Ја нарачавме и капарисавме веќе, ама кога ќе собереш пак исто ќе ти испадне. Доплаќаш да ти е металик боја, плус ние нарачавме автоматик.
@bookslover Не знам дали ви стигна Киата. Денеска имав можност да возам и се возам во Kia Ceed GT Line 2024 1.6 Turbo 160hp автоматик. Колава има страшен дизајн, црна боја беше со црни бандажи 17ки. Најпозитивна страна е тоа шо моторот е многу тивок, не се слуша дека работи, има мека вожња итоа на 17ки баш се изненадив, материјалот како се изработени седиштата исто супер, доста комфорни и има место за колена. Едино отежнато е некако влегувањето особено позади зошто многу ниско се седи. Е сега другото.. Целата конструкција на каросеријава е некако млитава, лимаријата по танка, мислев дека барем вратите ќе имаат поголема масивност и тежина при отварање и затварање како кај германците, кваките исто, едино добро е шо има добар пригушен звук при затворање. Пластиката внатре не ме бендиса, доста тврда пластика која личи на ефтина пластика и ако не внимаваш може брзо да се оштети и огреби За цената колата е супер, убава вожња, тивок мотор, убава опрема, е сега млитава каросерија и пластики.. тоа е познато за азијските производители, иако оваа во Словачка е произведена. Мада денешниве возила сите се такви, штедат на квалитет. Со здравје да си ја возите, убав избор е за цената и не сте згрешиле. Јас зборувам малце од автомобилскиот свет, позитивни и негативни страни
Сите се со таква шасија и Хјундаи,Киа,Хонда..Сузуки витара хибрид 2022 кога затвораш врата исто како вратничето од дворот да го затвораш,лимарија ич,крцкат пластики Али киата и витарата сепак вадат 5 ѕвезди за сигурност. Сепак е возило 2024 12 години ќе нема никакви проблеми. Ново си е ново.
За цената, колава е супер, без грешка дефинитивно. Многу убаво се вози, прецизно. Е сега каросеријата е друга приказна. Сите се скоро вакви денеска возилата, од 0.5 ставаат лим, а некогаш почетна граница им било 0.8мм. Али ајде, тргнале да штедат, капитализам. И Голф 8 е сличен, нее како 4ка 5ка 6ка шо беше. Германциве па пластична каросерија монтираат, на хауба магнет не можеш да залепиш или онаа магнет ламба, барем кај азијциве чист лим, сеа млитав тоа е. 5 ѕвезди вадат ради безбедносните системи ова електрониката кочење сам, бла бла. Ништо нее како порано, и лебот дури го изменаа хаха.. Многу се изненадив од кинескиве возила, тие се сега такви како што беа другите некогаш. Фидбекот е доста луксузен, вратите тешки, масивни, тенковски шо се вика. Ама не штедат, цела роба шо ја монтираат е нивна, сакаат да се докажат на пазарот. А корејциве, јапонциве, европјаниве, многу се удреди на штедење на материјали.
5 ѕвезди имаат на crash тестови со безбедносната електроника, 4 ѕвезди без безбедносните системи. Имаат супер безбедносни системи. А и moose тестот им е добар, е сега на поголема брзина доста се навалува каросеријата коа возиш лавиринт. Каросеријава нее толку танка, да не се разбериме погрешно како најлон па да се скине, него од друга страна зборуваме јас и ААКГ, фидбекот на премиум луксузно чувство го нема реално како кај другиот им корејски бренд од истата групација, Genesis или европскиве премиум бренд ко Мерц, Ауди, Бмв, јапонски Лексус, итн. Од тој сегмент далеку се, фидбекот на каросеријата е просечен како и кај секое друго сериско возило, Рено, Дачиа, Сузуки, Фиат, итн. Еве иако се најосудувани кинезите, сега испаднаа со подобар фидбек. Јас како авто ентузијаст сакам тешка каросерија, вратата кога ја отварам да е масивна како да отвараш врата од хермелин како некогаш што беа германските возила. Колава е безбедна, ако нее безбедна не може да излези во продажба ако не ги задоволи европските регулативи. А притоа моторите им се доста добри. Јас би ја купил, особено во црна боја и онаква опрема, за млади ко мене идеална, привлечна. Kia Ceed - Crash test Kia Ceed - moose test
Иста е како со Киата. Сите возила имаат слична каросерија, така ги прават сега, 0.5мм лим. Тојота е најпродаван бренд во светот и важи за најквалитетна од аспект на моторизација итн. Корола доаѓа исклучиво во хибридна верзија, а со обичен мотор е само 1.5 3 цилиндри атмосферецот - седан верзија. Креш тестот исто им е 5 ѕвезди.
Ни стаса даа, охоо веќе ги направивме и првите 1500 км. Мене баш пластиката внатре не ми изгледа евтина и сме презадоволни од вожњата, стабилна мека и тивка вожња. И гумите се предобри. Генерално јас не би ја менувала колава за ништо, просто заљубена сум и од тоа и како изгледа од надвор, ние земавме зелена.
Сите возила се поскапени. Особено европските. Опел е европско возило. А Европа се соочува со недостаток на компоненти, чипови, финансиски проблеми, отпуштања, скапи трошоци за развој на нови платформи и проекти. Едноставно од Ковидот и конфликтот во Украина, европската авто индустрија си го зема данокот. Додека азијциве, не се соочуваат многу со такви проблеми. Плус Тојота Корола седан се произведува во Турција, поефтина работна рака, додека Астра во Германија, А Киата во Словачка, сепак Словачка иако е во ЕУ, има поефтина работна сила и помали трошоци за развој. Преубава е колава, секој поглед го плени, оваа вчера беше само во црна боја, жмигавците и предницата потсеќаат како некој тигар. А пластиката и лимот не ме бендиса. За тебе се океј зошто не си авто ентузијаст, во колава гледаш да те вози од точка А до Б, меѓутоа далеку е од онаа пластика како порано, доста ефтина, јас ентузијастки го гледам проектов како им е создаден. Али ајде, и другите не се нешто поарни. За парите подобро возило нема на пазарот - Тојота им конкурираат едино.
Да да се разбираме. Ние сме презадоволни, инаку околу 27к нѐ фати зошо е автоматик и металик боја. Сега планираме пред нова година некаде да ја извозиме до Швајцарија, Холандија.. па ќе видиме како ќе е.
Алуминиумски преден и заден трап,матрих светла и моторите му се поголеми пример 1.4Турбо или 1.0Турбо 3клипа а вади 130коња. Сама вози,паркира и крева на цена. Иначе оваја Киата е одлична кола моментално на пазарот и има поубава линија неголи новата Астра. Сега Опел соработува со HDI моторите така да не очекуваме нешто воов да бидат колите.
Еее не видов моторот на КИА колку е. Па и на КИА може да се доплати за сензори за паркирање. Мене ме интересира јачина и издржливост на мотор и краш тест, јас возам многу брзо и ми треба кола што ќе ме остави жива при не дај боже, ама и да може без проблем колата да ги помине барем Плетвар или Стража... Корсата, Јарисот или Сузукито не се коли за на Плетвар или Стража. Ми треба кола со нормална цела за до Солун и за низ државава.
Опелот дефинитивно. Кочници,креш тест,стабилност му дадоа 5 ѕвезди за сигурност. Исто и киата. Но Опелот е лимо а киата е сув. Ако бараш возило брзо и експлозивно пожелно е да земеш половно некое количе понова година 2015-2020 пример. Хонда Цивик или Опел Астра ј-к опц. Сеат Леон Купра Шкода Октавија врс Овие ти се одлични коли за брзина и сигурност.
Предлог и искуства за нова кола од салон до кај 21 000 евра. Првично мислевме CitroenC3 но сега се мислиме помеѓу Toyota Corola Sedan, KiaCeed, Hyundai Bayon.
Ептен добро изгледа со оваа боја. Не сум видел ниту една ваква. Со здравје да ја возите, и многу км да поминете.