВ тешко, ќе најдеш на огласи ама ќе бидат 2012-13год.
Покрај тие што @quattro ги наведе, ја би го додал и Citroen C3, кој почнува од 15 000, па за твојата сума може да земиш со повеќе опрема. Не дека го препорачувам, но ете нека стои како предлог пошто моментално се најевтини, на промоција. Новиот модел само што излезе, па овие им спуштија цена. Јас за тие пари би земал Suzuki Swift. Нов модел е, 2024.
Стварно што е со коливе и цениве на ново .. полудена работа. а добро бидејки одамна немам купувано кола, во салон само најнов модел можеш да купиш? Нема постари модели да се нарачаат за поевтино нешто? Знам дека е глупо прашањево ама ај да си прашам.
Зголемени трошоци за развој и производство на проектите за возила. Недостаток на компоненти и делови ради војната зошто Украина беше еден од најголемите добавувачи што произведуваше компоненти и делови за европските производители Недостаток на чипови - Тајван е единствента земја која произведува чипови Политички сакции, вовед на дупли царини, итн. Инфлација И не само шо поскапија, туку се чека и по една година за испорака зошто долго време немаа компоненти. Многу фабрики беа привремено затворани зошто немаа делови и компоненти и чипови за работа, не можеа без нив да прават коли. И заради ова, се зголеми побарувачката на половни возила во Европа и па и на нив им рипна цената 3 дупло. Додуша нашиве салони се посебни, покрај нормалните поскапувања од производителите, салониве плус по 1-3.000еур си зголемија на цена за да имале ќар нашиве газди. И сеа најефтини коли од сите испаѓаат кинеските. Ама ради политиката и тие ќе поскапат ради зголемената царина за тоа шо не биле европски производ, за да купуваш европски коли да им се троши на германците, французите, скапо ефтино да мораш од кај нив сакаш неќиш.
Се ми е јасно.. страшно. А увезениве половни се мачка во вреќа.. какви хорор приказни имам слушано од кај ги земаат.. не фала.
Поради истава причина се одлучивме за кола од салон. А изгор се ама тоа е, ќе си плаќаш и ќе си возиш ))
Колата е најважна заради безбедноста. Може да биде многу опасно ако не ти се погоди, а кој знае што се случувало со претходен сопственик. Другарка земале поплавена кола и почна да им се распаѓа. Кога ја купиле не знаеле дека е поплавена, никој не им кажал. Остави она баба ја возела. Сметам дека со закон мора да има наведено дали колата е составувана од неколку коли, тумбана или поплавена.
90% се поплавени коли што ги увезуват како поволни. Половна само македонска од салон со книшка со се и носење на овластен да ти потврдат и да се осигураш. Никако друго. Ѓубриња се продаваат буквално на плацевине.
Сосема се согласувам. Затоа сметам дека е многу важно при зимање да одиш и со некој постручен па ти ако не знаеш тој да осети. Затоа ние се одлучивме сега кола од салон и секако долго ќе ти трае. Можеби ќе е поскапа но ако во моментот имаш да си дозволиш многу подобро отколку расипана и безбедноста да си ја ставаш на второ место. Ние планираме со колава и во Европа да патуваме, недај боже да ни се случи нешто на таков пат…
И тие 3х дупло поскапија. Посебно овие Голфовите, Ауди, Мерц, Бмв, како држат цена.. Голф 6 од 2009 го продаваат 8200еур хаха. Ауди А4 2008 9.500еур, итн со другиве. Иначе ги земаат од плацови од таму. Е сега некој зема здрави коли а некој зема отпад, овде ќе нашминкаат ќе ја дотераат и ќе ти ја продадат. 90% сите се праени и префарбувани. Таму ја гледа, абе ај, малце е удрена нее страшно ќе ја китираме Таму ќе ја земи 1500-2000еур овде 5000 ќе ја дај, ама се вадат со тоа дека давачките за увоз се големи. Изгор се, многу се поскапени. Ама 95% од просечен македонец со средни примања не може никош да си дозволи нова од салон. Кога се работи за безбедност, новиве коли се по нежни, по не квалитетни. Новиве коли имаат лим како најлон од 0.5мм, тропни на хауба на нова кола целиот е шуплив, ако стегниш посилно и се витка..Имаше едно видео на Mat Watson - Carwow на тест беше Тојота Јарис, ужас лим... Тојота се супер ама лимот.. А на германциве и французиве и тој од 0.5мм лим шо го купуваа од Кина им се виде скап па сега почнаа пластични колите да ги праат како Трабантите некош На хауба магнет не можиш да залепиш, кај ќе фати на пластика. До нас имаат Мерцедес ЦЛС Купе 2015, пластика до пластика Не знам како ги вадат по 5 на креш тестовите. Ваљда заради безбедносните системи на електрониката. Ако ја купиш па неа таа половна од Македонија, она е 100% возена по нашиве никакви патишта, од камен да е ќе попушти Братучеда ми зедоја Џип Компас 2021 од салон, од возење по нашиве патишта, внатре пластиките попуштија, се слуша крцкање. Ами амортизери ова она господ на помош од нашиве патишта шо не можат една шахта да напраат.. Најубо сам да си појдиш до Швајцарија или Холандија (Германија не) и да си одбериш со свои очи и да си ја донесиш. Се случува и тој шо го носиш со тебе да те изигра. Без да знајш со мимики се договара со тој шо ја продавава колава, овај со тебе "стручниов" да ја фали пред тебе колата колку е уба, здрава за да ја земиш и ти пошто му веруваш ќе ја земиш. И овај шо фалел ќе си земи 100еур за фалењето шо ја продал овај другиов.
Corsa B од 1993 до 2000 имаа трвда лимарија. Една другарка на сестра ми истумба вакво летна во провалија, ништо не и беше на колава а и на девојчево здраво живо, итоа летнала далеку со 80-90км/ч, само пластиките напред браникот, светла, жмигавци и едната врата беше убо свиткана, друго ништо, камен. Corsa C од 2000 до 2005 е исто така океј со лим. Ама од Corsa D од 2006 па се до оваа новава Corsa F шо е друго пакување на Пежо 208 е уби боже.. Еден комшија има Корса Д од 2008, лакот почна да и се лупи а на некој места сонцето веќе и ја изгорела бојата. Пред две недели велеше мењачот му грчел при менување брзини, па не знам шо напрај, му реков да си провери синхроните, да не си игра директ на механичар.
@bookslover Ја порачавте ли Киата? Еве сега на акција им е, 21.650еур. Со цениве како си играат значи, а ова е реалната цена ама им се може на салониве и си држат три дупло цена и за нив да има.. *GT верзијата 23.950
Дечко да ви кажам КИА салонот почнаа со акции има попусти КИА СЕЕД 21600 акциска цена кој прашуваше за овие пари еве кола