Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлог за автомобил

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kate89love, 19 април 2018.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Фала ти најмногу, со поубаво да ти се враќа :hug:

    Да да ептен е уникатна бојата, ние прво во бојата се заљубивме па после во колата.

    Kiaceed ви е добра опција ама докај 21.000 евра таа што е, е слаба и не би ја препорачала. Мислам дека toyota corolla супер ќе ве служи имам доста луѓе околу мене што ја фалат.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Radament

    Radament Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Девојки, дечки и сите останати.

    Прво морам да оддадам едно признание на сите во дискусијава, посебно на тие со аргументирано и свое мислење, прилично информативно и морам да признаам ја исчитав цела од почеток до крај.
    Исто така да признаам дека иако многу пати досега сум читал податоци и информации од форумов, сега прв пат се решив и да се зачленам па и да побарам дополнителни информации.

    Ме интересира ваше мислење бидејќи веќе долго време размислувам за автомобил иако многу не се разбирам, сепак прибрав информации за најразлични како хјундаи, киа, шкода, тојота, чери, опел, фолцваген итн, од аспект на цени, карактеристики, специфики итн.

    Ќе споделам дека имам едно пежо 206 од ~2000та год. на кое сум втор сопственик и тоа релативно подолго време го имам и сум решен веќе да го заменам и да обновам со нешто ново.
    Досегашното на сервис сум го носел само кога нешто ќе приметам дека не е во ред и слично, без навика за редовен сервис.
    Сега би сакал да се одлучам за нешто кое што со редовно сервисирање нормално би ми траело во следниве 20тина години.

    Имам и буџет и желба а бидејќи сакам и да ми трае возилото најголемо внимание ми привлекоа тојота, чери и хјундаи...
    И тоа најконкретно:
    COROLLA CROSS 2.0 HEV/ 2WD e-CVT/ 197 к.с EXECUTIVE од нецели 37.000 евра
    Chery Tiggo 7 pro, 1.6 T-GDI 7DCT 2WD Noble (за кое има некоја акциска понуда во моментов од 30.700 евра)
    Бидејќи има сериозна разлика во цената решив да побарам мислење.

    За првични податоци мислам и дека е премногу, па ќе следуваат и повеќе, од типот колку како возење каде итн.

    Поздрав и благодарам однапред.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Од овие две дефинитивно Chery Tigo 7 Pro, за цената добиваш автобус од страна на комфор и вселенски брод од страна на технолошки аспект. Моторите се океј, нивни мотори ACTECO развиени заедно со дтуга австриска компанија. Фиат користеше кинески мотори на Chery во Фиат Линеа а и светски познатиот производител на трактори и земјоделска опрема, John Deere користи нивни мотор во еден од моделите на трактори.

    Тоа шо е "Made in China" воопшто да не те буни и да немаш комплекс, возилото е врв, завршната обработка е супер, луксузно, премиум чувство. Имаш 7 години гаранција, наредни 15 години возиш без мака. Мене Chery FX на пазаров мие најтоп возило.
    Корола Крос е исто со Корола седан и ХБ само шо е повишена каросеријата во спортско корисно возило и ќе мора да го купиш исклучиво во хибридна варијанта оти само бензин нема. Тојота најголем производител, традиционален и докажан, ама со цената далеку Чери е подобар избор. Како шо стојат работиве во автоиндустријата, наскоро сите ќе возиме кинески возила.
    IMG_20240124_130011.jpg
    IMG_20240124_130120.jpg

    Можеш да појдиш и во Abc Brother на акција го имаат и новиот Dong Feng DFSK 600 за 29.000еур. И овај Forthing T5 Evo тука е со цената само шо нее со 7 седишта.

    Белиов е DFSK 600
    IMG_20240918_110456.jpg
    IMG_20240918_110544.jpg

    DFSK Forthing T5 Evo
    IMG_20240912_124750.jpg
    IMG_20240912_124647.jpg
    IMG_20240912_124659.jpg
    IMG_20240912_124651.jpg
    IMG_20240912_124719.jpg

    Црвениов е со електрична варијанта, ама истиот модел го има како чист бензинец со турбо мотор од Mitsubishi.
     
  4. Radament

    Radament Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Најпрвин фала ти за опширното мислење @quattro па и за дополнителните предлози.
    Воопшто не сум помислил на овие возила, а чат пат ќе видиш некое вакво на улица и веднаш се истакнува и тоа позитивно, како што велиш, изгледаат како вселенски брод уште од надворешноста а да не зборуваме и технолошки...
    Сликиве се претпоставувам од East Gate mall, многу ретко ме води патот натаму ама сега ќе се запознаам со карактеристиките па и ќе одам да ги видам во живо.

    Види, не дека ме буни ама па затоа имам сомнежи...
    Како што спомна некој претходно од учесниците, мислам беше Billy Idol, кога спомна страв од ново, или нешто во тој контекст, за мене тоа е голема веројатност бидејќи од толку стара кола во толку технолошки напредна, да не спомнувам од мануелен во автоматски менувач и слично, ама тоа е тоа секоја промена е тешка.

    Конкретно, од аспект на сомнежите, некако Chery ми стојат како да се многу општи во информациите и спецификациите, еве на пример не можам конкретно да најдам потрошувачка, резервоар и сл. ама па тоа може се должи на тоа дека сеуште не се проширени.
    Успеав да најдам сопственик на Chery Tiggo 7 pro и тоа од годинава, спомна дека веќе има просечна годишна километража поминато (некаде околу 10к км, а јас ако стигнам годишно до 7к мислам дека ќе бидам среќен) ама па спомна дека кратко откако почнал да ја вози нешто се пореметило со камерите, престанале да работат, па ја носел на сервис...
    Задоволен е, но по негов впечаток вели дека како да не е се доистестирано, дали со софтвери дали со незнам што... Ќе одам ќе разговарам подетално, па ќе пренесам искуства.
    Друго што ја спомнав потрошувачката, конкретно овде најдов https://www.carclub.mk/2023/11/07/test-chery-tiggo-8-pro-nov-i-seriozen-i-golem-natprevaruvac/ дека е 10л/100км мерена градска, ќе речеш тоа е 8ца а јас гледам 7ца ама па моторот е тој, а сопственикот рече дека е дури изненаден бидејќи тој мерел на отворено и спомна дека е некаде околу 7л/100км...

    Додека за Toyota нема што не најдов, како што кажа традиционален и докажан производител...
    Најголемиот сомнеж тука ми е пак како што кажа, дека мора да биде хибридна варијанта и тоа конкретно електромоторот со батеријата... Овде нешто прочитав https://www.carclub.mk/2022/12/15/t...oznato-ime-poznat-sufiks-nova-interpretacija/
    Од Toyota нудат 10 год бесплатна грижа за батеријата, ама па нешто подетално би сакал да знам предности, негативности, што после тие 10 год и слично.
    Во однос на потрошувачката истата е околу 6л/100км дали градска дали отворено тука некаде е, претпоставувам дека тука многу допринесува батеријата па и затоа сум прилично заинтересиран за функционалноста... До толку ли е напреднато се, да седнеш и возиш само? Има ли некаков капацитет, закрепнување, стварно не знам, само нафрлам и затоа ако некој има подетално информации би бил благодарен.

    И двете возила се ретки во Скопјево, Тигото искрено и го немам забележано мислам, а барам да го видам во возење, а Тојотата имам некои 2-3 видено па имам дури и во близина една па скоро секој втор трет ден поминувам ја гледам, па ако го начекам газдата да си направам муабет дали и како е задоволен.

    Поздрав и фала на вниманието
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Во однос на кинеските возила воопшто да немаш сомнеж, особено Чери, менувачот е развиен со австриска компанија како шо пишав погоре исто и во врска со моторот. Дел од електрониката и инсталацијата се и германски од Бош.
    Види, во однос на камерите или таблетите тоа е ситница. И Тојота и Фолксваген и Мерцедес цели таблети и камери им се порачани од Кина, и чиповите исто. За потрошувачката нормално е во првите 10-30.000км да е повисока додека се разработи моторот. Тоа е кај сите возила.

    Тојота е океј, 10 години нудат гаранција на хибридите. Ама после 10та година, никој не знае како ќе биде таа батерија, може ќе истера уште 30 години а може ќе откажи, а замена на батеријата нее баш ефтино, од 2500 до 5000еур и прашање дали ќе ја најдеш и пак таа шо ќе ја најдиш ќе биди кинеска оти Кина е најголем производител на батерии.

    А кај кинеските возила земаш чист бензин, како и сегашниве возила, немаш дупло одржување, па оптимизација на батерија итн.

    Сепак изборот е твој.
    Јас да сум, во вакви околности каде шо е моментално автоиндустријата и со сите предизвици шо се соочуваат, и квалитет и цени, не би дал пари за нешто поскапо а притоа имам избор за поефтино и можеби подобро иако е ново на пазарот и луѓето имаат стереотипи дека е Кина. Подобро да вложам помалце 10-15.000еур и за 10-15години со тие пари пак ново да возам него да ги дам за поскапо а не знам како ќе биди со батеријата.
     
  6. Brabus

    Brabus Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Мразам кинески автомобили на кои ниту името не им го знам.
    Имам BMW X3 xdrive 20d 140kw, задоволен сум.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Сега какви попусти имаат во Мазда...
    Само една работа можам да кажам да се благословени Кинезиве па и ние обичните смртници ќе можеме да возиме убави коли.

    upload_2024-10-31_21-21-6.png
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Мазда е јапонски производител. Оваа CX-30 е произведена во Мексико. Искрено нее скапа CX-30 со оваа цена. Ама за 28.000еур а и можи да испадни и поевтина имаш и кинеска кола дупло луксузна и опремена, е тука кинезите добиваат многу зошто никој нее будала да плати исто а да добие различно па и помалце а иста цена и поефтина. Сите ќе возиме кинески коли. Еве вториот најголем производител во светот Фолксваген е пред банкрот исто е и со другите. Едино само кинезите растат и Благословени да се за да возиме и ние ново кога ќе дојдат во поголем број :D
     
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Брат, да се здрави и живи Кинезиве наскоро и ние ќе почнеме да се возиме ко господа. :D

    *Знам дека Мазда е јапонски бренд, мислев за буткањето на цените на „скапите“ коли не сум се допишала од превозбуда.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.555
    Пол:
    Машки
    не се секирајте че не натераат да не царинат 100 пати појче од реалното пошто се од Кина. Или си против Кина или си против Америка & Европа. :)
     
  11. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    376
    Пол:
    Женски
    Јас кога ќе положам сакам да имам Лада не знам дали уште се произведуваат...но, нешто во тој стил...
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Против вторите сме :D
    Сакам да возам ново и да платам солидно а не за тоа новото јас или ти да го богатиме некој таму и да платам три дупло а да добијам исто или помалце за истото и со мои пари да го богатам Фолксваген, Мерцедес или Мазда итн. Нека си ги спупштат критериумите оти не се сами на светов. А високите царини се доказ дека си слаб и имаш слабост и не знаеш како да се соочиш со тој шое подобар од тебе.
     
    На Realist1, Antebellum, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.039
    Пол:
    Машки
    После и Кина ќе качат цени на делови и суровини оти се од кај нив се набавува, или кај нив се прави.

    На крај само ние како крајни корисници ќе го јадеме.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.555
    Пол:
    Машки
    Секогаш.
     
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Кај Кинезиве е заебано за поправки, ама кај останативе се заебани цените од старт. Ќе ги спуштат и царините пошто Германија и Италија ќарат на извоз на коли во Кина, Русија и во муслиманскиот свет, па ако Кинезиве возвратат со реципроцитет ќе биде уште позаебано за скапџииве.

    За мене е важно што Мазда почна со големи попусти, сега треба и другите да следат мода.
     
  16. Brabus

    Brabus Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Никогаш, па ни тогаш не би купил кинеска кола, животот е поважен од парите. Се знае, само БМВ.
    Адидас или адибас ???
     
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.388
    Japonski brend so HDI motor. Cista katastrofa
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Видов реклама за Мазда и затоа споредив. Мене муабетот ми беше дека конечно почнаа цените на нови коли да се нормализираат, притиснати од Кинезиве. Навистина настана лудило со цениве.
    Инаку според вас машкиот дел на Форумов нема добра кола, на сите им најдовте замерка.
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.039
    Пол:
    Машки
    Грешка си. Истава Мазда порано беше 22 000 евра, сега ја качија на 28 000.

    За тие пари се купуваше CX-5. Сега таа е над 35 000.

    Тусонот беше тука на акција 27 000 со средна опрема до скоро. Сега редизајнот е од 32 000 нагоре.
     
    На JoyJoy и Antebellum им се допаѓа ова.
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Не знам во кој дел не се разбираме. Муабетов е следен: поради притисок на кинеските коли, почнаа да ги симнуват цените на другите коли, европски, јапонски, курци палци. Точно е дека цените се ептен нереални и до плафон.

    Сакам да кажам дека Мазда повлече нога за нормални цени на колите.

    [​IMG]