Не знам како ги симнуваат. Оваа Мазда цело време беше оваа цена. Претходно беше и поевтина. 32 000€ беше стартна цена. Еве ако не ми веруваш прегледај на интернет и ќе видиш. Попустот е само фиктивен. Еве ја истата Mazda CX-3 пред редизајнот, што ја стави на попуст сега, пред 4 години била $20.000
Многу едноставно ги симнуваат, прво ги качуваат до плафон и после полека со наводни попусти ја враќаат цената до нормално. Тоа не е поради инвентивност, туку поради притисокот од кинеските возила. Јас знам луѓе кои во меѓувреме си купија поскапи возила, а истиве сега се со 4-5000 ерва поевтини. Јбг, се заебаа...
Има и Европски во развој на тој мотор Рено. Е да побомбастично звучи ако се каже Кина. Инаку крстите се да се дигнат Европските брендови малку инаку ние сме колатерална. Па нема да можеме никакви коли да купиме. Пола Бунарџик живее од европска автомобилска индустрија. Ако рикнат европејците рикнавме и ние.
Се нормализираат цените пошто никој не ги купува. Купуваш нова кола од 35,000 евра јапонски модел а мотор на Пежо. Нормално паѓа продажбата и мора да ги намалат цените оти фабриката е во загуба. Истото е и со мицобиши,истиот мотор го делат со Дачиа. Јапонски бренд се зема на пример Тојота хибрид или Хонда сивик хибрид,едини возила кој што имаат најдобри електрични возила и добри перформанси. Пазарот е преполн со кинешарија,моментално се хит возила али квалитет нула. Ако веќе сакаш да си земеш кола,имаш во Јосифов Шкода Октавија 2020 9000 евра сервисира на и вожња уба и квалитет и се. Овака кола за пример ти ја кажав....Има и други возила таја година во топ состојба.
мој предлог ти е бмв 120 д. Имав вакво едно време, мало, еленгатно и типична женска кола со мала потрошувачка. Има одличен мотор, силно е околу 130 киловати ако ти е главно за градско возење ќе ти брка многу работа.
118 ките се проблематични затоа од овој модел bmw 1 120 ката ти е топ. Можеш и на старо да си купиш за 10 тина илјади 2015/16 па може и поново ќе најдеш ама глеај дирекно да ја земеш не од наш дилер. Го убив возејќи јас од швајцарија го земав, ново неам појма колку кошта. Најголем проблем е ланецот се менува на 200 000 околу 800 евра е промената и турбото околу 200 евра репарација другото е ситно. Само мануал глеај оти автоматските ако зафркне менувачот изгор е над 2-3000 евра кошта Edit најдов некоја слика иначе ако си фамилијарна мала ќе ти биде колава да знаеш
Пошто @Realist1 кажа дека си ја донел сам, сега кажи како да купам директно а не од дилер? Како да знам дека не е поплавена, тумбана, дека не е некој голем квар? Како да ја довлечкам до овде? Пред некое време имаше поплави во Словенија и сега тие возила ќе се продаваат овде. Јас од кај да знам што и фали на колата?
Е жена и кола неможеш да знаеш - шо ќе ти падне е. И мајстор да носиш со тебе џабе е. Словенија незнам ама германија и швајцарија имаат многу зафркнати закони кога станува збор за продажба на кола мораат се да наведат во каква состојба е километрите се точни итн. Јас ја земав на лицитација на ricardo.ch после тоа фатив комбе и отидов до швајцарија и ја возев до овде. Сега глеам има камјони шо ги носат до дома. Или па разгледај по нашите дилери може ќе најдеш нешто салам.
Okolu 2500 evra registrirana Ili mozes da dades 6 da si zemes od ovde da ne te boli glava ke najdes i tuka nesto salam
Imas vozeno ili procita na google Vidigi cenite i motorite na skoda superb i sporedigi so kineskite i japonskite modeli se ke ti e jasno.
Во последниве неколку месеци разговарам со луѓе на тема коли и си кажуваат маки. Шкодата ќе ја одминам.