Гледам многу ги возат и се добра понуда за цената. Дичијата има мотор на рено, така да, докажани се. Романски бренд е иначе, но тоа не би ти играло улога. Скоро сите коли се со пластика. Денес е ретко е да видиш метал, освен старите пегли, фичовци и стојадини. Е сега, има разлика од пластика до пластика. Обично германските се со добра пластика.
Мотор од Рено,добар мотор али шасија ентериер најслаб квалитет. Се нешто чкрипи,крцка подвозјето корозирва за краток период мада сите шо се продаваат се со веќе лошо подвозје
До 2020 се без заштита. Над 2020 година идат со поцинкувана шасија и заштита на подвозје. Ако сте за сув возило,видетеги vw тигуан,одлично сув возило.
Зависи цената на фарбање од бојата на колата дали е акрилна или металик со гранули. Зависи и дали возилото има потреба од варење на некој дел пример врата свиткана или прагови корозирани и така натаму. Доколку колата има потреба од само стружење и фарбање цената е од 500евра па нагоре. Квалитетно фарбање над 1000 евра.
И двете не се лоши. Кај пежото добиваш поголема заштеда на гориво но помала снага на мотор а кај Цитроенот поќе снага но и поголема потрошувачка на гориво. Во удобност во вожња Цитроенот е подобар,помека вожња,пежото е покруто но со поголем багаж. Што ти одговара тоа земете. Било што да избериш од овие две возила нема да згрешиш.
Браво за членовите кои несебично даваат стручни мислења, би ве замолила за мислење за Toyota Yaris 1.0 VVT-i +5 MT Terra, од 2019 год... Потребна ми е за градска вожња...за подалечни релации имаме фамилијарна кола.
9900еур, а не знам каков мотор има затоа прашувам овде,гледам членови со јаки коментари,за мене тоа е научна фантастика
Нема грешка, безсмртно возило. Јапонска кола бензин нема смрт. Земајте одма без двоумење. Колата е произведена во Франција но моторот е безсмртен, Тојота е најквалитетен и најголем производител на возила во светот.
Уф, таа цена не ми оди за кола што ке ја трескам по град, ама добар избор. Како што кажа, со бензин мотор 1.0 нема да згрешиш.
Кај мене го нема тој момент. Сеуште. Имам малки постар модел на 1.0 мотор и нема мака. Сите тврдат дека најдобар мотор што постои. Мал сервис е малтене колку еден ручек.
Дечки, за колава што ќе кажете? Јас само за бојата знам да кажам. Ми се свиѓа/ не ми се свиѓа. Толку.